ИТ фирми и пракси во Скопје

Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.248
Поени од реакции
3.173
1660586929908.png

Бидејќи начнавме тема за плативе и споредби на нашиов пазар и Индија, вчера баш разговарав со еден другар од Индија и добрите фирми им се далеку подобри со плати од тука. Ова 25 лакс (или како и да се чита) во евра би било 30,948, што значи месечно он зема 2,579 евра со 3 години искуство. Кај и да е чека да го унапредаат и да зема 30-35. Јас тука не знам ниту 1 програмер со 3 години искуство да зема толку плата.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.940
Кај нас обични струки кои работат сами за себе и не се под 1000 еур месечно: монтери, столари, електричари, фасадери и било какви мајстори, бербери, таксисти, козметичари...

На ИТ кадар им треба 5 години минимум вложени во учење и работење за да дојдат до некоја сума над 1000 евра.
Многу од нив не ни успеваат, и се откажуваат по 1-2 години факс.

Кога ќе се пресмета времето, трудот, парите и нервите, единствено добро е бенифициите што ги има струката како работење во канцеларија, и можноста за надвор. Мада таква можност имаат и сите со занаети.
 
Да ама на темава ти прават да се осеќаш крив ако сакаш 1000 евра или да не остануваш прекувремено, како да е којзнае каква плата, затоа и постирав.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.150
Поени од реакции
25.592
Никој не треба да се чувствува виновно зошто сака или очекува нешто. Ако го добие тоа, супер. Ако не го, не му е крив никој сем огледалото.
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.940
Да ама на темава ти прават да се осеќаш крив ако сакаш 1000 евра или да не остануваш прекувремено, како да е којзнае каква плата, затоа и постирав.
Баш така. Беше таа плата голема пред 5 години можеби, но денес, посебно со последниве покачувања касиери веќе имаат плата од 30 000 денари. A овде за почетници во ИТ се дискутираше зошто барале толкава плата...

Член од
17 август 2011
Мислења
9.758
Поени од реакции
17.457
Да ама на темава ти прават да се осеќаш крив ако сакаш 1000 евра или да не остануваш прекувремено, како да е којзнае каква плата, затоа и постирав.
1000 евра е којзнае колкава плата, за огромен дел од популацијата недостижна во текот на целата своја кариера а не па на 25 години.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.169
Поени од реакции
3.466
1000 евра е којзнае колкава плата, за огромен дел од популацијата недостижна во текот на целата своја кариера а не па на 25 години.
Очигледно се избегани од реалноста, ама и оправдано до некаде, ако се дружат само со програмери, слушаат само вртоглави суми, што за просечниот македонец се мисловна именка. Среќа за нив е што сите тие плати се од странски фирми, што ги плаќаат како да работат во Мекдоналдс, па за двете страни тоа е вин-вин ситуација.

Ама кога ќе навикнеш на 1500 евра плата, ќе сакаш 1800. Така на лакомоста и нема крај. Јебига, кој како ќе му се погоди. За 10 години нешто друго ќе биде поплатено од програмирањето.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.248
Поени од реакции
3.173
Децата во Етиопија од глад умираат, а вие манџата од завчера не ја дојадовте логика.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.574
Поени од реакции
26.096
Значи без навреда ама искрено ми се повраќа кога ќе прочитам вакво нешо, посебно кога ова е дадено како совет на некој кој почнува со работа.
This is why we can't have nice things.

Толкава глорификација на работа после работно време, на напредок, на исклучување од вистинскиот свет нема во ниедна друга бранша. Секоја професија има воркохолици, ама во нашата ова е веќе станато стандард. Срамота е на работа веќе да се каже дека нешто не се знае. А и ако се каже, веќе знаеш дека ти заминал викендот пошо треба да седнеш цел викенд и да се спремиш за следниот состанок да си спремен. Нема зошо да се троши работното време на учење нови работи кога може да се троши на генерирање приход за клиенти. Па таков guilt trip ако не се посветуваш на професијата вон работно време, ау ау ау. Токсично.
Индустријата сама по себе е fast-paced, зошто самите си додаваме сол на раната? Ова е невозможно темпо на живот на долг рок. И физички, а и психички на телото му треба одмор. И што ако ги прешиша тие што те третирале како почетник? Имаш буквално цела кариера пред тебе. Верувам дека си во рани 30ти, и шо ако си лид/менаџер на тие години? Треба да работиш до 65 минимум! Трчаме маратон, не спринт.
Јас сфаќам дека за некој да биде успешен мора и треба да посвети дел од слободното време на усовршување на вештините, ама ова што се случува моментално е ван памет. Па има луѓе кои, извинете на израз, одат на серење со лаптопот в рака. За да не изгубат време.
Мислам дека имаме нереално брза и вештачка прогресија на работното место, диригирана од недостатокот на кадар. Ајде за да не не напуштиш ќе те ставиме сениор. Сениор за 5-6 години? Во која друга професија се стига на сениорска позиција за толку кратко? Стигна до сениор? Дај сега повеќе, вложи се максимално за лид. И нема крај.

Од совети би издвоила да не се прави горенаведеното. Ми требаа долги години да се ослободам од чувството на вина дека сум поминала викенд во релаксација наместо да седам пред компјутер и учам нешто ново. И се ова доаѓа од околината. Така да совет, најди си фирма која ќе те цени како ресурс и која ќе те гледа како инвестиција, ќе ти дава можности за учење на работното место и во работното време и ќе ги прилагоди очекувањата на твоите знаења.
И не си стварај притисок, работата не е се во животот. Утре и да те нема фирмата продолжува со business as usual.
Постојат 2 врсти воркохолици, оние кои едноставно го сакаат тој предизвик и оние коишто тоа сами си го наметнуваат гледајќи ги првите. Еве јас ќе кажам за мене, мене ме исполнува стресот, проблемите кои се јавуваат и нивното решавање и за мене викам дека сум периодичен воркохолик (најголем период ми бил 5 месеци). Повозрасен сум од сите тука ми се чини, и воопшто не се осеќам истрошен, баш напротив, секогаш свеж за нов предизвик. Спортувам колку што можам, имам фамилија која периодично ја запоставувам. Тоа е патеката што ме донела на нивото на коешто сум сега. И можам да кажам дека работата ме правела среќен во поголемиот дел од животот, не самото куцање код, туку целокупната работа почнувајќи од брејнстормингот, преку контактите со клиентите, па се до стресните ситуации кога све ќе пукне. Притоа да спомнам дека како девелопер имам работено и кога платите беа 7000 денари и сега со истото темпо.

Да, работата не е све во животот, меѓутоа ако направиш математика, 8 саати спиеш, 8 саати си дома, 8 саати си на работа... А тоа значи пола живот ти поминува на работа. Ако ти не си среќна на работа тебе пола живот ти поминува во мизерија. За некој е среќа да отиде на работа и да не се замара многу, за друг е предизвикот на работата. Кога сум работел прекувремено, не сум работел за да не осеќам вина, туку дека сакам.

Не тргнувај никогаш со претпоставките за други егоцентрично, ниту пак покушавај да се изградиш по туѓ рол модел.

Претпоставувам исто како и ти, со тек на време сите ќе си го најдат своето место. Некој порано некој подоцна.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Прегледај го приврзокот 342046

Бидејќи начнавме тема за плативе и споредби на нашиов пазар и Индија, вчера баш разговарав со еден другар од Индија и добрите фирми им се далеку подобри со плати од тука. Ова 25 лакс (или како и да се чита) во евра би било 30,948, што значи месечно он зема 2,579 евра со 3 години искуство. Кај и да е чека да го унапредаат и да зема 30-35. Јас тука не знам ниту 1 програмер со 3 години искуство да зема толку плата.
Друже Индија е 1.5 милијарда луѓе, зависи во кој дел бараш. Да, има компании што ги плаќаат добро, има компании за кои еве ги рентаат во АУС со работни визи, и дел се навистина добри (на левел на топ 5% кај нас), а има и делови на Индија каде да се исправат на глава никој нема да им даде повеќе од 500 евра (иако се солидни).

Секаде секој си пробува онолку колку што може, во МКД сретнав фриленсер со 2.5 години искуство што тепа 4000+ евра месечно, далеку од хардкор девелор, туку повеќе ГИК што чепка од се по малку. Закачил клиент од Швајцарија, биле на мака да најдат итно некој како него (им дава широк спектар на ИТ услуги од сетирање на акаунти на Мајкрософт, скрипти за синхронизации меѓу бази, бекапи, автоматизација на малечки таскови (примена на наједноставни алгоритми) во PowerShell, Power Automate и слични заебанции, а е платен подобро од хардкор девелопери во големите фирми.

Моето искуство со Индија е дека до 1500 евра бруто се наоѓаат тип топ дечки, дури и со солиден левел на англиски и трчаат и по 10 саати на ден без проблем.

Баш така. Беше таа плата голема пред 5 години можеби, но денес, посебно со последниве покачувања касиери веќе имаат плата од 30 000 денари. A овде за почетници во ИТ се дискутираше зошто барале толкава плата...

Во капитализам работодавецот не го интересира ни што си по вокација, ни што си учел, најбитно е на фирмата да и носиш пари, што кај почетници најчесто не е случај (особено не првите 5-6 месеци).
Ако фирмата троши ресурси да те учи со месеци, а после тоа нема никаква гаранција дека ќе останеш на работа, колку очекуваш да те плати?
Проблемите лежат во образовниот систем кој не ги подготвува луѓето за она што следува (ниту факултетите, ниту академиите).
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.940
Во капитализам работодавецот не го интересира ни што си по вокација, ни што си учел, најбитно е на фирмата да и носиш пари, што кај почетници најчесто не е случај (особено не првите 5-6 месеци).
Ако фирмата троши ресурси да те учи со месеци, а после тоа нема никаква гаранција дека ќе останеш на работа, колку очекуваш да те плати?
Проблемите лежат во образовниот систем кој не ги подготвува луѓето за она што следува (ниту факултетите, ниту академиите).
Па и тој во маркет/ресторан од стартот не знае ништо и газдата троши ресурси додека не го обучи и помине тој период на прилагодување на работното место. А, таму па им бегаат уште повеќе.

Да не зборуваме пак за мајстори каде што од старт ќе бидиш дете за по бурек додека не го испечиш занаетот.
Ама многу од нив што почнале на 18 години, до 25 години имаат плата над 1000 евра.

И во ИТ тешко некој од старт да му дадат 500 еур плата. Најчесто ќе ги праќаат по пракси во 2-3 фирми и ќе им даваат некоја смешна пара (пред неколку години воопшто и не им плаќаа), па наместо вработување, дај друго дете. :)

Тие што се вработуваат имаат најмалку 3 месеци пракса, факултет/академија и по неколку слободни проекти што ги работеле со месеци самостојно. Не дека излегуваат од факултет/академија и одма ги чека вработување и висока плата.
 
Член од
2 август 2022
Мислења
192
Поени од реакции
119
Кај нас обични струки кои работат сами за себе и не се под 1000 еур месечно: монтери, столари, електричари, фасадери и било какви мајстори, бербери, таксисти, козметичари...

На ИТ кадар им треба 5 години минимум вложени во учење и работење за да дојдат до некоја сума над 1000 евра.
Многу од нив не ни успеваат, и се откажуваат по 1-2 години факс.

Кога ќе се пресмета времето, трудот, парите и нервите, единствено добро е бенифициите што ги има струката како работење во канцеларија, и можноста за надвор. Мада таква можност имаат и сите со занаети.
И зошто не одиш да работиш фасадер?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.649
Поени од реакции
34.918
Па и тој во маркет/ресторан од стартот не знае ништо и газдата троши ресурси додека не го обучи и помине тој период на прилагодување на работното место. А, таму па им бегаат уште повеќе.

Да не зборуваме пак за мајстори каде што од старт ќе бидиш дете за по бурек додека не го испечиш занаетот.
Ама многу од нив што почнале на 18 години, до 25 години имаат плата над 1000 евра.

И во ИТ тешко некој од старт да му дадат 500 еур плата. Најчесто ќе ги праќаат по пракси во 2-3 фирми и ќе им даваат некоја смешна пара (пред неколку години воопшто и не им плаќаа), па наместо вработување, дај друго дете. :)

Тие што се вработуваат имаат најмалку 3 месеци пракса, факултет/академија и по неколку слободни проекти што ги работеле со месеци самостојно. Не дека излегуваат од факултет/академија и одма ги чека вработување и висока плата.
Има разлика од едното до другото.
За да научи што треба да прави на каса ќе му требаат 1-2 недели, за да решава проблеми како програмер му требаат месеци.

Мајсторите исто почнуваат од чираци, и на старт рмбаат за ич пари, тоа што некој бил на екскурзија на факултет не е ничиј проблем. Со тоа што ќе работиш во администрација, под клима, и работа без ризик по твојот живот и здравје си ги добил бенефициите во споредба со тој што работи како мајстор.

Она што не го разбираат луѓето (не сум го разбирал ни јас) е дека од 18 до 40 години си во прајмот кога мозокот и телото ти функционираат одлично, и секоја изгубена минута те кошта многу.
Факултетот на пример не кошта 10-15к колку што изгледа, туку 4-5 години по мин. 5к евра просек (мин 20-30к евра што си ги изгубил седејќи) + уште 10-15 што си ги потрошил на буквари/испити/станови. Е сега кај програмерите и не е толку страшно, занаетот си враќа тоа што си инвестирал, ама да ме убиеш нема да им ја разберам логиката на луѓе да си го арчат времето на рандом факултети со кои ни Госпо не би им нашол работа, под изговор „да се има диплома, може ќе затреба“.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.885
Абе сериозно многу се занимавате со цифри и кој што треба да зима. Секој си знае колку вреди, ако сметате дека вредите за 5к месечно go for it, ако сте задоволни и со 500 евра месечно супер.
На крајот голема плата не зимаат ниту оние хардкор девелопери ниту гикови. Земаат тие што знаат како да се продадат на фирмата. Имав колега што сметаше дека земјата е рамна, дека 5G е штетно и веруваше во тоа дека ЦИА го следи затоа што твитал за Трамп. Е тој човек земаше најголема плата од сите, а имаше скоро па никакво знаење. Ама се продаде и ете.
Ваше е на што целите, 500 евра, 5000 евра, работење 24/7, работење 8 часа, сеедно, ваш е изборот. Аман заман доста го тупите на темава со едни исти теми кои верглаат во место.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom