Зошто атеистите немаат одговор на следниве прашања.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Прости доколку моите прашања ти делуваат иритирачки и провокативно. Но не ми текна друг начин да го проверам твоето Библиско познавање и светите книги што ги имаш прочитано.
Поздрав.
Ништо, само малку обзервација е потребно за да забележиш кој знае а кој не. Јас искрен ќе бидам, немам познавање од библијата колку некои од другиве антихристи (пардон, атеисти :) ) на темава. Немам повеќе ни библија при рака пошто ја позајмив пред неколку години и уште ми ја враќаат. Така да често не можам да влезам во дискусија со некој конкретен цитат од истата. Прочитан ми е одамна поголемиот дел од стариот завет и целосно новиот завет, но навистина одамна, пред повеќе од 10 години сигурно. Во секој случај добро сум запознат со тврдењата на библијата, креационизмот, и добро се сеќавам на многу од работите што едноставно не држат вода. Сум присуствувал и на протестантски собири, сосема случајно и одамна едни дечки од Норвешка ме поканија да „поразговараме за Исус“. За жал не ве препознавам кои сте кои, многу фракции ве има и сите зборувате лошо за другите :) Како и да е, имате некои интерпретации на библијата кои држат вода наспроти православните и католиците, како употребата на икони, молитви кон светците и денот за одмор (сабота/недела, ако не сте и тука поделени) Не дека нешто од тоа мие релевантно, ама повеќе почит имам за вас кои „ја проучувате библијата до бесвест“ што вика Мики, за разлика од нив кои не се замарале со читање туку одма удирале на практика :)

Во секој случај, срамота е кога не ни се допаѓа дискусијата да удираме на дискредитација. Најдобар е методот на Мики, тој воопшто не одговара на незгодни прашања, секогаш иде на варијанта „ја нисам из одавде“ :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
Какви аргументи ми даде? :) Да влезам за Велигден во црква и да им поставам библиски прашања на „верниците“? Тоа не е аргумент, затоа што за Велигден во (претпоставувам православна) црква повеќе влегуваат атеисти, традиционалисти, суеверни луѓе отколку христијани.
Повели дојди било која недела во мојата локална (протестантска) црква и постави им прашања од Библијата на верниците таму. Наместо одговор има да добиеш 20 минутна проповед на прашањето :)

Бидејќи ти рече дека вие атеистите многу повеќе ги познавате светите книги (Библијата) од верниците, затоа и јас ти поставувам најелементарни прашања, за да видам дали ти воопшто си ја отворил Библијата.
После толку заобиколување се плашам дека мојата претпоставка е вистинита.
--- надополнето: Sep 8, 2011 3:13 PM ---

Одговори ми прво ти на двете поставени прашања, па јас со задоволство ќе ти одговорам на ова исто така лесно прашање.
Чорбаџи, за џабе се замарате со тоа дека верниците „знаат“... учење на памет, и вадење цитати од книга која што не е разбрана, и преведена добро... нема ништо добро од тоа да произлезе... Тоа не е знаење или спознавање на богот... Види ја темата прашања за христијанството... Што откривме од сите тие неодговорени прашања и тупкање во место?
Споревме нели за имиња, за Исус, за тоа кој е кој, дали е Христос и зошто богот барал името на „малиот“ да биде баш исус... но тоа се избегна да се одговори или пак се дриблаше во место. Сигурно е многу лесно па не вреди да се одговара, знам... Или пак евреите ептен даваат замрсени идеи за богот...

Простите верници ќе прашуваат едноставни прашања, и ќе бидат задоволени со цитати од книга во која ете се сомневаат и прашуваат за истата... Проповеди не чинат добро на никој освен на слеп верник или некој изгубен во животот кој што нема надеж во ништо повеќе освен во она што другите ќе му го сомелат.

Ако прашувам за „новиот“ завет(во кој се сомневам и мислам дека е обична кованица и искасапеност заради оваа или онаа причина[зборувано на многу места низ форумов]), и ми дадеш одговори од истиот тој завет(некој превод, сигурно различен од другите) со цитати (или од еврејскиот закон, тората, кој што сигурно не го разбирате, бидејќи рековме дека е лошо преведен и уште полоши разбран, кој знае пак како го проповедате ако сте неуки за истиот), мислиш дека ќе ми го тргнеш сомневањето? Ќе ми кажеш, не бидете Неверни Тома, верувајте без да видете?
Која иронија и вртење во круг. Тоа за другите... за атеисти тешко минува тоа...
Види ја темата Кој е Исус Христос... што добивме? Исус е што? Да веруваме дека е нешто, и да е навистина тоа, има разлика. Нели :)

Точно е дека атеист ќе нема одговор на праша од типот : зошто сме тука, каде понатаму, што е тоа тука, зошто се вртиме во елипса а не се движиме право!
Знаете за кој ќе нема одговор? Само на луѓе што само веруваат во такви замрсени и неразбрани дела како што е збирката книги наречена Библија, чиј еден понов дел е превод од преводот на некој неук грчки топук од IV век, кој што не бил запознаен со еврејските закони и правила, а денес пак, еден куп луѓе следат лошо скована верзија на еврејските закони, и најстрашно, не се прашуваат, само веруваат бидејќи пасторот ( пастор не беше нешто водач на овци? Каде една овца таму сите, ете од каде доаѓа можеби тоа) им вели така...
И нормално тие луѓе се сомневаат во оние кои што НЕ ВЕРУВААТ туку истражуваат... и велат на атеистите: ете вие немате одговор...
Немаме, но работиме да го имаме, не веруваме и не чекаме да видиме дали добро сме верувале и да „тумачиме“ стари еврејски закони како нам ни одговара, или како некој бедник ни превел од еврејски :)
Методот на науката, цел на религијата. Тоа е новиот начин на истражување...

Вечната борба помеѓу атеисти и верници продолжува на ова ниво :)
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Проповеди не чинат добро на никој...
Тогаш зошто проповедаш? :) Ако проповеди не чинат, тогаш не проповедај и пишувај ги твоите поенти кратко, јасно и концизно. Искуството покажало дека ретко кој чита коментар подолг од 10 реченици, а камо ли па да репицира на истиот.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
Тогаш зошто проповедаш? :) Ако проповеди не чинат, тогаш не проповедај и пишувај ги твоите поенти кратко, јасно и концизно. Искуството покажало дека ретко кој чита коментар подолг од 10 реченици, а камо ли па да репицира на истиот.
Јас не проповедам... јас само давам инфо, и оставам некој друг да истражува ако му е волја.
Значи не читаш ништо што јас зборував на претходните наши „расправии“ бидејќи сите се подолги од 20 реда... Добро, да си знам :) Јас пак чекам одговор. Не проповедаш кај оние кај кои немаш шанса да ги собериш во своето „стадо“ или што?
Јасно и концизно е, само малку подолго, за да собрам се во едно, да не пишувам премногу исти постови.
Не чинат овие проповеди:
Простите верници ќе прашуваат едноставни прашања, и ќе бидат задоволени со цитати од книга во која ете се сомневаат и прашуваат за истата... Проповеди не чинат добро на никој освен на слеп верник или некој изгубен во животот кој што нема надеж во ништо повеќе освен во она што другите ќе му го сомелат.
Не чинат проповеди од лоши преводи на свети книги, кои се пак лошо разбрани (имаме докази дека се различно разбрани од малиот милион различни христијански цркви). И сите вадите цитати од книги во кои ние се сомневаме дека се искасапени и немаат смисла.

Знам дека ви е во навика да вадите цитати надвор од контекст, но не со мои постови :) Имате за тоа ваши „свети книги“!
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
А ти кои свети книги ги имаш прочитано?

Баш ме интересира колку се сеќаваш од Библијата што си ја читал. Еве едно најелементарно прашање за проверка: Дали книгата на пророкот Илија се наоѓа во стариот или во новиот завет?
Не постои книга на пророкот Илија.

Ти си ја читал Багавадгита?
 
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Незнам дали сакаше да се направиш интересен, ама ова со, Атеистите се нечесни, ама ич не ти држи вода. Што сакаш да кажеш ако си атеист си нечесен? Тоа тебе така ти одговара или имаш некоја дефиниција од сите книги нели што ги имаме „прочитано“ овде на форумот.
Абе па и ти.
Изгледа глупо кога правиш интернет квиз.
 
R

Rock me Amadeus

Гостин
А и објасни некој на девојчето што значи да бидеш Атеист (не се лути мала и јас не знаев ама DBack ми разјасни :D)
Citaj pogore na temava.Veke sum go formirala i nakratko objavila svoeto mislenje vo vrska so ateizmot. Tuka sum da vidam sto mislat drugive,a ne za da mi se razjasnuva,objasnuva i formira mislenje za ateizmot,mala sum da,ama ne do tolku da mi se objasnuva i da mi se dzvakaat nestata :)

Uste nesto vo vrska so moite godini i privatnost?
--- надополнето: Sep 8, 2011 11:36 PM ---
Што да ти одговориме бе девојче, што е прашањето? Каква врска имаат твоите соништа со религијата? И мајка ми е почината, и јас ја сонувам често. Што врска има потсвеста со религијата? Дали знаеш дека во твојата религија, мртвите се мртви и ќе останат такви се додека Исус не се врати и не ги воскресне? Толкувањето на твоето доживување е во директна спротивност со тврдењето на библијата.
"Mojata" religija e prepolna so obicai,misticizam,folklor-Tuka spaga i sonot (za sonot se pisuvalo,od mnogu mak. avtori kako del od hristijanstvoto...kako misticen nebjasniv del od pravoslavieto vo makedonija)
Citaj me pogore sto sum napisala,ako veke me demantiras.Religijata nema vrska so verata. Sonot vo pravoslavieto e simbol,vesnik na nesto sto ke se sluci,neobjasniv del,cesto povrzuvan so visata,Bozjata sila. Ili gresam? Ispravi me te molam ako e taka.
--- надополнето: Sep 8, 2011 11:39 PM ---
Да му дојде да човек да си емигрира...ццц...:(
А 99 од 100 вакви се на факс...
od 2009 si tuka. Ne se preoperetuvaj,ke emigriram jas sto pobrzo od forumov.Se nadevam ti olesniv.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Citaj pogore na temava.Veke sum go formirala i nakratko objavila svoeto mislenje vo vrska so ateizmot. Tuka sum da vidam sto mislat drugive,a ne za da mi se razjasnuva,objasnuva i formira mislenje za ateizmot,mala sum da,ama ne do tolku da mi se objasnuva i da mi se dzvakaat nestata :)
Тоа што ти си оформила мислење, не значи дека си во право и дека твоето мислење е исправно.
Твоеето „мислење“ и не е баш твое мислење туку на Цркавата на која и припаѓаш која ти го дала такво, како изџвакано, ти само си го прифатила.
Никогаш не е лошо да прочиташ туѓи мислења за да видиш дали тоа изџвакано мислење кое си го прифатила е точно или не.
 
R

Rock me Amadeus

Гостин
Na nekoi od ateistite im drzi voda mislenjeto.
Sigurno crkava na koja "pripagjam" ne mi rekla-Citaj ja devojko biblijata dodeka pusus cigara...haha. (ako veke si me procital dobro,pa si zel za pravo da me citiras)
Ako veke diskutirame okolu moeto mislenje,nikogas ne pijam voda od ist izvor,sto bi se reklo. Pa i smetam deka nikoj ne treba da se drzi samo do eden izvor,vo proces koga formira mislenje.

Zosto si se opredelil kako ateist? Nakratko...ili kako i da e.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
ne zavisam ja od nivnite objasnuvanja posto nivnite objasnuvanja se neargumentirani i cista demagogija, oni sakaat da go opravdaat Bog a seta vina da ja prefrlat na covekot a bog spored poim e Suvereno i Apsolutno Bitie znaci seto zlo e Negova volja !!!!
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Na nekoi od ateistite im drzi voda mislenjeto.
Sigurno crkava na koja "pripagjam" ne mi rekla-Citaj ja devojko biblijata dodeka pusus cigara...haha. (ako veke si me procital dobro,pa si zel za pravo da me citiras)
Ako veke diskutirame okolu moeto mislenje,nikogas ne pijam voda od ist izvor,sto bi se reklo. Pa i smetam deka nikoj ne treba da se drzi samo do eden izvor,vo proces koga formira mislenje.

Zosto si se opredelil kako ateist? Nakratko...ili kako i da e.
Ова е форум девојко, секој секого може да цитира ако со некое мислење не се согласува. Истото и ти го правиш.

Дали ти пиеш од два извора или три или пет, сосем ирелевантно, ако не пиеш од оној подалечнииот.

Зошто сум се определил како атеист??
Прашањево не ти држи. Атеизмот не е определба. Но ќе одговорам зошто сум атеист, веројатно тоа го мислеше.
Сите се раѓаме како атеисти (немаме сознание за бог и религија). Од најраната младост, па досега, сите прикаски за богови (сите 5000 и кусур, вклучително и јудео-христијанско-муслиманскиот) ми се неприфатливи и невозможни. Толку.
 
R

Rock me Amadeus

Гостин

Ok e, se ragjame kako prazen list,nema ni tunka od religii itn...(so ovoj del se soglasuvam),i potoa roditelite praat sto praat so nas (krstevki,sunet).Mnogu cesto e taka.Jas ne sum zapoznaena so tvoeto minato.Zatoa te prasav zosto si se opredelil.Ne deka go plukav tvojot izbor i postoenje kako ateist.
Fino.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ok e, se ragjame kako prazen list,nema ni tunka od religii itn...(so ovoj del se soglasuvam),i potoa roditelite praat sto praat so nas (krstevki,sunet).Mnogu cesto e taka.Jas ne sum zapoznaena so tvoeto minato.Zatoa te prasav zosto si se opredelil.Ne deka go plukav tvojot izbor i postoenje kako ateist.
Fino.
А со кој дел не се согласуваш? Што не ти се сложува со твоето мислење за Атеистите?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom