Златна Бубамара 2019

Дали оваа година би ја гледале Златна Бубамара?


  • Вкупно гласачи
    79
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
Во ред е да го хејташ македонскиот хумор, во ред е да не го сакаш Сашко, да ти е досаден иако е далеку од тоа. Како македонци нормално е во четири часовно шоу да најдеме пет минути досадни и да дробиме за тоа, но доколку присуствуваш верувај сите овие саати се прекратки.

И дај не се фаќајте само за хуморот, не е само тоа во ова шоу, имаш говор како таа актерката што се залага за сите активистички здруженија, го имаш детето кое на 12 години го преплива маратонот, неколку пејачи кои си промовираат концерти, хоровите кои имаа одлични изведби, постари пејачи кои знаат да направат добра атмосфера.

Али кога шитот е да бидеш хејтер...
Како што има луѓе на кои им се свиѓа "шоуто" има и такви на кои не им се свиѓа. Тоа не значи дека сум хејтер, ама да направиш шоу од 4 саати и да доделиш 50 награди, а од луѓето таму годинава иаме еднаш слушнато, пола што добија награди никој не ги ни познава, ниту нешто придонеле за таа награда. Ама ете пошто сме банана држава и цела естрада и јавност ни се состои од исти 50 луѓе со години веќе ќе се делат награди и на такви што заслужиле као Марко, и на такви што не заслужиле. Извадиле 1 спот ајде награда, хитче на радио им се вртело 1 недела ајде награда. Емисија имаат? Ајде награда.
Имаше време кога хуморот беше баш хумор и имаше прописно смеење, ова веќе е мачење. Ама ај да не бидеме хејтери, топ е шоуво штета го нема секој месец :(
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.057
Мене ме нервира што и најглупава да е бубамарава,овие што божем им е смешна ќе викаат кул е супер е, ауф.
Абе НАЈОТЕПАНА ДА БИДЕ,ќе ја јачаат.Затоа на ова дереџе сме.
Не само бубамарава,туку опто таквите карактери за се така викаат.Купуваат хамбургер од некаде и најгрд нека биде ќе викаат лелелеле болест е,поубав не сум јадел.
Како на одмор? Ллелелел незаборавно ауфффф.
Како на бубамара?ејјјј прејако брат,топ.Сашко цар, се помочавме од смеење.
А сите го прават ова оти демек ако речиш не е добра годинашнава бубамара,ќе бидеш на криво гледан од остатоков(божем елитата).
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.846
Поени од реакции
7.662
Како што има луѓе на кои им се свиѓа "шоуто" има и такви на кои не им се свиѓа. Тоа не значи дека сум хејтер, ама да направиш шоу од 4 саати и да доделиш 50 награди, а од луѓето таму годинава иаме еднаш слушнато, пола што добија награди никој не ги ни познава, ниту нешто придонеле за таа награда. Ама ете пошто сме банана држава и цела естрада и јавност ни се состои од исти 50 луѓе со години веќе ќе се делат награди и на такви што заслужиле као Марко, и на такви што не заслужиле. Извадиле 1 спот ајде награда, хитче на радио им се вртело 1 недела ајде награда. Емисија имаат? Ајде награда.
Имаше време кога хуморот беше баш хумор и имаше прописно смеење, ова веќе е мачење. Ама ај да не бидеме хејтери, топ е шоуво штета го нема секој месец :(
Кога веќе сме држава во која што освен политика не се случува ништо друго на кого треба да му дадат награди?
Дупер цела година му се врти нивната песна не сум твој тип и дечките се потрудиле да направат нешто во ова црнило од држава каде не се случува ништо и сите сакаат хејтери по професија да бидат како тој над тебе. Ајде кажи други нови што правеле нешто а да ги нема.

Поради тоа што освен политика не знаеме ништо друго еве имавме шанса да дознаеме дека Копров на многу души му направил кариери и луѓето му се благодарни до бескрај.

Преспав се трудат, прават македонски телевизиски проект, но кога е подобро да се гледа малечката невеста...

Сонце за три светови ќе се слуша уште сто години, но кој го ебе Мики...

Плус мораше да се воведи закон за процентуално радијата да пуштаат македонска музика и знаеш што се случува, тој термин го исполнуваат после полноќ кога никој не слуша. И да сакаат ниту имаат поддршка ниту финансии нешто повеќе да направат, па кога некој сепак ќе се одлучи да прави нешто тогаш не чини.

Ама ок е, се живее и да си пуштиш од 8-10 турски серии, потоа вести, па ѕвезде гранда и така до 100 и назад
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Како што има луѓе на кои им се свиѓа "шоуто" има и такви на кои не им се свиѓа. Тоа не значи дека сум хејтер, ама да направиш шоу од 4 саати и да доделиш 50 награди, а од луѓето таму годинава иаме еднаш слушнато, пола што добија награди никој не ги ни познава, ниту нешто придонеле за таа награда. Ама ете пошто сме банана држава и цела естрада и јавност ни се состои од исти 50 луѓе со години веќе ќе се делат награди и на такви што заслужиле као Марко, и на такви што не заслужиле. Извадиле 1 спот ајде награда, хитче на радио им се вртело 1 недела ајде награда. Емисија имаат? Ајде награда.
Имаше време кога хуморот беше баш хумор и имаше прописно смеење, ова веќе е мачење. Ама ај да не бидеме хејтери, топ е шоуво штета го нема секој месец :(
Зарем? :icon_mrgr:
Хуморот во Македонија е ист од кога знам за себеси. Секогаш сме се „шегувале“ на секојдневни теми, особени на оние политичките теми, односно најболните теми за народот како сиромаштија, крадење од лоповите на власт, правата на малцинствата, преселување на младите итн.
И К-15 на истите теми правеа скечеви, со тоа што глумата им беше добра, па затоа добивале подобра оценка. Плус, тогаш тие типови на секечеви ни биле новост. Пример, Вчерашни новости не се разликуваат многу во однос на политичките скечеви, па најчесто добиваат критики, затоа што народот се заситил веќе од тој тип на хумор. Во друго време, би „паѓале“ од смеа на нивните скечеви.
Работата е дека преку интернет ни се достапни секаков тип на видеа, па веќе сме станале имуни на секаков тип на хумор. Се' ни е веќе видено, се' ни е досадно.

Реално, не се толку лоши од Златна бубамара, без разлика што малку ми се сере од манифестацијата поради шлајмот кој присуствува во сала. Сепак, не е лошо да имаме ваква манифестација еднаш годишно. Барем за трудот заслужуваат да бидат поздравени. Изборите кои ги прават се скоро ревијални. Повеќе служат за промоција на нови групи кои извадиле по нешто ново годинава, промоција на некој концерт, на некои кои постигнале нешто во област на хуманоста, но има и обиди за воскреснување на одредени изведувачи. Реално нашиве музичари се за жалење, никаква манифестација немаат, никаков простор во медиумиве, така што не е во ред и во овие „5 минути“ што ги добиваат, да им даваме толку критики.

Еве, јас баш би сакал какви очекувања имате од манифестацијава? И општо, кој е тој тип на хумор што сакате/очекувате да го чуете?
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.649
Поени од реакции
81.699
Кој се овие Дупер бре? Што свират? Направиле ли некоја проба пред да излезат на сцена? :LOL:

Влатко и Јан Стефановски од друга страна ја згрмија салата :cuc:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Кој се овие Дупер бре? Што свират? Направиле ли некоја проба пред да излезат на сцена? :LOL:

Влатко и Јан Стефановски од друга страна ја згрмија салата :cuc:
Направија неколку хит песнички годинава. Тој што слуша радио, знае дека долго време беа број еден на листите. Знам дека не е достигнување, ама и нема некој друг начин за рангирање. „Тело за на телевизија“ и „Не сум твој тип“ беа баш добри хитчиња годинава. Пример, на јутјуб едната има 500000 прегледи, другата околу над 1500000. Со право се „откритие“ на годината.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Има некаков клип да видиме тие Дупер како свиреле? Пошо читам реакции на нет доста.

Инаку извинете што не коментирав порано, ама кога излегоа Тино и Атанас од хуморот добив сепса и морав до интерно.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Има некаков клип да видиме тие Дупер како свиреле? Пошо читам реакции на нет доста.

Инаку извинете што не коментирав порано, ама кога излегоа Тино и Атанас од хуморот добив сепса и морав до интерно.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.126
Поени од реакции
15.950
Леле детево се гледа од јутјуб дека нема поим од пеење, а не пак во живо. Не очекував повеќе.
Секоја песна се полоша и полоша им е, али ќе ме наречат хејтер у пм, не е во ред да мрзиме наш производ.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.056
Поени од реакции
12.937
Мора да научите дека не секое негативно мислење кон одредена работа е хејтање, исто така мора да научите дека не треба на секое мислење кое опфаќа негативен коментар на нешто поврзано со македонската сцена, да упатувате реплики од типот турски серии, цеца слушајте итн итн. Значи редно време е да разберете дека не секое мислење треба да биде идентично како најголем број мислења за таа тема. Неповрзан пример со споредбата, ама ете пред некое време бев на концертот на Оливер Драгојевиќ и Џибони во Борис тука во Скопје, отидов искрено за Оливер, бидејќи му знаев сигурно пеесетина песни ако не и повеќе, на Џибони му знаев само 5-6, Оливер на концертот не ме воодушеви и многу безенергично пееше, подоцна сфатив и зошто, додека Џибони лудница изведба имаше и уште истата вечер ги научив сите песни што не ги знаев. После концертот другарче што не беше, ме праша како поминав, си кажав истото што го пишав тука, ми рече "брат искрено да ти кажам ја да бев на концерт на овие двајца и да ме прашаше некој, ќе речев одлично било, макар и да не било, сепак се големи имиња". Поентата ми е, не го кажувајте тоа што сите очекуваат од вас да го кажете, пофалете кога треба, искритикувајте и замерете кога треба, нивно е дали ќе ве категоризираат за хејтер или не, ваше е да го искажете своето мислење искрено какво што е.

И оваа година не ми се допадна, освен изведбата на Учи ме мајко карај ме, ништо друго нема да ми остане во мемории и вечни сеќавања... Вчера бев на претстава на Атанас и Тино во театар Комедија, се изнасмеав, денес ниеден нивен коментар не ми беше смешен. Сум бил и на тоа stand up шоу на Сашко Коцев, сум се газел од смеење, ме болеше стомак од смеење, не престанав цело шоу, денес на ниеден негов коментар не се насмеав. Тоа е што е...
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.915
Поени од реакции
84.324
Луѓе што цела година плукаат по секој што ќе проба да направи нешто, плукаат зошто нема попознати ликови на Бубамарава и зошто се повтараат едни исти ликови секоја година

Хммм...стварно е мистерија :/

Спојлер алерт: И догодина ќе бидат истите ликови од годинава
 

Kajgana Shop

На врв Bottom