Зошто му верувате на вашиот партнер?!

Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Кога сум подолго време со партнерка, и верувам зашто таа е едноставно моето второ јас, личноста која во себе ги држи конците на многу мои постапки и чувства.
 
Член од
22 јули 2005
Мислења
2.198
Поени од реакции
11
Му верувам.Имам доверба стекнато зашто го познавам мн добро и е лицност што во принцип и ретко лаже,а и знае и самиот дека ако ме излаже после 15 мин ке ја каже вистината :)
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
На кој начин т.е. што се ви беше потребно да ја стекнете довербата во вашиот партнер?!
Време. А кога ќе почувствуваш дека и двајцата сакате исто, па кога ќе ја стекнете довербата еден во друг, после нема зошто да се грижи човек.
 

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
му верувам.Го познавам добро и му верувам.Имаме доверба еден на друг што ја стекнавме после многу време поминато заедно,си веруваме еден на друг и ја јакнеме љубовта:pipi:
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
ако сум во врска со некој тоа значи дека му верувам на овој или оној начин но сепак постои мал сомнеж но тоа не го истакнувам премногу сепак за да ми опстои врската треба довербата да ми е на повиско скалило исто така и обратно и јас би била повредена доколку парнерот не ми верува за ништо а тоа зависи од делата постапките во секојдневието мојот однос со него и со другите во мојата средина
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Време. А кога ќе почувствуваш дека и двајцата сакате исто, па кога ќе ја стекнете довербата еден во друг, после нема зошто да се грижи човек.
Јас пак го мислам сосема спротивното. Колку повеќе си со некој во врска толку поголем е сомнежот. Не дека станува збор за недоверба ама па и довербата се намалува. Времето минува и можноста за отворени видици се зголемува така што во денешно време ништо од никого не би ме изненадило.
 
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Довербата е особина што се стекнува со тек на време.Колку повеќе сум со партнерот толку повеќе се стекнува доверба,повеќе го запознаваме.Е сега ако уште на почетокот имаме партнер што е учен да шара лево десно тогаш не треба никаково време за да се види што понатака туку се знае дека следува еден голем АУТ.
 

Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Затоа што не направил нешто за да не му верувам.
Кај мене важи невин додека не се докаже вината.Мислам дека бескорисно е да се измачувам предвреме.Глупаво е.
Да бидеш со некој кој ке направи милјон убави работи и на 1000 начини ке ја здобие твојата доверба и наклоност а ти не го гледаш сето тоа туку цело време се пазиш и чекаш да дојде моментот каде што ке потфрли за да можеш да му речеш ,,ете знаев дека не требаше да ти верувам,,
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
64
Сите особини се стекнуваат па така и довербата се гради и стекнува.Ако не и верувам на особата со која го поминувам скоро секој ден тогаш тоа е губење време ,автоматски ако не сум со неа размислувам на секакви несакани работи и си правам лошо на себе.Врска и љубов е за уживање а не за мачење на самиот себе.Потребна ми е целосна искреност која и јас ја поседувам,преданост,љубов и почитување.И верувам се додека не ме изневерат,е тогаш е гејм овер :pipi: Левелот тешко дека пак тој некој ќе го помине,освен ако стварно се покае и стварно ми покаже дека се кае.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Уште да му верувавме.:)

Јас не му верувам,ниту се трудам,а и не ми ни смета толку.Да не се разбереме погрешно,не дека живеам под константен притисок и исчекување да ме изневери или секојдневно да си правам филмови или не дај боже детективка да изигрувам,али боже мој потполна стопроцентна доверба не заслужува никој,вкучувајќи се и себе.И повторно,не велам дека по себе си знам и дека и мене не треба да ми се верува,туку дека извесна доза на резерва треба да се има за СЕКОГО и тоа е пожелно како заштита од евентуално разочарување.

Мислам дека повеќето одбиваат да се помират со фактот дека никој не е апсолутно сигурен,или ај ако сакате исклучително мал процент,и пак не можеш да бидеш сигурен дека си трефнал баш таков примерок.Важно е да не биде претерано сомневање и недоверба,туку мала подготвеност,будност да не речам:) али и не слепа доверба по секоја цена.Јас си се држам до она "Секогаш надевај се на најдоброто,али биди подготвен и на најлошото.":smir:
 

*It's Gold*

Break Of Dawn
Член од
23 октомври 2009
Мислења
30
Поени од реакции
7
Јас премногу му верувам !!! И сакам да му верувам, и гледам дека тој се труди за таа доверба иако знае можеби дека ја имам целосната... Ако нема доверба во една врска нема НИШТО! Дека се започнува од таму..
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Кога влагам во врска, влагам со потполна доверба и отвореност кон партнерот и немам грам сомнеж. Не би влегла во врска, ако мислам дека на дечкото не може да му се верува. Меѓутоа ако ја изневери таа доверба, врската во истиот момент завршува. Имам целосна доверба, но ако ја изгубам ништо нема да ја поврати назад.
Јас природно чувствувам, дали треба да му се верува на типот или не. И секогаш претпоставката излегувала точна. Премногу ми е глупаво да бидам во врска со недоверба и каде што јас треба цело време да го распрашувам, испрашувам и слични останати појави, кои немам намера да ги правам.
Ќе го изневериш во првиот момент кога ќе најдеш подобар. :salut:
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
И верувам на партнерката. Инаку не би бил со неа.
Но, ако во еден момент се случи таа доверба да ја снема... тогаш никогаш не може да се врати, па без разлика што и да направи
 
Член од
29 август 2008
Мислења
255
Поени од реакции
23
Мажи, жени сите тука се праите поштени, но во првиот момент кога ке осетите прилика веднаш изневерувате. Ке кажам една народна:
"Кур без две пички не умира ама и пичка без два кура во гроб не оди"!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom