Jax Rebel
Navajo Rider
- Член од
- 6 јули 2008
- Мислења
- 5.282
- Поени од реакции
- 2.287
Ако фирмата го има добро дефинирано овој дел и се држи стриктно до својот систем, нема човек што нема да се научи, така да ова не е предност на никој туку недостаток на обрзованието кое треба да ја создаде дисциплината и ред кај луѓето.
Сум опоменувал луѓе за хаосот во кој работеле и со тек на време сите направија подобри навики. Патем ова нема врска со експертиза во професијата и не гледам зошто би било третирано како предност.
Е ова е еден од сериозните проблеми на нашето општество, што се провлекува со години поради претходниот систем.
На нашиот народ сеуште не му се јасни правилата на капиталистичкиот систем и многу лошо се поставуваат границите и од страна на компаниите и од страна на вработените.
Гледано од аспект на бизнис, тој прогамерот јас го плаќам 1к евра нето (т.е преку 90 000 денари бруто), што значи секој саат негов кошта речиси 500 денари, за споредба сите останати во државата кои работат menial jobs се платени не повеќе од 25 000 денари бруто, т.е околу 150 денари на час (земам бруто бидејќи од моја гледна точка на вработените им исплаќам бруто).
Користењето на човек со таква дневница за menial task е знак за лошо менаџирање без разлика дали таа компанија е 2ца или е 200 души ако тоа го прави во работно време, а знак за непознавање на системот и недоволно ценење на сам себеси ако тој го прави вон работно време. ДХЛ и сите останати служби со доплата од 100-200 денари доаѓаат на врата и ќе си ја земат документацијата самите кога станува збор баш за овој таск.
Инаку мислам дека мешаш задачи на project management и на девелопер, документации и основни состаноци треба да си ги трча проект менаџерот. Кога станува збор за интервју за девелопер ме интересира да: е трудољубив, да има колку-толку комуникациски вештини за да може да се разбере со клиентот (и да не избувнува), да му фаќа главата што ќе видиш како го поминал техничкиот дел. Познавање на 20 технологии од сам почеток нема врска, технологиите се менуваат како чорапите и се учат ако има добро познавање на основите.
Заради ова со сумите и пишав дополнителна работа. И не мислам дека значи дека не се цени себеси човек ако помогне на фирмата со некои таскови што не се во негов домејн. Напротив, и програмерите треба да се спремни за работа од домејнот на фирмата. Пример, според мене, ако фирмата работи нешто со банкарство и има фрка некоја недела, мене ми е сосема океј програмерите да направат едно неделен спринт или двонеделен спринт каде што ќе помогнат со средување на документација. Нека ги покажат невните знаења за сортирања, хаш мапи, бинарни стебли и слично во realtime ситуации
