Зошто луѓето се толку злобни?

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Затоа што се реални, а реалноста за разлика од некои социјални локови и новозаветни глупи норми, вели згази го ближниот за да не те згази.
Тоа не е злоба, тоа е принцип на фер подјадување.
 

Dreamer_32

Unstopable
Член од
23 октомври 2008
Мислења
79
Поени од реакции
1
Затоа што се реални, а реалноста за разлика од некои социјални локови и новозаветни глупи норми, вели згази го ближниот за да не те згази.
Тоа не е злоба, тоа е принцип на фер подјадување.
:nenene:​

Ова е само изговор за да се биде злобен затоа што за да бидеш злобен не треба многу ум и енергија, а за да бидеш добар итекако треба.


Еве јас на пример познавам луѓе кои се водени од правилото “згази го ближниот за да не те згази„ туку од правилото “помогни му на ближниот да ти помогни„ и верувам дека поголемиот дел од луѓето исто така се однесуваат кон своите роднини и пријатели и сето тоа се темели на взаемна доверба помеѓу луѓето, НО треба да се запомни дека никогаш не треба СЛЕПО да веруваме во луѓето оти секогаш ќе се најди некој кој ќе ја искористи таа наша доверба кога најмалку се надеваме и ќе ни закачи нож во грбот.
 

igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Луѓето не се злобни. Они се љубоморни. Тоа и ги тера најлесто да прават злобни работи.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Претпоставував дека голем дел од постовиве во темава ќе се сведат на тоа што е злобно, а што не.

Затоа и прашав, како може да се бара причина за нешто, кога истото, во страт, не може да се дефинира?

Злобни луѓе...Барем јас не можам да направам список на карактеристики кои прават некоја личност да се смета за злобна. А, не верувам дека и било кој може.

Злобата, како поим, е нешто ептен релативно. И кај двајца луѓе нема исти поимања за злоба. Затоа е илузорно да се збори за некоја унифицирана, единствена, дефиниција на злоба. А, уште поилузорно е да се бараат нејзините причини.
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
.

злобата претставува делување на некоја личност спрема друга со цел да се предизвика патење и страдање на таа личност во која онај кој што го прави ова ужива. ова го прават само најпримитивни и најобични човечки умови.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Господ плаќа!!!! ниедна злоба не останува неказнета(а кога казнува враќа 10 пати повеќе), дури и лошата мисла се казнува, а камоли лошиот збор или дело:smir:
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
83
Поени од реакции
2
Зошто луѓето се толку злобни?
Под злобни можеме да сметаме лоши, така? Ако е така еве да почнам од ова. Во светски рамки, пример за лош човек се смета терорист! Ако прашаш 100 луѓе, повеке од 90 ке речат дека терористите се лоши. Но, ако прашаш терорист, тој ќе рече дека тоа е нешто свето. Џихад - света војна. Идеата ми е дека неможеш ти (секој човек) да кажеш што е добро, а што е лошо! Но ако гледаме од друга страна, постојат некои норми, светски норми кои би рекле дека тероризмот е лоша работа. Тероризмот ми е еден пример, би го нарекол најопшт за кој мислам дека ке се сложите со мене.
Е сега ке се префрлам на темата
Зошто луѓето се толку злобни?
Секој може различно ја протолкува. Што подразбирате вие под злобни луѓе. Но бидејќи темата не е што подразбираме под 'злобни луге' туку зошто ги има тие, јас би рекол дека тие постојат за да има светска рамнотежа, баланс. Но кога сите би биле добри, ве молам кажете ми што би се случило тогаш. Јас би рекол дека светот не би постоел. А толку се злобни луѓето бидејќи општеството ги направило. Не се тие криви. Ако викате дека ние сме копија од нашите родители (старатели) тогаш, тие би биле копии од нивните итн. А тие од што би биле копии? Од оптеството!
Да напоменам. Yin & Yang велат: Во секое добро има зло, и во секое зло има добро. (скратена верзија)
Ако имам грешки во правописот не ми замерувајте, 2ка имам Македонски. :D
Тоа е мојата теза на ова прашање! Поздрав до сите!


Луѓето не се злобни. Они се љубоморни. Тоа и ги тера најлесто да прават злобни работи.
Луѓето не се злобни, туку љубоморни. Љубомората ги тера да прават злобни работи. Но бидејќи таа ги тера тие не се злобни.
No comment dude!
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Дали социопат, кој сериски касапи луѓе е злобен?

Дали педофилот е злобен?

Дали личноста која во афект скршила нечии ребра/пукнала аркада итд. (збориме за афект кој носи објективно замрачување на свеста) е злобна?

Дали особата која констатирала дека некој е реално дебел и му го кажала тоа е злобна?

Дали ако јас речам дека ние луѓето сме себични, лицемерни гомна кои секогаш наоѓаат рационализација/оправдување за своите постапки, сум кажала/направила нешто злобно?

Ништо од погорното не можам да класифицирам како злоба.

Но, затоа знам дека ги етикетираме другите како злобни, секогаш кога ќе ни го повредат егото.
Она што нејќеме да го чуеме/доживееме од другите, одеднаш станува злобно.

А дефиниција за злоба, НЕМА.

едит:

Причината зошто на некој му делува дека луѓето на форум се често злобни, е затоа што форумот е место (ок, не е ни место, али небитно..) на кој имаш шанса да си збориш сам со себе и да имаш некоја површна комуникација со луѓе, за кои, воглавном, не ти е гајле, односно не ти менуваат ништо во животот затоа што на никаков начин не ти се во интерес/фокус на внимание.

Па, ослободен од сите општествено прифатени правила за комуникација, кои подразбираат прифаќање/слушање на туѓите глупости, тука можеш да си збориш што ти душа сака и воопшто да не перцепираш што другите тресат, без притоа да сносиш било какви последици од истото.

Значи, можеш да си дадеш оддишка на себе. И уствари покажуваш како човекот сака да се однесува кога е без инхибиции.
Што не води до заклучокот дека не си злобен, туку само си си искрен, односно си она што навистина си. Она што навистина сите сме. Суштества диригирани од егото.
 
С

Сатори

Гостин
Што не води до заклучокот дека не си злобен, туку само си си искрен, односно си она што навистина си. Она што навистина сите сме. Суштества диригирани од егото.
Да бев нова на форумов, ќе верував во добро образложенава бајка во жолта позадина.Ех, што не сум ... баш сакам злобно да ме лажат.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Трагично е, кога една личност не се видела себеси, а коментира за другите! Toa e злоба. Или кога некој му суди на друг, само за да утепа време и досада. Љубомората е често пати присутна, тоа што секој сака да доминира, да се одвојува од другите и тогаш дава прибелешки за другиот. Злобните погледи се многу очигледни. Поточно ,,злобникот" не се ни труди да ги сокрие. Тоа што Ада во погорниот пост се обиде да им го симне на педофилите злобниот превез и да ги окарактеризира како болни... е недопустливо! Педофилијата не е болест. Секоја болест напредува, се повлекува, се лекува, а педофилијата не. Тоа е психичка состојба предизвикана од недостаток на бела маса која е супстанца одговорна за поврзување на различните делови од мозокот. Секој педофил знае дека повредува. А во прво-а, не учеа дека не треба да повредуваме и да сме злобни. Сите кои некому му напакостуваат, го прават тоа за да се себевоздигнат на ниво повисоко од оној кон кого се злобни. И така еден ден, настана бирократскиот систем.:wink: Мојот став е дека злобата е планирана мисловна активност за понижување на некој заради пониска функција на некој план во животот. Поттикната е од превисока или од немање самодоверба.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Мојот став е дека злобата е планирана мисловна активност за понижување на некој заради пониска функција на некој план во животот.
Точно.
Јес да нема дефиниција за злоба, ама јас вака ги разбирам работите: Обично ја дознаваме вистинската природа на човек дури кога тој е над нас. Личност кога ќе добие власт/доминација знае и те како да покаже злоба, подразбирајќи играње со туѓи чувства, експоатирајќи луѓе, манипулирање. Ако на личност и` биде дадена власт/доминација и таа не го искористи тоа за злобни побуди, тогаш стварно ја респектирам.

А може да се случи и спротивното. Храброста на очајот може да биде силна кога ти си подреден/а и мислиш дека единствен двигател да се качиш нагоре е злобата - газењето на луѓето и манипулации.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Господ плаќа!!!! ниедна злоба не останува неказнета(а кога казнува враќа 10 пати повеќе), дури и лошата мисла се казнува, а камоли лошиот збор или дело:smir:
како не плаќал
да се казнуваше и лошата мисла
па ќе личеше светов на нешто
а ова се само зло и неправди
Луѓето се злобни бидејќи такви се раѓаат
и во секоја генерација 99% се лоши
само 1 процент ептен добри
и затоа светов е ваков
и нема никад да се смени
пошто луѓево со прабеење деца
го множат злото!
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Да бев нова на форумов, ќе верував во добро образложенава бајка во жолта позадина.Ех, што не сум ... баш сакам злобно да ме лажат.
Ако за тебе е бајка и лага, за мене НЕ е, туку е изграден личен став во кој, во дадениов период, сум убедена.
Па, повели проблематизирај и докажи ко неточно нешто што е ЛИЧНА вистина и убедување.

Трагично е, кога една личност не се видела себеси, а коментира за другите! Toa e злоба. Или кога некој му суди на друг, само за да утепа време и досада. Љубомората е често пати присутна, тоа што секој сака да доминира, да се одвојува од другите и тогаш дава прибелешки за другиот. Злобните погледи се многу очигледни. Поточно ,,злобникот" не се ни труди да ги сокрие. Тоа што Ада во погорниот пост се обиде да им го симне на педофилите злобниот превез и да ги окарактеризира како болни... е недопустливо! Педофилијата не е болест. Секоја болест напредува, се повлекува, се лекува, а педофилијата не. Тоа е психичка состојба предизвикана од недостаток на бела маса која е супстанца одговорна за поврзување на различните делови од мозокот. Секој педофил знае дека повредува. А во прво-а, не учеа дека не треба да повредуваме и да сме злобни. Сите кои некому му напакостуваат, го прават тоа за да се себевоздигнат на ниво повисоко од оној кон кого се злобни. И така еден ден, настана бирократскиот систем.:wink: Мојот став е дека злобата е планирана мисловна активност за понижување на некој заради пониска функција на некој план во животот. Поттикната е од превисока или од немање самодоверба.
Педофилијата е психолошки disorder, класифицирана во The International Statistical Classification of Diseases and Related Health Problems, а и во s Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders.
Значи се работи итекако за пореметување. И без разлика дали педофилот има совест и свест за акцијата. Поради неговата болест тој не може да се суди преку морални критериуми својствени за здравата популација.

Патем, сите нешта кои ги наброја во болдот се толку својствени и толку присутни кај секој човек.
И интересното е што кога ние ги правиме (а, сите од нив ги имаме направено наведените, и тоа многу пати), не ги сметаме за злобни, но кога некој друг ќе ни ги направи нам, веднаш почнуваат да сметаат и да се квалификуваат како злобни(односно твоето, една личност не се видела себеси, а коментира за другите). И тоа е она што го споменав и во првиот пост. Егото е она што брза да етикетира злоба.
А, таа е толку, толку релативен поим.
 
С

Сатори

Гостин
Ако за тебе е бајка и лага, за мене НЕ е, туку е изграден личен став во кој, во дадениов период, сум убедена.
Па, повели проблематизирај и докажи ко неточно нешто што е ЛИЧНА вистина и убедување.
Личните убедувања како што можат да бидат субјективно вистинити, така можат да бидат и делузивни ако тоа е нешто што лесно може да легне во новиот профил за себе кој што сме го создале.
Но, секако, далеку од тоа дека ќе се обидувам да ти го докажам како неточно, но го имам правото да не се сложам и тоа јавно да го искажам.

Верувам во егоизмот на човекот, затоа верувам и во неговата злоба.

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799

Верувам во егоизмот на човекот, затоа верувам и во неговата злоба.

Дефиниција егоизам-себичност.
Дефиниција-себичност-преокупиран со сопствените интереси, профит, или задоволство; што му недостасува грижа за другите.

Добро е тоа што веруваш, ама ќе можи некој пример да напишеш за да го поткрепиш твоето верување.
Велат дека човекот во основа е добар но прави лоши работи, ајде да го видиме сега ова.
Не знам дали ти е познат поимот само мета, често го употребуваат армииве низ светов. Тоа ти е кога на спротивната страна од нишанот на нивните војници се наоѓа војник од непријателскиот табор, и тие на него не гледаат како на човек туку само како на мета. Знаеш зошто е тоа така? Зошто ако помислат дека убиле човек нивната совест ќе ги скрши, дури и со оваа дехуманизација (одчовечување), голем е процентот од нив кои што полудуваат неможејќи да се соочат со фактот дека убивале луѓе. Со помош на таа дехуманизација на евреите, третиот рајх го има направено тоа злосторство врз нив.
И на крај е тука професионалниот телохранител (бодигард). А чекај малку, овој пример мислам дека ти го имам дадено, не е битно. Тој човек зема плата за тоа што го работи, ама тоа не го работи само за пари. Тоа го работи затоа што е добар човек, витез, самурај, заштитиник. Затоа што спремноста на човек да прими куршум без двоумење место штитената цел не е себично-егоистичка, нема пари на светов тоа што можат да го платат, и нема никакво себично задоволство во тоа туку само огромна болка верувај ми :icon_lol:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom