Златко Калински

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ајдее, дојде и тој ден, куртуливме од поетов. Ич не го можев упм, рак за ушите. Колуминацијата беше коментирањето на ЛШ во ракомет, но среќа па има опција бардот на спортското коментаторство да се замени со коментар на гологлавото момче од зелената Ирска, Том О'Браниган... Па да не знае да сврзе две реченици без да се избламира и да вергла се едни исти метафори, хиперболи, анифори, епифори, курцофори ко расипан касетофон и притоа да зима плата за такво просеравање, е тоа го има само у МРТВ... до душе и у собрание. А искрено не знаев дека имал толку фанови во земјава, мислев го ругаат ради неговите гафови, нешто као Игорче од Ѕинго ТВ. Ама не, он да ти бил Златко највечи коментатор. :brlav:
Ме мрзи да ја барам темата за најглуп пост, само ќе ти остаам еден фејспалм.

:facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

еве ти 5-6 уствари.
 
S

silmarillion

Гостин
Класата доаѓа од домашното воспитување и респектот. Игорче од Сител нема ништо од тоа. Калински не беше статистички и спортски спремен како незнам, еве Љубомир Николовски, али имаше магија од старото време што ја носеше со него. Неговите коментари не се слушаа да дознаеш нешто повеќе за спортот, него он беше екстра плус зачин на атмосферата. Официјалната тема на ЛШ секогаш ќе ми оди со гласот негов.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.501
Поени од реакции
80.591
"Јувентус, последниот италијански Мохиканец..." Цитат од Калински кој уште долго време ќе го краси мојот потпис на златно жолтата боја на Кајгана
 

KajzerS

Учителот од Кукуш
Член од
18 февруари 2015
Мислења
91
Поени од реакции
129
"И тогаш кадравиот Гаучо тргна пп кривите патишта на кокаинските ноќи. " -Калински

Тонот и бојата на гласот го правеа препознатлив.

Бил доајен на македонското спортско новинарство учел од Атанас Костовски,исто така голем лик во Македонското спортско новинарство.

И уште една негова изјава по прашањето кој е подобар,Меси или Роналдо:"тоа се две Страдивариус виолини кои јас обожавам да ги слушам."

Тој и Атанас се најдобрите според мене спортски коментатори кои сум ги следел.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.411
Поени од реакции
62.011
Абе кој Златко не се глупирајте трагедија беше човекот, изгледа никогаш не сте гледале некој пренос на српскиот СпортКлуб, кои легенди се тоа, јас не сум сретнал досега толку стручни коментатори, секој може да треска глупости, но да даваш релевантни информации како на пример во стилот на Американските коментатори, Вишко, Баки, Говедарица, Ерцег, Дарко, Пралица, Гојко, Денис, колку само го прават гушт гледањето на било кој спорт на ТВ, буквално телевизорот ми беше постојано на СК пуштен, додајте го на тоа и спортсите студија на Драгана Косјерина (многу ми беше симпатична) и имате супер програма. А за Златко гуд риданце.
Немаме ние Спорт Клуб, што да правиш... Ако тебе Гојко Андришевиќ ти е добар коментатор, ондак...

Секоја чест за Вишко и за Пралица. Исто, момциве од Арена Спорт се добри.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Немаме ние Спорт Клуб, што да правиш... Ако тебе Гојко Андришевиќ ти е добар коментатор, ондак...

Секоја чест за Вишко и за Пралица. Исто, момциве од Арена Спорт се добри.
Не бе мртви се Арена, коа пренесуваат калчо се толку монотони што потсетуваат на Стево Костовски од Телма на времето. Имаат еден добар коментатор арена, често го коментира Интер, на С фаќа малце, не ми текнува на името тој ми е така подобар од другиве.
Од Спорт Клуб само Вишко, другото све е за по вода, Драгче наш за нив е Калински, за хрвативе не ми се праи муабет.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Немаме ние Спорт Клуб, што да правиш... Ако тебе Гојко Андришевиќ ти е добар коментатор, ондак...

Секоја чест за Вишко и за Пралица. Исто, момциве од Арена Спорт се добри.
Ojde u nabrojuvanjeto nesakajki, porano bese mnogu dobar, vo posledno vreme prestana da se trudi, nekako si zema zdravo za gotovo. A i odnosot mu e malce onaka seljacki hahaha. Sto da se pravi, mora da potpiseme peticija da ni ja vratat SK1 srpskata verzija, a i koga ke otides na sportklub.info i kliknes na mk znamenceto te nosi na srpskata verzija.
 

Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
590
Поени од реакции
389
Легенда. Не беше многу стручен но многу добро знаеше да направи атмосфера и да ги расположи слушателите. Колку само сум се радвал на светските првенства кога тој ќе коментираше. Најповеќе го бидуваше за атлетика но добар беше и за фудбал. Треба и ЛШ финалето да го коментира.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Абе кој Златко не се глупирајте трагедија беше човекот, изгледа никогаш не сте гледале некој пренос на српскиот СпортКлуб, кои легенди се тоа, јас не сум сретнал досега толку стручни коментатори, секој може да треска глупости, но да даваш релевантни информации како на пример во стилот на Американските коментатори, Вишко, Баки, Говедарица, Ерцег, Дарко, Пралица, Гојко, Денис, колку само го прават гушт гледањето на било кој спорт на ТВ, буквално телевизорот ми беше постојано на СК пуштен, додајте го на тоа и спортсите студија на Драгана Косјерина (многу ми беше симпатична) и имате супер програма. А за Златко гуд риданце.
Ова е ко да ги споредиш Хазард, Кросс, Нејмар, Донарума и Суарез со Зидан, Марадона или Бекенбауер. Одлични млади таленти и одлични искусни „играчи“, споредени со легенда од нивната професија.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Тоа летна жешка скопска досадна атмосфера и од тв иде гласот на Калински коментирајќи светско/европско фудбал нокаут фаза или ОИ пливање или атлетика
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
Ова е ко да ги споредиш Хазард, Кросс, Нејмар, Донарума и Суарез со Зидан, Марадона или Бекенбауер. Одлични млади таленти и одлични искусни „играчи“, споредени со легенда од нивната професија.
Се сложувам дека во Екс-Ју тоа биле тогашните стандарди на коментирање, не сме знаеле подобро, но сепак ако гледаш некои постари НБА мечеви, ќе видиш дека тој нивен стандард не се мењал многу. Само што ние овде на Балканот сега го откриваме тој тип на стручно коментирање, понајвише преку Дарко Плавшич, по мене најдобар по коментирање НБА и Евролига на СК.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.862
Поени од реакции
34.905
Тонот и бојата на гласот го правеа препознатлив.
.
Ова.

Специфичен тон и глас имаше , препознатлив и за брзо време ти се врежува во подсвеста. Еден куп глупости има истресено Калински , али ваљда тоа е во жарот на ваквата работа.
Една работа е јасна , си ја сакаше од срце професијата и со љубов си ја работеше. :)
 
Член од
28 октомври 2015
Мислења
926
Поени од реакции
1.236
Мелем за уши е. Некни гледав на нет фудбал коментираше шпански коментатор. Значи не одмараше човекот постојано кажуваше нешто и нон стоп ги кажуваше играчите кога е топката кај нив. Не можев пет минути да издржам глата тапан ми ја напрај.

Последната реченица на Златко од вчера и тоа ЗБОГУМ го преслушав едно 10 пати...

Кога сме кај добри коментатори. Незнам како се вика водеше некоја емисија за македонски фудбал на мтв чинам. Млад и има така интересен глас е не сум приметил колку разбира од спорт... Има мислам коментирано ЛШ на Канал.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom