Зошто љубовта преминува во омраза?

▒IsNoGood▒

A hell of a brainiac
Член од
8 декември 2008
Мислења
155
Поени од реакции
8
Доколку љубовта премине во омраза, тоа значи сме дозволиле саканата личност да го повреди нашето его. Со омразата ние го искажуваме гневот кон таа личност. Мислам дека оној кој навистина знае да сака не би дозволил љубовта да биде преточена во омраза. Ако некого навистина знаеш да сакаш, откако ќе те повреди, ти би му простил, со што најлесно би продолжил понатаму во животот, без да се преоптеретуваш со израмнување на сметките. А тоа докажува и дека си над личноста која си ја сакал. Доколку таа е компетентна, самата ќе свати дека си подобра личност од неа, и дека таа е таа која погрешила. Само оние кои патат од зачувување на своето его, општо кажано, би чувствувале омраза кон личноста која ја сакале.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Има теми со слична содржина во Љ и С, но тука за нешто друго сакам да продискутираме.
Читајќи ја темата за пораки до бившите партнери, забележав дека се преретки луѓето кои немаат лоши мисли и пораки за нив.
Поради тоа, еве да прашам, зошто љубовта преминува во омраза?
Зошто кај тие што мразат, се јавува тоа чувство за некого со кого некогаш самите биле во врска? Како може да се мрази некој кој некогаш ни бил се`, со кого сме поминале убаво време, со кого сме се смееле, со кого сме шетале, со кого сме делеле нешто повеќе од кафе-муабет?
Кои се причините за тоа?
Колку и како треба да не повреди некој за да еден ден го сакаме, а веќе наредниот го мразиме?
Дали е тоа навистина во ред?
Дали со тоа, можеби потсвесно самите се мразиме, што сме биле со погрешен човек, што сме дозволиле да не повреди или остави?

Кого и зошто мразиме откако престануваме да сакаме?:pipi:
Не можам да кажам дека ги мразам, само едноставно не сакам да контактирам со некој кој ми зарил нож во грб, некој кој всушност си играл мајтап со мене и сум му служела како хотел промаја во периодот додека заборавал некоја друга. Единствениот бивш со кој не сум во добри односи, ми го има сторено ова. Не можеме на некого да му дозволиме да не повреди. Само што- тој може да не повреди. Затоа што не се дал во врската како што сме се дале ние, затоа што не презел иницијатива да не засака, на крајот на краиштата-и не можел да не засака. Во љубовта не можеме да се натераме себеси да се чувствуваме вака или онака. Само можеме, да даваме повеќе одошто примаме за да докажеме дека сакаме. Е, ако ние даваме, а некој само зема, тогаш не гледам како можеме да се мразиме себеси преку личност која е тотална спротивност од нас.:smir:
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Ако некој не повреди, секако дека муабетите за таа личност наредниот ден се:"Го/ја мразам повеќе од се на светов"... и мислам дека тоа е една нормална работа за секое човечко суштество... Омразата не е вистинска туку постои за да докажеме дека таа личност не ни значи повеќе...и поминува за не толку голем период...барем кај мене...после тоа си рамнодушен.
 
M

MIL

Гостин
Сум мислел дека преминува во омраза ама сум се лажел баш напротив преминува во неостварена желба по која копнеам :kesa:
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Aко љубовта вистински постои, секогаш е тука, не преминува во ништо, само се манифестира на различни начини.
 
P

ppan

Гостин
Aко љубовта вистински постои, секогаш е тука, не преминува во ништо, само се манифестира на различни начини.
Не, не пријателју ПараноиК. И истинската лјубов има своите три стадија на развитие-раждане, диалектика и отмиране. Дори и да е истинска, дори и да е голјама. Освен това, философски погледнато всјака добродетел(каквато определено е лјубовта), ако е в прев'зходна степен(т.е. ако е нај-голјама, ако е нај...), се превр'шта в отрицателно јавление-лјубовта се превр'шта в ревност, штедростта се превр'шта в разсипија, героизм'т се превр'шта в безумие и т.н. И лјубовта е като биологичнијат организ'м-и тја се исхабјава. Или не си с'гласен? То е може би заштото си тв'рде млад! Поздрави!
 
Член од
17 ноември 2009
Мислења
84
Поени од реакции
7
zaednicko i na dvete custva e jacinata...
i toa e edno isto custo koe go ima vo dve form:i pozitivna i negativna..
omrazata vsusnot prestavuva slabost, predizvikana od sopstvenata nemokj...
barem taka vikaat nekoi psihijatri :D:)

mal citat: Dogs love their friends and bite their enemies, quite unlike people, who are incapable of pure love and always have to mix love and hate in their . . . relations.
- sigmund freud
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Омраза, хм... ако гледам дека прави се за да ме заборави, оди со кого стигне, се уништува себеси, ми се јавува некој бес, но патолошка омраза не. Да биде вистинска среќна немам ништо против, но џабе... џабе ти е се А., никогаш нема да ме преболиш, после мене никој друг не ќе можеш така да засакаш.
 
S

smart ass

Гостин
Голема е веројатноста да се виновни шпанските серии.
 
Член од
12 ноември 2009
Мислења
53
Поени од реакции
0
Ako kaj drugata strana pocneme da go mrazime ona sto najmnogu go mrazime kaj sebesi se javuva omraza.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Има теми со слична содржина во Љ и С, но тука за нешто друго сакам да продискутираме.
Читајќи ја темата за пораки до бившите партнери, забележав дека се преретки луѓето кои немаат лоши мисли и пораки за нив.
Поради тоа, еве да прашам, зошто љубовта преминува во омраза?
Зошто кај тие што мразат, се јавува тоа чувство за некого со кого некогаш самите биле во врска? Како може да се мрази некој кој некогаш ни бил се`, со кого сме поминале убаво време, со кого сме се смееле, со кого сме шетале, со кого сме делеле нешто повеќе од кафе-муабет?
Кои се причините за тоа?
Колку и како треба да не повреди некој за да еден ден го сакаме, а веќе наредниот го мразиме?
Дали е тоа навистина во ред?
Дали со тоа, можеби потсвесно самите се мразиме, што сме биле со погрешен човек, што сме дозволиле да не повреди или остави?

Кого и зошто мразиме откако престануваме да сакаме?:pipi:
јас некогаш си мислам дека љубовта е едно големо привремено залажување. па, кога сме со некого, го сакаме и го цениме и се грижиме за него, мислејќи дека е вреден. па, кога ќе не повреди, на некој начин ни ги отвара очите, ни кажува каков е навистина. тоа значи дека почнуваме да го мразиме него што успеал да не заслепи на некое време, па после ни ги отворил очите, и криво ни е што сме трошеле време на некој идиот што не му е ни гајле. а и од друга страна и да се мразиме себеси што не сме успеале на време да го процениме подобро.
сега, добро има луѓе што без разлика колку ќе не повредат, и не им е грижа за нас, едноставно тие се во нашето срце и ги сакаме и почитуваме како личности.тоа што едноставно не го чувствуваат за нас тоа што ние го чувствуваме за нив, не значи дека се лоши личности, само не се совршени.
и сеа не знам дали е кај сите така, ама за мене мислам дека не би можела да го спречам тоа, зашто не можам да си влијаам да не сакам некого и да не бидам слепа за во случај после да не ме повреди. можеби не треба премногу да се опуштам и да уживам верувајќи дека се ќе биде во ред. секогаш треба да се има некоја резерва.
а имало моменти кога сум среќна и ми е убаво со некој, и кога ќе си помислам, а што ако оваа толку драга личност е способна да ме изневери, да ме излаже, да ме шутне ко крпа? што ако еден ден личноста со која сум толку опуштена и блиска, почнам да ја чувствувам како крвен непријател и се навредуваме и целата љубов што сега ја чувствувам за него се претвори во омраза? што ако? не сум толку наивна да верувам дека било која врска ќе трае вечно, ама како ли ќе заврши оваа? дали после ова со оваа личност ќе останеме блиски пријатели, кои си веруваат и може кога и да е да седнат на кафе да поразговараат отворено, како што тоа го прават сега, или ќе заврши да не сакаме ни да се погледнеме?
за жал, одговорот никогаш не е предвидлив. најверојатно едноставно не ги познаваме луѓето доволно.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Zosto ?
Zatoa sto ljubovta i stravot se razlicni strani na ista paricka.
Ljubov moze da postoi samo ako postoi stravot.
I ustvari se ima pojaveno posle stravot.
Koga se raga dete prva emocija mu e stravot.
Koga ke dobie cice op , ete ti ljubov.
I taka natamu , u zivotot.
Posle koga ke sozree se plasi da ne ostane sam , i op se raga edna ljubov , pa strav(omraza) pa druga pa treta...........
Dokolku ne go svatis ova ke se cudis od kaj e omrazata.
Ima ovde dosta za pisuvanje ama sega za sega dosta e.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.135
Поени од реакции
25.669
Затоа што некогаш плаќаш за Ферари а добиваш Трабант и нервозата, стресот, разочарувањето и секако омразата е огромна. Добрата работа тука е што, може да се плаќа на рати при што сам си ја одредуваш висината на ратата. Глупавите, наивните и неискусните плаќаат однапред или за брзо време. Паметните плаќаат дел по дел притоа проценувајќи дали платениот дел вреди за услугата добиена. Ако не вреди воопшто може да се раскине купопродажниот договор, ако вреди договорот може да се продолжи на подолго време помеѓу добавувачот и купувачот со многу подобри услови и за двајцата, како на пример поголеми попусти, одложени плаќања и поголема количина на купувње од страна на купувачот. Паметните ги води осетот за анализа и проценка, базиран на реалната ситуација. Паметните се држат до правото на пропорција-(колку пари-толку музика). И паметните не го тршат времето на високи крвоточни притисоци, стресови и омрази, затоа што платиле колку што добиле и должничко доверителските односи им се чисти.
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Teшко да замразам некој кој што имам сакано некогаш колку и да ме повредил.Можеби ке чуствувам само бес и лутина но со текот на времето постепено ке ми помине.
Можам да го колнам и да го презирам но ништо од тоа,само ке си ја загорчувам душата со неубави чуства.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
И во љубовта и во омразата имате исто количество на страст ,само што од еден случај кон друг овде често се пренаменува.Затоа е толку тенка линијата меѓу љубов и омраза.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom