DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
Кога јас би бил во болница цела година, бла, бла... инфузии, ово-оно, и тоа како би прашувал што е ова што е она.Дали ти кога би бил во болница цела година и секојдневно те боцкаат со некакви инекции, вакцини, секој втор ден инфузии, дали ти би прашувал за секој иљач посебно што е тоа, зошто служи, како делува, кои се контраиндикациите или би имал малку доверба во лекарите?
И која е веројатноста докторката што го води баш неколку дена пред тоа да му каже дека Кетоналот не оди со ниски тромбоцити? И зошто баш тоа му го кажала, кога тој примаше и многу други лекарства кои исто така не одат со некои други лекарства. Но баш тоа му го кажа и баш тогаш, 2-3 дена пред сестрава по грешка да се обиде да му стави Кетонал.
Во ред е да веруваш во случајности, впрочем ова не е ништо во споредба со случајноста за самонастанување на ДНК и животот во која што веруваат сите атеисти
Историјата на медицината е најверојатно преполна со слични случаи кои завршиле со смрт од небрежност. Веројатноста е дека поголемиот дел од настраданите пациенти биле побожни, се молеле по цел ден да оздрават, па не оздравеле.
Твојот пример нема апсолутно ништо мистично во себе. Исто како што е сосем можно да не си рикнал од Кетоналот. Сосем е веројатно и таков Кетонал да си попил и претходно, а да си останал жив.
Како и да е, молитвите на некои верници немаат „корелација“ со кетоналот кај пациентите со ниски тромбоцити.
Пола САД за време на финалето во Супербоул се моли да победи едниот тим, а другата половина се моли да победи другиот тим. WTF?!?
За тоа време во Етиопија, Сомалија и Еритреа на ангро умираат деца од глад и болести.
Најверојатно никој не се моли за децава.