Зошто модерната жена се плаши од брак?

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Јас имам сосема поинакво мислење :). Баш напротив мислам дека треба и мора да се потрудиш да го разбереш партнерот инаку ќе си имате повремени јаки бранувања и конфликти во врската. Тоа што ти го велиш како разбирање мене ми се чини дека мислиш на одобрување и во тој случај би се согласил дека не мора сите постапки на партнерот да ги одобруваш и со нив да се согласиш ама ако не ја разбираш неговата мотивација (во позадина) зашто така постапува караниците и недоразбирањата ви се загарантирани.

Банален пример, девојката сака стан во Лептокарија машкото во Центар, секој со своја мотивација зашто е така најдобро. Ако двајцата не се разбираат и прифатат зашто и со која причина другиот така мисли може да се инатат и натегаат до бескрај со добри шанси да ги испуштат и двата стана или додека на едниот не му пукне филм и попушти. Затоа според мене разбирањето, како твојата втора половина функционира е од огромна важност за опстанокот на таа врска. Впрочем твојот партнер за брак е твојата втора половина од едно ЦЕЛО и ако него не го разбираш што и како фукционира исто како себе да не се разбираш а тоа не е баш пријатно за успешна врска на долги патеки. И сама знаеш дека најголем дел од конфликтите и недоразбирањата доаѓаат баш од тоа неразбирање или недостаток на желба за разбирање на желбите на другиот.

Според мене разбирањето на партнерот is a must ако сакаш да функционирате беспрекорно долги години но за некој (маж) за кој не си сигурна си во право, не мораш да го разбереш доволно е да го прифатиш :). Сепак прифаќам дека можеби тебе ти е доволно само да прифатиш без да разбереш, јас пак напротив сакам да ја разберам партнерката и тоа што повеќе ја разберам толку подобро за двајцата.

Тоа што велиш за да ги знаеш сите факти мора да биде партнерот сосема искрен со тебе, на теорија би требало да е така но само кога би го имале овој еден ум и би се раководеле единствено со надворешните сетила па што влезе во нив од тоа да вадиме заклучок. Само не е така, не ги имаш само тие сетила на располагање туку имаме и нешто што се вика интуиција (која многу навлезени во егзактен начин на мислење премалку ја користат) и која помага да разбереме состојба и донесеме исправно решение токму во ситуација кога не ги имаме сите факти на располагање.

Инаку Бубу кој е луд да мастурбира и да мисли на чопор жени кога има едно прекрасно суштество дома кое е олицетворение на неговите мечти (така треба да биде нели?). Никогаш не сум ги сфаќал мажите кои мастурбираат а имаат девојка, какво трошење на драгоцена енергија. За фантазиите нема да спорам но со тек на време и нив ќе ги дознаеш, можеби не 100% но верувај најбитните нема да ти промакнат :).

Во однос на жените и твоите примери со Титаник, штиклите и шминката. Тука премногу ги потценуваш мажите затоа што не само што ве разбираме па тоа се најбанални примери каде 100% знаеме зашто тоа го правите и зашто сте сентиментални на Титаник, зашто ни касните ама шмиката мора да е беспрекорна или зашто сакате високи штикли :). Ве разбираме предобро, затоа и ве сакаме и заради тоа со ќеиф ќе ви дадеме марамче кога ќе ви потечат солзички на Титаник или ќе одиме на шопинг да си купите нов пар штикли иако дома веќе имате 50 пара :).

За слободата и потомството. Не верувам дека е одложувањето на бракот заради преголемата желба за кариера кај жената туку повеќе би се задржал на животните услови на двајцата во врска.

Приметувам дека најчести примери ти се дека двајцата ќе немаат услови да живеат сами (ќе мораат со родителите) или пак нема да имаат доволно финансии за убав живот. Исто најчесто зборуваш во прво лице и ја потенцираш важноста за кариера на жената, слободата и да се забавува. Мене ми е тоа малку преурането гледање на нештата (без лутење) :).

Оној момент кога ќе го најдеш животниот партнер (ако имаш среќа да го најдеш затоа што немаш гаранција) треба да почнеш да мислиш во множина, нема повеќе ЈАС туку НИЕ. Вие сте веќе едно ЦЕЛО, две тела со една душа и така и само така можете да бидете појаки и да остварите цели и желби што како единки не би имале никакви шанси да ги постигнете.

Изгледа дека некои девојки (не сите) не сфаќаат што значи заедничко планирање на битни животни состојби. Ете да речеме им треба стан и 1000 евра месечен буџет за некаков нормален живот за да живеат сами.

На еден начин ќе размислувааат и дејствуваат ако двајцата бркаат независни кариери и само делат трошоци а на сосема друг ако седнат и направат план и се прашаат: Како ние двајца за најкраток рок да земеме стан под кирија од 300 евра (или сопствен на кредит) и да имаме буџет од 1000 евра. Некои девојки не сфаќаат каков буст на енергија и елан дава жена која стои позади нас и не поддржува во плановите или уште подобро активно учествува во нив. Ама клучот е во НИЕ и нејзината мотивација да те подбутне да го извадиш максимумот од себе како маж, нешто што една жена ќе знае да го направи со вистинскиот партнер. Тука е клучот за заедничкиот успех како заедница или брак, we act as one. Секогаш кога девојками активно ме поддржувала сум имал многу поголема ефикасност на сите полиња нешто што треба да се има во предвид во една врска. Со вистинскиот партнер покрај себе можеш практично се, дури и работи што сам би ти биле комплетно неостварливи иако мнозинството никогаш не стигнуваат до таа фаза и си остануваат како заедница на две единки верувајќи дека е тоа нивниот максимум.

Ако веќе имаш или еден ден имаш таков партнер ќе ме разбереш предобро за што зборам а со искуството ќе сфатиш дека можностите за дејство во вистинска заедница (или брак) се практично бескрајни :).

И да сублимирам, ми се чини дека модерната жена не се плаши од бракот како институција туку од можноста да се врзе и да има потомство со погрешен партнер при што со текот на времето би морала да се откаже од сопствените желби, идеали и мечти. Како резултат на тоа би ги загубила постепено и креативноста, сексуалноста и женственоста и со тоа би престанала да биде жена туку би се претворила во најобична домашна помошничка.

Пс. Извини што напишав ферман ама сакав се да опфатам од твојот пост што ми западна за око ;).
Очигледно не се разбираме јас и ти, околу поимот ,,разбирање,,. Значи јас можам да те разберам тебе зошто дејствуваш на одреден начин, но, никогаш не постои целосно разбирање, или ти си исклучок меѓу мажите. Јас не сум способна ниту еден маж (како жена, не како психолог) да разберам што е толку значаен некој натпревар во 2 попладне во недела, за мене е позначајно да одиме да се качиме на Водно, или да пиеме кафе на кеј. Е сега, иако дечкото мој е антиспортист, ајде ќе го земам него како пример. Сега, да речеме него му е приоритет да го гледа натпреварот, мене тоа ми е досадно. ЈАС РАЗБИРАМ дека навистина тоа му значи на него, дека навистина сака и го интересира, а мене ми е досадно. Иако разбирам дека тоа не го прави од инает или зошто му е досадно со мене, не разбирам ШТО е толку важно во тој натпревар. За да можеш тоа да го разбереш, треба да размислуваш како тој спроти тебе. Но, јас бидејќи разбирам дека тој тоа го сака, прифаќам тој да гледа натпревар, а јас да си најдам друга занимација.
Инаку, не значи дека треба се да прифатиме, за тоа служи нашата способност да разликуваме правилно од неправилно (во субјективна смисла) би било без врска да те изневерува некој, а ти да си го прифаќаш таков каков што е. Но, прифаќањето дека тој има други приоритети, не секогаш исти како моите, се сведува на тоа што и самиот го кажа - НИЕ. Две единки, не можат да бидат сосема исти, ниту исто да размислуваат, а камо ли сосема да се разбираат. Јас дадов банални примери, но друга е смислата. Ти можеби ќе ја разбереш дека и е тешко што дечкото ја откачил другарка и, но нема да сфатиш зошто е потребна река солзи (ова е само пример). Разбирањето има повеќе нивоа, и нормално е да разбереш дека и е тешко, дека е уморна, дека ја боли глава, дека не и се зборува, дека и се оди на одмор баш во Охрид, а не во Дојран, итн.итн.итн.. Но, нејзината потсвест ниту таа самата, ниту ти самиот, можете да ја разберете, за да може некој друг да ве разбере. Јас дечкото го познавам подобро од што самиот се познава, но тоа се должи на годините кои ги имам поминато со него. Не знам како му функционира потсвеста, но знам како реагира на одредени ситуации и знам како да се прилагодам себе или да го прилагодам него. НО тоа не значи дека јас во целост го разбирам, но го прифаќам, зошто има квалитети на човек кои мене ми се потребни.
НИЕ и НАС подразбира взаемна поддршка и солидарност. Јас искрено, посреќна сум со луѓе кои се различни од мене и кои потешко ги разбирам - зошто јас ја сакам различноста.
Кај некои е кариера, кај некои е услови за живот. Но за да имаш подобри услови за живот, потребна ти е подобра работа и многу жртви. А има жени, и тоа многу, што во никаков случај не би прифатиле да живеат со некој друг. Ете, сега, оф топик, новава влада ни нуди на сите млади брачни парови да им плати половина од учеството за кредитот за стан, и првите 5 години да плаќа половина рата :) И, ако сега младиве брачни парови одлучат да живеат заедно, прво им требаат, многу јасно услови.
И второ, да, жените не ни помислуваат да бидат со некој кој за година, две, три ќе се обиде да се претвори во деспот. Не е тоа дека се плашат од него, туку од целата работа околу одвојувањето (кое нормално никој не го посакува) и тука ќе бидат до тогаш и ДЕЦАТА кои ќе станат поважни од желбите на родителите. А познавајќи си ги соседите и нивните животни, роднините, ниту една жена не верувам дека сака да биде финансиски зависна од мажот. Очигледни се причините.
А за да делуваат како едно, мораат да се прифатат меѓусебно. И што ако те разберам јас тебе, ако не можам да го прифатам разбраното? Што корист имам ако те разбирам дека не можеш да замислиш да живееш без мама? Ама има корист, ако, сметам дека е глупаво тоа што го очекуваш и бараш, и не прифатам такво нешто и го добијам јас тоа што мислам дека е подобро. И обратно, ти можеби и ќе разбереш зошто јас не сакам да готвам месо, но од тоа разбирање нема да има корист се додека не ме прифатиш таква и додека не сфатиш дека тоа не можеш да го промениш.
Ние секојдневно учиме да прифаќаме. Нашите родители, не секогаш мислиме дека постапуваат правилно, па ги прифаќаме - зошто се наши родители. Нашите браќа и сестри. Нашето општество. Целиот свет. Нашиот партнер заслужува и најголема флексибилност, а флексибилноста претставува прилагодување на некого, а со тоа и негово прифаќање.
 
С

сашенко

Гостин
Ja razbrav jas poentata, samo mislam deka e pogresna. Site zeni imaat ist stav za brakot, sakaat da se mazat. Na nekoi od niv na mladi godini glavata im e napolneta so feministicki bubacki, no iskustvoto i realnosta gi teraat bubackite, kaj nekoi pobrzo, kaj nekoi posporo. Polot PRESUDNO vlijae na karakterot. Kako velat, ako ja isfrlis prirodata niz vrata, ke ti se vrati niz prozor.

Mojot sovet do zenite e da ne odat protiv sopstvenata priroda, zatoa sto ke bidat nesrekni. Toa voedno ne znaci deka treba da izberat nekoj vol koj ke go trpat cel zivot. Prosto... Imaat oci, um, neka biraat, no istovremeno i neka ponudat nesto vredno. Feministicki nebulozi ne se bas vredna roba na pazarot...
Остави ја ти нивната природа.Гледај ги како се однесуваат реално и оцени ги по тоа што го прават а не по тоа што би го правеле доколку би оделе по сопствената природа.Тоа би било кога би било.А прашањето кое се поставува на темава е зошто модерните жени бегаат од брак.Што е тоа што се случило со нив и тие се тргнале од тој пат и сега размислуваат вака.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.197

Kako se odnesuvaat realno?

Poslednata zenska so koja sto bev, bese moderna od sekoj aspekt. Profesorka na fakultet, poprilicno seksualno minato, drobese za emancipacijata po cel den, Sexot i gradot i go imase isprano umot, a jas odvaj kurtuliv da ne se zenam, kandji klade da se sluci toa...
 
Воопшто не ми се допаѓа начинот на кој се развива темава, искрено.Мислев дека ке се прави муабет за онаа група девојки кои ги нарекуваме модерни-живеат така нели? Живеат по некои нови убедувања и сваќања за животот, го отфрлаат традиционалното, не размислуваат за брак туку сакаат авантура, дружење без обврски, некои кариерата си ја гледаат ама избегаваат брак и било какви официјализирања на врски, свадби и такви работи кои според многумина денес се непотребни работи на кои времето им истекува.Ама ова се претвори во расправија дали постојат воопшто такви девојки денес што многу ме зачуди...keep going.Се ке кажете ама прашањето на темата никој нема да го одговори изгледа...
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Abe vidi, nemoze sekoj da fati desetka pa mora da fantazira zosto moral da se zadovoli so kit samo za da ne ostane neozenet. Taka? :cautious:
Тргнав со премиса дека таа што ја венчаваш те пали ама и твоево има смисол иако е на некој начин нефер спрема девојката.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Тргнав со премиса дека таа што ја венчаваш те пали ама и твоево има смисол иако е на некој начин нефер спрема девојката.
Забегавте.
Зборуваме за реалноста, сепак, не за желби и честитки.
Колку луѓе се во брак кој ептен го сакаат, може да се провери секој ден од 8 до 22 часот во сите т.н. хотелчиња и мотелчиња во Скопје, кои ја нудат услугата ,,дневен одмор,,.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Очигледно не се разбираме јас и ти, околу поимот ,,разбирање,,. Значи јас можам да те разберам тебе зошто дејствуваш на одреден начин, но, никогаш не постои целосно разбирање, или ти си исклучок меѓу мажите. Јас не сум способна ниту еден маж (како жена, не како психолог) да разберам што е толку значаен некој натпревар во 2 попладне во недела, за мене е позначајно да одиме да се качиме на Водно, или да пиеме кафе на кеј. Е сега, иако дечкото мој е антиспортист, ајде ќе го земам него како пример. Сега, да речеме него му е приоритет да го гледа натпреварот, мене тоа ми е досадно. ЈАС РАЗБИРАМ дека навистина тоа му значи на него, дека навистина сака и го интересира, а мене ми е досадно. Иако разбирам дека тоа не го прави од инает или зошто му е досадно со мене, не разбирам ШТО е толку важно во тој натпревар. За да можеш тоа да го разбереш, треба да размислуваш како тој спроти тебе. Но, јас бидејќи разбирам дека тој тоа го сака, прифаќам тој да гледа натпревар, а јас да си најдам друга занимација.

Инаку, не значи дека треба се да прифатиме, за тоа служи нашата способност да разликуваме правилно од неправилно (во субјективна смисла) би било без врска да те изневерува некој, а ти да си го прифаќаш таков каков што е. Но, прифаќањето дека тој има други приоритети, не секогаш исти како моите, се сведува на тоа што и самиот го кажа - НИЕ. Две единки, не можат да бидат сосема исти, ниту исто да размислуваат, а камо ли сосема да се разбираат. Јас дадов банални примери, но друга е смислата. Ти можеби ќе ја разбереш дека и е тешко што дечкото ја откачил другарка и, но нема да сфатиш зошто е потребна река солзи (ова е само пример). Разбирањето има повеќе нивоа, и нормално е да разбереш дека и е тешко, дека е уморна, дека ја боли глава, дека не и се зборува, дека и се оди на одмор баш во Охрид, а не во Дојран, итн.итн.итн.. Но, нејзината потсвест ниту таа самата, ниту ти самиот, можете да ја разберете, за да може некој друг да ве разбере. Јас дечкото го познавам подобро од што самиот се познава, но тоа се должи на годините кои ги имам поминато со него. Не знам како му функционира потсвеста, но знам како реагира на одредени ситуации и знам како да се прилагодам себе или да го прилагодам него. НО тоа не значи дека јас во целост го разбирам, но го прифаќам, зошто има квалитети на човек кои мене ми се потребни.
НИЕ и НАС подразбира взаемна поддршка и солидарност. Јас искрено, посреќна сум со луѓе кои се различни од мене и кои потешко ги разбирам - зошто јас ја сакам различноста.
Кај некои е кариера, кај некои е услови за живот. Но за да имаш подобри услови за живот, потребна ти е подобра работа и многу жртви. А има жени, и тоа многу, што во никаков случај не би прифатиле да живеат со некој друг. Ете, сега, оф топик, новава влада ни нуди на сите млади брачни парови да им плати половина од учеството за кредитот за стан, и првите 5 години да плаќа половина рата :) И, ако сега младиве брачни парови одлучат да живеат заедно, прво им требаат, многу јасно услови.
И второ, да, жените не ни помислуваат да бидат со некој кој за година, две, три ќе се обиде да се претвори во деспот. Не е тоа дека се плашат од него, туку од целата работа околу одвојувањето (кое нормално никој не го посакува) и тука ќе бидат до тогаш и ДЕЦАТА кои ќе станат поважни од желбите на родителите. А познавајќи си ги соседите и нивните животни, роднините, ниту една жена не верувам дека сака да биде финансиски зависна од мажот. Очигледни се причините.
А за да делуваат како едно, мораат да се прифатат меѓусебно. И што ако те разберам јас тебе, ако не можам да го прифатам разбраното? Што корист имам ако те разбирам дека не можеш да замислиш да живееш без мама? Ама има корист, ако, сметам дека е глупаво тоа што го очекуваш и бараш, и не прифатам такво нешто и го добијам јас тоа што мислам дека е подобро. И обратно, ти можеби и ќе разбереш зошто јас не сакам да готвам месо, но од тоа разбирање нема да има корист се додека не ме прифатиш таква и додека не сфатиш дека тоа не можеш да го промениш.
Ние секојдневно учиме да прифаќаме. Нашите родители, не секогаш мислиме дека постапуваат правилно, па ги прифаќаме - зошто се наши родители. Нашите браќа и сестри. Нашето општество. Целиот свет. Нашиот партнер заслужува и најголема флексибилност, а флексибилноста претставува прилагодување на некого, а со тоа и негово прифаќање.
Лесен е одговорот тука, натпреварот во 2 му прави поголемо задоволство отколку одењето на Водно или пиењето кафе на кеј. Сепак ако има љубов и разбирање ќе одите на Водно наутро, он ќе си го одгледа или изигра натпреварот а попладне ќе пиете кафе на кеј, ете една солуција прифатлива за сите :).

Вториот болд.

Деспотот најчесто се познава од старт ама многу жени не обрнуваат внимание на ситници кога се заљубени и мислат типот ќе се смени, затоа што ретко кој станува деспот преку ноќ. Најчесто деспотите се такви и пред бракот ама наместо да ги оставите ве фаќа инерција и страв да не бидете сами и после се каете. Со други зборови грешите што се лепите на идиоти (не ти, жените општо :)).

Ако на жената и е страв дека еден ден ќе остане финансиски зависна, зашто да не почнат заеднички семеен бизнис во кој таа ќе има битна улога? Парите ќе си ги делат или ќе ги ставаат во заедничка каса.

Можна е и втора варијанта ако мажот веќе има развиен бизнис или добра работа. Ако жената не сака да зависи од негови пари може да го „искористи“ да ја финансира во нејзин бизнис од кој исто и тој може да има корист :). Сакам да кажам има многу можности ако двајцата ги бива, искрено се сакаат и почитуваат и плус имаат желба да заработат.

Освен тоа се повеќе слушам за предбрачни договори (и не ми се допаѓаат) ама ете ако им е страв нека се договорат однапред при (не дај боже) развод што и колку кој добива. Иако според мене развод со деца е многу ужасна работа и ќе значи дека двајцата многу кикснале при изборот. Јас искрено не сакам ни да помислам на таква варијанта.

Другото убаво си го објаснила и немам некои посебни замерки :).

Забегавте.
Зборуваме за реалноста, сепак, не за желби и честитки.
Колку луѓе се во брак кој ептен го сакаат, може да се провери секој ден од 8 до 22 часот во сите т.н. хотелчиња и мотелчиња во Скопје, кои ја нудат услугата ,,дневен одмор,,.
Зашто сме забегале? Ти самата никогаш не би влегла во брак од беда (колку да не останеш сама) така да не треба ли да ни биде идеал да си го најдеме сродниот партнер (или барем да пробаме да го најдеме) без притоа веднаш да симнеме критериуми? Впрочем тие луѓе (варалиците) никој не ги натерал на брак туку сами го одбрале. Што е до мене порадо ќе седам сам отколку да се врзам со девојка која ќе ја варам а ќе ја лажам дека ми е нешто најмило на свет. Не е секој способен да живее во лага и да ја лаже личноста која искрено те сака.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Лесен е одговорот тука, натпреварот во 2 му прави поголемо задоволство отколку одењето на Водно или пиењето кафе на кеј. Сепак ако има љубов и разбирање ќе одите на Водно наутро, он ќе си го одгледа или изигра натпреварот а попладне ќе пиете кафе на кеј, ете една солуција прифатлива за сите :)........
Ама јас разбирам дека тоа му причинува поголемо задоволство.
Ама не разбирам ЗОШТО тоа му причинува поголемо задоволство.

Првото разбирање е прифаќање на реалноста.
Доколку второто го сфатам, веројатно, ќе треба баш добро да анализирам, но сепак субјективен заклучок ќе донесам.
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Ама јас разбирам дека тоа му причинува поголемо задоволство.
Ама не разбирам ЗОШТО тоа му причинува поголемо задоволство.

Првото разбирање е прифаќање на реалноста.
Доколку второто го сфатам, веројатно, ќе треба баш добро да анализирам, но сепак субјективен заклучок ќе донесам.
Не ни можеш да разбереш зашто, се работи за афинитет и интерес. Исто како да прашуваш зашто некоја девојка сака балет а друга аеробик, имаат различни карактери и нормално различни интереси.

Инаку како кажа претходно, не е ни здраво да се согласувате во се затоа што ќе ти биде како да одиш со своја копија а тоа никој не би сакал, секој потег ќе ти биде однапред јасен и предвилив што значи ќе ти стане бргу досадно.

Јас не би се прашувал зашто туку би видел дали ми е тоа прифатливо за компромис или не. Ако е прифатливо тераш понатаму, ако не бараш друга солуција :).
 
Ете како се најдовме на пола пат. Прашањето не може да биде разбирање, па самите себе не секогаш се разбираме :) Можам или не - да прифатам. Ете така :)
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.978
Поени од реакции
29.883
ama ich ne se plashat., samo od obvrski begaat., ekonomski nezavisni., ihaaa., sa visine gledaju:D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom