Чувствувам потреба да го споделам моето генерално гледиште на некои од овие теми што ги начнавте во претходните неколку постови, а со цел да увидам колку моите тези се на место или имам погрешна претстава и со цел да спомнам некои ствари што би можеле да им бидат од корист на сите кои ја следат темава.
Прво и најважно да нагласам, сметам дека има разлика од сервис до сервис во рамки на еден проект, од проект до проект во рамки на една фирма, а камоли од фирма до фирма во рамки на еден сектор(во овој случај ИТ - Македонија).
Work - Life Balance
Балансот е најзависен од личноста(амбиции и желби). Следно по влијание е динамиката и потребите на проектот, а мал удел има и културата на фирмата.
Некои луѓе се на Work страната заради престиж, љубов кон професијата, економска незаситеност или потреба, страв(или реалноста) дека се неспособни и друго.
Некои луѓе се на Life страната заради социјална или здравствена потреба, економска заситеност, реален(или мислење дека поседуваат) вишок на способност и друго.
Сметам дека кога ќе се земе се' во предвид имаме нормална дистрибуција.
Плата
Верувам дека постојат различни стратегии и критериуми по кои некоја фирма ги дефинира платите, дали е тоа лојалност на вработените, солидарност, важност на проектот и на самиот вработен врз проектот и слично.
Методот со кој што сметам дека(треба да) се определува платата на еден вработен е евалуација, се што сте сработиле како таск се тракува(прати), и базирано на метрики како тежина и брзина на реализација на пример, се оценува вредноста на еден вработен(примарно, има и други фактори), а процесот на евалуација се повторува на одреден период(со новите податоци).
Од таа гледна точка, вредно е да се прифати дека почетната/првата плата не треба да игра улога во изборот на работодавец, туку неговиот капацитет да ја спроведува евалуацијата фер.
Интересно е што и од аспект на вработен можете да ја искористите истата методологија за да се осигурате за вашата вредност во споредба со (претпоставена најверојатно) вредноста на некој колега.
Процес на интервју
Реално нема нешто паметно да се каже на оваа тема, затоа што нагласеното од горе ептен доаѓа до израз.
Генеричките совети се:
- Снабдување на вредност на пониско ниво (пр. Јуниор како практикант, напредокот од внатре е дефинитивно порапиден, чисто се сомневам дека некој јуниор би имал потреба за вакво нешто)
- Силна теоретска позадина, концепти што се tech stack agnostic (ООП, Алгоритми и структури, Бази, Дизајн и оптимизација на системи, итн.)
- Проекти како показател на практичните вештини, со фокус на tech stack - от за кој се аплицира.
Резиме
- Тоа што за некој е бело, за друг е црно.
- Пристапот до информации и луѓе, продуктивноста и напорот во иста временска рамка, менталитетот и квалитетот во работата, интуицијата и вреднувањето кај било кој две индивидуи се различни.
Постов е доста филозофски и е личен став, меѓутоа се надевам дека ќе поттикне некого да придонесе кон поголема „култура“ во ИТ секторот, искрено се надевам дека е од корист на дискусијата!