Свадбата како настан, и самиот брак не е исто
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Јас знам како ќе ми изгледа свадбата, не знам кој ќе биде младоженецот.
Поентата е, дека невестата на секоја свадба е центар на вниманието, односно тоа е нејзиниот ден и нејзините 5 минути слава. Не се крие самиот брак како позадина тука
Не се согласувам. Мене како психолог професија ми е да ги разбирам луѓето, подобро и од што самите се разбираат себе. Но, не сите луѓе се психолози, дури мене ми пречи често таа ,,професионална деформација,,. Едноставно, прифаќањето на некој таков каков што е, а не и неговото разбирање, е блискоста и приврзаноста. За некого да разбереш, треба да биде сосема искрен со тебе, а не верувам дека ти сосема искрено на девојката ќе и кажеш дека понекогаш додека мастурбираш замислуваш чопор жени, или уште полошо, нејзината другарка. Да не се правиме будали, и тоа се случува.
Тоа, според мене, потекнува од вековното учење дека ,,господовите патишта се чудни,, со други зборови, учени сме од секогаш да прифаќаме, а не да анализираме.
Јас анализирам, мажи, жени, деца, заедно и посебно. И ништо корисно не добивам од тоа, освен нормално да им помогнам ако ми се пациенти, или да ги изманипулирам во приватниот живот.
Јас не секогаш го разбирам дечко ми. Не разбирам од каде му е ќеифот да им даде 200 евра на трубачите. Не разбирам зошто прави некои работи. Не разбирам, зошто не размислувам како него. Но го прифаќам. Тоа не значи дека не го познавам или дека помалку го сакам. Како што кажав - тоа значи дека го прифаќам.
Кога се трудиш некого да разбереш, прво и основно, го гледаш субјективно. Ако некого гледаш субјективно, немаш шанси да успееш во намерата за разбирање.
Е, замисли, јас и ти се запознаваме во поинакви услови и јас ти се допаѓам, излегуваме, се дружиме, и ете можеби сакаме да започнеме врска. Почнуваме да зборуваме за поважни работи, и ти пример дознаваш дека јас ете, не знам и не сакам да готвам. И сега ако почнеш ти тука да ме анализираш, никогаш нема да успееш да изградиш врска со мене, зошто нема да најдеш одговор ниту на ова, ниту на куп други прашања (зошто баш со овие луѓе се дружи, зошто сака обична свадба, а не традиционална, зошто повеќе сака зима, од лето... итн). Поедноставно, и поправилно, е да ме прифатиш.
Кој маж може да разбере кога една жена плаче по 100 пат на Титаник? Или кога ќе и се скрши штиклата? Или кога другарка и има проблем? Кој маж ќе разбере зошто на една жена и е поважно да се дошминка, отколку да стигне на време? Која жена ќе разбере што е толку специјално во натпреварот (карикирам) меѓу Барса и Реал? Која жена ќе разбере што е забавно во пиењето пиво и зборувањето за фудбал?
Јас се согласувам со тебе.
Сепак фактот дека денес на девојките им е овозможена слобода која ја немале пред 20 и кусур години, си го прави своето. Не само забавата, туку и амбициозноста.
Јас немам време за забава нешто многу, но имам обврски (како и поголемиот дел од моите пријателки), и немаме баш време да размислуваме за нешто повеќе од ова што го имаме сега. А не е тоа, дека не сакаме деца, или не сакаме обврски. Немаме време.
И делот, дека ќе бидеме принудени да живееме со старите, или да живееме под кирија... Мислам дека е тоа мотив повеќе, една жена да се образова што може повеќе и да најде што подобро работно место, за што поскоро да најде свое место за живеење (нормално со кредит, но, за да добиеш таков, треба и да имаш доволно добри месечни примања). Не е вистина дека се плашиме од брак, само го одложуваме прилично за една декада подоцна, од нашите мајки и баби.
Не е секогаш така, ете пред некое време се породи другарка од средно. Неа тоа и беше целта, да се омажи и да оформи семејство, што е и природно кај луѓето кои после средно немаат амбиција да студираат, се вработуваат, и со самото тоа се една декада ,,постари,, од оние другите.
Тоа, барем според психологијата која ја учам, е така. И мажите, и жените, кои се поамбициозни (оние по забавата што се, верувај, ги има помалку) само го одложуваат бракот, ретко кој останува надвор од него. Сепак, иако не е единствена, бракот е најчеста форма на врска, која резултира со потомство, кое пак, мислам дека 99% од луѓето го посакуваат.