Зошто љубовта преминува во омраза?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Има теми со слична содржина во Љ и С, но тука за нешто друго сакам да продискутираме.
Читајќи ја темата за пораки до бившите партнери, забележав дека се преретки луѓето кои немаат лоши мисли и пораки за нив.
Поради тоа, еве да прашам, зошто љубовта преминува во омраза?
Зошто кај тие што мразат, се јавува тоа чувство за некого со кого некогаш самите биле во врска? Како може да се мрази некој кој некогаш ни бил се`, со кого сме поминале убаво време, со кого сме се смееле, со кого сме шетале, со кого сме делеле нешто повеќе од кафе-муабет?
Кои се причините за тоа?
Колку и како треба да не повреди некој за да еден ден го сакаме, а веќе наредниот го мразиме?
Дали е тоа навистина во ред?
Дали со тоа, можеби потсвесно самите се мразиме, што сме биле со погрешен човек, што сме дозволиле да не повреди или остави?

Кого и зошто мразиме откако престануваме да сакаме?:pipi:
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Ако го мразиш бившиот партнер само на основа што не е со тебе ,тогаш дефинитивно си имаш проблем сам со себе.За секоја бивша имам убави мисли и никогаш нема да кажам еден лош збор.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Има теми со слична содржина во Љ и С, но тука за нешто друго сакам да продискутираме.
Читајќи ја темата за пораки до бившите партнери, забележав дека се преретки луѓето кои немаат лоши мисли и пораки за нив.
Поради тоа, еве да прашам, зошто љубовта преминува во омраза?
Зошто кај тие што мразат, се јавува тоа чувство за некого со кого некогаш самите биле во врска? Како може да се мрази некој кој некогаш ни бил се`, со кого сме поминале убаво време, со кого сме се смееле, со кого сме шетале, со кого сме делеле нешто повеќе од кафе-муабет?
Кои се причините за тоа?
Колку и како треба да не повреди некој за да еден ден го сакаме, а веќе наредниот го мразиме?
Дали е тоа навистина во ред?
Дали со тоа, можеби потсвесно самите се мразиме, што сме биле со погрешен човек, што сме дозволиле да не повреди или остави?

Кого и зошто мразиме откако престануваме да сакаме?:pipi:
Мое мислење е дека кога бившиот или бившата го/ја мразиш, значи чуваш уште некакви чувства за него/неа. Без разлика дали е тоа омраза. Значи, се`уште постои во твојот живот.
Е сега, можи да има различни причини. Омразата најчесто се појавува поради болката што ти ја нанесол/ла, а најчесто поради тоа што човек мора да се помири со фактот дека никогаш повеќе нема да ја има таа личност.


Дали со тоа, можеби потсвесно самите се мразиме, што сме биле со погрешен човек, што сме дозволиле да не повреди или остави?
Мислам дека не. Барем кај мене не е така. Ако ме повредил, искуство повеќе, фала му, ме направил посилна.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Зошто кај тие што мразат, се јавува тоа чувство за некого со кого некогаш самите биле во врска? Како може да се мрази некој кој некогаш ни бил се`, со кого сме поминале убаво време, со кого сме се смееле, со кого сме шетале, со кого сме делеле нешто повеќе од кафе-муабет?
Кои се причините за тоа?
И баш тој некој којшто ни бил се, со кој сме делеле се, на кој сме му кажувале се, кој ни кажувал се, со кој сме се смееле и плачеле... кога после се тоа баш тој некој којшто неизмерно сме го сакале и за кој многу нешта сме ризикувале, кој сме го сметале како дел од нас и не сме составале ниту една реченица без да помислиме на него...кога баш тој некој од многубројната толпа за нас незначајни битија ќе се најде да не изневери, разочара и повреди, кога во само една минута ќе го уништи сето она за коешто вие толку многу сте ризикувале, толку многу сте сонувале, толку многу сте се труделе и бореле и на самиот крај ќе го уништи нештото за коешто сте живееле, во само една единствена минута, мислите дека би можеле да продолжите да го сакате? Или пак би можеле да останете рамнодушни кон таа особа?

-Јас не можам. Ако некого искрено сум сакала не би можела подоцна да останам рамнодушна кон него, можам да глумам само рамнодушност, ама искрено секогаш или ќе го сакам или ќе го мразам. А бидејќи не можам да останам рамнодушна, а не можам ни да сакам некој кој толку ме повредил едноставно не ми преостанува ништо друго туку да го мразам...Но,таа омраза е далеку од вистинска омраза, зашто како и да е, ако сме сакале од срце никогаш нема да можеме да го мразиме тој некој којшто сме го сакале па колку и да не повредил...

п.с. Зборувам за бивши кој вистински сме го сакале а не бивши како бивши...
Не верувам дека некој ги мрази бившите како бивши кон кој не осеќале ништо, но можеби грешам...:)
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Јас мислам дека никој не мрази вистински од кога ќе прекине врска,тоа е само привремена маска за да се скријат вистинските чувства,да се докаже како не ни е гајле веќе за бившиот партнер,како него сме го оставиле во минатото.
Само што,се прави грешка тука,не треба некого да мразиш за да “докажеш“ дека не го сакаш,треба да не ти е гајле за него,да бидеш рамнодушен кон него.

Како што кажа, не може одма да се мрази некој со кого до вчера ни почнувал и завршувал денот,со кого сме биле среќни и ни бил се на светот,колку и да одрекуваме,длабоко во себе сите знаеме дека е за џабе,дека сеуште имаме чувства.
Може да бидеме само привремено гневни на таа личност,односно лути на себе што сме дозволиле да бидеме со таа личност,како што е и наведено горе.

Ама како што се е пролазно,така и љубовта,и омразата,и нервозата ќе си пројдат,се во свое време.
После следи период на “просветлување“ каде сфаќаме дека за џабе сме се нервирале,за џабе сме мразеле,и дека треба да се остави тоа позади нас на вистинскиот начин,и да ни остане во сеќавање како добар спомен.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прво морам да потенцирам дека мразам е премногу јак збор. Јас никогаш не сум почувствувала омраза, не знам некако премногу јако негативно чувство е тоа, а кај мене негативни чувства ретко се јавуваат, така да зборот мразам дефинитвно не постои во мојот речник.

Мене не ми се случило да не поднесувам некој кога ќе прекинеме, едноставно сум повредена во моментот, лута, можеби и малку огорчена, но не се случило да мразам. Можеби поради тоа што знам дека штом дошло до тоа врската да прекине, значи дека тоа не она правото, така што си се помирувам со чувството и одам понатаму, едноставно сум рамнодушна.

Но, би пробала да дадам мое гледиште за конкретнава ситуација т.е на поставеново прашање од општ аспект.

На пример ако некој некого премногу сака, целата личност, целата душа и срце ја посветува на особата која ја сака. Значи веројатно има некои планови, му верува на тој човек. Е сега, ако особата која ја сака го повреди, ако го изневери и слично едноставно целата изузија и претстава за човекот се руши, пред се затоа што не очекувал да биде повреден од личноста која што ја сака највеќе на свет. Да не напоменувам дека егото на човекот е повредено, а човекот е суштество чие его е преголемо, така што едноставно гордоста се уклучува и тој човек почнува да му станува одбивен.
Се разочарува затоа што на таа личност и верувал, сакал - чисто и искрено и одеднаш добива голем шамар. (метафорички)
Потоа љубовта ќе избледи и поради гордоста, човекот ќе почне да развива негативни чувства кон личноста која до вчера претставувала центар на неговиот свет.

Дали е тоа навистина во ред?
Според мене, не е.
Но, гордоста, фактот дека егото е изгребано - може многу лесно да придонесе да се појават негативни чувства.
Инаку лесно тоа се средува и контролира.
Јас на пример, кога знам дека врската завршила, колку и да ми е тешко, си ја барам секогаш позитивната страна. Што сум научила од врската, дека ме чека нешто поубаво и подобро во иднина и дека си има причина зашто дошло до крај.
Така на тој начин, не се исполнувам себеси со негативни чувства, (освен огорченоста и лутината и тагата во првите неколку денови, но тоа е нормално, сепак сум само човек), башка така полесно ќе ми биде мене да го пребродам сето тоа, а и се надевам дека бишиот дечко ќе биде среќен, зашто знам дека и јас ќе бидам среќна и дека ќе го добијам тоа што го заслужувам. Така и волкот сит и овците на број.

Дали со тоа, можеби потсвесно самите се мразиме, што сме биле со погрешен човек, што сме дозволиле да не повреди или остави?
Хм, можеби. Но, пак не би се сложила дека се мразиме, туку си префрламе сами на себе зашто сме повредени кога сме можеле да го избегнеме тоа, па зашто, па како...
Ама пак, не е мразење, тоа е лутина кон самиот себе, огорченост, нешто што во првите денови по раскинувањето е нормално.
Е сега ако тоа продолжи и трае со месеци, тогаш значи дека човекот едноставно не знае како да се справи со тие емоции и едноставно да ја избрише лутината со тоа што ќе се концентрира на позитивните работи. Ама па добро, ова е мое гледиште, сепак секој човек различно се справува со своите емоции.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Некој ќе рече „зошто е тенка границата меѓу љубовта и омразата“, ама да ги тргнеме на страна таквите клише бла бла мудрости. Јас ќе кажам, омразата настапува поради фрустрација, бес, гнев. Гнев зошто не напуштил, гнев зошто не изневерил, зошто не повредил на било каков начин. Нормално е така да реагираш на секој кој ти нанел зло, само дупло поболно е кога злото е нанесено од страна на некој кој ти значи, кој си го љубел.

И додека сеуште си во таа фаза на транзиција, помеѓу раскинувањето и преболувањето, доволно си ранлив и пристрасен за секоја постапка на (бившиот) партнер да ја осудиш како вредна за омраза.

Во суштина, на каков начин и да те повредил, ти го скршил егото. А егото е Божеството на врвот на пирамидата, слабата точка на секој човек, толку ранлива и толку фрустрација може да предизвика кај него.
А кога одненадеж ќе ти го убие егото истата личност што до вчера ти го хранела... Шок. :)

Треба да се земе предвид и факторот на разочараност од личноста (што не испаднала каква што се презентирала) и од себеси (што не сме успеале навреме да ја процениме правилно), како и времето што „си го изгубил“ на истата... И тоа е и повеќе од доволно за да разбуди гнев кај човек, кој подоцна ќе прерасне во омраза, ако воошто има разлика.

Омразата/гневот/фрустрацијата ќе трае се` додека сте емотивно инволвиран во целата работа.
Откако нештата ќе оладат,времето ќе си го направи своето и ќе почнеме да размислуваме со ладна глава, истите нешта што во моментот не разбеснувале, сега ќе не остават рамнодушни.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Факт е дека таа омраза не е уствари омраза туку љубов само искажана на друг начин.
Ако љубиш среќно тогаш си среќен.
Ако љубиш несреќно тогаш си тажен, и од пуста гордост наместо да плачеш ти „мразиш„.....тажно, мноооогу тажно:(


толку
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
После љубов да иде омраза, тоа само ако еден или двајцата се морони.
До сеа не ми се случило вакво нешто.
Немам причина зашто да мразам некој што сум сакал???
После љубов, се си е нормално, нормални односи еден према друг дури и подобри од нормални во некој случај, али под нормала не, омраза НИКАКО!
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Кон никого не осеќам омраза, а најмалку кон некој на кој што сум му посветилка колкав-толкав дел од животот и со кој некогаш ми било убаво. Може едноставно некој да не ми се допаѓа, да не го сакам, но не и да го мразам.

Секако дека по прекин на врската покрај сите оние позитивни, убави чувства, длабоко во мене се родиле негативни, бес, тага, болка, мака, но никогаш омраза и да дојдам во ситуација да му посакувам лошо и целата енергија моја да се претвори во негативни мисли кон “него“.
Не можам некој да мразам, а во исто време сеуште да чувствувам љубов кон него. Колку и да ме повредил, љубовта не може да исчезне преку ноќ.

А дали е во ред...
Доброто и лошото се многу релативни работи.
Лично за мене не е во ред да мразам некој поради тоа што ме напуштил, изневерил и сл. Не зашто тој не го заслужува тоа, туку зашто јас не треба да си дозволам да преовладаат во мене негативни чувства и да ги поттиснуваат убавите и самата да се измачувам, а за друите не сум јас компетентна за да им судам, ниту пак сакам.
Плус, имам поранешни дечковци кои ден денес не ми рават муабет поради тоа што нашата врска не успеала. Едниот дури се мачел да смислува куп лаги за да ме скара со една другарка:toe:. Тоа е мноооогу патетично и понижувачко за мене, па зашто и јас да бидам таква?:pipi:
 
С

Сатори

Гостин
Затоа што тоа е најлесната работа на светот.
Да се мрази некој.
Колку е тоа патетично и трагично, да ги посветиш своите постапки и мисли на мразење на една личност, да си ја потрошиш силата која што ја имаш и времето кое што ќе го немаш за некој.
Непродуктивно е.
Знам, сум мразела. :)

Само потоа научив дека со тоа многу повеќе се повредувам себе него некој друг.А не сум мазохист.
Да мразиш е многу лесно, да бидеш рамнодушен е потешкиот дел, да простиш ... највисоката форма.
Штета што ретко кој ја достигнува.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
2.802
Поени од реакции
99
Abe Vie site fini ...jas na primer mraza ...aj sto mrazam nego uvek naogam nacin da se revansiram

Radi nanesena nepravda , e toa ne toleriram .

Ke me prai nekoj mene glup , ke se izivljava i ja ke recam abe ok e sum ja sakal jas sum svetec ideme dalje , e bogami kaj mene nema dalje dur ne najdam nachin da ja zaboli , a sekogas naogam posto sum zloben koga nekoj pederski se ponasha inace sum srcka :smir:
 

Ganimed

La Petite Seduction
Член од
18 јули 2008
Мислења
303
Поени од реакции
18
Има теми со слична содржина во Љ и С, но тука за нешто друго сакам да продискутираме.
Читајќи ја темата за пораки до бившите партнери, забележав дека се преретки луѓето кои немаат лоши мисли и пораки за нив.
Поради тоа, еве да прашам, зошто љубовта преминува во омраза?
Зошто кај тие што мразат, се јавува тоа чувство за некого со кого некогаш самите биле во врска? Како може да се мрази некој кој некогаш ни бил се`, со кого сме поминале убаво време, со кого сме се смееле, со кого сме шетале, со кого сме делеле нешто повеќе од кафе-муабет?
Кои се причините за тоа?
Колку и како треба да не повреди некој за да еден ден го сакаме, а веќе наредниот го мразиме?
Дали е тоа навистина во ред?
Дали со тоа, можеби потсвесно самите се мразиме, што сме биле со погрешен човек, што сме дозволиле да не повреди или остави?

Кого и зошто мразиме откако престануваме да сакаме?:pipi:
bravo za temava Divajn...

mojot odgovor e sleden

...zatoa sho nikoj ne saka da izgubi neshto, a koj gubi ima pravo da se ljuti...:smir:
 

bella

*HOT*
Член од
8 јуни 2008
Мислења
407
Поени од реакции
27
омраза,неможеш да мразиш некој шо си го сакал,може само така да си мислиш,зш те повредил!те лути фактот дека ти го сакаш,а тој те повредува,па ти иде..:nerv:да го навредиш,да го исплукаш,сакаш да го мразиш и потсвесно постепено мислиш дека го мразиш,а уствари си болна по него!
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Факт е дека таа омраза не е уствари омраза туку љубов само искажана на друг начин.
Ако љубиш среќно тогаш си среќен.
Ако љубиш несреќно тогаш си тажен, и од пуста гордост наместо да плачеш ти „мразиш„.....тажно, мноооогу тажно:(


толку
Се слагам со Точкест.

Кога кон некој имаш било каква силна емоција, дали омраза или љубов, сеедно, тогаш тебе ти е сеуште важна таа личност и ти значи.
Така да, омразата е само инверзија на љубовта. И многу лесно си се претопуваат една во друга.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom