Значи ако има еден кандидат и многу компании. Имаш многу побарувачка мала понуда. Тој кандидат е најдобар во се, значи без разлика колку лошо ЦВ има, дали заборавал subject на емаил да испрати, колку лошо се изразува, колку лоши проекти има, колку анти-патерни куца - едноставно е најдобар и е идеален за секоја компанија која побарува.
Проблемот е што понудата се зголемува непроперцијално на побарувачката. Причината за тоа е јасна - тон академии, тон дисперзирани, тон приватни факултети - тон онлајн tutorials, etc.
Тоа предизвикува огромен натпревар помеѓу кандидатите каде што е потребен перфекционизам на секое поле за влез а многу често и тој перфекционизам нема да биде забележан од тие кои одлучуваат да ве поканат. Тие коишто се најупорни ќе успеат, останатите ќе се разочараат и ќе обвинуваат се околу нив освен самите и многу ретко ќе се запрашаат дали можеби не правам нешто што другите го прават за да успеат.
Се сложувам дека бариерата за влез за новите е многу потешка од ние кои влеговме во последиве 10 години, таа бариера ќе станува се потешка и потешка.
ИТ-то е релативно ново споредено со многу други индустрии, посебно кај нас кадешто нема пензиониран човек на 64(2)год, така што нема генерациска смена и таа бројка постепено ќе се пополни како резултат на непроперционалната понуда и побарувачка.
Кога ќе видите многу огласи само за senior devs, немој те да мислите дека сите се тие нови позиции, многу од нив се re-cycle бидејќи фреквенцијата на промена на работни места во ИТ е многу честа.
Мој совет ви е да аплицирате и на овие позиции без разлика што немате доволно искуство или не познавате некоја од многуте набројани технологии, секогаш имате шанса колку и да е мала и на овие позиции. Без разлика дали се работи за непријавени сениори, кратки deadlines на нивните проекти, промена на планот на компанијата, etc - apply, you have nothing to lose.
Ви останува да бидете упорни, да се запрашате како да се подобрите, да ја прочитате Think and grow rich - да ја разберете од нефинансиска гледна точка и да не се откажувате. Со среќа.