Златко Калински

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.125
Поени од реакции
20.989
Капа доле за мајсторот. Повеќе од коментатор. Другите не се ни приближно на неговото ниво.
:cuc::cuc::cuc:[DOUBLEPOST=1494551148][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено:
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
:pos:
Велелепна се вика бро. :D

Инаку не јадете гомна за Калински бе, дефинитивно најдобриот наш коментатор икада, гласот, поезијата, се што поседуваше беше специфично и одлично за увото на гледачот. Малце ме нервира што се крева волкава фама, божем умрел човекот... Природен процес си е тоа, не може вечно да коментира. Нека му е среќна пензијата и нека ужива во секој момент од неа.
Не можам да му ги запамтам изразите :)
Иначе не јадам гомна баш е ѕвер човекот ! :)
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Да дојдиш на форум со свои 16-18-22 години и да јадиш бурек за човек кој 42 години со страст и посветеност ја работи својата работа, а тебе ти дале тастатура и интернет и по цел ден не правиш ништо продуктивно ниту за себе си ниту за општеството е малку повеќе од идиотизам.

Има легенди на спортското новинарство ширум светот и побрзо ќе величаме некој србин или странски коментатор отколку нашите и ќе ставаме замерки на човек со свои 64 години зошто и како имал погрешно име кажано на некој фудбалер...

ЛЕГЕНДА и воошто човек за почит бидејќи реткост е во денешницата да најдиш некој кој ќе ја работи својата професија со толкава страст и посветеност.
Во гласот му се слуша плач и дека воопшто не му е сеедно што ги напушта екраните. Скромно се збогува и потенцира дека му беше чест да коментира за своите гледачи, почитувајте го барем тоа ако ништо друго. Ќе фали уште долго време.

Љубомир Николовски и Златко Калински беа и останаа според мене ненадминливи во последните 20-30 години... за во иднина, ќе видиме. Кога год да гледам НБА пренос, атлетика или фудбал нивниот глас е првото нешто што ми иди во глава. Респект.
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.013
Поени од реакции
7.730
Злате Калински е од старото време каде што луѓето беа стварно селектирани за тоа што го работат. Кариерата му започнува на радио каде што најчесто ги работеше утакмиците на вардар за потребите на ЈРТ. Ненадминат ќе остане со својот карактеристичен начин на поезија, кој пред се потекнува заради што стварно е образован новинар ама ете и талент за поезија си поседувал човекот.
Замислете колку летни олимписки игри со ред нема пропуштено Злате директно од лице место да известува :D мене сон ми е на една да бидам гледач барем..
Единствена замерка што горе долу и немаше толкаво разбирање за фудбалот, се разбира заради што веројатно никогаш го нема играно, значи едно е да пратиш факти и да ги читаш друго е длабинско познавање на играта. Исто така во последните години драстично му се имаше намалено перцепцијата за динамика и доста често не забележуваше конкретни ситуации. Меѓутоа сето тоа многу успешно го заменуваше со поезијата која што ни беше мелем за уши, фала ти за се Злате :D
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670

madrock

Bogey
Член од
23 април 2014
Мислења
591
Поени од реакции
1.926
Еден од поомилените коментатори од МКД, заедно со Љубомир Николовски и Атанас Костовски. Овие помладиве од типот на Стерјов, Милковски, ех-А1 дружина, врска немаат со животот. :tapp:
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.212
Поени од реакции
4.951
Абе пораснав со Калински :D
Кој не гледал пренос од атлетика и ОИ со коментар на Калински џабе му е се сега да збора...
Чоекот беше ПОЕЗИЈА, гласот му беше мелем за уши кај гледачот, тоа е човек кога ќе си ја сака својата работа, кога ќе работи на нешто од љубов и тоа си го цени, баш таков беше Златко, коментатор од старото кино што би рекле.
Чест и привилегија беше да се слуша неговото коментирање со уфрлување на разно разни зборови во преносите, кое личеше на поетско дело, го прошируваше речникот на Македонскиот јазик, ќе фали неговиот харизматичен глас, според мене НАЈДОБРИОТ коментатор до сега во Македонија !

Нека ужива во пензионерските денови :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom