ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Едно глупо прашање, ама мислам дека поназад имаше пишано дека имаш интервјуирано кандидати. Дали мислиш дека овие фирми би примиле на graduate програма некој што веќе 3 години не е graduate, поточно работи друга струка :unsure: Кога дипломирав доста колеги започнаа на вакви програми, меѓутоа ми се чини повеќето бараа да си свежо дипломиран или при крај со студии.

Мислам дека направив грешка со кариерниот избор тогаш, ама имам високо платена работа па некако не ми се ризикува со било каква практикантска обука. Настрана техничкиот дел (тоа зависи од мене), читајки ги помладиве тука иам чуство дека кога ќе го видат моето работно искуство нема да стигнам ни блиску до интервју.
Грејџуејт програмите во големите фирми се платени уште од прв ден. Да, официјалниот вординг е свежо дипломиран и при крај на студии, ама ако имаш CV во кое може да се види дека си се инвестирал во насока на квалификување за работа во ИТ сектор, работното искуство во друг сектор е плус, не е минус.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.662
Поени од реакции
34.959
Едно глупо прашање, ама мислам дека поназад имаше пишано дека имаш интервјуирано кандидати. Дали мислиш дека овие фирми би примиле на graduate програма некој што веќе 3 години не е graduate, поточно работи друга струка :unsure: Кога дипломирав доста колеги започнаа на вакви програми, меѓутоа ми се чини повеќето бараа да си свежо дипломиран или при крај со студии.

Мислам дека направив грешка со кариерниот избор тогаш, ама имам високо платена работа па некако не ми се ризикува со било каква практикантска обука. Настрана техничкиот дел (тоа зависи од мене), читајки ги помладиве тука иам чуство дека кога ќе го видат моето работно искуство нема да стигнам ни блиску до интервју.
Затоа ќе му направиш лажен цепелин (нормално ова е ако ти имаш желба да се пробаш во овој дел) :D

Ти веќе работиш и ако добро сум прочитал по темиве си во голема фирма. Прво види што работат во ИТ во твојата фирма (кои технологии и што би им требало во иднина), седни и пробај да навлезеш во тие технологии. Прв интерен оглас во тој сектор, аплицирај и премести се од еден сектор во друг, најбезболен начин и најдобар начин да фатиш висока плата/позиција од сам почеток.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Грејџуејт програмите во големите фирми се платени уште од прв ден. Да, официјалниот вординг е свежо дипломиран и при крај на студии, ама ако имаш CV во кое може да се види дека си се инвестирал во насока на квалификување за работа во ИТ сектор, работното искуство во друг сектор е плус, не е минус.
Да за такво нешто мислев, мислам дека би биле идеални за мене. Не ми е толку за платата, и онака свесно ќе се откажам од дел од неа, ама имам лошо искуство со маткање практиканти во бош фирми.

Проблем е што се иам зацапано во длабокото, постар инженер и магистерска во струка што нема врска со ИТ. Да го пишеш како искуство изглеа смешно, да не го пишеш па што си правел 3-4 години од кога си дипломирал.
Сега наполнив 26, па мислам дека полека ми бегаат годините коа ќе може да се свичнам. Па почнав нешто да чепкам периодов, малце сум зарѓал од порано ама ќе видиме како ќе иде.
Автоматски споено мислење:

Затоа ќе му направиш лажен цепелин (нормално ова е ако ти имаш желба да се пробаш во овој дел) :D

Ти веќе работиш и ако добро сум прочитал по темиве си во голема фирма. Прво види што работат во ИТ во твојата фирма (кои технологии и што би им требало во иднина), седни и пробај да навлезеш во тие технологии. Прв интерен оглас во тој сектор, аплицирај и премести се од еден сектор во друг, најбезболен начин и најдобар начин да фатиш висока плата/позиција од сам почеток.
Лошо се изјаснив, би сакал да работам девелопмент, не било што ИТ. Кај мене во фирма ИТ работат одржување на мрежата, wi-fi, принтери и тн. А и не би ме пуштиле да сменам позиција во секој случај.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.161
Поени од реакции
25.665
Да за такво нешто мислев, мислам дека би биле идеални за мене. Не ми е толку за платата, и онака свесно ќе се откажам од дел од неа, ама имам лошо искуство со маткање практиканти во бош фирми.

Проблем е што се иам зацапано во длабокото, постар инженер и магистерска во струка што нема врска со ИТ. Да го пишеш како искуство изглеа смешно, да не го пишеш па што си правел 3-4 години од кога си дипломирал.
Сега наполнив 26, па мислам дека полека ми бегаат годините коа ќе може да се свичнам. Па почнав нешто да чепкам периодов, малце сум зарѓал од порано ама ќе видиме како ќе иде.
Абе како да прескочиш да го пишеш тоа. :D Тоа што си стигнал до сениор инженер е доказ дека имаш потенцијал да се развиваш. Инвестирај некое време во учење на некој програмски јазик (C# или Јава бекенд, плус било која јаваскрипт/тајпскрипт фрејворк фронтенд би било моја препорака), уз учење ќе направиш неколку ситни апликации, пушни ги на гит, стави ги во портфолио и аплицирај. Работното искуство нема да ти биде земено за минус, и со 26 си далеку од стар. :D
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Едно глупо прашање, ама мислам дека поназад имаше пишано дека имаш интервјуирано кандидати. Дали мислиш дека овие фирми би примиле на graduate програма некој што веќе 3 години не е graduate, поточно работи друга струка :unsure: Кога дипломирав доста колеги започнаа на вакви програми, меѓутоа ми се чини повеќето бараа да си свежо дипломиран или при крај со студии.

Мислам дека направив грешка со кариерниот избор тогаш, ама имам високо платена работа па некако не ми се ризикува со било каква практикантска обука. Настрана техничкиот дел (тоа зависи од мене), читајки ги помладиве тука иам чуство дека кога ќе го видат моето работно искуство нема да стигнам ни блиску до интервју.
Веќе ти одговориле, само да дополнам. Сме имале случаи да вработиме луѓе кои имале работно искуство во друга струка ако техничкото знаење на интервјуто било на задоволнително ниво.
 
Член од
18 април 2015
Мислења
59
Поени од реакции
104
Дефинитивно е криза за џуниор позиции моментално. Сите фирми бараат програмери со 1-2+ години искуство.
Големи фирми имаат долгорични планови за вработувања, планираат дека нареднава година ќе вработиме толку и толку луѓе со такви и такви скилс и поради тоа можат да инвестираат време и ресурси на џуниори без никакво знаење. За да се вработиш во таква фирма треба да покажеш потенцијал ништо повеќе. Ќе научиш и принципи и стил на куцање код и нема да си фрлен во оган веднаш.
Во мала фирма( помалку од 20-30 вработени) вработуваат луѓе од кои веднаш ќе можат да заработуваат, односно ќе мора да знаеш што правиш и да бидеш самостоен, во мали фирми од мое искуство не очекувај подршка, ќе се снаоѓаш и нервираш сам, ако се погоди да има ентизијаст што ќе те земе под своја закрила одлично ако не тоа е. Моментално па што се работи од дома кај за нешто што во канцеларија би било 3мин работа, додека најдете време се чуете ќе помине денот.
Има премногу конкуренција, чисто да знаеш во тие интерншип/градуејт програми се пријавуваат многу луѓе, во една мала фирма имаше распишано пракса пред некоја недела се имаа пријавено над 130 луѓе... за пракса не за вработување.
CV-то мора да ти е средено тоа секако, за џуниор скоцкај го во 1 страна не се расплинувај со 3 страни, без ниакво или мало работно искуство немаш со што да пополниш повеќе од 1 страна. Гитхаб е супер работа, мада кај нас и не ти гледаат многу тоа. А портфолио веб страна кај што ќе ги имаш на убав начин прикажано сите проекти што си ги направил е одлична работа и тоа ќе ти помогне да испливаш над другите. Потруди се и направи една.
Чисто да те охрабрам да не се одкажувате и депримирате со тоа што не враќаат фирми, не враќаат и не викаат на итервјуа тоа е моментално. Пред кризата летото пуштено на 7 фирми бев на 5 интервјуа, понуда од 2. Со кризата пуштено на 32 фирми одговор воопшто од 4 ми се чини 2 интевјуа, не си сам не си единствен.
И искористи ги сите конекции и познаства што ги знаеш по фирмите. Контактирај луѓе и со кои само се знаеш. Со тие добро што се познаваш побарај им да кажат бар дека те знаат за те викнат на интервју доволно е, останато е до тебе. Или бар ќе те посочат со маил директно кон некој од човечки кај ќе можеш да пуштиш CV.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Малку грешен пристап имаат Џуниори, поготово тазе излезени од академија како Бејлиш.

Мал милион пати ги имам видено низ фб групите „проектите“ извадени од Бреинстер, Сивус и остали, секогаш буквално истите. Секогаш горе долу истиот пост: Завршив академија, изучив тоа и тоа, направив проекти бујрум линк. Барам пракса или вработување.

Дечки, доколку веќе имате слободно време, појдете до некој мал бизнис или пишете им на фб, понудете му да му направите веб страна гратис. Нека си плати хост и домеин, останатото нека биде од вас. 2-3 такви буквално реални проекти кои сигурно не би земале којзнае колку време и одма сте пред 99% од сите што сами си правеле измислени проекти и ги постирале на гит или што ги правеле во тек на акедемијата. Ем ќе покаже дека знаете со клиенти, ем можеби ќе наидете на некое барање кое нема да знаете како да го решите па ќе научите нешто ново. Плус што добар збор брзо се шири. Барем еден од тие 3 бизниси би требало да ве препорача на некој каде што ќе може да се договорите за надомест.

Да не се сфати погрешно, чисто давам идеи за поголем успех. Не мора да значи дека би функционирало.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.090

Врска нема. Јас со проекти на гитхаб (без факултет или било каков курс) бев повикуван на интервјуа.

Не знам кај аплицирал човеков, може и немале потреба од луѓе во тој момент.

Еве ти оглас за php каде бараат џуниори дури и без формално работно искуство. Нагласено е дека плата е 500 евра.

jovankrstevski1

ТАТА_МАТА
Член од
2 декември 2012
Мислења
849
Поени од реакции
568

Се согласувам за ова, со тоа што направете страни за мали и микробизниси, како другар/ка што продава ракотворби на фб/истаграм, некој пријател што е гипс мајстор на пример. Но, не ги учете поголемиве ајкули на гага, тоа не е добро за никого.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Врска нема. Јас со проекти на гитхаб (без факултет или било каков курс) бев повикуван на интервјуа.

Не знам кај аплицирал човеков, може и немале потреба од луѓе во тој момент.

Еве ти оглас за php каде бараат џуниори дури и без формално работно искуство. Нагласено е дека плата е 500 евра.

Апсолутно, кај секој си е различно. Има луѓе што не знаат што е днс па се вработени на фул стак позиција. Секој со среќата.

Јас го фатив тој начин што го посочив па влегов во фирма без да аплицирам туку по препорака и за мене лично тоа функционираше. Муабетот ми е, кога веќе се спремни да одат Х месеци за 0 денари може да се проба и тој начин кој ако не резултира со вработување во фирма убеден сум дека ќе може да си тера фриленс за солидна сума во месецот, па здравје во подобри времиња и повеќе искуство вработување во фирма.
 
Ако е фул тајм фриленс може и подобро да им излезе него ли во фирма. Не мора за некој да прават нешто, доволно е да направат некакви портфолио проекти и со тоа пола интервју да го покријат со тоа што ќе објаснуваат што правеле и зошто така правеле.
 
Последно уредено:

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.924
Поени од реакции
12.417
Ако е фул тајм фриленс може и подобро да им излезе него ли во фирма. Не мора за некој да прават нешто, доволно е да направат некакви портфолио проекти и со тоа пола интервју да го покријат со тоа што ќе објаснуваат што правеле и зошто така правеле.
Се согласувам, ама излеа денес не е доволно да се има портфолио. Знам неколку џуниори кои моментално бараат работа, кој со факултет, кој со академија, кој со двете. Едноставно нема побарувачка. Не знам дали поради коронава, ама нема огласи за пракса пример.
Пред 5 години јас аплицирав во 5 фирми за пракса и сите ме викнаа на интервју. Исто и со колегите/колешките кои тогаш аплицираа за пракса. Ретко кој не доби одговор.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.090
Се согласувам, ама излеа денес не е доволно да се има портфолио. Знам неколку џуниори кои моментално бараат работа, кој со факултет, кој со академија, кој со двете. Едноставно нема побарувачка. Не знам дали поради коронава, ама нема огласи за пракса пример.
Пред 5 години јас аплицирав во 5 фирми за пракса и сите ме викнаа на интервју. Исто и со колегите/колешките кои тогаш аплицираа за пракса. Ретко кој не доби одговор.
Можеби е и до короната, но сигурно не е ко лани овој период кога буквално сите фирми ги имаа замрзнато новите работни позиции. Веројатно зголемената понуда на пазарот на труд си го прави своето. Што знам, во PHP секторов јас лично многу малку огласи за пракса имам сретнато, дали два-три у живот. Додека на групана Сојузен комитет... за node и python на неколку пати налетувам. И никогаш не сфатив кој е бенефитот од пракса пошто од неколку случаи кои ги знам и кои доаѓаа неколку месеци на пракса , работеа на некакви проекти кои и дома можат сами да ги работат и притоа никој не ги рецкаше... Само доаѓаа, куцаа и си одеа и на крај не ги ни вработија. Не је гледам поентата...

На страна тоа. Проблемот со наоѓањето на прва работа е што доста од кандидатите одат со мајндсет - Не ме интересираат пари, одам да научам и да стекнам искуство. Доста од фирмиве мислам дека се алергични на таа реченица пошто сакаат да чујат некој што во некаква форма ќе креира вредност за нив. Тоа што еден муабет може да го направи не можат ни 500 дипломи и топ скоцкани сивиња да го направат. Имај го ти знаењето и самодовербата на интервју и резултатите ќе бидат сигурно позитивни. Тешко е тоа да се очекува од поголемиот број на случаи и од некој кој учел неколку месеца некакви теории и пишувал нешто код, и заради тоа не треба да се разочаруваш туку само да си упорен и гладен да учиш нови работи, без разлика колку и да звучи чизи реченицава. Не им прават само на џуниорите интервјуа, напротив интервјуата стануваат позаебани и позаебани како набиваш години работно искуство. И лично мене ми се случувало да ме малтретираат со месеци со интервјуа во неколку фази, да се убиеш од спремање и на крај пак да не ја добиеш работата што си ја сакал.
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Пред 5 години јас аплицирав во 5 фирми за пракса и сите ме викнаа на интервју. Исто и со колегите/колешките кои тогаш аплицираа за пракса. Ретко кој не доби одговор.
Мислам дека разликата од сега и од пред 5 години е во бројот на кандидати што излегуваат секој месец.
Академии никнаа еден тон, ако пред 5 години на џуниор огласи аплицирале по 30 луѓе, сега имаш во најмала рака 150 (посебно за фронтенд).

За жал, квантитетот не го зголемува квалитетот.
Голем дел од апликациите се само со CV, нема линк до github, нема линк до нешто што имаат сработено сами.
Зашто некоја фирма би викнала апликант на интервју да си го троши своето време, кога тој апликант има пратено само CV кој е и што е?

Колку пати имам само видено апликација каде вo CC се наредени еден куп компании, или пак мејлот е пратен без Subject и ништо пишано внатре само атачирано CV.

Можам да хејтам за ова многу, проблемот е во луѓето што аплицираат.

Во најголем дел луѓето што имаат што да покажат (а да не е тоа проект од академијата што го имаат сите истиот, со потполно истите грешки) ќе бидат повикани на интервју. Оние што не се помачиле, нема да добијат ништо повратно.

Компанииите трошат време и пари на секој џуниор, во поголемиот број на компании тие што добиваат пракса или прво вработување ќе имаат ментор кој исто троши од своето време за да го научи нешто. Така да, секако дека ќе бираат кој ќе ја добие таа позиција.
 
kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551

Ова е точно од збор до збор. Мене ми беше омилен периодот кога ќе има оглас за пракса, штета што не можам да споделам какви сѐ глупости имаат праќано луѓето.

Како искуство ставаат работи што не се никако поврзани со позицијата, аплицира за инженер, ставил дека има работено келнер на Work&Travel да речеме. Или една страна од CV-то е целосна слика од кандидатот, од глава до пети прикажан, да знаеш со кого си имаш работа. Па после имаш мејлови без наслов, напишани на македонски ама латиница, или пак класичното "Zdr" за почеток на мејл.

CV-то треба да содвествува со позицијата за која се аплицира, нормално дека во големите фирми каде што има по 100+ апликации за позиција ваквите глупости ќе ги филтрираат уште одма. Дури и за иста позиција во различни фирми има различни побарувања и според тоа треба да се модификуваат податоците внатре. Тој што ги селектира кандидатите нема цел ден за губење, првиот впечаток е најбитен. Доволно ресурси има на интернет за тоа како се пријавува на оглас за работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom