ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
11 август 2022
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво :)

Би сакал да прашам дали знаете фирми во земјава кој нудат пракса/вработување во областа на биоинформатика?
Од тоа што имам пребарувано досега имам налетано на огласи за data science но конкретно огласи за работни места кои вклучуваат анализа на биолошки податоци немам видено.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.919
Поени од реакции
12.408
Максимална посветеност, јас социјални мрежи скоро и да не отворам, кога сум послободен отворам тука и тоа е тоа. Ретко куцам по чат со луѓе, со секој што ми треба/му требам се јавувам и не губам саати фокус и време.
На почетокот имаше период кога со денови не отворав апсолутно ништо, прекинав дури и теретана, прекинав излегувања, буквално живеев во новиот свет, и екстремно брзо ги надминав тие што во тој момент ме третираа како почетник.
Значи без навреда ама искрено ми се повраќа кога ќе прочитам вакво нешо, посебно кога ова е дадено како совет на некој кој почнува со работа.
This is why we can't have nice things.

Толкава глорификација на работа после работно време, на напредок, на исклучување од вистинскиот свет нема во ниедна друга бранша. Секоја професија има воркохолици, ама во нашата ова е веќе станато стандард. Срамота е на работа веќе да се каже дека нешто не се знае. А и ако се каже, веќе знаеш дека ти заминал викендот пошо треба да седнеш цел викенд и да се спремиш за следниот состанок да си спремен. Нема зошо да се троши работното време на учење нови работи кога може да се троши на генерирање приход за клиенти. Па таков guilt trip ако не се посветуваш на професијата вон работно време, ау ау ау. Токсично.
Индустријата сама по себе е fast-paced, зошто самите си додаваме сол на раната? Ова е невозможно темпо на живот на долг рок. И физички, а и психички на телото му треба одмор. И што ако ги прешиша тие што те третирале како почетник? Имаш буквално цела кариера пред тебе. Верувам дека си во рани 30ти, и шо ако си лид/менаџер на тие години? Треба да работиш до 65 минимум! Трчаме маратон, не спринт.
Јас сфаќам дека за некој да биде успешен мора и треба да посвети дел од слободното време на усовршување на вештините, ама ова што се случува моментално е ван памет. Па има луѓе кои, извинете на израз, одат на серење со лаптопот в рака. За да не изгубат време.
Мислам дека имаме нереално брза и вештачка прогресија на работното место, диригирана од недостатокот на кадар. Ајде за да не не напуштиш ќе те ставиме сениор. Сениор за 5-6 години? Во која друга професија се стига на сениорска позиција за толку кратко? Стигна до сениор? Дај сега повеќе, вложи се максимално за лид. И нема крај.

Од совети би издвоила да не се прави горенаведеното. Ми требаа долги години да се ослободам од чувството на вина дека сум поминала викенд во релаксација наместо да седам пред компјутер и учам нешто ново. И се ова доаѓа од околината. Така да совет, најди си фирма која ќе те цени како ресурс и која ќе те гледа како инвестиција, ќе ти дава можности за учење на работното место и во работното време и ќе ги прилагоди очекувањата на твоите знаења.
И не си стварај притисок, работата не е се во животот. Утре и да те нема фирмата продолжува со business as usual.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Утре и да те нема фирмата продолжува со business as usual.
Se slozuvam so se sto kaza, ama se si odgovori so poslednava rechenica. Dodadi na ova deka u IT sekoj vtor e workoholic, pa lesno e da te zamenat. Ti u 5 si odis i zavrsuvas X obvrski, a nekoj raboti 24/7 i postignuva X2 od tebe. Sekoj se bori za da bide podobar od drugiot, tuka e stapicata, sami se dovedovme do ova. I tesko deka ova ke se promeni.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.919
Поени од реакции
12.408
Se slozuvam so se sto kaza, ama se si odgovori so poslednava rechenica. Dodadi na ova deka u IT sekoj vtor e workoholic, pa lesno e da te zamenat. Ti u 5 si odis i zavrsuvas X obvrski, a nekoj raboti 24/7 i postignuva X2 od tebe. Sekoj se bori za da bide podobar od drugiot, tuka e stapicata, sami se dovedovme do ova. I tesko deka ova ke se promeni.
Види, таквото темпо на живот некогаш ќе се одрази. Дали ќе се манифестира физички со некоја болест или психички со еден куп анксиозности и депресии, никој не знае. За едно 10 години од прилика ќе видиме кај ќе не однесе ова темпо. Се надевам тогаш некој ќе сфати колку е саатот.
Драго ми е што гледам дека постојат компании кои веќе ги увиделе овие работи и евалуациите не се сведени само на знаење, туку на целосен импакт врз работата.
Јас сум искрено во фаза кај шо престанав да се споредувам. Не знам се, не ни сакам да знам. Ок сум со одговорностите кои ги имам во моментот и со знаењето кое го имам/немам. Сакам да уживам во работата и во тие 8 часа наместо да сум константно под стрес и да бркам рокови. Имав годшно ривју, ме прашува менаџерката кои ти се целите за следната година. Викам немам цели, мене ми е скроз ок моментално. И ова е сосема во ред понекогаш.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.938
Значи без навреда ама искрено ми се повраќа кога ќе прочитам вакво нешо, посебно кога ова е дадено како совет на некој кој почнува со работа.
This is why we can't have nice things.

Толкава глорификација на работа после работно време, на напредок, на исклучување од вистинскиот свет нема во ниедна друга бранша. Секоја професија има воркохолици, ама во нашата ова е веќе станато стандард. Срамота е на работа веќе да се каже дека нешто не се знае. А и ако се каже, веќе знаеш дека ти заминал викендот пошо треба да седнеш цел викенд и да се спремиш за следниот состанок да си спремен. Нема зошо да се троши работното време на учење нови работи кога може да се троши на генерирање приход за клиенти. Па таков guilt trip ако не се посветуваш на професијата вон работно време, ау ау ау. Токсично.
Индустријата сама по себе е fast-paced, зошто самите си додаваме сол на раната? Ова е невозможно темпо на живот на долг рок. И физички, а и психички на телото му треба одмор. И што ако ги прешиша тие што те третирале како почетник? Имаш буквално цела кариера пред тебе. Верувам дека си во рани 30ти, и шо ако си лид/менаџер на тие години? Треба да работиш до 65 минимум! Трчаме маратон, не спринт.
Јас сфаќам дека за некој да биде успешен мора и треба да посвети дел од слободното време на усовршување на вештините, ама ова што се случува моментално е ван памет. Па има луѓе кои, извинете на израз, одат на серење со лаптопот в рака. За да не изгубат време.
Мислам дека имаме нереално брза и вештачка прогресија на работното место, диригирана од недостатокот на кадар. Ајде за да не не напуштиш ќе те ставиме сениор. Сениор за 5-6 години? Во која друга професија се стига на сениорска позиција за толку кратко? Стигна до сениор? Дај сега повеќе, вложи се максимално за лид. И нема крај.

Од совети би издвоила да не се прави горенаведеното. Ми требаа долги години да се ослободам од чувството на вина дека сум поминала викенд во релаксација наместо да седам пред компјутер и учам нешто ново. И се ова доаѓа од околината. Така да совет, најди си фирма која ќе те цени како ресурс и која ќе те гледа како инвестиција, ќе ти дава можности за учење на работното место и во работното време и ќе ги прилагоди очекувањата на твоите знаења.
И не си стварај притисок, работата не е се во животот. Утре и да те нема фирмата продолжува со business as usual.
Да не ја тупам надолго и нашироко, овде ситуацијата е премногу едноставна, ќе работиш онолку колку што ти се амбициите.

Ако некаде имаш компетитивна средина, тоа е ова, но на крај од денот секој си одлучува што и како ќе прави (затоа и платите треба да се соодветно на тоа, а не секој да бара луди цифри а не прави ни пола од тоа).

Јас немам намера да работам подолго од 45 години, не сум менаџер туку имам мој бизнис, и ако работите се движат со исто темпо како во изминатиот период јас за нешто повеќе од 1 декада одам во пензија.
Мене трчањето и таквото функционирање ме дигна неколку скалила во животот, доаѓам од апла сиромашно семејство, и за 3 години направив повеќе од претходни 2 генерации заедно, а започнав со еден стар лаптоп и позајмица.

Инаку и од мене има далеку поголеми лудаци, барем не сум посегнал по наркотици и немам намера, али во корпоративниот свет сум сретнал и фаци кои користат триста хемии за да извадат максимум.

Последици има секогаш, и од двата пристапи. Исто како што има последици од стресови да исплаќаш кредити 30 години за станот во кој живееш, и да се молиш да не те удрат на клоци оти се живее од месец до месец.
ИТ-то ги живее златните години, во иднина ќе се променат работите (не верувам на добро), а ќе биде 10 пати покомпетитивно од тоа што е сега со оглед на тоа што новите генерации растат со технологијата во рака, и сретнав деца од 14 години кои се подобри програмери од 25 годишни со завршен финки.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.084

Брао, само темава и подфорумов се некако поврзани со работа со код. 2 поста немаш за код, бизнис совети, совети за плати, лични достигнувања итн. можеш и во Економија и бизнис или во драга кајгана да пишуваш. Можеш и со линкдин да пробаш, пун курац луѓе со инспиративни приказни, спремни да ти дадат совет или да те научат нешто. Чил малце.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Чисто информативно, по колку време продуктивно работите дневно? Значи, да ги исклучиме состаноците/паузите, туку времето кога развиваме продукт/програмираме/тестираме/учиме итн...

Веќе неколку членови се изјаснија како Workaholics.

Лично јас, не повеќе од 4 часа.
 
Не ти зависи од приоритетот на тикетот и естимацијата?

Кај мене зависи на што работам. Вчера заглавив до дваипол, се ебавам два дена со барање на библиотека за веб пуш нотификации пошто не работам со фрејмворк кај што имаш све out of the box или пакети баш за тој фрејмворк. Денеска кулирам, али од после полноќ осеќам ќе му седнам пак. :)
 
Секако има денови со помалку/повеќе работа, но генерално е прашањето. Во мој случај, после работното време се гасам и не ме интересира работата туку сопственото време. Проблемите ги оставаме за наредниот работен ден, со многу многу ретки исклучоци вон-работно.

Тие што уште немаат почнато да работат, а ја читат темата, да знаете дека и компании со ваква култура постојат, а мислам дека се и чести.
 
Треба просек да вадам. :)

Хаха не дека од мојата компанија ме тераат после работа да останувам, никоја компанија не го барала тоа од мене. Флексибилно ми е времето и попродуктивен сум навечер и плус ако ијам нешто интересно со кое што работам тогаш самоиницијативно останувам. А веб сокети кои што треба да хендлаат конкурентни реквести се таков случај.
 
Ете, член по член да почнат да пишуваат дека работење во ИТ сектор не е дремење пред компјутер 16 часа дневно, почетниците ќе бидат поопуштени при барањето работа. Единствено што ќе треба е да не налетат на некој што од нив ќе бара животот да им стане "Kuca poso - poso kuca"
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.938
Брао, само темава и подфорумов се некако поврзани со работа со код. 2 поста немаш за код, бизнис совети, совети за плати, лични достигнувања итн. можеш и во Економија и бизнис или во драга кајгана да пишуваш. Можеш и со линкдин да пробаш, пун курац луѓе со инспиративни приказни, спремни да ти дадат совет или да те научат нешто. Чил малце.
Без гајле нареден пат ќе те прашам што да пишувам ;)
Ај оди сега кликни на игнор и прескокај ми ги мислењата.
Автоматски споено мислење:

Ете, член по член да почнат да пишуваат дека работење во ИТ сектор не е дремење пред компјутер 16 часа дневно, почетниците ќе бидат поопуштени при барањето работа. Единствено што ќе треба е да не налетат на некој што од нив ќе бара животот да им стане "Kuca poso - poso kuca"
Најчесто никој нема да побара од тебе да ти стане животот куча-посо, понекогаш може да се бара прекувремено, али на тековниот пазар секогаш може да им кажеш дека не сакаш и пак нема да леташ.
Финтата со рмбање/учење подолго од нормалното е ако сакаш да постигнеш некоја друга цел, или да си мастер на занаетот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.152
Поени од реакции
25.608
This is why we can't have nice things.
Почетник во ИТ почнува со плата 30% повисока од просечната. Средна плата во ИТ е 3 пати повисока од просечната. Медијана на високи плати во ИТ е 4-5 пати повисока од просечната. Менаџерски плати во ИТ се над 6 пати повисоки од просечната.

Зошто некој би те платил толку над пазар, ако немаш желба да деливираш? ИТ платите на Балкан се толку повисоки од просечните баш затоа што имаме воркохолици. Да немавме, ќе беа ко Западна Европа, дали ИТ дали економист што пополнува фактури, исто.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.938
Почетник во ИТ почнува со плата 30% повисока од просечната. Средна плата во ИТ е 3 пати повисока од просечната. Медијана на високи плати во ИТ е 4-5 пати повисока од просечната. Менаџерски плати во ИТ се над 6 пати повисоки од просечната.

Зошто некој би те платил толку над пазар, ако немаш желба да деливираш? ИТ платите на Балкан се толку повисоки од просечните баш затоа што имаме воркохолици. Да немавме, ќе беа ко Западна Европа, дали ИТ дали економист што пополнува фактури, исто.
Во АУС пример ИТ ти е пониско платено од секој можен инженер, градежниците тепаат по 40-50к повеќе на ист левел искуство во однос на програмерите. Овертајм не се плаќа за административните работи, а скоро секаде го има.

Инженери по рудници, градилишта се 150-250к годишна, почетниците почнуваат со 100к, а програмер за да земаш 150к треба да си воркохолик пар екселанс + да си сениор во вистинска смисла на зборот, почетник програмер 50-70к.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.250
Поени од реакции
3.173
Почетник во ИТ почнува со плата 30% повисока од просечната. Средна плата во ИТ е 3 пати повисока од просечната. Медијана на високи плати во ИТ е 4-5 пати повисока од просечната. Менаџерски плати во ИТ се над 6 пати повисоки од просечната.

Зошто некој би те платил толку над пазар, ако немаш желба да деливираш? ИТ платите на Балкан се толку повисоки од просечните баш затоа што имаме воркохолици. Да немавме, ќе беа ко Западна Европа, дали ИТ дали економист што пополнува фактури, исто.
Пазарот за кој работи Македонска ит компанија и англиска ит компанија е истиот, така што не гледам причина зошто не би биле платени. Кога ќе размислиш дури слабо сме платени.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom