Златна Бубамара 2019

Дали оваа година би ја гледале Златна Бубамара?

  • Вкупно гласачи
    79

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.074
Поени од реакции
3.225
Ако го прибра добитокот, седни и гледај.
Ќе ти побарам карти за наредна година да доеш у Скопје.
Обавезно да ми набавеш, ама гледај повеќе и стоката да си ја земам со мене;)
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Зарем? :icon_mrgr:
Хуморот во Македонија е ист од кога знам за себеси. Секогаш сме се „шегувале“ на секојдневни теми, особени на оние политичките теми, односно најболните теми за народот како сиромаштија, крадење од лоповите на власт, правата на малцинствата, преселување на младите итн.
И К-15 на истите теми правеа скечеви, со тоа што глумата им беше добра, па затоа добивале подобра оценка. Плус, тогаш тие типови на секечеви ни биле новост. Пример, Вчерашни новости не се разликуваат многу во однос на политичките скечеви, па најчесто добиваат критики, затоа што народот се заситил веќе од тој тип на хумор. Во друго време, би „паѓале“ од смеа на нивните скечеви.
Работата е дека преку интернет ни се достапни секаков тип на видеа, па веќе сме станале имуни на секаков тип на хумор. Се' ни е веќе видено, се' ни е досадно.

Реално, не се толку лоши од Златна бубамара, без разлика што малку ми се сере од манифестацијата поради шлајмот кој присуствува во сала. Сепак, не е лошо да имаме ваква манифестација еднаш годишно. Барем за трудот заслужуваат да бидат поздравени. Изборите кои ги прават се скоро ревијални. Повеќе служат за промоција на нови групи кои извадиле по нешто ново годинава, промоција на некој концерт, на некои кои постигнале нешто во област на хуманоста, но има и обиди за воскреснување на одредени изведувачи. Реално нашиве музичари се за жалење, никаква манифестација немаат, никаков простор во медиумиве, така што не е во ред и во овие „5 минути“ што ги добиваат, да им даваме толку критики.

Еве, јас баш би сакал какви очекувања имате од манифестацијава? И општо, кој е тој тип на хумор што сакате/очекувате да го чуете?
Па сам си го одговори прашањето во постот. Ако некогаш нешто било смешно не значи дека ќе биде смешно денес или утре. Си има време и место и кога нешто се форисира подолг период станува досадно и не е интересно. Ај една година, еве и две па и три ама факинг 20 години ист тип на хумор? Од што сме толку очајни уште пред да почне манифестацијава се знае кој добива награда и како хумор може да се очекува.

Реално кој кур се Дупер? Напраиле 2 песни, хит им беа. Океј, добија награда за откритие на годината, и што понатака? Ќе добијат уште една догодина веројатно и после ќе се изгубат тотално од сцената како и секој друг бенд што направи. Со пеењето видовме дека не се овие за концерти, и најголемо достигнување ќе биде ова. Музичари со години работат за да добијат некое признание ама ние пошто неаме на кој друг награди ко од шала делиме.
Игор Џамбазов, Сашко Коцев, Тино, Атанас, треба законски да им се забрани да се појавуваат на бубамара веќе. Не може да бидат секоја година присутни и да форсираат ист тип на хумор и некои досетки што и самите знаат дека не се смешни. На Игор му помина времето уште пред 10 години, а е присутен повеќе од било кога по телевизииве. Сашко капа доле, на стенд ап настани е смешен, па еве и на бубамара бил пред неколку години. Ама пак доаѓа до израз тоа што се форсира ај гомна ќе јадеме за владата и народов нека се смее.

Златна бубамара трае 4 саати, се делат 100 награди. Оскарите траат помалце од 4 саати и се делат помалце награди. Како тоа?
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.788
Драги мои, и хуморот е одраз на свеста на еден народ.
Нашиов народец напатен воајерски оговарачки е научен на токму таков хумор.
Нема некоја креативност во муабетот, нема никаков raw елемент. Човек со 0 интелигенција ќе се насмее на тоа.
Хуморот треба да биде некоја симбиоза од сите тие работи. Кај нас е таков, оговарачко-воајерски хумор.
Какви сме како нација таков ни е и хуморот, да се разбереме.
Kафански турбо фолк хумор.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Мене оваа година ми беше во ред Бубамарата. Ништо посебно, едноставно во ред. Можеби пошто лани ми беше за никаде па почнав да гледам со ептен мали очекувања.

Колку и да мрчиме за наградите реално тие што добија награда беа најактуелни прошлата година - Дупер, Преспав, Фчерашни...

Хуморот на Сашко само на моменти смешен, точно е тоа. Ништо посебно, далеку од тоа што беше порано. Веќе добри 7-8 години нема кажано добра фора што ќе се памети со години. Добро е што Тино и Атанас ги сведоа на минимум. Сигурен сум дека допреле сите лоши коментари за нив. Фала богу што беа само 5 минути на сцена. Џамбазов стварно веќе не е интересен. Ама очигледно е дека Ранко ќе го вика секоја година без разлика на се. Годинава прв пат го немаше Бубо Каров инаку и тој беше фиксен секоја година...

Од настапите ќе се паметат на Влатко и син му и на хорот „Мирче Ацев“. Добро беше да се слушне и Џафер повторно иако човекот веќе одамна не го бидува за пеење.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Добро кој работи на тие Бубамара радио канали во апликацијата ? Пишува име на изведувач и песна а свири сосема друго од тоа што е напишано :eek:
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Добро кој работи на тие Бубамара радио канали во апликацијата ? Пишува име на изведувач и песна а свири сосема друго од тоа што е напишано :eek:
Тоа му е минус, иначе одлична апликација, можеш да си одбереш каков тип на песни да ти се вртат што за бесплатна е многу добро, барем да ја абдејтираат редовно.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Може да сменат малку и на местото на Сашко Коцев да го стават Никола охриѓанецот. Добар е и тој.
ДПНЕ си ги викаат Србите, овие Хрватите. ДПНЕ си даваат награда на своите, овие на нивните.
Не знам зошто сега доби награда Перо Антиќ, кога требаше да ја добие многу поодамна. Џафер исто.
На Ирена Ристиќ и на Пеце од Преспав им симнувам капа за кажаното.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Тоа му е минус, иначе одлична апликација, можеш да си одбереш каков тип на песни да ти се вртат што за бесплатна е многу добро, барем да ја абдејтираат редовно.
Убаво е за угостителски објекти, кафе барови и ресторани бидејќи во текот на еден ден кога немаат жива свирка, прослава, забава не се замараат да бираат песни нити да го полнат компјутерот со песни.

Минус голем е тоа што песните точно не ги пишува кој се и минус голем е тоа што не се ставени тие радио канали на Tunein кој што е највеќе користен.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
...хуморот да се доживее треба знаење на искажување и умешност на пренесување, не може било кој, па колку сака да си го научи вицот или хумористичниот текст напамет!

...Чарли Чаплин си беше комичар со движење на телото да речам крал на немата комедија заедно со Станлио и Онлио, до незаменливите Бени Хил и Мистер Бин - безвременски комичари за секоја генерација останале комичари цел живот!

... исто да не речам споредбено и за македонскиот хумор Игор Џамбазов, екипата на К15 посебно Бранко Огњановски, како и Тони Михајловски и Сашко Коцев тие се родени за хумор, соживеани со вицевите и хумористичкото раскажување, за нив нема временска граница ниту за нив важи зборот изживеани, неинтересни, стари ...итн...

ТИЕ се единствени безвременски македонски комичари тие се живи легенди... инаку други коментари од тип на „поминато нивно време“ или „ несмешни досадни изветвени хумуристични глумци“ се хејтерски ем лечебилно сопствен комплекс на непризнавање на нештото за кое нема сеуште нови генерации да им конкурираат рамо до рамо со овие доаени на хуморот било во Бубамара или било кој шоу!
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
243
Поени од реакции
323
Слабо многу годинава. На толку работи случени годинава, ептен малку хумор имаше.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Мојте ми кажа дека овогодинешната бубамара била многу смешна се разбира дека верувам на луѓе кој се смеат на зевзекманија.
 
K

kicodarker

Гостин
Мрчењето е резултат на преголема фама крева и очекувањата се преголеми. Можи тол
...хуморот да се доживее треба знаење на искажување и умешност на пренесување, не може било кој, па колку сака да си го научи вицот или хумористичниот текст напамет!

...Чарли Чаплин си беше комичар со движење на телото да речам крал на немата комедија заедно со Станлио и Онлио, до незаменливите Бени Хил и Мистер Бин - безвременски комичари за секоја генерација останале комичари цел живот!

... исто да не речам споредбено и за македонскиот хумор Игор Џамбазов, екипата на К15 посебно Бранко Огњановски, како и Тони Михајловски и Сашко Коцев тие се родени за хумор, соживеани со вицевите и хумористичкото раскажување, за нив нема временска граница ниту за нив важи зборот изживеани, неинтересни, стари ...итн...

ТИЕ се единствени безвременски македонски комичари тие се живи легенди... инаку други коментари од тип на „поминато нивно време“ или „ несмешни досадни изветвени хумуристични глумци“ се хејтерски ем лечебилно сопствен комплекс на непризнавање на нештото за кое нема сеуште нови генерации да им конкурираат рамо до рамо со овие доаени на хуморот било во Бубамара или било кој шоу!

Има и други, само не добиле шанса за медиумски простор. На пример ликов е од млада но доста квалитетна генерација. Ама ако не добиеше шанса со фчерашни, кое би требало отскочна даска да му биди понатаму ќе останеше да кажува вицови во маало на другарчињата.А не дека нема во мк и други.

222011-i-nedelava-kje-ima-fcherashni-novosti.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
Мрчењето е резултат на преголема фама крева и очекувањата се преголеми. Можи тол Има и други, само не добиле шанса за медиумски простор. На пример ликов е од млада но доста квалитетна генерација. Ама ако не добиеше шанса со фчерашни, кое би требало отскочна даска да му биди понатаму ќе останеше да кажува вицови во маало на другарчињата.А не дека нема во мк и други.
Прегледај го приврзокот 205151
..не си во право, ова личност нема ниту харизма ниту капацитет да настапува пред поголем аудиториум, како споредна улога во некоја локална комедија можи, ама да насмее публика со фалични гестови, движење па и зборување не е смешно па макар му се даде секакви шанси...ама секој си има свое мислење,нели, моето е да момчево сигурно нема да наполни сала па макар било дадено гратис карти!

видео 18:45 и 22:00 ..мислам ако е ова квалитетна генрација, се прашувам во што е квалитетот? :toe:
...воопшто не сакам да помислам, а не пак да го споредам момчево со тие што погоре ги спомнав за легенди на македонскиот хумор!
 
Абе ако е дебел незначи дека не е смешен сега ти можи го гледаш од друга страна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom