Зошто сте сами?

Член од
2 ноември 2019
Мислења
7
Поени од реакции
49
Ја одбрав темата за мојот прв пост :гик:

Јас би го рекла следново. Сама сум и никој не е виновен за тоа, ниту јас, ниту било која личност од спротивниот пол. Вообичаено она што ве боли, ви претставува несигурност или ви е одличен изговор го посочувате како главниот проблем зошто работите се такви какви што се, а тоа можам да го забележам по многуте објави што ги прочитав овде.

Постојат три вистини, мојата, твојата и онаа правата. Ако го аплицирам тоа овде, вака би дошло: зошто една потенцијална или постоечка врска не успеала и поради тоа сум уште сингл се должи на мојата перцепција за ситуацијата и неговата, меѓу кои секогаш има разлики, баш зашто се перцепции и се одраз на нас самите. Но, колку и да дрндаме зошто не биднало нешто, на крајот победува правата вистина - не сме биле еден за друг или еден за со друг, како сакате. Затоа и веќе не се објаснувам на долго и широко за овие ситуации. Нема лутиш во сето тоа, најдостоинствената работа што можеш да ја направиш е да бидеш на чисто со човек, работата е што на нас луѓето ни е вградено да држиме дистанца и реално малку да глуматаме на почеток од пуста желба некој да нè сака и мислам дека од таму ни се дел од фрустрациите. Како човек созрева, гледа дека тоа е губење на време и затоа кога сте позрели, овој чекор треба да го скокнете.

На тема фрустрации...

Кај жените го имате следново: женско многу често мисли дека ако е да речеме послаба, поатрактивна, позаводлива би имала поголем успех, но ете реално не е таква по природа и фиктивно создава мислење дека пошто се облака најнормално, не е фитнес модел, лесно ќе ја откачат за овие другиве. Работава е што сите ги откачуваат - и најубавите, најслабите, најатрактивните. А знам добар дел примери на девојки што и се полнички, сосем скромни, ненаметливи, а кои се во прекрасни врски и бракови. И сега проблем нели? Иди објасни го тоа на некоја што си зацртала дека пошто е помалку атрактивна (во нејзината глава), нема среќа.

Кај мажи статусот и материјалното се комплекс. Пошто не му оди некое време, изговорот ќе го најде во: трчаат по пари, не сум бараба, не сум најгласен во кафана, немам скапа кола, дрн дрн. И вообичаено на таквите ликови кои постојано го посочуваат ова како проблем (да се разбереме знам супер момци што се сами и никогаш не рекле дека се сингл зашто жените трчале по пари, сигурност...) им го велам истото: дали твоите другари имаат девојки/сопруги што трчаат по пари? Океј ли се како луѓе? И речиси секогаш добивам ист одговор, дека девојките, сопругите им се навистина добри личности. И сега проблем и тука, нели? Ти си еднорогот во друштво.

Правата вистина е дека нема едно објаснување. Животните ситуации на луѓето се комплицирани за да ги поедноставите на изгледам вака и затоа сум сама или немам кола затоа немам девојка. Но, на луѓето им е полесно, ако си најдат објаснување што според нив има логика. Пострашно е ако речеш: немам поим зошто сум сам/а?

Не е тешко да се најде партнер, тешкото е да најдете адекватна личност за себе (во поголемиот дел, бидејќи комплетна компатибилност не постои). Многу работи треба да се во прилог за да си ја најдете личноста за себе, да кликнете, да има хемија, теми на разговор и и двајцата да сте сингл и да сакате да сте заедно. Сум била на состаноци со луѓе кои се океј, но едвај сум чекала да си отидам дома. Не се они виновни, туку не се компатибилни со мене. И сигурна сум дека и јас сум била гледана на овој начин на некој состанок - нема лутиш тука, ако не бива, не бива. Но, не ги зацрнувам поради тоа. Има и такви ликови што сум ги среќавала, за кои точно знам зошто се сингл, но они не се свесни за тоа. Имаат лош манир на однесување, што не го согледуваат, но бидејќи јас не си земам за право да оправам некого, оставам времето да им покаже каде грешат.

Е сега, општо земено, модерното време, носи модерни проблеми и затоа не можеме да се објасниме со постарата генерација (родители, уште потешко со баби и дедовци), зошто немаш никој, а веќе ти е време (според нивните стандарди, бидејќи во нивно време било така). Смешното е што: сите инволвирани истовремено се во право и не се, зашто работата ја гледаат од своето време и перцепција. Она што родителите го паметат од своето минато, во никој случај не може да се примени денес. Мајка ми и татко ми не се додале на Facebook, не се манијачеле на Instagram, тогаш ретко кој имал повеќе од една долга врска. Првата долга врска по дифолт била брак и тоа пред да наполнат 25. Сега докај 25 учиш (па и повеќе во некои професии), реално знаеш дека не си спремен за деца на 25 и границата се поместува. Родителите имаат поголем проблем со ова, одошто децата.

Ние сме генерација (мислам на родените во 80-ти) која е израсната со бајки, а воедно и сака/треба/мора да рационализира. Но, овие две работи сами по себе се судираат. Требаат години за да видиш дека животот врска нема со бајките и пошто си видел дека Пепелешка го нашла принцот, не си видел ни сегмент од реалноста, односно што значи да си по цел ден со човек по дома, караници за перење, сметки, кредити, раскревање облека, па некој рекол едно, другиот сфатил којзнае што, па зошто твоите нон стоп се кај нас, брат ти не ми се свиѓа итн итн. Онака, ситници и големи нешта што комплетно го уриваат меурот на илузијата. Овде веќе треба да настапи рационализацијата: зрела личност треба да знае дека пеперутките се губат, но ако сте ја одбрале правата личност, нема да се изгубите еден со друг. Тоа е приказна што се надградува. Јас тоа сакам да го најдам за себе.

Сметам дека доволно добро умеам да расудувам и затоа ниту една пропадната врска не сум ја злоупотребила за да зборувам лошо за другиот (не дека не ме третирале лошо некогаш). На крајот од денот, јас сум ја одбрала таа личност и тука завршува муабетот. Но, баш и заради принципи до кои се држам нема да наведувам човек дека има шанси да биде нешто, кога реално нема, ниту никогаш не сум побарала бивши дечко откако сме раскинале. Времето и емоциите на човекот се скапоцена работа, јас сигурно нема да си играм со тие работи, а не сакам ниту мене некој да ми го прави тоа.
 
Член од
27 октомври 2019
Мислења
6
Поени од реакции
5
Во Велес 80% се спонзоруши затоа. :) (Кратко и јасно)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.499
Поени од реакции
37.332
Е сега, општо земено, модерното време, носи модерни проблеми и затоа не можеме да се објасниме со постарата генерација (родители, уште потешко со баби и дедовци), зошто немаш никој, а веќе ти е време (според нивните стандарди, бидејќи во нивно време било така). Смешното е што: сите инволвирани истовремено се во право и не се, зашто работата ја гледаат од своето време и перцепција. Она што родителите го паметат од своето минато, во никој случај не може да се примени денес. Мајка ми и татко ми не се додале на Facebook, не се манијачеле на Instagram, тогаш ретко кој имал повеќе од една долга врска. Првата долга врска по дифолт била брак и тоа пред да наполнат 25. Сега докај 25 учиш (па и повеќе во некои професии), реално знаеш дека не си спремен за деца на 25 и границата се поместува. Родителите имаат поголем проблем со ова, одошто децата.Ние сме генерација (мислам на родените во 80-ти) која е израсната со бајки,
... морам да ти кажам дека порано можеби не се додавале на ФБ или Иста, ама и не легнале пред да се земаат, како што денес тоа би било редок случај, така да после венчавањето не знаеле што изненадување ги чека во кревет, како од мушка така и од женска страна и што ако не се компатибилни немаат хемија?
... во тоа време ако се „погреши“ бракот не можело туку така да се прекине и разведеш, ќе трпиш цел живот во име на многу нешта, за разлика од денес што разводот е најнормална појава, порано немало како денес толку места како спортски, хуманитарни, уметнички настани, овозможено до полноќ да се шета па да се најде сродна душа, за разлика од порано што во 20ч сите биле во кревет?!!
...така да денес многу полесно се наоѓа „сродна душа“отколку порано, проблемот е што денес сите сме понервозни, понетолерантни, понезависни и не се трудиме да делуваме нештото да го измениме каде не е позитивно само ќе го напуштиме! и како од 80 тите па навака, генерација не би рекла „на бајките“ туку генерација која е размазена и во ништо одбиена, оти порано за да добиеш чоколадо требало да се заслужиш, а да не зборуваме за други нешта како патики, велосипед ,а пак денес уште попотенцирано да се добие без никаков труд што ќе посакат младите, денес дали има некој што нема ајфон? и то од 500 Е најевтин?
 
Тоа ми е поентата. Секое време со својата тегоба. Не можеме да се разбереме поради околностите. Мислам дека моите ќе се шокираат доколку реално видат што се случува денеска, а воедно мислам и дека и луѓето од нивната генерација биле на некој начин ограбени од можноста да го одберат она што навистина им одговара :) Но, види во едно не се согласувам. Децата родени во 80-ти многу силно ја почувствуваа транзицијата, така што голем дел од нив многу добро знаат што значи да живееш во семејство на загубари и стечајци. Кога велам генерација израсната со бајки, буквално мислам на приказни што биле популарни кога сме раснеле, бидејќи имаат големо влијание врз начинот на кој дете гради перцепција. А грото од приказните се исти. Потоа секако како возрасна личност треба да го надминеш тоа, макар што потребата за идеализирање е присутна дури и кога си мнооогу далеку од детството.
 
bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.363
Поени од реакции
1.831
Сам сум зошто ми е убаво така нема кој да ми досага кога ке излезам со другари нема кој да ме замара кај сум и што правам ниту пак да се правдам што сум правел и што ми е најбитно не трчам да врсам работа на цела нејзина фамилија и на крај да бидам вреган што за некоја глупост и да секако нема кој да ми забрани што да глеа на тв кога да јадам или од која крпа да се брисам така да некад и најболје е да си сам!!!!
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Или на кратко кажи дека сам сакаш да си ја трошиш платата. :icon_lol:

Што е толку тешко културно да и кажеш каде си и што правиш? Не се сите досадни има и такви кои знаат кога треба да ви се јават, а кога не.

Како и да е ова се многу глупави причини за некој да биде сам. За бршењето со крпа може си таков лик кој мисли дека е ок да си ги бришиш нозете со нејзината крпа за лице и да фрла чорапи насекаде. За јадење си има ред, ај не кој кога сака нека јаде. Ај за секој во различно време да правиме јадење.

Сигурно нешто не е во ред, за некој да е навредуван од нејзините. ;)

Може и мене некогаш ми пречат некои работи еве со фудбал на ТВ и ајде да бидам сам. Кој има осетено самотија знае колку таа убива и што значи да имаш личност до тебе за било какви моменти.
ОК за тие што немаат време за партнер што поради работа, факултет итн, ама никако не ги оправдувам оние што онака дремат со оноа во рака и готово нема ништо за нив и измислуваат вакви причини.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820

Друже, ногу буквално го сфаќаш човеко. Просто не ми се верува како не го конташ човеко! :eek:
Тачно е тоа кој не искусил самотија незнае како убива, ама очигледно и ти неси искусил компликации од некомпатибилна партнерка и компликациите шо одат успут. Неси ја троше само платата, туку си го троше живото кој го жртвува за таа факин плата. И најбитно од се кој си ти да судеш некој зашо он сакал да биде сам?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Таква партнерка веднаш се познава, само што се правите слепи, проблемите ги буткате под тепих и мислите дека кога и да е ќе се смени и ќе бидете исти.

Не му судам, преглупави му се причините.
 
Се читаш ли ти сам себе шо пишуваш? Да не си малце повеќе пивца пијнал уз утакмици па штракаш шо ке ти дојде?
Прочитај горе како гласи темата!
Не да му судеш, туку сакаш и да го осудеш. Ако неси сам моментално кој курац бараш на темата? Завршија утакмиците па ти е досадно, а?
Give me a break :tapp:
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Се читаш ли ти сам себе шо пишуваш? Да не си малце повеќе пивца пијнал уз утакмици па штракаш шо ке ти дојде?
Прочитај горе како гласи темата!
Не да му судеш, туку сакаш и да го осудеш. Ако неси сам моментално кој курац бараш на темата? Завршија утакмиците па ти е досадно, а?
Give me a break :tapp:
А што сакаш ти од Форца?
Форца е дома под режим на жена му.
Форца длабоко во себе знае дека тој режим не му се допаѓа но веќе подолго време е навлезен и не може да смени ништо.
Затоа, мозокот на Форца користи релативизирање на работите за да си се теши дека се е како што треба, дека мора компромис, дека си се надополнуваат со жена му, дека животот им е топ, и таќе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom