Зелен чај - за што се е добар?

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Пред некое време една финта случајно открив со чајов.
Обично кога полагам пример читам до кај 05 часот. Легнувам и станувам кај 08 т.е по три часа за да се спремам и да кинисам Битола. Е сега за освежување сум користел секогаш некое посилно кафе, но се најдов во ,,тесно" немав кафе тогаш, па при рака ми се најде зелен чај и го употребив. Можам да кажам дека постигна поголем ефект од било кое некогаш испиено кафе за истата намена, отворање на очите, и ми ја опушти главава, ми ја олесна, бидејќи обично чури, жешка е после 3 часа ,,спиење". Кофеинот си го направи своето. За пиење не е баш вкусен, но си има посебен шмек, специфичен за себе.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
325
Поени од реакции
56
Редовно пијам зелен чај, речиси по две чаши дневно. Читав дека е многу корисен. Но пред некој ден случајно скушнав муабет дека редовно пиење на зелен чај би можело да штети на црниот дроб. Дали сте слушнале и вие нешто или знаете за ова ??
Ако може и некој линк нема да е лошо.
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.166

Зелениот чај содржи кофеин и консумирањето во поголеми количини може да предизвика проблеми со спиењето. Ако досега не сте пиеле зелен чај, најдобро е да започнете со една чаша дневно.
Најдобро е да се консумира до 4-5 чаши дневно, иако кинезите и многу експерти советуваат дека е корисно да се пијат и 10 чаши дневно.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890

WoW. Не е многу 5 чаши дневно? А да не зборам за 10...
Се што е претерано е штетно. Мислам, океј е 2, ама 5?? Секој ден??

Порано пиев минимум една дневно, сега поретко. За заблажување исклучиво мед, ако немам мед само тогаш шекер, но тогаш и избегнувам да пијам. Добар е и со лимон, тогаш уште повеќе освежува.

Тука прочитав како се прави енергетски пијалок од зелениот чај. Уште немам направено. Деновиве кај и да е, и тоа чудо ќе пробам.
 
Не е штетно ни 5 чаши на ден, инаку мене ми се допаѓа зелениот чај со нане и да лимонче за мераци..
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Не е штетно ни 5 чаши на ден, инаку мене ми се допаѓа зелениот чај со нане и да лимонче за мераци..
Си го едитирав постот пошто заборавив линкот за енергетскиот пијалок да го ставам :icon_mrgr: И таму се спомнува нане. (y)

Патем, има еден од Good Nature што е зелен чај со мед. Грд ми е тој, порано го пиев, ама 100 пати е подобар обичен зелен чај и природен мед..
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.166
Си го едитирав постот пошто заборавив линкот за енергетскиот пијалок да го ставам :icon_mrgr: И таму се спомнува нане. (y)

Патем, има еден од Good Nature што е зелен чај со мед. Грд ми е тој, порано го пиев, ама 100 пати е подобар обичен зелен чај и природен мед..
Мене па со нане ми е најубав

LordCalipso

Староседелец
Член од
10 септември 2008
Мислења
86
Поени од реакции
54
Според мене најдобар од чаевите,дури и премногу корисен доколку редовно се употребува.Ми има помогнато навистина многу!
 
Член од
2 март 2013
Мислења
23
Поени од реакции
7
Редовно пијам зелен чај, речиси по две чаши дневно. Читав дека е многу корисен. Но пред некој ден случајно скушнав муабет дека редовно пиење на зелен чај би можело да штети на црниот дроб. Дали сте слушнале и вие нешто или знаете за ова ??
Ако може и некој линк нема да е лошо.
Лошото приготвување на зелениот чај односно оставање да стои во жешка вода повеќе време, може да предизвика испуштање на токсини. Затоа се препорачува зелениот чај да стои во 2,3 мин. во вода на температура 80-90 степени.
Квалитетниот и добро приготвен зелен чај воопшто не штети на црниот дроб бидејќи не е токсичен, а на црниот дроб му штетат токсичните материи бидејќи тој е филтер на организмот и е одговорен да се справува со нив. Честото користење на токсични супстанци како алкохол на пример нормално дека му штетат, но не и зелениот чај којшто е многу корисен. Зелениот чај содржи природни антиоксиданси - полифеноли, со што се намалува штетното дејство на слободните радикали и на тој начин соодветно се намалува и ризикот од канцерогени заболувања. Освен тоа зелениот чај содржи амино-киселина L-Theanine со што се постигнува намалување на анксиозноста. Исто така зелениот чај придонесува за благо намалување на крвниот притисок и холестеролот.
 
Член од
30 јули 2011
Мислења
589
Поени од реакции
246
Е врска си немам, јас го пијам филтер зашто ми е попрактичен, а иначе од скоро пијам со лимон, поубав е на вкус, а што се однесува до дејството немам регистрирано никаква разлика во однос на тој без лимон.

На крај, чајот во филтер е уствари рефус чај во кесичка. Разлика би можело да прави само тоа што во филтерот се губи на вкус или јачина, ама појачај ја количината со +/- една кесичка, и исто ќе му дојде.
Чајните листови се пакуваат во мала хартиена чајна ќесичка. Ова е лесно и згодно пакување и затоа ужива огромна популарност денес. Меѓутоа ова е чајот кој се нарекува „прашина“ и е отпадок од сортирањето на рефус чаевите со повисок квалитет. Познавачите на чајот го сметаат чајот во ќесичките за далеку полош по квалитет и вкус. Исто така доаѓа до израз и вкусот на хартијата, што го менува вкусот на самиот пијалок. Други причини против чајната ќесичка се:
  • Исупшениот чај го губи вкусот кога е изложен на воздух. Ваквите чаеви имаат листови издробени на мали парченца; големиот сооднос на површина и волумен на листовите во ќесички ги изложува на повеќе воздух, па така се збајатуваат побргу. Листовите на рефус-чајот се во поголеми парчиња или сосема цели.
  • Дробењето на листовите за во ќесички ги вади маслата од чајот.
  • Ќесичката е мала, па листовите не можат да се искиснат соодветно.
  • wikipedia,рефус си е рефус со женшен
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Одличен е за расонување, особено што имам низок притисок, па ме "дрма" подобро од било кое кафе (кое не го ни пијам).
 
F

FARANG

Гостин
Го користам подолго време и тоа некаде 6-10 чаши дневно. Спијам помалку а сум напсан и се чуствувам подобро и по одморено. Делува добро и за мамурлук на сабајле па и за концентрација до некој степен.

Ако има во МКД разгледајте за зелен чај во прашок. На интернет разгледајте за јапонски стил на зелен чај Мача (Green Tea Matcha). Има 10 пати повеќе антиоксиди и е многу подобар од обичниот зелен чај оти овде всушност го конзумираш растението преку напитокот. Покрај чај си правам леден чај со прашокот, само додавам на ладна вода и мешам, сладолед, измешај со ванила и замрзини, а често го користам и ко зачин во супа. Домашнава моја со него прави и слатки а и го користи за маска за лице да си ја освежи кожата.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Го користам подолго време и тоа некаде 6-10 чаши дневно. Спијам помалку а сум напсан и се чуствувам подобро и по одморено. Делува добро и за мамурлук на сабајле па и за концентрација до некој степен.
Извини што ти се мешам, но со толку многу зелен чај можеш да си пореметиш крвна слика, имав другарка што се налеваше со тенџериња зелен чај, па имаше после проблеми со крвна слика.

2-3 чаши максимум дневно. :)
 
Го пијам со години и сум немал проблем. Другарка ти незнае како да го пие односно не ја фрлала првата вода па токсините ги внесувала во неа. Ако пиеш зелен чај на рефус треба првата чаша, пола чаша да ја фрлиш не да ја пиеш. Потоа истиот можеш да го налеваш некоку пати 3-5 зависно од колку е добар чајот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom