Иако, има само неколку дена од постот во кој тврдам поинаку, сепак ќе морам да се исправам...
Љубовта не може да премине во омраза. Љубовта не знае што е тоа омраза.
Ако препознаеме омраза, тогаш не љубиме. Тогаш само ја раниме нашата суета...а, тоа е толку тажно, толку празно.
Да, јас очигледно не знам (или не знаев, сеедно) да љубам. Затоа што омразата која ја носев не можеше да биде и љубов. Ни за мене, ни за било кој друг не може.
За крај, само ќе го повторам цитатот кој го имам во својот потпис:
Love is patient, love is kind,
Love does not insist on its own way.
Love bears all things, believes all things,
Hopes all things, endures all things.
Love never fails.