Зошто повеќето девојки чекаат машкото да им пријде?

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Ако, ако! Секој треба да знае што бара. Ама највважно од се е да се сакате. :)
Нормално, без тоа имаш само договор за соработка (чист бизнис) кој при првиот посериозен проблем ќе биде раскинат од едната страна :).
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
На љУбавна тема, за работа и капитализам расправа девојка од генерација 87' која работи ко дајректа ин а хоулдин и која воедно, најверојатно, нема вујко владика, ниту било каков бишоп или шаолин во потесна или поширока фамилија или комшилук.
Абе јас не знам каква допирна точка имаат љубовта и работата.Ако навистина има љубов ке те сака девојката без оглед на тоа дали имаш работа или немаш. А за оние девојки од типот ,чекај да видам прво што работи или дали работи а ако не тогаш ништо од бизнисот,тогаш во таа ситуација нема ниту љ од љубов.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Правиме без врска муабети ............... па Капитализам сме бе луѓе, умре одамна Социјализмот кога горе-доле сите нели луѓе беа/биле исти/слични и не се гледало многу на тие материјални работи ............ денеска е Капитализам, а во Капитализмот се знае парата е главна ............ така да и ништо нема чудно, па ни лошо во тоа што некоја девојка ве прашала дали и што работите, дали и што работат твоите и сл. прашања ......... таков е системот, а каков е системот нормално дека такви ќе бидат и вредностите !

devojka87
Никаде не кажав дека сите женски 100% ги поставуваат тие прашања .............. кажав дека добар дел(лично мене) ми ги имаат поставено и тоа различни девојки на сосема различни локации ......... пази ми имаат поставувано потполно исти прашања ....... значи не генерализирам 100%, ама сепак тоа е тоа ............. таков е системот и мора секоја на време да си мисли, да си види и да си се интересира .......... фала богу дека никоја не сака да земе утре маж и да живеат во колиба, да трпат за леб и сл. сите сакаат ако не повеќе барем еден просечен човечки живот да си истераат и не ги ни обвинувам девојките за тоа што си се интересираат за овие работи, бидејќи како што споменав таков е општествениот систем !
А тоа дека сите машки биле џаболебари, барале пари од мама и тато(галеничиња), несакале да работат... апсолутно не е точно, има и такви да, ама таквите се малцинство(барем оние што јас ги познавам, а познавам мал-милион машки, помал дел се такви какви ти што ги опишуваш) .................. и уште нешто, не се сите машки пијаници, коцкари, скитачи, кафанџии... има и многу такви точно, но има и доста кои не се такви, сеуште постојат машки кои се ОК момци, скромни и кои си тераат најнормален живот .......... без капка алкохол, без коцки, кафани и сл.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Епа тоа е и разликата меѓу мажите и жените. Вие кога ќе видите некоја женска за ја змислувате во кревет и битно ви е да е згодна, така на жените им е битно мажот да им пружа некој вид на сигурност. Ако јас имам пристојна, каква-таква работа, нормално дека нема да си го губам времето со некој кој 24/7 седи дома и кука како не може да најде работа а никаде не бара, па уште згора на тоа, ако не од мама и тато, тогаш од мене да бара пари за пиво со другарите.
Реално не ти треба вујко владика за да најдеш работа, барем не во скопје. Работа има колку сакаш само што има луѓе кои не сакаат да работаат било што и пребираат работа.
Уф забега темава во други насоки.

П.С Никогаш не очекувам дека машкото мора да ме почасти или пак да ми ја плати пијачката, такви стереотипски размислувања си ставате вие машките сами во глава, нормално пак ќе речам има секакви луѓе па на сескави женски се налетува, од такви кои не очекуваат да ги частите при секое излегување до такви кои очекуваат и облека да им купувате.
Или ги сакаш или не го сакаш каква врска има што работи или не работи.. незнам кога вие девојки ја изгубивте "љубовта" и се насочивте кон умот и парите али отиде се у пм! :(
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Не се машките срамежливи, туку се промени начинот на живот и начинот на кој жените ги гледаат мажите (машките). Еве да тргнеме од еден прост муабет во кафич или клуб. Излезени и двајцата за да се пролуфтираат...да испијат пијачка...а 90% од девојките во првите три прашања го сврстуваат прашањето (кај работиш). Верувајте..30 и кусур години го слушам тоа прашање и ни еднаш не се излезе од тоа клише. Сите машки без разлика колку ви глумат за да дојдат до секс, кога ќе го слушнат тоа прашање веднаш ја имаат мислата у глава „ ок значи одма ја интересира колку иам у новчаник“. Така функционира Скопје, Македонија па и светот.
Мажите не се срамежливи..само им е смачено од пренемагање.
Една од тие 90% сум јас, нормално е при упознавање да дознаеш нешто за дечкото, истото и мене ме прашале и што значи тоа? Што има врска некоја ако те праша...Туку вие машките сте искомплексирани со тоа дека жените ги интересира џебот, епа не не интересира џебот туку не интересира дали машкото има амбиции, се труди и работи, исто како што тебе не би ти идело у прилог да идеш или да праиш муабет со некоја аљкава што само се шлепа од туѓ џеб. Сеа нормално ако циљаш кон маникираните со надградби на коса да наидеш на такво размислување, ама ете како што сите машки не се исти не се ни сите девојки исти.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.740
Поени од реакции
18.486
Како сакаш свати го, но кога ќе запознаеш како јас што имам запознаено, луѓе кои и на 30 и нешто години бараат пари од дома од проста причина бидејќи се мрзи големи и никогаш во животот не подигнале ништо потешко од ливче хартија, нормално дека ќе си прашаш дали имаш работа со некој одговорен и совесен или со некоја мрцина.
Јас лично не можам да поднесам мамини или татини мазичиња.
А зошто ти е тебе тоа битно, или од прв муабет си правиш планови за врска, или можеби брак? единствена ситуација во која тоа прашање би било релевантно :icon_lol:

Можеш да си поминеш многу добро и без толку сериозен став.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Реално не ти треба вујко владика за да најдеш работа, барем не во скопје. Работа има колку сакаш само што има луѓе кои не сакаат да работаат било што и пребираат работа.
Во Скопје нема работа колку сакаш. Да, има повеќе отколку во другите градови, но не е ни оддалеку како што ти го претстави, дека има насекаде работа, а луѓето се мрзливи и пребираат. Напротив. Да имаше толку многу работа, не ќе заминеа голем дел од луѓево во странство (зборувам за факултетски образовани луѓе кои со години дремат на Завод, а не бараат да бидат директори, туку една обична нормална плата). Затоа, не откачувај некого само затоа што нема работа и не го етикетирај како лузер кој бара пари од мама и тато. Којзнае, тркалото се врти.

Што се однесува до темава, дечки, ќе ви приоѓаме, кога тоа нема повеќе погрешно да го толкувате;) Важи?
--- надополнето: 19 јули 2012 во 00:58 ---
Абе јас не знам каква допирна точка имаат љубовта и работата.Ако навистина има љубов ке те сака девојката без оглед на тоа дали имаш работа или немаш. А за оние девојки од типот ,чекај да видам прво што работи или дали работи а ако не тогаш ништо од бизнисот,тогаш во таа ситуација нема ниту љ од љубов.
Се сложувам 100% со тебе:) Момци, еве, кога веќе е ера на рамноправноста, и штом имате работа со таква девојка на која и е пресудно што работите, вие применете го истиот критериум на неа. Ако вие работите, мора и таа да работи. Во спротивно е мамина и татина ќерка која нема појма од животот и по цел ден само си ги лакира ноктите:). Секако, ако женската остане без работа, откачете ја веднаш, што ќе ви е таква. Заслужувате подобра (вработена). Доколку за вашата девојка љубовта е бизнис, постапете соодветно.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Мене лично ми е интересно кога јас прва ќе ја почнам "играта", предизвик ми е. Неизвесноста ми е привлечна и ако ме привлече некој навистина, ич не ми е проблем да одам кај некој да му напрам јас муабет.
Само вие машките поинаку го толкувате тоа ако некоја девојка покаже незаинтересираност за вас. Одма ги напаѓате таквите, одма имате мислење дека е шмизла или крената во носот. Зошто не сте помислиле дека излегла за да ги тргне мислите од учење, можеби тазе раскинала со дечкото, можеби си има некои проблеми. На сите им се случува да минуваат низ некој шит период и сака да го разбистри мозокот.
Не е ни тоа оправдување, нели? Но доколку јас сум во такво нерасположение, нема да сум расположена ни за излегување, никој не е должен да ме гледа таква.

Како и да е.. Секој заслужува барем два реда муабет доколку ти пристапи, собрал храброст да ти се приближи, а ти се понашаш идиотски, вртиш грб или си намуртен.
дај број ;)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.505
Што се однесува до темава, дечки, ќе ви приоѓаме, кога тоа нема повеќе погрешно да го толкувате;) Важи?
Најсериозно не ми е јасно кое машко погрешно би ве сватило ако го направите првиот чекор?
Ако бидеме искрени карактеристиките кои ги добивате како(ку*ва ,лесна женска итн.)се добри 95% од женскиот пол.
Поготово денес како што се жалат припаднициве на машкиот пол дека носињата ви се кренати до небо(иако јас не го делам тој став) не верувам дека на некој лошо би му паднало додворување иницирано од женска страна ако не друго ќе си набилда самодоверба(можеби его).
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
Што се однесува до темава, дечки, ќе ви приоѓаме, кога тоа нема повеќе погрешно да го толкувате;) Важи?
--- надополнето: 19 јули 2012 во 00:58 ---

Важи;)

Само не ми е јасно кој ви го всадил тоа во глава на вас дека ако пријде прва девојката машкото одма помислува дека е она лесна????
Јас мислам дека го користите ова како изговор,демек зошто не приоѓаат повекето девојки(не велам сите).
Работата е што егото ви е преголемо и затоа и си викате : што има јас да приоѓам он е машко прв треба да пријде, ако не пријде он друг ќе дојде, а секако тука е и стравот од етикетирање од околината како лесна девојка.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Сум видела како машките помеѓу себе прават муабет кога девојка ќе пријде на некој од нив...додајте ги на тоа и женските коментари, и ете лоша репутација колку сакаш.

Имам правено муабети со машки пријатели и познаници, и сите до еден ми потврдиле дека таквата девојка од старт не ја рачунаат за озбилно. За забава им е супер, но за нешто посериозно не. Веднаш во глава, дури и потсвесно им тлее мислата: "Еј, па види ја оваа колку е слободна, којзнае на кого се вака се има пуштано." Не велам дека секој маж ќе помисли така, но зборувам за повеќето, чест на исклучоците.

Додека не се ослободиме од турскиот менталитет од кој си патиме, ништо.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Сум видела како машките помеѓу себе прават муабет кога девојка ќе пријде на некој од нив...додајте ги на тоа и женските коментари, и ете лоша репутација колку сакаш.

Имам правено муабети со машки пријатели и познаници, и сите до еден ми потврдиле дека таквата девојка од старт не ја рачунаат за озбилно. За забава им е супер, но за нешто посериозно не. Веднаш во глава, дури и потсвесно им тлее мислата: "Еј, па види ја оваа колку е слободна, којзнае на кого се вака се има пуштано." Не велам дека секој маж ќе помисли така, но зборувам за повеќето, чест на исклучоците.

Додека не се ослободиме од турскиот менталитет од кој си патиме, ништо.
Врска нема тоа, дечко што ќе му пријде згодна и интелигента девојка што му се свиѓа треба да е идиот да ја одбие а твоите познаници ти се направиле фраери и ништо повеќе.

Никој не одбива асална девојка освен ако нема мазохистички склоности или е тешко искомплексиран (без лутење за твоите другари општо зборам).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom