ИТ фирми и пракси во Скопје

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.793
Поени од реакции
26.354
Ако сакаш лојалност, земи си куче.
Кој остана да верува во таа “лојалност” на врска вработен-фирма, во било која дирекција, гадно се заебал.
Чиста трансакција, даваш време, добиваш пари.
Во годиниве се изнагледав примери од кои одново ми се докажува дека колку и да звучи сурово,на крај на денот ти си само уште еден асет за компанијата. Кога ќе зачкрипат тркалата, хр те гледа како сума, не како човек. Имало примери, да не набројувам, форумот е јавен, ама фирмата е во шкрипец, отпушта долгогодишни вработени во најтешки периоди од животот. Во бизнисот нема место за емоции, колку побрзо го сфатиш, толку подобро.
Па и лојалноста е трансакција бе девојче. Да ти се најде фирмата кога имаш тешки моменти, во тежок период да не те замара, ако имаш некој близок болен да ти помогне, некој проблем да ти го реши...

Ние сме научени на оутсоурсинг компании (шивачници) и затоа ни е тешко да го сватиме тој концепт на лојалност. Јас се слагам дека постојат моменти каде што фирмата нема избор, туку мора да отпушти вработени, ама лојалноста спрема вработениот не се покажува во такви моменти, туку во моменти кога фирмата работи добро. Не сме ние религиска организација, па да бараме слепа лојалност.

Ние работиме на сопствен продукт, така да малце поинаку ги гледаме работите, не ни требаат гурбетџии спремни да си одат за 6 месеци, ни требаат луѓе кои сакаат да градат успешна кариера.
Автоматски споено мислење:

Moes da vrabotis kogo sakas. Ima lugje so procenuvaat vrz baza na lepota, nekoj sprema poznanstvo i tn. Imav eden kolega, bese na pozicija da bira, go izbra kandidatot zaso e kavadarcanec. Vika mnogu kandidati, mora da filtriram nekako. Ti si resil vrz baza na toa vo CVto da procenuvas karakter na covek, so e ludnica ako me prasas mene, zaso apsolutno niso ne znaci. Mozhe da e najlojalniot i najpatriotskiot covek na svet, a da go lupnal toa od edno milion pricini. Ali tvoja firma, kje raboti za tebe, ti kje gi trpis posledicite.

Ja sum sekad za profesionalizam vo biznis. Megjutoa nie sme lugje i normalno nekad i emociite da vlijaat vo procenkata.
Види, ептен претерувам, ама па ме изнервираа конкретно 2 CV-ја дента кога го напишав постот. Имам CV каде што на секоја ставка за образование, работно место, и курсеви напишале северна. Во текстот за работно место, во description северна, северна, северна... Значи буквално во едно CV над 20 пати пишано северна, она очи боде. Едноставно таков коленичар не ми треба да го вработам.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.167
Поени од реакции
1.146
Во ИТ досега не сум сретнал лојална фирма.
Во првата фирма кај што работев, почнав од кога беа 10тина луѓе, кога си заминав беа над 100. Фирмата си имаше свои продукти, не беше outsourcing. Работевме турбо, цело време со надеж (базирана на ветувања) дека кога фирмата ќе направи нешто големо, ние ќе добиеме парче од колачот. За жал, ништо од колачот :D. И ден денес, колегите што останаа таму се надеваат на акции, на % од проектите и слично, но колку што знам, ништо од тоа немаат добиено.
Сум го праел муабетот и со многу други колеги и почетоците на сите им беа горе доле исти. Има мала разлика кај тие што почнаа во големите компании, па се погодија на проекти кај што немале работа па беа од тие што играат пинг понг и пијат по 5 кафиња на ден.
Според мене, голем дел од програмерите се изгорени, и кога ќе слушнат муабети за лојалност, we are a family, итн, одма го гледаат тоа како red flag.
Сигурен сум дека постојат фирми кои сакаат да бидат лојални кон вработените, ама се многу ретки. Знам за фирма (не од ИТ) која на свој вработен кој долго време работи кај нив му плати операција од 100к+ евра. Човекот не беше некој незаменлив, туку едноставно газдите го засакале и го почитуваат. Ако претходно тој давал 100% за фирмата, сега сигурно дава 150%. Истото многу добро влијае кај другите вработени.
Ама не е лесно да се биде лојален од страна на работодавач. Еве пример, ми се има случено да работам со колега кој буквално изгина на еден проект, по 12 саати работеше за да го стигне рокот. Човекот се разболе (неповрзано со работата) и мораше да прави операција што чинеше некои смешни (за компанијата) 5-6к евра. Човекот работеше и после операцијата (иако официјално беше на боледување, на своја рака сакаше да ни помогне). Фирмата во најмала рака можеше барем тие пари да му ги плати. Ама што беше одговорот? И Цветко правеше операција пред 5 месеци, нему не му ја плативме како сеа оваа да ја платиме?
Или, како да даваме различни бонуси (според сработеното)? Некој ќе се налути, па ајде на сите исто.
Она што сакам да го кажам е дека за фирмата да биде лојална кон вработените, треба да изгради добара рамка за тоа. За утре кога ќе дојде Цветко и ќе праша "Зошто не сте лојални кон мене" да може да му образложи со аргументи зошто е тоа така.
Фирмите сакаат што е можно помалце да се замараат. Затоа во МК наместо бонус ќе те пратат на некој team building или на некоја конференција.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.928
Поени од реакции
35.800
Значи највеќе ми се гади кога луѓе било на linkedin, било на мејл самоволно без никаква причина, кога аплицираат за работа, на CV кои сами го прават (не користат готови на linkedin) пишуваат North Macedonia. Која дегенерација, кое колиеничарство тоа е чудо едно. Никад не би примил таков/таква на работа.
Побитно е дали има знаење, дисциплина и харизма, отколку што му пишувало во CV. Лично би вработил од било која националност ако е најдобар кандидат, апсолутно не ме интересира неговата определба. Уште помалку сакам некој да брка политики додека е на работа.
Автоматски споено мислење:

Во ИТ досега не сум сретнал лојална фирма.
Во првата фирма кај што работев, почнав од кога беа 10тина луѓе, кога си заминав беа над 100. Фирмата си имаше свои продукти, не беше outsourcing. Работевме турбо, цело време со надеж (базирана на ветувања) дека кога фирмата ќе направи нешто големо, ние ќе добиеме парче од колачот. За жал, ништо од колачот :D. И ден денес, колегите што останаа таму се надеваат на акции, на % од проектите и слично, но колку што знам, ништо од тоа немаат добиено.
Сум го праел муабетот и со многу други колеги и почетоците на сите им беа горе доле исти. Има мала разлика кај тие што почнаа во големите компании, па се погодија на проекти кај што немале работа па беа од тие што играат пинг понг и пијат по 5 кафиња на ден.
Според мене, голем дел од програмерите се изгорени, и кога ќе слушнат муабети за лојалност, we are a family, итн, одма го гледаат тоа како red flag.
Сигурен сум дека постојат фирми кои сакаат да бидат лојални кон вработените, ама се многу ретки. Знам за фирма (не од ИТ) која на свој вработен кој долго време работи кај нив му плати операција од 100к+ евра. Човекот не беше некој незаменлив, туку едноставно газдите го засакале и го почитуваат. Ако претходно тој давал 100% за фирмата, сега сигурно дава 150%. Истото многу добро влијае кај другите вработени.
Ама не е лесно да се биде лојален од страна на работодавач. Еве пример, ми се има случено да работам со колега кој буквално изгина на еден проект, по 12 саати работеше за да го стигне рокот. Човекот се разболе (неповрзано со работата) и мораше да прави операција што чинеше некои смешни (за компанијата) 5-6к евра. Човекот работеше и после операцијата (иако официјално беше на боледување, на своја рака сакаше да ни помогне). Фирмата во најмала рака можеше барем тие пари да му ги плати. Ама што беше одговорот? И Цветко правеше операција пред 5 месеци, нему не му ја плативме како сеа оваа да ја платиме?
Или, како да даваме различни бонуси (според сработеното)? Некој ќе се налути, па ајде на сите исто.
Она што сакам да го кажам е дека за фирмата да биде лојална кон вработените, треба да изгради добара рамка за тоа. За утре кога ќе дојде Цветко и ќе праша "Зошто не сте лојални кон мене" да може да му образложи со аргументи зошто е тоа така.
Фирмите сакаат што е можно помалце да се замараат. Затоа во МК наместо бонус ќе те пратат на некој team building или на некоја конференција.
Баш ме интересира каква фирма му платила 100к евра, познавам таков човек во Космофон (не беше баш толку, но му платија неколку десетици илјади евра лекување од тешка болест), исто и МК Телеком му плати на директорот, имам чуено за човек во ЕВН (на многу висока позиција), но разговараме за корпорации кои имаат годишен обрт колку 300-500 други фирми заедно.

Фирмите се флуидни, освен ако не е мала фирма каде што се истите вработени цело време, се друго зависи од менаџерите.
Но имај во предвид дека и лојалноста е двострана, имавме ситуација да држиме луѓе 4+ месеци без никаков проект (брутото им е околу 150к), само што фативме проект ми дојдоа да бараат покачување :D Никој не зема во обзир дека си бил лојален да не му удриш клоците како во САД, Австралија или слични земји каде не те држи ни 1 месец ако нема работа за тебе (и тоа да те згрбави од работа, не да си го прчиш, за канцелариска работа нема ни прекувремено).
 
Последно уредено:

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.552
Поени од реакции
5.897

Види на вработениот не му е гајле дали има проект или нема проект, не е тоа негова работа, си има менаџмент да брка проекти и клиенти, нормално дека ќе си земе иста плата. Е сеа секое отпуштање е исто заебано, утре док најдеш нов, док почне док се ухода отиде проектот.

А тоа со покачување исто е нормално да се побара, дали и колку ќе добие е друго.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.167
Поени од реакции
1.146
Побитно е дали има знаење, дисциплина и харизма, отколку што му пишувало во CV. Лично би вработил од било која националност ако е најдобар кандидат, апсолутно не ме интересира неговата определба. Уште помалку сакам некој да брка политики додека е на работа.
Автоматски споено мислење:

Баш ме интересира каква фирма му платила 100к евра, познавам таков човек во Космофон (не беше баш толку, но му платија неколку десетици илјади евра лекување од тешка болест), исто и МК Телеком му плати на директорот, имам чуено за човек во ЕВН (на многу висока позиција), но разговараме за корпорации кои имаат годишен обрт колку 300-500 други фирми заедно.

Фирмите се флуидни, освен ако не е мала фирма каде што се истите вработени цело време, се друго зависи од менаџерите.
Но имај во предвид дека и лојалноста е двострана, имавме ситуација да држиме луѓе 4+ месеци без никаков проект (брутото им е околу 150к), само што фативме проект ми дојдоа да бараат покачување :D Никој не зема во обзир дека си бил лојален да не му удриш клоците како во САД, Австралија или слични земји каде не те држи ни 1 месец ако нема работа за тебе (и тоа да те згрбави од работа, не да си го прчиш, за канцелариска работа нема ни прекувремено).
Фирмата е голема со 300-400 вработени, имаат неколку бизниси, од производство(фабрики) до продажба.Така да сигурно имаат многу голем обрт. Знам дека го имаа истото направено за барем уште еден вработен, само сумата била многу помала.

Во однос на лојалноста, нормално е дека треба да е двонасочна.
Пример, ако бараш покачување пред да почне проектот, тоа не е лојалност. Тоа е момент кога знаеш дека газдата е во тесно, поготово ако има краток рок за да се сработи работата. Ова е чисто капиталистички пристап.
Е сеа, и ти како газда ако не ги наградиш работниците за добро сработен проект, исто не е лојалност. Тука иде она, сработивте, фала ви, ќе ви праам муабет кога пак ќе ми треба вашата помош.

Затоа и мислам дека тешко се наоѓаат лојални фирми, бидејќи ти треба комбинација од лојални газди и лојални вработени. Кој влегол во струкава, и да бил таков на почетокот, после некое време ќе се смени. Ако не се смени, ќе биде барем претпазлив.
Еве ти кога ќе се сретнеш пак со сличен случај како овој што го опиша, ќе постапиш исто? Сигурно ќе размислиш 2 пати пред да му излезеш во пресрет на некој што може да те заебе во првата прилика што ќе ја има.

Види на вработениот не му е гајле дали има проект или нема проект, не е тоа негова работа, си има менаџмент да брка проекти и клиенти, нормално дека ќе си земе иста плата. Е сеа секое отпуштање е исто заебано, утре док најдеш нов, док почне док се ухода отиде проектот.

А тоа со покачување исто е нормално да се побара, дали и колку ќе добие е друго.
Брат, не можеш да кажеш дека е нормално 4 месеци да не работиш ништо (basically платен одмор само што најверојатно се појавуваш на работа) и после тоа да отидеш да бараш покачување. Можеби ако ви тие 4 месеци си бил проактивен, па си зел си им помагал на други тимови, си напишал некој код што ќе ви ја олесни работата на следните проекти (пример библиотека некоја) или си научил нешто што ќе ви биде од корист.
Ако си седел на бенч и си играл дота цело време, не е етички/лојално (како сакаш наречи го) да бараш покачување.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.928
Поени од реакции
35.800
Види на вработениот не му е гајле дали има проект или нема проект, не е тоа негова работа, си има менаџмент да брка проекти и клиенти, нормално дека ќе си земе иста плата. Е сеа секое отпуштање е исто заебано, утре док најдеш нов, док почне док се ухода отиде проектот.

А тоа со покачување исто е нормално да се побара, дали и колку ќе добие е друго.
Научив лекција и јас, затоа освен неколку души што работат како за себе, сите други се заменливи. Нареден пат ако се откаже проект, за 1 ден ќе бидат известени дека им почнува отказен рок ;)

Инаку економијата се смени, сега не молиме ние, молат тие што бараат работа, во последните неколку месеци ни сам не знам колку апликации имаат стигнато на оглас што не е активен од ланска есен, ако стигнале да го најдат него, може да замислам колку се очајни за работа.
Автоматски споено мислење:

Фирмата е голема со 300-400 вработени, имаат неколку бизниси, од производство(фабрики) до продажба.Така да сигурно имаат многу голем обрт. Знам дека го имаа истото направено за барем уште еден вработен, само сумата била многу помала.

Во однос на лојалноста, нормално е дека треба да е двонасочна.
Пример, ако бараш покачување пред да почне проектот, тоа не е лојалност. Тоа е момент кога знаеш дека газдата е во тесно, поготово ако има краток рок за да се сработи работата. Ова е чисто капиталистички пристап.
Е сеа, и ти како газда ако не ги наградиш работниците за добро сработен проект, исто не е лојалност. Тука иде она, сработивте, фала ви, ќе ви праам муабет кога пак ќе ми треба вашата помош.

Затоа и мислам дека тешко се наоѓаат лојални фирми, бидејќи ти треба комбинација од лојални газди и лојални вработени. Кој влегол во струкава, и да бил таков на почетокот, после некое време ќе се смени. Ако не се смени, ќе биде барем претпазлив.
Еве ти кога ќе се сретнеш пак со сличен случај како овој што го опиша, ќе постапиш исто? Сигурно ќе размислиш 2 пати пред да му излезеш во пресрет на некој што може да те заебе во првата прилика што ќе ја има.

Брат, не можеш да кажеш дека е нормално 4 месеци да не работиш ништо (basically платен одмор само што најверојатно се појавуваш на работа) и после тоа да отидеш да бараш покачување. Можеби ако ви тие 4 месеци си бил проактивен, па си зел си им помагал на други тимови, си напишал некој код што ќе ви ја олесни работата на следните проекти (пример библиотека некоја) или си научил нешто што ќе ви биде од корист.
Ако си седел на бенч и си играл дота цело време, не е етички/лојално (како сакаш наречи го) да бараш покачување.
Лично познавам повеќе фирми кои помагаат и на вработените, а и со донации за многу други работи, но мал број на фирми може да си дозволат такви суми. За да може да истресиш толку пари од сметка на фирма, а да не ти се наруши работењето треба да вртиш барем 20 пати по таа сума.

Кај нас уште се тера капиталистички кога ни одговара, ама социјалистички за се друго :)

Далеку е Македонија од капитализам, месец и кусур неработни денови, 25 денови платен одмор, месец дена платено боледување на 70% од плата...и да не набројувам. Од една страна да има добра плата, ама од друга страна продуктивноста ќе ни биде како да сме на државно :)
 
Последно уредено:

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.552
Поени од реакции
5.897
Фирмата е голема со 300-400 вработени, имаат неколку бизниси, од производство(фабрики) до продажба.Така да сигурно имаат многу голем обрт. Знам дека го имаа истото направено за барем уште еден вработен, само сумата била многу помала.

Во однос на лојалноста, нормално е дека треба да е двонасочна.
Пример, ако бараш покачување пред да почне проектот, тоа не е лојалност. Тоа е момент кога знаеш дека газдата е во тесно, поготово ако има краток рок за да се сработи работата. Ова е чисто капиталистички пристап.
Е сеа, и ти како газда ако не ги наградиш работниците за добро сработен проект, исто не е лојалност. Тука иде она, сработивте, фала ви, ќе ви праам муабет кога пак ќе ми треба вашата помош.

Затоа и мислам дека тешко се наоѓаат лојални фирми, бидејќи ти треба комбинација од лојални газди и лојални вработени. Кој влегол во струкава, и да бил таков на почетокот, после некое време ќе се смени. Ако не се смени, ќе биде барем претпазлив.
Еве ти кога ќе се сретнеш пак со сличен случај како овој што го опиша, ќе постапиш исто? Сигурно ќе размислиш 2 пати пред да му излезеш во пресрет на некој што може да те заебе во првата прилика што ќе ја има.

Брат, не можеш да кажеш дека е нормално 4 месеци да не работиш ништо (basically платен одмор само што најверојатно се појавуваш на работа) и после тоа да отидеш да бараш покачување. Можеби ако ви тие 4 месеци си бил проактивен, па си зел си им помагал на други тимови, си напишал некој код што ќе ви ја олесни работата на следните проекти (пример библиотека некоја) или си научил нешто што ќе ви биде од корист.
Ако си седел на бенч и си играл дота цело време, не е етички/лојално (како сакаш наречи го) да бараш покачување.
Нема тука лојалност, никој не те тера да дадеш покачување. Можеш и да одбиеш па после дали ќе си бара друго вработениот или не тоа е негово нели.

Зашто некој да биде лојален кога ако нема проект може да те шутнат?
Автоматски споено мислење:

Научив лекција и јас, затоа освен неколку души што работат како за себе, сите други се заменливи. Нареден пат ако се откаже проект, за 1 ден ќе бидат известени дека им почнува отказен рок ;)

Инаку економијата се смени, сега не молиме ние, молат тие што бараат работа, во последните неколку месеци ни сам не знам колку апликации имаат стигнато на оглас што не е активен од ланска есен, ако стигнале да го најдат него, може да замислам колку се очајни за работа.
Сега е таква економијата али се врти у круг. Ти слободно можеш да ги шутнеш после проект али после незнам дали лесно ќе најдеш нови. У ваква економија да али се се врти, башка нов вработен е нов, док дојде док седне док почне..

Има тука и репутациски ризик, word of mouth etc..
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.928
Поени од реакции
35.800
Нема тука лојалност, никој не те тера да дадеш покачување. Можеш и да одбиеш па после дали ќе си бара друго вработениот или не тоа е негово нели.

Зашто некој да биде лојален кога ако нема проект може да те шутнат?
Автоматски споено мислење:

Сега е таква економијата али се врти у круг. Ти слободно можеш да ги шутнеш после проект али после незнам дали лесно ќе најдеш нови. У ваква економија да али се се врти, башка нов вработен е нов, док дојде док седне док почне..

Има тука и репутациски ризик, word of mouth etc..
Ќе видиме, лично сум песимист дека ќе се врати ИТ на тоа што беше, можеби одредени сегменти од истото, но во поглед на плати и цени мислам дека поминаа времињата на луди цифри.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.552
Поени од реакции
5.897
Ќе видиме, лично сум песимист дека ќе се врати ИТ на тоа што беше, можеби одредени сегменти од истото, но во поглед на плати и цени мислам дека поминаа времињата на луди цифри.
Не може да иде надоле бесконечно, ќе видиш дека ќе дојде време и поголеми суми да се вртат.

Пошо ИТ не е тренд па да умре, и веќе нема ИТ индустрија пошо ИТ е веќе сржта на било која индустрија.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.793
Поени од реакции
26.354
Фирмата е голема со 300-400 вработени, имаат неколку бизниси, од производство(фабрики) до продажба.Така да сигурно имаат многу голем обрт. Знам дека го имаа истото направено за барем уште еден вработен, само сумата била многу помала.

Во однос на лојалноста, нормално е дека треба да е двонасочна.
Пример, ако бараш покачување пред да почне проектот, тоа не е лојалност. Тоа е момент кога знаеш дека газдата е во тесно, поготово ако има краток рок за да се сработи работата. Ова е чисто капиталистички пристап.
Е сеа, и ти како газда ако не ги наградиш работниците за добро сработен проект, исто не е лојалност. Тука иде она, сработивте, фала ви, ќе ви праам муабет кога пак ќе ми треба вашата помош.

Затоа и мислам дека тешко се наоѓаат лојални фирми, бидејќи ти треба комбинација од лојални газди и лојални вработени. Кој влегол во струкава, и да бил таков на почетокот, после некое време ќе се смени. Ако не се смени, ќе биде барем претпазлив.
Еве ти кога ќе се сретнеш пак со сличен случај како овој што го опиша, ќе постапиш исто? Сигурно ќе размислиш 2 пати пред да му излезеш во пресрет на некој што може да те заебе во првата прилика што ќе ја има.
Ние тераме политика на обострана лојалност веќе трета година. Значи фативме кога цените на програмерите беа плафон, а фативме и сега кога цените се прилично ниски. До сега ни иде прилично добро, се грижиме буквално за секој вработен и потенцијалното незадоволство го фаќаме многу рано. Наградата е според можностите и не штедиме воопшто за вработените. Не ги товариме непотребно со работа, освен ако не сакаат самите да работат (платено) прекувремено. До сега само еден вработен си отиде и тоа дека сакаше да мигрира во девопс, а тоа не го нудевме. А од друга страна, секоја година ги дуплираме вработените.

Што се однесува до тоа дека некој може да те заебе, практично секој може да те заебе, ако гледаш така параноично во животот на никој не треба да му дадеш доверба. И девојка и жена и другар со кои си пола и повеќе живот, на крајот пак можат да те заебат, ако така гледаш на работите, па ај сега да не се жениме/мажиме и да немаме другари. Тоа не значи дека не треба да му дадеш на човек доверба.

Највеќе што може некој да те заебе е еднаш. Уствари ако ти си му дал доверба некому и тој те заебал, тој самиот се заебал, пошто ти тоа што си го изгубил е материјално и може да се надокнади, он изгубил доверба, нешто што денеска тешко дека ќе го најдеш така лесно (види се и самиот колку си недоверлив во темава).

Е сега, најголемиот проблем е што вака може да се тера до одредена граница, додека не преминеме граница од 100 луѓе. После веќе станува проблем, како прво веќе губиш контакт во тоа кој се вработува. Второ губиш контрола и персонал тач на секој вработен. Трето не секои луѓе се компатибилни за одредена средина, што доведува до токсична атмосфера. Но ова се предизвици, со кои секоја брзо растечка компанија се соочува. Па така верувам дека во случај кога компанијата расте, така се ствараат повеќе кругови на доверба, каде што поноеите вработени треба да целат, секако мотивирано со конкретни позитивни примери.

Што се однесува до тоа што го кажуваш капиталистичкиот пристап како опозитен на пристапот за лојалност. Тука си во голема заблуда. Сигурно лојалноста не е одлика на комунизмот, кога се крадело од фирмите кој како стигнел. Лојалноста кон компанијата како концепт се раѓа во капитализмот.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.928
Поени од реакции
35.800
Не може да иде надоле бесконечно, ќе видиш дека ќе дојде време и поголеми суми да се вртат.

Пошо ИТ не е тренд па да умре, и веќе нема ИТ индустрија пошо ИТ е веќе сржта на било која индустрија.
Зошто да не може?

ИТ не е тренд, но е индустрија што може да се работи од секоја можна страна на светот, прашање на време е кога ќе се подобрат и овие што се сега ефтини и неквалитетни и ќе ги имаш рамо до рамо со тебе. За некој во Пакистан и 1000 евра бруто е бомба плата, додека за сличен кадар во мкд 2500 се малку. Ако не нудиш нешто подобро од него, прашање е на време кога ќе те прегази на пазарот на труд.

Друга работа се и платите, не дека треба да си многу покадарен/поинтелигентен во програмирање од инженери што се во: машинство, електроника, телекоми или било која друга индустрија. Ако платата на државно ниво е 60к за инженер, не гледам зошто некој би те платил повеќе како програмер (софтверски инженер). Во други индустрии пример никој не се интересира дека фирмата го продала продуктот во САД, или пак во Германија и направила 120% профит и луѓето се платени соодветно на просекот во таа држава.

Освен во земји како МКД, т.е каде што ИТ-то е аутсорсинг за надвор, апсолутно никаде на запад програмерите не се најплатените инженери во државата.
Платите треба директно да зависат од вредноста што ја создаваш со својата работа. Јас 10 од 10 пати би платил повеќе пари продавач, отколку инженер, ама знам дека добар продавач ќе ми направи повеќе пари од 20 инженери заедно.

Дополнително, на многу државни проекти, веќе се ставаат клаузули дека ниту податоците, ниту луѓето, смеат да се надвор од државата. Исто се бара да се и перманентни жители или граѓани на таа држава, да имаат defence/security clearence што во ниту еден случај нема да го оствари било кој од надвор.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.212
Поени од реакции
25.955

Само една корекција. Продавачите се многу многу поплатени од инженерите и во ИТ. Со другото горе доле се согласувам.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.928
Поени од реакции
35.800
Само една корекција. Продавачите се многу многу поплатени од инженерите и во ИТ. Со другото горе доле се согласувам.
Ми се однесуваше продавач во ИТ, иако е исто за секаде, и правилото е ако продавач сака да работи за плата - не го бива за ништо.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.552
Поени од реакции
5.897
Зошто да не може?

ИТ не е тренд, но е индустрија што може да се работи од секоја можна страна на светот, прашање на време е кога ќе се подобрат и овие што се сега ефтини и неквалитетни и ќе ги имаш рамо до рамо со тебе. За некој во Пакистан и 1000 евра бруто е бомба плата, додека за сличен кадар во мкд 2500 се малку. Ако не нудиш нешто подобро од него, прашање е на време кога ќе те прегази на пазарот на труд.

Друга работа се и платите, не дека треба да си многу покадарен/поинтелигентен во програмирање од инженери што се во: машинство, електроника, телекоми или било која друга индустрија. Ако платата на државно ниво е 60к за инженер, не гледам зошто некој би те платил повеќе како програмер (софтверски инженер). Во други индустрии пример никој не се интересира дека фирмата го продала продуктот во САД, или пак во Германија и направила 120% профит и луѓето се платени соодветно на просекот во таа држава.

Освен во земји како МКД, т.е каде што ИТ-то е аутсорсинг за надвор, апсолутно никаде на запад програмерите не се најплатените инженери во државата.
Платите треба директно да зависат од вредноста што ја создаваш со својата работа. Јас 10 од 10 пати би платил повеќе пари продавач, отколку инженер, ама знам дека добар продавач ќе ми направи повеќе пари од 20 инженери заедно.

Дополнително, на многу државни проекти, веќе се ставаат клаузули дека ниту податоците, ниту луѓето, смеат да се надвор од државата. Исто се бара да се и перманентни жители или граѓани на таа држава, да имаат defence/security clearence што во ниту еден случај нема да го оствари било кој од надвор.
Разликата е што иновации во ИТ имаш на дневно ниво.
Ако не си у loop константно да ќе бидеш прегазен од некој од Бангладеш.

Во електро, телеком па и обични инжињери немаш иновации волку често и тука е разликата. Да не зборам и дека тие индустрии се многу по строго регулирани со закон.

Од тука излегува зашто се ИТ платени повеќе. И не се согласувам дека на запад се платени исто како другите професии, има и таму од до, моеш да работиш за 60к бруто а моеш и за 160к бруто.
Автоматски споено мислење:

Едино место кај што претераа е Америка кај што зимаат и над 250к бруро, на страна други бенефиции како акции и сличнo.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom