Златна Бубамара на популарноста

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.234
Наградите ги делат според спонзорот, НЛБ хепи картичката, спонзор, најдобра реклама, а уствари е реклама на рекламата, исто и со стоби флипс кој одлета во вселената,

со други зборови си плаќаш да те рекламираат со тоа што ти даваат награда и 5-10 минути посветуваат на твојот производ + ЕПП.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Златна Бубамара е приватна манифестација на која група на луѓе се сетиле да организираат забавна манифестација преку која ќе си измислуваат разни категории се со цел да добиваат награди.
Вакви манифестации кај соседите има на тони, во која одредена продукција доделува награда исклучиво на своите артисти, а со оглед дека во Македонија нема ниту една манифестација која доделува награди, така автоматски Бубамарата како манифестација добива на некаква "тежина".
Така да тие првично тоа си го прават за своја лична забава и да си добијат награда, а тоа што народот гледа поради тоа што сака вакво нешто како освежување во етерот почесто а го добива еднаш годишно им е ко кец на десетка.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.358
Поени од реакции
25.053
Така да тие првично тоа си го прават за своја лична забава и да си добијат награда, а тоа што народот гледа поради тоа што сака вакво нешто како освежување во етерот почесто а го добива еднаш годишно им е ко кец на десетка.
Тогаш жал ми е што некои луѓе плаќаат карта од околу 1000 денари (порано мислам и поскапи беа) за да гледаат лични приватни забави и да се смеат на канцер хумор. :(
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Ај бубамара си е приватна награда и си тераат бизнис но интересно е што годинава немаше награда за пејач на годината ни за музичко откритие на годината. Не дека нешто значат наградите но до толку сме дно што ни бубамара не качи некој на сцената за да се срами.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Тогаш жал ми е што некои луѓе плаќаат карта од околу 1000 денари (порано мислам и поскапи беа) за да гледаат лични приватни забави и да се смеат на канцер хумор. :(
До лани-полани картата беше 2200 чинам. :D
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Ај бубамара си е приватна награда и си тераат бизнис но интересно е што годинава немаше награда за пејач на годината ни за музичко откритие на годината. Не дека нешто значат наградите но до толку сме дно што ни бубамара не качи некој на сцената за да се срами.
На сцената се качија Тамара, Тијана, Маја Оџаклиевска, Слаткар, Дани, Џамбо Агушев.

Ако сте приметиле секоја година има други категорија награди не се секогаш истите.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Јас пуштив во моментот кога најавуваја најдобро видео во минатата година - Слаткар, повеќе како да ја опишам бубамарата :D
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
На сцената се качија Тамара, Тијана, Маја Оџаклиевска, Слаткар, Дани, Џамбо Агушев.

Ако сте приметиле секоја година има други категорија награди не се секогаш истите.
Само на Маја и Дани вредеа наградите, за трајни музички вредности и албум на годината. Ни Тијана и Тамара не добија награди. Срамота е да немаме ниту еден пејач кој снимил песна и би добил некаква награда.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Одлична беше Бубамарава. Маја Оџаклиевска покажа баш добра енергија, и ако е повозрасна жена. Слаткар покажа како треба да личи еден комерцијален настап. Единствено Сашко и Игор Џамбазов секоја година исти хумор, исто како и Тијана и Тамара, почнуваат некако клише да се. Воглавно одличен настан, годинава сцената и целата организација предобро ја направиле.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Треба да напраат пуза малку од Бубамара барем 2 години таман да се собере материјал за наградување, за хумор повеќе. Додека трае таа пауза Ранко и кој да се други со него организатори да седнат на маса и нека разработаат подобро што се е потребно за новото издание, нека истражуваат по интернет коментари, на форуми да прочитаат критики и пофалби за на крај да увидат што треба да се промени што да се подобри.
 
Ама што ќе го спречи пак да ја направи политичка?
Ништо. Други ќе дојдат на власт па ќе го тераат во нивна корист да биде Бубамарата. Едноставно нека се укине и готово. Нека не се брукаат веќе. Од годинна во година станува полошо.
 
И ништо нема да се постигне ако се укине само ние ќе имаме помалку вакви манифестации . Ќе останеме со музичкине фестивали Макфест, Скопски, бедниот радиски МАРС и оние фолк фестивали кој годинава некој од овие кој знае со политикава и дали ќе се одржат.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom