Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Не викнав фаул, само сакав да кажам дека еден Христијанин сигурно нема да се впушти во авантура со еден куп богови. За него Исус Христос е единствен бог а за тебе тој е ем бог ем формула.:cool:
Но човеку, ние не бараме ти да веруваш ниту да имаш авантури со ништо што е против твојата волја... Ти на памет зборуваш или си итражувал нешто во врска со О.Т.О. и телема?

За мене, да Исус е едно, но за друг секако е друго нешто... и додека вие овде мислите дека јас ги навредувам рисјаните, во редот така учиме еден од друг. Мојот став за некој бог, не го навредува ниту богот, ниту пак некој што верува и има свои ритуали :)
Не е така? :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не знам зошто „вистина“ го стави во наводници... твојата вистина е ок, нечија друга е лага? :) Цело време тоа ти укажувам дека ти си бедник и дека бесцелно ги навредуваш искуствата на другите пласирајќи го твоето постоење како многу повалидно од нечие друго...

Инаку, не се лажеш, само не си разбрал за дрогите... како што кажав нафрлаш инфо пребарувајќи по нет! Наркоман секогаш ќе си најде оправдување во врска со дрогите, исто како и хипиците во тие времиња... Си читнал и слушнал, но слабо си разбрал... ќе мора да побараш повеќе по нет за да ми кажеш каде јас тоа грешам и лажам со презентирање на мојата школа :)

Прочитај, разбери, пресуди момче! :)
Кои се тие чудни дроги? Мислиш твоите супстанции, трева, лсд, кокаин? Тоа е против законски... има дроги и дроги... Бирај мудро... има голуб но има и змија! Така вели Законот! Дрогите од надвор се отров за внатрешниот храм...

И немој те молам да ми влегуваш во објаснување на квантна физика и електрони... Од косинуси до квантна физика ми замина. Форумли момче формули... не само именки да ми даваш!
Пак се обидуваш твоите исецкани мисли кои не се надополнуваат да ми ги споредуваш со наука :) Кој како чини, дури и да блада, оди со квантна физика... Ќе треба и тоа да научиш пред да те сфаќам сериозно... вака си само уште еден wanna be квази научник кој што бара неуки за да си набилда его..

Такви знам премногу :)

П.С. Седни, книги в раце, и заборави дека нешто знаеш... подобро ќе ти биде... посебно наука гледам со неа ќе сакаш да објасниш, како што прават и атеистите :)
Врлина до врлина.....го обожавам зборов. :)
Фала за тоа што ми го покажа патот.
Демек бедно до сега чекорев по стрништа и ливади.
Бедник што се дрогира......хахаххх најдалеку од сите
си отишол жими се. Што вика телемата и законот по
повод лажното клеветење ?
Што треба да ти направам ? :)

Те пуштив тебе како прле пред магаре, и истрча доста
самоуверено....морам да признам.
И до кај дојдовме...до врлините :)
Што вика телемата љубов е законот?
Може да си го протолкувал како љубов кон проекцијата
своја како хептаграм-паметниот.
Да беше на патот до сега ќе знаеше дека умот
е дихотомичар.
Законот умот неможе да го разбере.
Љубов е само празен збор(како и секој друг) со кој се расфрла секоја будала.
“22. Јас сум Змија што дава Знаење и Восхит и блескава слава, и ги поттикнувам срцата на луѓето со пијанство. За да ме обожувате земете вино и чудни дроги за кои ќе му кажам на мојот пророк, и бидете опиени од нив! Тие воопшто нема да ви наштетат. Тоа е лага, таа лудост против јаството. Истакнувањето на невиност е лага. Биди силен, о човеку! страстен, уживај во сите сетилни и насладни нешта: не плаши се дека кој било Бог ќе се откаже од тебе заради тоа.“ - Книга на Законот

Змија велиш ? :)
А кај е Ибис-от ?

Доста чекорите како офци по туги патеки !

Секој човек мора да ги надмине сопствените пречки, да ги разобличи сопствените илузии. Сепак, други можат да му помогнат да ги оствари тие две и можат целосно да го оспособат да избегне многу лажни патеки, кои не водат никаде, а само ги искушуваат уморните стапала на неиницираниот аџија. Понатаму, тие можат да осигураат дека правилно е испробан и испитан, зашто има многумина кои за себе мислат дека се Мајстори а не ни стапнале по Патот на Служење кој води дотаму.“ - Liber LXI

Хахахахх други?
Демек они се Боговите?

Служење?
На кого да му служам?
И ти како муслиманите(без никаква навреда, само констатирам)....роб да не си?
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
6
Поени од реакции
3
Moже ли некој ве молам да ме просветли зошто атеистите се толку желни цело време да ги исмејуваат или да ги негираат верувањата на другите луѓе. Дали е тоа можеби затоа што неверувањето остава празнина која треба да биде исполнета со антипатија кон нешто? Помогнете ми да разберам.

Не сум религиозен и искрено мислам дека сериозноста и посветеноста што некои луѓе ја вложуваат во религиозни активности е бесмислена. Сепак, успевам да ги оставам овие религиозни фанатици на мир... Всушност не се ни трудам да трошам време или напор за нив. Seriously, I couldn't care less. Воопшто не чувствувам потреба да ги напаѓам верските убедувања кои што се разликуваат од моите.Чудно... претпоставувам дека може да се каже дека страдам од болест наречена ТОЛЕРАНЦИЈА.

За ова кратко време во кое што сум на форумов, забележав дека има еден куп атеисти кои се чини дека секој ден водат “Крстоносни војни“ против сите што се религиозни. Тема по тема, пост по пост... осудуваат, исмеваат и се обидуваат да ја негираат верата на другите. Едноставно не можат да се држат настрана. Како фанови на атеизмот зборуваат за нешта кои воопшто не се однесуваат на нив, и во тој процес тие едноставно паѓаат како празни лушпи од човечки суштества кои немаат ништо што ќе ги води во животот освен омразата. Едноставно живеат за да мразат...

Ако не веруваат во постоење на Бог, зошто се занимаваат со религијата? Чудно ми е тоа што поминуваат толку време пишувајќи и зборувајќи за нешто што тврдат дека е имагинарно и дека не постои...

Вие што мислите?
zatoa sto sekoj covek ima vo svojata dusa verba vo nesto i veruva vo boga ,, samo sto tie go negirat postoenjeto na boga, koga ke se najdat vo tesno se plasat i vo nivnata dusa se pojavuva custvo na strav i se obiduvat na skrien nacin da se molat i sekogas izjavuvat gospode boze. barem imav takov slucaj .postojano go negirase postoenjeto na boga koga nesto loso ke i se slucese na cas izgovarase gospode boze..zosto......?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Врлина до врлина.....го обожавам зборов. :)
Фала за тоа што ми го покажа патот.
Демек бедно до сега чекорев по стрништа и ливади.
Бедник што се дрогира......хахаххх најдалеку од сите
си отишол жими се. Што вика телемата и законот по
повод лажното клеветење ?
Што треба да ти направам ? :)
Те пуштив тебе како прле пред магаре, и истрча доста
самоуверено....морам да признам.
И до кај дојдовме...до врлините :)
Што вика телемата љубов е законот?
Може да си го протолкувал како љубов кон проекцијата
своја како хептаграм-паметниот.
Да беше на патот до сега ќе знаеше дека умот
е дихотомичар.
Законот умот неможе да го разбере.
Љубов е само празен збор(како и секој друг) со кој се расфрла секоја будала.
Змија велиш ? :)
А кај е Ибис-от ?
Доста чекорите како офци по туги патеки !
Хахахахх други?
Демек они се Боговите?
Служење?
На кого да му служам?
И ти како муслиманите(без никаква навреда, само констатирам)....роб да не си?
Не ти го покажувам патот... само малку пато+кази :) Во твој стил...
Секогаш одам најдалеку од сите... во крвта ми е тоа :)
Стигнавме до никаде... со тебе на било која тема ќе се докажуваме што е што, далеку од темата... И нормално ќе си мериме пениси, што мене не ми смета...
Додека се споменува Законот јас сум пресреќен :)

Инаку, може да ми направиш што сакаш, ако можеш и ако тоа е твојата чиста волја :) Таков е законот... Како браќа борете се :)

Не може законот да го протолкуваш како Љубов кон проекција... не го заборавај и другиот дел од законот :) Проекцијата ќе те доведе во судир со друга ѕвезда... како што и се случува...
Умот е курва... го знаеме тоа, но морам на форумов да го користам за да се „разберам“ со тебе и другите :) Нормално ти ќе ми кажеш како јас еве, ни пат знам ни нози имам...

А сите други прашања се од Liber AL... кому да му служиш... на оној кој што вели дека каде што е тој, нема други богови! Книга на законот, таму некаде, пребарај...
Змијата... е врзана во текстот мислам со знаење... сето тоа ќе го разгледаш во однос со еврејскиот канон и египетските митологии...
Нормално, таму е и Ибисот кој го споменуваш :)
Малку медитација... по тоа си нели... свои медитации искористи ги да навлезеш подлабоко во она што зборува Законот... вака сувопарно... ништо не можам да ти кажам или да објаснам со вакви површни прашања... Ќе морам да молчам и да остане вака необјаснето сето тоа неразбирање на Законот...

Туѓи патеки... не знам за кои туѓи патеки зборуваш... Јас си одам по мои, малку трнливи но здравје, менуваме завои кога ќе притреба :)
Друго, што остана неодговорено... Да, роб сум, на оној што каде што е тој нема други богови :)

П.С. Зошто сите постови, прашања ти се поеми? Те мрзи да читаш до крај?
 
Hitchhiker

Concordia
Член од
23 октомври 2011
Мислења
96
Поени од реакции
31
И јас не би ги сметал за христијани, но проблемот е што и тие самите неможат да се дефинираат.
Прашај православен, за него протестантите се секташи, прашај протестант, за него православните се идолопоклоници....и така се до бескрај. Кој е реперот, критериумот?
90% од "христијаните" во земјава, библија немаат отворено во рака, но на свештенството тоа не им смета, кога треба да им наплатат за некој религиозен обред.
Зошто според тебе е нелогично христијанин, да биде во О.Т.О а не е нелогично да се маскира за коледе, да собира билки.....и да прави ред други пагански практики и ритуали?
Во случајов трагедија е што член на ОТО одредени членови ги смета за христијани. Нели телемитот ја следи својата патека, демек единствената му патека, благодарение на законот на Телема. (секоја ѕвезда по сопствената орбита). Овие што ти ги спомена, коледариве нормално дека се се само не христијани, а тоа како последица на не познавањето на телемата. Што да прават кутрите лесно заскитуваат по туѓи патеки.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не ти го покажувам патот... само малку пато+кази :) Во твој стил...
Секогаш одам најдалеку од сите... во крвта ми е тоа :)
Стигнавме до никаде... со тебе на било која тема ќе се докажуваме што е што, далеку од темата... И нормално ќе си мериме пениси, што мене не ми смета...
Додека се споменува Законот јас сум пресреќен :)

Инаку, може да ми направиш што сакаш, ако можеш и ако тоа е твојата чиста волја :) Таков е законот... Како браќа борете се :)

Не може законот да го протолкуваш како Љубов кон проекција... не го заборавај и другиот дел од законот :) Проекцијата ќе те доведе во судир со друга ѕвезда... како што и се случува...
Умот е курва... го знаеме тоа, но морам на форумов да го користам за да се „разберам“ со тебе и другите :) Нормално ти ќе ми кажеш како јас еве, ни пат знам ни нози имам...

А сите други прашања се од Liber AL... кому да му служиш... на оној кој што вели дека каде што е тој, нема други богови! Книга на законот, таму некаде, пребарај...
Змијата... е врзана во текстот мислам со знаење... сето тоа ќе го разгледаш во однос со еврејскиот канон и египетските митологии...
Нормално, таму е и Ибисот кој го споменуваш :)
Малку медитација... по тоа си нели... свои медитации искористи ги да навлезеш подлабоко во она што зборува Законот... вака сувопарно... ништо не можам да ти кажам или да објаснам со вакви површни прашања... Ќе морам да молчам и да остане вака необјаснето сето тоа неразбирање на Законот...

Туѓи патеки... не знам за кои туѓи патеки зборуваш... Јас си одам по мои, малку трнливи но здравје, менуваме завои кога ќе притреба :)
Друго, што остана неодговорено... Да, роб сум, на оној што каде што е тој нема други богови :)

П.С. Зошто сите постови, прашања ти се поеми? Те мрзи да читаш до крај?
Хахахах пато+кази, добар си...дури и ме изненади.
Борба.....не го сакам тој збор.
За што би се бореле?

Да го разберам законот?
Синхронизацијата со законот ми е утната. :)
Најверојатно во овој живот и неизводлива.
Може така сум го трасирал животов.........
А пак да го следам?!
Тоа никако неможе да се случи.
Има само една апсолутна вистина, а таа е мојата.
Секој нека си ја бара во себе(својата), само да порачам.
Не во закони(догми) надвор од себе.
Не во некои филозофски учења...демек разбрал нешто.
Тоа е илузија, и нема ништо друго освен субјективното искуство.
Објективното е илузија.

Инаку вистината е проста, и бара прости реченици......
Кратки, и конфузни :)
Хахахахх конфузно е .....знам ама што да се прави.
Најблиску што може е тоа.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Хахахах пато+кази, добар си...дури и ме изненади.
Борба.....не го сакам тој збор.
За што би се бореле?

Да го разберам законот?
Синхронизацијата со законот ми е утната. :)
Најверојатно во овој живот и неизводлива.
Може така сум го трасирал животов.........
А пак да го следам?!
Тоа никако неможе да се случи.
Има само една апсолутна вистина, а таа е мојата.
Секој нека си ја бара во себе(својата), само да порачам.
Не во закони(догми) надвор од себе.
Не во некои филозофски учења...демек разбрал нешто.
Тоа е илузија, и нема ништо друго освен субјективното искуство.
Објективното е илузија.

Инаку вистината е проста, и бара прости реченици......
Кратки, и конфузни :)
Хахахахх конфузно е .....знам ама што да се прави.
Најблиску што може е тоа.
Па да де, само твојата... мене што ме иритираше е твоето запињање на твојата врз другите вистини, и морав да пристапам во твој стил... со малку подолги реченици
Здравје, штом е утната то е...
Наше е Законот да се даде, па вие бирате дали да сте или не во тоа блаженство (ова во стилот на Книгата на Законот)...

Грешка, ако твоето за тебе е апсолутна вистина, тогаш зошто ми велиш субјективно искуство? Не е тоа објективно?
Хм?
Вистината не се кажува конфузно :) Тоа само ти го правиш, но ете таква ти е оваа „инкарнација“ изгледа... да си апсолутен но неразбран :)

П.С. Би се борел за да се раздвижиш :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Па да де, само твојата... мене што ме иритираше е твоето запињање на твојата врз другите вистини, и морав да пристапам во твој стил... со малку подолги реченици
Здравје, штом е утната то е...
Наше е Законот да се даде, па вие бирате дали да сте или не во тоа блаженство (ова во стилот на Книгата на Законот)...

Грешка, ако твоето за тебе е апсолутна вистина, тогаш зошто ми велиш субјективно искуство? Не е тоа објективно?
Хм?
Вистината не се кажува конфузно :) Тоа само ти го правиш, но ете таква ти е оваа „инкарнација“ изгледа... да си апсолутен но неразбран :)

П.С. Би се борел за да се раздвижиш :)
Има ли повеќе типови на блаженство(bliss) ?
Апсолутен но неразбран ........ фала богу. :0
Ако бидеш разбран тури му пепел.
Се движам јас, ама у кафезов толку е можноста.
Здравје......се надевам во овој живот во полни потенцијали
да се експонира јадрото, кое е во хаотично движење и само што не експлодирало.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Има ли повеќе типови на блаженство(bliss) ?
Апсолутен но неразбран ........ фала богу. :0
Ако бидеш разбран тури му пепел.
Се движам јас, ама у кафезов толку е можноста.
Здравје......се надевам во овој живот во полни потенцијали
да се експонира јадрото, кое е во хаотично движење и само што не експлодирало.
Наназад ако разгледаш (сега веќе не знам на која тема ти го кажав тоа), ти велев дека ако твојот апсолутен универзум не го поврзеш со другите преку нитки, ако не се „бориш“ и спознаваш повеќе, преку други нечии универзуми, ќе бидеш во тој кафез, ќе експлодираш и повеќе шанса има да станеш црна дупка, отколку ѕвезда...
Ти го споменав и изразот ѕвезден сунѓер некаде, но тоа ти си го скокнал... И останало не истражено...

Тоа е тоа...

П.С. Кафезот е бесконечен :) Не би требало да те мачи кафезот...
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Во случајов трагедија е што член на ОТО одредени членови ги смета за христијани. Нели телемитот ја следи својата патека, демек единствената му патека, благодарение на законот на Телема. (секоја ѕвезда по сопствената орбита). Овие што ти ги спомена, коледариве нормално дека се се само не христијани, а тоа како последица на не познавањето на телемата. Што да прават кутрите лесно заскитуваат по туѓи патеки.
Абре сите станале експерти за Телемата. Јас незнаев дека е толку лесна за сфаќање... И зошто на секој даден пост, следува преиспитување... Ако си Телемит тоа не треба да правиш, ако си Сатанист ова не треба да правиш, ако си Атеист вака и вака треба да се однесуваш.... Ајде престанете со стереотипи и етикетирања. Ако јас имам извадок од Библијата на сатаната во потпис, тоа не ме прави Сатаниска... Отворете го умот, примајте ја енергијата што е околу вас и извадете си ја главата од вашите „задници“. Тргнете прво од себе а после осудувајте ги другите (но ако се спознаете како луѓе мислам дека осудувањето ќе ви стане смешно минато)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

А како да ги смета? Ако тој му рече јас сум христијанин, според кое мерило да оцениме дали е или не е?
Ти како ги препознаваш "вистинските" христијани? Дали се тоа православните? Дали се католиците....? Кој се?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Оставете го дечкото на мира, во право е. Ако едно учење (теламата) ја има инкорпорирано реинкарнацијата како дел од себе, ниту еден христијанин тоа не може да го прифати, а при тоа да се нарекува христијанин, без разлика на која деноминација припаѓа...

Мислам, елементарни работи...
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Абре сите станале експерти за Телемата. Јас незнаев дека е толку лесна за сфаќање... И зошто на секој даден пост, следува преиспитување... Ако си Телемит тоа не треба да правиш, ако си Сатанист ова не треба да правиш, ако си Атеист вака и вака треба да се однесуваш.... Ајде престанете со стереотипи и етикетирања. Ако јас имам извадок од Библијата на сатаната во потпис, тоа не ме прави Сатаниска... Отворете го умот, примајте ја енергијата што е околу вас и извадете си ја главата од вашите „задници“. Тргнете прво од себе а после осудувајте ги другите (но ако се спознаете како луѓе мислам дека осудувањето ќе ви стане смешно минато)
http://forum.kajgana.com/threads/Зошто-атеистите-се-толку-опседнати-со-Бог-и-религијата.53971/page-42#post-4505889

Па да, целта е да излезеш од себе, да го надминеш егото, да станеш отворен за енергијата и секако да се подотвори вратата на перцепцијата, да ја спознаеме нашата суштина...или што и да е во тренд последно време...
Е тогаш ќе можеш со најпримитивни изрази да навредуваш некого, поради различни ставови...гледајќи се себе со “изабранички“ наочари,во напад на почитување на различност and all...
Или ќе им посочиш на неколкумина форумџии кои немаат афирмативен став кон телемата - да си ги извадат “главите од задниците“.

Секако и атеисти кои не ја отвориле библијата земаат за право да ги вреднуваат верниците, како што на виртуелниов “град“ е забележливо, но да не одиме во амбисот на лицемерието...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Оставете го дечкото на мира, во право е. Ако едно учење (теламата) ја има инкорпорирано реинкарнацијата како дел од себе, ниту еден христијанин тоа не може да го прифати, а при тоа да се нарекува христијанин, без разлика на која деноминација припаѓа...

Мислам, елементарни работи...
Малку погоре... напишав а и на други места дека христијани има и дека тоа не е проблем...
ние не бараме да веруваат тие во нешто друго, ниту да имаат авантури со ништо што е против нивната волја... Не мора никој ништо да прифаќа, освен неколку работи кои се добро познати и кои немаат врска со верувањето на поединецот...

Телемата не е догма, не е религија... разберете го тоа веќе еднаш, не знам каде запињате во вашето разбирање... Христијанин не можел ваму не можел онаму, атеист не бивало така онака бивало... Никој никаде не бидува според вас... тоа е...
Методот на науката, цел на религијата! Еднаш за секогаш да се разбие догмата и да се стави точка на тоа што е телема...
Вие или не сакате да разберете и по навика се бунтувате без ниту со прст да мрдните да поработите, или е нешто многу посериозно...

И одете на подфорумот телема, оти ќе не банираат овде :) Ја зезнавме темата :)
--- надополнето: Oct 24, 2011 7:16 PM ---
Секако и атеисти кои не ја отвориле библијата земаат за право да ги вреднуваат верниците, како што на виртуелниов “град“ е забележливо, но да не одиме во амбисот на лицемерието...
Секој секого вреднува на форум... изгледа затоа се форумите... :)
Виртуелноста дава малку поголема слобода од реалноста... I think :)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
http://forum.kajgana.com/threads/Зошто-атеистите-се-толку-опседнати-со-Бог-и-религијата.53971/page-42#post-4505889

Па да, целта е да излезеш од себе, да го надминеш егото, да станеш отворен за енергијата и секако да се подотвори вратата на перцепцијата, да ја спознаеме нашата суштина...или што и да е во тренд последно време...
Е тогаш ќе можеш со најпримитивни изрази да навредуваш некого, поради различни ставови...гледајќи се себе со “изабранички“ наочари,во напад на почитување на различност and all...
Или ќе им посочиш на неколкумина форумџии кои немаат афирмативен став кон телемата - да си ги извадат “главите од задниците“.

Секако и атеисти кои не ја отвориле библијата земаат за право да ги вреднуваат верниците, како што на виртуелниов “град“ е забележливо, но да не одиме во амбисот на лицемерието...
Ах бре Џони, ти вака мене а ... :D
Како прво пораката е испратена до сите (вклучувајќи ме и мене). Не е само до цитирачот... Како што кажав, треба да се престане со осудувања за работи кои не ни се јасни. Не само за телемата, за сите воопшто (спомнав и Сатанисти и Атеисти ако не прочита). А и ти немаш баш право да кажеш кој како навредува овде на форум, зошто ти си најголем критичар за сите други, нели? :)
Почни од себе си Џони, почни од себе си... Јас почнав ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom