Зошто сте сами?

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Во време кога многумина постојано се жалат дека не можат да си најдат дечко или девојка, дали сте размислиле на што се должи тоа? На лош физички изглед, недостаток на самодоверба, неумешност да се пристапи на некого или неумешност да се флертува? Moжеби нереално поставување на критерумите (изглед, статус...) за потенцијалниот партнер? Каде глави работата?
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Дефинитивно не е проблем физичкиот изглед, да е така само лепотаните ќе си се дружеа меѓу себе.

Самодоверба игра голема улога, некој ја има премногу, некој пак ич ја нема. И тоа е сепак момент на преференции.
Очекувањата се више делот што мислам дека најмногу зезнува работа. Сите очекуваат совршена врска, а таква не постои, постои само прилагодување, компромис и желба за постојано работење на истата доколку сакаш да ја имаш. Мислам дека многумина не се спремни за тоа, монотонијата што ја има некогаш ја сметаат за недостаток, секојдневието станува напорно, па дигаат раце. Уствари константноста е таа што ја дава сигурноста во една врска, но кој како си сфаќа.
Наспроти овие, другата варијанта ми се луѓе што упорно верглаат во врски што знаат дека не за нив, а може и не знаат додуша, што гледаат дека нема иднина, дека карактерно не си одговараат, дека немаат исти погледи за круцијални работи во животот, али ете, не го прифаќаат тоа.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Јас имам 38 години а не сум бил во врска едно 4 години, не дека нешто ми фали. Изглед ОК, самодоверба ОК, образование и пари поприлично многу. Сум излегол со едно 20-30 девојки во последните години и со ниедна не се фатив. Работата е што не флертувам и се пуштам убаво ми е да си правам само културен муабет. За извоз имам другарки ама ниедна девојка. Не ми е убаво да флертувам...али ако ме фатат будалите може и тоа да го направам некогаш во иднина сеуште не ми е толку голема желбата да се фатам со некоја...причината мене ми е јасна па и решението само немам мотивација да го направам.
 
И

Име И Презиме

Гостин

Што те прави среќен во животот ? Дали некои од тие девојки-другарки покажале сериозен интерес за врска?
Разбирам на некој да му е убаво сингл, ама живи луѓе сме и имаме потреба :sekcza:.
Не си го губи времето по другарки мој совет, те цицаат само.Најди си девојка и инвестирај во квалитетна врска со заеднички интереси.Друштва чопоративни на 38 нема, тоа е само интерес и полека сите се цепкаат како ке си го фатат патот.
Извини немам лоша намера сакам да те посоветувам иако сум помал малце.[DOUBLEPOST=1534444949][/DOUBLEPOST]
Во време кога многумина постојано се жалат дека не можат да си најдат дечко или девојка, дали сте размислиле на што се должи тоа? На лош физички изглед, недостаток на самодоверба, неумешност да се пристапи на некого или неумешност да се флертува? Moжеби нереално поставување на критерумите (изглед, статус...) за потенцијалниот партнер? Каде глави работата?

Живеење во различни светови.Еден реален (кога си сам или кога ке те пукне депре, и еден измислен да не кажам виртуелен каде можеш да бидеш каков сакаш и кога сакаш). ЛАЖЕЊЕ!
Нека престанат да се лажат сами себе луѓево, па и уште си веруваат на своите лаги.
Како тргнало ке дојде денот со стројници да ги запознаваат мажат/женат .
Комплекси премногу а зошто? Да се покаже некаков статус општествен, да се доминира ...
Разбирам тинејџери да немаат изградено ставови и принципи но сериозна младина незнае што сака.Одат во диско и ко трупци стојат, возат со коли мотори и зјапаат ко затвореници у еротика....Жени затворени по канцеларии оговараат со колешки и се жалат на рандом таксисти за љубов ( и да, таксистите се швалери и ебачи баш ради тоа.порано не верував но имав прилика да дознаам- видам од свој близок).
Малце е.бе работа парите ама може и со скромност да се помине ако се сака.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Што те прави среќен во животот ? Дали некои од тие девојки-другарки покажале сериозен интерес за врска?
Разбирам на некој да му е убаво сингл, ама живи луѓе сме и имаме потреба :sekcza:.
Не си го губи времето по другарки мој совет, те цицаат само.Најди си девојка и инвестирај во квалитетна врска со заеднички интереси.Друштва чопоративни на 38 нема, тоа е само интерес и полека сите се цепкаат како ке си го фатат патот.
Извини немам лоша намера сакам да те посоветувам иако сум помал малце.[DOUBLEPOST=1534444949][/DOUBLEPOST]

Живеење во различни светови.Еден реален (кога си сам или кога ке те пукне депре, и еден измислен да не кажам виртуелен каде можеш да бидеш каков сакаш и кога сакаш). ЛАЖЕЊЕ!
Нека престанат да се лажат сами себе луѓево, па и уште си веруваат на своите лаги.
Како тргнало ке дојде денот со стројници да ги запознаваат мажат/женат .
Комплекси премногу а зошто? Да се покаже некаков статус општествен, да се доминира ...
Разбирам тинејџери да немаат изградено ставови и принципи но сериозна младина незнае што сака.Одат во диско и ко трупци стојат, возат со коли мотори и зјапаат ко затвореници у еротика....Жени затворени по канцеларии оговараат со колешки и се жалат на рандом таксисти за љубов ( и да, таксистите се швалери и ебачи баш ради тоа.порано не верував но имав прилика да дознаам- видам од свој близок).
Малце е.бе работа парите ама може и со скромност да се помине ако се сака.
Recisi se sto pravam vo zivotot me pravi sreken. Poprilicno sum sreken so toa sto go imam mnogu malku zelbi i site potrebi mi se 99/100 zadovoleni.
 
И

Име И Презиме

Гостин
Recisi se sto pravam vo zivotot me pravi sreken. Poprilicno sum sreken so toa sto go imam mnogu malku zelbi i site potrebi mi se 99/100 zadovoleni.
Не те разбирам убаво дали си целосно среќен и здоволен сингл или пак мислиш може да биде и подобар ако си во врска.За ова со желбите беше мало трик прашање, човечкото око е ненаситно за убави работи .....
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.503
Пошто сум глуп.

П.С Делумно и критериуми :)
П.С2 инсерт меме :лежиш во ковчег и сваќаш дека флертувала со тебе: :pos::pos::pos:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Наспроти овие, другата варијанта ми се луѓе што упорно верглаат во врски што знаат дека не за нив, а може и не знаат додуша, што гледаат дека нема иднина, дека карактерно не си одговараат, дека немаат исти погледи за круцијални работи во животот, али ете, не го прифаќаат тоа
Исто. Подобро да е човек сингл отколку со несоодветен партнер. Една екс колешка, со тројца влагаше во филмови дека е среќно заљубена, значи секој ден нова слика на ФБ како тие се вљубени, ти не знаеш како, па види колку ни е убаво а тебе не ти е, и што, три брака зад себе остави а нема ни 35 години. Не знам што да кажам за ваквиве, дали имаат премала самодоверба да се сами или им треба некој/а цело време да им кажува колку ги сака, колку се убави, не знам навистина.

Не можам да ги сфатам ни оние што пишат одеднаш со 300 женски/машки, онака, без некој изграден критериум, каде упали - упали и после тоа се несреќни, па фала богу, не можеш така, имај си некој критериум како сака да ти изгледа партнерот и може ќе се помачиш ама ќе се намалат несреќните краеви.

Инаку мислам дека треба да се прави разлика од луѓе што активно трагаат по партнер и луѓе што еве како Стефус не сакаат да се со партнер за сериозно барем во моментот зошто и јас се пронаоѓам во вториве. Едноставно периодов се посветив и уште сум посветена на кариерата, напредувам на онаа пирамидалната скала, нормално нема цел живот да ми се сведе на тоа ама барем периодов сакам да се посветам на професионално надоградување и не сакам врска за сериозно, зошто не е фер на некому да даваш лажна надеж а да го запоставуваш. Од време на време упаѓа по некој ама за сериозно, она што странците го викаат to settle down, не.
 
Ме интересира зошто градењето професионална кариера се меша со врска.Според мене се различни работи што носат различно задоволство.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ме интересира зошто градењето професионална кариера се меша со врска.Според мене се различни работи што носат различно задоволство.
Затоа што во месецот три четири пати патувам во странска држава на по 2-3 дена. Зошто кога сум дежурна неделата може да се случи среде ноќ да морам да одам на работа. Зошто може нов клиент може да ти заѕвони за инфо додека си со дечко ти. Сеа јасно дека замарањево што го трпам финансиски ми се исплати и ми одговара и тоа ми е најважно во моментов, да заштедам за да остварам некои Х цели што ми се зацртани од тинејџерските години. Да бев државно вработена со оваа плата како што сакам деца сега веќе три ќе ги имав, не па сериозна врска.

Извини ама барем според мене партнер/ка си заслужува внимание, кога си со него, со него си, не може ајде сега ваму, таму, ќе се лути и со право тоа. Пак ќе кажам барем според мене, не значи дека е исправно ова.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
Не те разбирам убаво дали си целосно среќен и здоволен сингл или пак мислиш може да биде и подобар ако си во врска.За ова со желбите беше мало трик прашање, човечкото око е ненаситно за убави работи .....
Na primer, porado bi sakal da prestanam da pusam i oslabnam 10 kila otkolku da imam vrska. Za jas da bidam sreken mi treba samo zdravje, hrana i voda i krov nad glava a, toa i mnogu poveke imam taka da sum sreken i dosta zadovolen od momentalnata sostojba. Devojka, seks, patuvanje, kola i slicno ne mi se neophodni za da bidam sreken. Ne samo sto ne custvuvam deka nisto ne mi fali tuku mislam deka imam na materijalen i psihicki i socijalen plan poveke od sto mi e neophodno. Da ne bev ateist, monah isposnik bez problem bi mozel da stanam. Duri edna drugarka vo koja sum vo redoven kontakt probuvase da se zamonasi so nea mnogu ubavi muabeti si imame. Skromnost mi e jaka strana...ama neskromno zvuci.
 
И

Име И Презиме

Гостин
Затоа што во месецот три четири пати патувам во странска држава на по 2-3 дена. Зошто кога сум дежурна неделата може да се случи среде ноќ да морам да одам на работа. Зошто може нов клиент може да ти заѕвони за инфо додека си со дечко ти. Сеа јасно дека замарањево што го трпам финансиски ми се исплати и ми одговара и тоа ми е најважно во моментов, да заштедам за да остварам некои Х цели што ми се зацртани од тинејџерските години. Да бев државно вработена со оваа плата како што сакам деца сега веќе три ќе ги имав, не па сериозна врска.

Извини ама барем според мене партнер/ка си заслужува внимание, кога си со него, со него си, не може ајде сега ваму, таму, ќе се лути и со право тоа. Пак ќе кажам барем според мене, не значи дека е исправно ова.
Колку си спремна на животен компромис маж хирург да имаш? (карикирме)
Постојано се на штрек и со раб време ко во рудник...
Несакам никој да навредам но ако ви се пружи прилика за врска со личност што мислите ке ви одговара обидете се.
Сум бил и сингл сум бил и со чопор друштво, сум бил у шашави врски ..Случајно се појави личност што јас се пронајдов во неа целосно.Сосема друг човек станав.
Неможам и не е убаво да мудрувам на форумски луѓе на оваа тема, но нај добронамерно велам едно е да си сингл на 19 а друго на 29.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Инаку мислам дека треба да се прави разлика од луѓе што активно трагаат по партнер и луѓе што еве како Стефус не сакаат да се со партнер за сериозно барем во моментот зошто и јас се пронаоѓам во вториве. Едноставно периодов се посветив и уште сум посветена на кариерата, напредувам на онаа пирамидалната скала, нормално нема цел живот да ми се сведе на тоа ама барем периодов сакам да се посветам на професионално надоградување и не сакам врска за сериозно, зошто не е фер на некому да даваш лажна надеж а да го запоставуваш. Од време на време упаѓа по некој ама за сериозно, она што странците го викаат to settle down, не.
Да, се прави разлика меѓу оние што бараат врска и оние кои моментално не бараат. Јас пишав за првиве, а нормално дека нема ништо грешка во вториве, се согласувам дека штом си преокупирана со други работи и приоритети, време за со партнер многу и ќе немаш, бар не во фаза запознавање.
Али кога ќе избие посериозен кандидат верувам дека ќе се префлиш во активни. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom