Зошто луѓето се толку злобни?

Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
ко прво... оваа тема е создадена од некој кајганџија на кој некој или некоја му направил нешто... (тоа можам да ви го гарантирам)
инаку, кој рече дека луѓето се биле злобни??? мислам, има злобни људи по овој свет, ама не е секој злобен....
секој човек може да има по некое делче злоба у него, ама ретки се оние кај кои злобата го превземела паметот...
Луѓето "се" злобни, само поради фактот што тоа е најлесен начин да дојдеш до успех...
кога го елиминираш конкурентот, само ти преостануваш.. значи ти си победникот... тоа сакав да го кажам....
 
С

Сатори

Гостин
Еве на форумов, кога секој може да биде тоа што сака да биде и да збори што сака без некои последици, зошто луѓето избираат да бидат лоши?:toe:
Верувате ли дека постојат луѓе кои и се родиле злобни?
Јас верувам дека Џон Лок бил во право кога кажал дека се раѓаме како табула раса, па ги учиме патерните на однесување.
А за тоа кој е лош, добар, злобен, љубезен ... според мене нема правилно и погрешно за да има таков тип на придавки пред некој човек.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Една од дефинициите за злото е дека тоа е недостаток на доброто, дека мракот е недостаток на светлина.
Луѓето се злобни или лоши затоа што се несреќни и осамени. Затоа што се понижени од животните околности кои не се праведни. Прескапо плаќаме за сите срања што ни се случуваат. Нема пари, нема работа, нема искрена љубов, добра волја, нема пријатества без сметка. Некаде овие проблеми се помали а некаде големи.
Не верувам дека луѓето се раѓаат злобни. И да има некаква генетска предодреденост, со добро воспитување станува занемарлива.
Но верувам во заразна „болест“ која се пренесува од човек на човек, од колено на колено. Секогаш било така и така ќе биде и во иднина.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Еве на форумов, кога секој може да биде тоа што сака да биде и да збори што сака без некои последици, зошто луѓето избираат да бидат лоши?:toe:
Верувате ли дека постојат луѓе кои и се родиле злобни?
Уште од најстари времиња секој се плашел од лошото. Причина повеќе секој да избира да биде лош за да ја здобие почитта од другите, мислејќи дека тоа е единствениот начин. А како што гледаме, ретко на кој добар му се враќа со добро, па зашто да не бидеме и ние лоши...
Меѓуота ретко кој сфаќа дека да бидеш добар, е најпрво позитивна доблест за тебе, а потоа и за другите.
Не верувам дека има луѓе кои се раѓаат злобни, туку верувам дека има луѓе кои за да се одбранат од сите околу нив ја градат таа одбрана. Нели сите добро знаеме дека со злобни луѓе работа не требе да си имаш...Епа ете затоа се повеќе и повее луѓе бираат да бидат лоши или злобни...Секој бара начин да се огради од навредите и проблемите кои ни ги нанесуваат другите...
нажалост злобата е моментално најкористената одбрана...
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Еве на форумов, кога секој може да биде тоа што сака да биде и да збори што сака без некои последици, зошто луѓето избираат да бидат лоши?:toe:
Верувате ли дека постојат луѓе кои и се родиле злобни?
Не, не верувам дека некои се раѓаат злобни и лоши. Животот некои луѓе ги прави да се формираат такви, но јас длабоко ги жалам. Ако за кратко време покрај нив тебе ти е лошо, како ли им е на самите нив цел живот со себе и што ги натерало да бидат такви?
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
ко прво... оваа тема е создадена од некој кајганџија на кој некој или некоја му направил нешто... (тоа можам да ви го гарантирам)
инаку, кој рече дека луѓето се биле злобни??? мислам, има злобни људи по овој свет, ама не е секој злобен....
секој човек може да има по некое делче злоба у него, ама ретки се оние кај кои злобата го превземела паметот...
Луѓето "се" злобни, само поради фактот што тоа е најлесен начин да дојдеш до успех...
кога го елиминираш конкурентот, само ти преостануваш.. значи ти си победникот... тоа сакав да го кажам....
АКО УБАВО ЧИТАТЕ ЈАС ПРАШАВ ДАЛИ МИСЛИСТЕ ДЕКА ПОСТОЈАТ ЗЛОБНИ ЛУЃЕ, А НЕ ТВРДЕВ ДЕКА ПОСТОЈАТ. КАЖАВ ДЕКА ЛУЃЕТО СЕ ЛОШИ (ИМА РАЗЛИКА)
jameu jasta
не постои човек на кој ништо лошо не му се случило (или некој нешто му направил). Ја отворив темава пошо гледам колку кајганџии се однесуваат лошо на форумов
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
То се само муабети. Ја на пример ко ќе видам грд чоек то и му го кажвам. Му велам “Ој бегај ругобо една“ а тој мене “Оти си толку злобен“ Јас злобен !!?? А бе погледај се на што личиш красто една !! јас не сум злобен само искрен.
Или ќе видиш на работа некој што не го бива за тоа работно место а знаиш дека ти самио подобро ќе ја обавуваш работата нормално ќе направиш се него да го избркаат или сменат а тебе да те постават на неговво место. Тоа злоба ли е или добробит за фирмата, а добробит и за тој неспособнио пошто ќе си го најде вистинското место во друштвото.

Значи злоба не постои, само постојат предрасуди и стереотипови према искрени и амбициозни луѓе кои користат сите средства да стигнат до својата цел.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.516
Поени од реакции
8.226
АКО УБАВО ЧИТАТЕ ЈАС ПРАШАВ ДАЛИ МИСЛИСТЕ ДЕКА ПОСТОЈАТ ЗЛОБНИ ЛУЃЕ, А НЕ ТВРДЕВ ДЕКА ПОСТОЈАТ. КАЖАВ ДЕКА ЛУЃЕТО СЕ ЛОШИ (ИМА РАЗЛИКА)
jameu jasta
не постои човек на кој ништо лошо не му се случило (или некој нешто му направил). Ја отворив темава пошо гледам колку кајганџии се однесуваат лошо на форумов
човек што се однесува лошо и злобен човек се два сосема разчлични поими!!!!
и не заборавај, живееме у македонија, не треба да те зачудува што има толку многу луѓе(па дури и на кајгана...) :helou:
а и како што гледам не си прашала дали постојат злобни луѓе, туку си прашала зошто луѓето се толку злобни... :helou:
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
човек што се однесува лошо и злобен човек се два сосема разчлични поими!!!!
и не заборавај, живееме у македонија, не треба да те зачудува што има толку многу луѓе(па дури и на кајгана...) :helou:
а и како што гледам не си прашала дали постојат злобни луѓе, туку си прашала зошто луѓето се толку злобни... :helou:
прашав зошто луѓето се толку лоши. И дали мислите дека постојат злобни луѓе? Темата е така насловена за да некако го спојам тоа. Во постот убаво си пишува.
има разлика меѓу злоба и лоши луѓе, затоа поставив две РАЗЛИЧНИ прашања:helou:
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
poveketo luge se losi
rekol Bijant koj bil
eden od sedumte mudreci
losiot covek e fuserska stoka
i se raga kako los
dobroto drvo dava dobar plod
losoto los-od biblijata
losiot e mnogu opasen
bidejki ima jaka volja
a nikakva etika i obzir
zatoa so nego nema pregovori...
 
Член од
8 февруари 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
spored mene lugeto se ragaat losi.takvi gi napravila sredinata,semejstvoto sto e mn biten faktor.i mn luge ambiciozni ne se zadovoluvaat so nesto sakaat poveke.i ke napravat se za da stignat do taa cel.ne se zamaraat dali se losi ili dobri tuku samo kakva korist imaat.:nenene::nenene::nenene::nenene::nenene::nenene:
 
Б

Бат Елохим

Гостин
секој различно си го толкува поимот злоба! Ако некој нешто и микромилиметарски неважно ни згреши, ние имаме тенденција да го етикетираме како злобен. а тој истиот што нас ни згрешил, со 100 други може да биде фер и ептен човечен (нормално има забегани исклучоци, во филмот на Росаура :)) :toe:

а нетов е многу неважна работа во животот... некои луѓе тука се се што во реалност не можат да бидат. е па јеби га.. нека си го тераат филмот и готово! :)
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Прочитав погоре беше спомнато кражби и деликвенција = злоба..
Од каде тоа? Тие не ги прават луѓето злобни.. Тоа е борба за опстанок..
Убиството е друга работа ама пак и тоа не е мерило за злоба..
Всушност сите сме подеднакво покварени и подеднакво добри.. Само што некој ја покажува и живее својата лоша страна, а некој добрата.. Што не значи дека во одреден момент по потреба неможе да ја извади и искористи и другата маска и дека не спие тоа нешто длабоко во него.. Финтата е само што секој ја игра играта водејќи се по различни принципи, но адутот во ракав е тука стално.. Е кога ќе биде искористен и дали ќе биде тоа зависи од животот, околината и тн и тн.. Но не значи дека некој неможе да биде злобен или незнам..
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Прочитав погоре беше спомнато кражби и деликвенција = злоба..
Од каде тоа? Тие не ги прават луѓето злобни.. Тоа е борба за опстанок..
Убиството е друга работа ама пак и тоа не е мерило за злоба...
Кажи ми ти мене човек да силува 80 годишна старица и да и напика крпа во грлото и со тоа да ја задуши дали не е тоа злобно дело? Илузија е дека луѓето со криминални дела се борат за опстанок, криминалот е неопстанок.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Прочитав погоре беше спомнато кражби и деликвенција = злоба..
Од каде тоа? Тие не ги прават луѓето злобни.. Тоа е борба за опстанок..
Убиството е друга работа ама пак и тоа не е мерило за злоба..
Всушност сите сме подеднакво покварени и подеднакво добри..
Само што некој ја покажува и живее својата лоша страна, а некој добрата.. Што не значи дека во одреден момент по потреба неможе да ја извади и искористи и другата маска и дека не спие тоа нешто длабоко во него.. Финтата е само што секој ја игра играта водејќи се по различни принципи, но адутот во ракав е тука стално.. Е кога ќе биде искористен и дали ќе биде тоа зависи од животот, околината и тн и тн.. Но не значи дека некој неможе да биде злобен или незнам..
по сево ова што го наведе во твоето мерило за злоба баш ме интересира што за тебе е злобно?
сите имаме лоши мисли, работата е да не ги остваруваме
 

Kajgana Shop

На врв Bottom