Какви аргументи ми даде?
Да влезам за Велигден во црква и да им поставам библиски прашања на „верниците“? Тоа не е аргумент, затоа што за Велигден во (претпоставувам православна) црква повеќе влегуваат атеисти, традиционалисти, суеверни луѓе отколку христијани.
Повели дојди било која недела во мојата локална (протестантска) црква и постави им прашања од Библијата на верниците таму.
Наместо одговор има да добиеш 20 минутна проповед на прашањето
Бидејќи ти рече дека вие атеистите многу повеќе ги познавате светите книги (Библијата) од верниците, затоа и јас ти поставувам најелементарни прашања, за да видам дали ти воопшто си ја отворил Библијата.
После толку заобиколување се плашам дека мојата претпоставка е вистинита.
--- надополнето: Sep 8, 2011 3:13 PM ---
Одговори ми прво ти на двете поставени прашања, па јас со задоволство ќе ти одговорам на ова исто така лесно прашање.
Чорбаџи, за џабе се замарате со тоа дека верниците „знаат“... учење на памет, и вадење цитати од книга која што не е разбрана, и преведена добро... нема ништо добро од тоа да произлезе... Тоа не е знаење или спознавање на богот... Види ја темата прашања за христијанството... Што откривме од сите тие неодговорени прашања и тупкање во место?
Споревме нели за имиња, за Исус, за тоа кој е кој, дали е Христос и зошто богот барал името на „малиот“ да биде баш исус... но тоа се избегна да се одговори или пак се дриблаше во место. Сигурно е многу лесно па не вреди да се одговара, знам... Или пак евреите ептен даваат замрсени идеи за богот...
Простите верници ќе прашуваат едноставни прашања, и ќе бидат задоволени со цитати од книга во која ете се сомневаат и прашуваат за истата... Проповеди не чинат добро на никој освен на слеп верник или некој изгубен во животот кој што нема надеж во ништо повеќе освен во она што другите ќе му го сомелат.
Ако прашувам за „новиот“ завет(во кој се сомневам и мислам дека е обична кованица и искасапеност заради оваа или онаа причина[зборувано на многу места низ форумов]), и ми дадеш одговори од истиот тој завет(некој превод, сигурно различен од другите) со цитати (или од еврејскиот закон, тората, кој што сигурно не го разбирате, бидејќи рековме дека е лошо преведен и уште полоши разбран, кој знае пак како го проповедате ако сте неуки за истиот), мислиш дека ќе ми го тргнеш сомневањето? Ќе ми кажеш, не бидете Неверни Тома, верувајте без да видете?
Која иронија и вртење во круг. Тоа за другите... за атеисти тешко минува тоа...
Види ја темата Кој е Исус Христос... што добивме? Исус е што? Да веруваме дека е нешто, и да е навистина тоа, има разлика. Нели
Точно е дека атеист ќе нема одговор на праша од типот : зошто сме тука, каде понатаму, што е тоа тука, зошто се вртиме во елипса а не се движиме право!
Знаете за кој ќе нема одговор? Само на луѓе што само веруваат во такви замрсени и неразбрани дела како што е збирката книги наречена Библија, чиј еден понов дел е превод од преводот на некој неук грчки топук од IV век, кој што не бил запознаен со еврејските закони и правила, а денес пак, еден куп луѓе следат лошо скована верзија на еврејските закони, и најстрашно, не се прашуваат, само веруваат бидејќи пасторот ( пастор не беше нешто водач на овци? Каде една овца таму сите, ете од каде доаѓа можеби тоа) им вели така...
И нормално тие луѓе се сомневаат во оние кои што НЕ ВЕРУВААТ туку истражуваат... и велат на атеистите: ете вие немате одговор...
Немаме, но работиме да го имаме, не веруваме и не чекаме да видиме дали добро сме верувале и да „тумачиме“ стари еврејски закони како нам ни одговара, или како некој бедник ни превел од еврејски
Методот на науката, цел на религијата. Тоа е новиот начин на истражување...
Вечната борба помеѓу атеисти и верници продолжува на ова ниво