Јас мислам дека подобро е да се каже ЉУБОМОРА која изгледа како озраза(а љубомората е тенко повржана со љубовта). Го мразиме фактот дека е со друг/а и на него/неа и ги кажува убавите зборови што некогаш ти ги посветувал тебе-им љубомориме. Мислам и дека го/ја „мразат“ и поради мислењето на другите, да се докажат дека веќе не му/и е потребна и дека „можат“ без истиот. Мислам дека е нормално кога ќе раскинеме да ни е бар малку жал, но сепак да го/ја мразиме..и не ми изгледа како за нормален човек. Не знам како некои можат да ги мразат бившите затоа што некогаш биле со нив. Според мене секој кој одвоил време да ми каже дека ме сака, дека сака да е со мене во тој момент не заслужува утре кога ќе е готово да го мразам. Како кога издвоил бар една секунда за мене? Јас тоа многу го ценам како и луѓето кои сакале да се со мене..Има теми со слична содржина во Љ и С, но тука за нешто друго сакам да продискутираме.
Читајќи ја темата за пораки до бившите партнери, забележав дека се преретки луѓето кои немаат лоши мисли и пораки за нив.
Поради тоа, еве да прашам, зошто љубовта преминува во омраза?
Зошто кај тие што мразат, се јавува тоа чувство за некого со кого некогаш самите биле во врска? Како може да се мрази некој кој некогаш ни бил се`, со кого сме поминале убаво време, со кого сме се смееле, со кого сме шетале, со кого сме делеле нешто повеќе од кафе-муабет?
Кои се причините за тоа?
Колку и како треба да не повреди некој за да еден ден го сакаме, а веќе наредниот го мразиме?
Дали е тоа навистина во ред?
Дали со тоа, можеби потсвесно самите се мразиме, што сме биле со погрешен човек, што сме дозволиле да не повреди или остави?
Кого и зошто мразиме откако престануваме да сакаме?
Како може љубовта да премине во омраза затоа што ја нема? Нели нема логика? Сакаше да кажеш нешто па лошо се изрази или?Е па вака сеа љубовта преминува во омраза затоа што љубов НЕМА!!
Zatoa sto nemalo ljubov.Поради тоа, еве да прашам, зошто љубовта преминува во омраза?
Зошто кај тие што мразат, се јавува тоа чувство за некого со кого некогаш самите биле во врска?
Логично изгледа кога се чита, но сепак мене не ми е јасно тоа. Не сум почувствувала омраза никогаш. Секогаш после раскинувањата сум чувствувала болка, носталгија, разочараност но никогаш омраза. Баш поради тоа што и омразата е многу силна емоција, не ми е јасно како може да се чувствува за некој што сме го сакале. Многу појасно ми е да се мразиме, но самите ние, затоа што сеуште чувствуваме љубов кон партнерот. Нали?:raz:Љубовта и омразата се скоро идентични емоции кои лесно се претопуваат една во друга.
И нормално е после разочарување љубовта да премине во омраза.
Лично, луѓето кои најмногу ги сакам, најсилно и ги мразам кога ќе ме разочараат.
Затоа што, спротивноста на љубовта не е омразата, туку рамнодушноста.
Аналогно, не може да мразиш некој кој што не ти значи.