Знаеш зошто?
Зошто нема оригиналност и се е бледа копија.
Во овој случај, бледа копија на Clarence Clarity.
Исто, нашиов трап ти е бледа копија но тоа е тоа кога овој правец е лимитиран за разлика од рапот на пример каде имавме автентичен и оригинален звук како оној на САФ, Чиста Околина и Темната Страна (исто и лириката/тематиката). Моментално и рап сцената е само бледа копија на тој звук од САФ т.е. DJ Гоце (семплови од македонски шлагери) + flow то Бажеј од STR2. Има и по некој Слаткаристика flow но тие се битни како ланскиот снег.
Општо, не се твори ради поривот за изразување туку сите си мислат дека ќе се стекнат со слава и богатство или да привлечат внимание. Затоа се е бледа копија или изгледа како слабо сработено, недовршено.
Едино, гитарските музики во Македонија немаат потфрлено (мислам на андерот) мада и тие некако стивнаа.