Зелен чај - за што се е добар?

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Го пијам со години и сум немал проблем. Другарка ти незнае како да го пие односно не ја фрлала првата вода па токсините ги внесувала во неа. Ако пиеш зелен чај на рефус треба првата чаша, пола чаша да ја фрлиш не да ја пиеш. Потоа истиот можеш да го налеваш некоку пати 3-5 зависно од колку е добар чајот.
Ме интересира од каде го набавуваш зелениот чај на рефус? Сакам и јас да си земам таков :)
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Кога имав камциња на бубрег секој ден по 1 литро пиев и мочав на секој 20 минути
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.350
Поени од реакции
29.825
Ме интересира од каде го набавуваш зелениот чај на рефус? Сакам и јас да си земам таков :)
http://www.lasoy.com.mk

Имало наводно рефус и на други места, ама јас знам само за ова.
Инаку црн чај (истата билка е како и зелениот чај, само ливчињата ферментирани) имаш во големи рефус пакувања во супермаркетите, јас на пример од Тинекс ги купувам пакувањата од пола кило.
 
Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
http://www.lasoy.com.mk

Имало наводно рефус и на други места, ама јас знам само за ова.
Инаку црн чај (истата билка е како и зелениот чај, само ливчињата ферментирани) имаш во големи рефус пакувања во супермаркетите, јас на пример од Тинекс ги купувам пакувањата од пола кило.
Фала ќе видам баш, за црниот чај знам :)
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
325
Поени од реакции
56
Го пијам со години и сум немал проблем. Другарка ти незнае како да го пие односно не ја фрлала првата вода па токсините ги внесувала во неа. Ако пиеш зелен чај на рефус треба првата чаша, пола чаша да ја фрлиш не да ја пиеш. Потоа истиот можеш да го налеваш некоку пати 3-5 зависно од колку е добар чајот.
Значи и јас пијам зелен чај рефус купен од Виталија. Е сега би сакал да знам кога ќе го приготвувам водата со која се полива чајот (онаа првата да ја фрлам) и потоа пак да го полеам чајот со топла вода и да стои 3-4 минути. Оваа е најправилно ???
 
F

FARANG

Гостин

Да како што напиша е правилно. Значи првата вода ја фрлаш, тоа може да биде и пола чаша, јас оставам 1 мин да одстои таа вода пред да ја фрлам. Потоа полниш нова чаша топла вода и чекаш 3-4 мин пред да почнеш да го пиеш. Истиот чај можеш да го користиш неколку пати значи само додаваш вода. Зависи од тоа колку е јак чајот (ако е јапонски и е растен во регион под сенка) значи Uji-Kyoto или Nishio-Aichii тогаш без проблем можеш да извадиш и до 8 чаши ако не до кај 5 мене ми е таман.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.350
Поени од реакции
29.825
Да како што напиша е правилно. Значи првата вода ја фрлаш, тоа може да биде и пола чаша, јас оставам 1 мин да одстои таа вода пред да ја фрлам. Потоа полниш нова чаша топла вода и чекаш 3-4 мин пред да почнеш да го пиеш.
Me заинтригира со ова и побарав повеќе информации на нетот, онака не премногу детално (20-тина мин.)
Никаде не најдов препорака за фрлање на првата вода, единствена препорака е температурата на водата да е 20-30тина степени пониска од точката на вриење.
Повисоки температури на водата и подолго оставање на чајот во вода резултира со испуштање на повеќе танини и кетечин, што вкусот го прави повеќе горчлив и „сув„ (ја собира устата, како кога се јаде мушмула).

Она што ме интересира е дали ова со фрлањето на првата вода е нешто како обид да се „исчистат„ пестицидите употребувани во одгледувањето? Зошто ниту танините ниту кетечинот се штетни во количините што ги има во неколку шолји чај дневно... напротив, во многу случаи се полезни. Мене лично ми е подобар тој сув и горчлив вкус на јак чај и таков го преферирам.

Иначе, едно предупредување за сите што пијат премногу чај (или премногу јак чај): ако ова се прави доволно долго време можно е да има последици од предозирање со флуор, кој во одредени количини го има во сите видови на чајот (Camellia sinensis) зелен чај, црн чај, бел чај, оолонг, помаранџест пеко итн итн.
Еден случај со екстремна консумација на чај (skeletal fluorosis, a bone disease caused by consuming too much fluoride)
http://news.yahoo.com/too-much-tea-causes-unusual-bone-disease-222359924.html
 
Првата вода се фрла за да се намали кафеинот, на тој начин намалуваш 80% од кафеинот а сепак ги задржуваш сите добри својства на чајот. Нема врска пестициди ако е од кинеско/јапонско производство, пази ако е од Шриланка или Индија. Јас исто ко тебе го сакам горчливиот вкус оти ме заситува па не јадам ѓубре помеѓу оброци.

Во мкд пошто не верувам дека стигаат оние добри high end чајови (а и да стигаат би биле скапи во споредба со она што народ купува) тоа МОРА да го правите. Е сега ако некој може да набави од јапонските houjicha green tea (пржен зелен чај), genmaicha (мешавина со специјален ориз), Bancha (касно набран, крај на лето/почеток на пролет) или некој од другите добри зелени чаеви тогаш друга работа. Ко и за многу работи добиваш што ќе си платиш, јас на зелен чај гледам ко витамини и еден вид лек така да нежалам пари, за други чаеви не ми е многу многу гајле.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.350
Поени од реакции
29.825
Нема врска пестициди ако е од кинеско/јапонско производство, пази ако е од Шриланка или Индија... Во мкд пошто не верувам дека стигаат оние добри high end чајови (а и да стигаат би биле скапи во споредба со она што народ купува) тоа МОРА да го правите.
Значифрлањето на првата вода се однесува само на намалување на нивото на кофеин во чајот?

Инаку, ова ме поттикна да истражам малку за употребата на пестициди во производството на чај. Она што го прочитав не е добро.
http://www.downtoearth.org.in/node/18870
http://www.bbc.co.uk/news/world-south-asia-12167318
http://eatgreen.foodandwaterinstitute.org/?p=361

Ова е посебно интересно, нивоа на пестициди во неколку брендови на чај од Кина:
http://www.greenpeace.org/eastasia/publications/reports/food-agriculture/2012/pesticides-chinese-tea-report/

Не знам зошто Кинезите ги цениш толку, сопствените деца ги трујат со вештачки млека и што се не... Кина би ги ставил на исто ниво како и Индија/Цејлон.
Искрено, од земјиве што произведуваат чај би им верувал само на Јапан.

Би било интересно да се проба да се одгледува чај во саксија/двор... треба да се почита малку на оваа тема. :)
 
Живеев во азија скоро 10 год од кој 2 во Хонг Конг. Релативно добро ги знам кинеските навики и како одгледуваат чај, колку им значи и колку плаќаат за добар чај. Знам и доста јапонски фирми кој одгледуваат чај во Кина па го прават во нивен стил и си го ностат назад за Јапонија оти таму нема доволно. Затоа и го ценам кинескиот пред Индија. Медиумите кој ги цитираш се малку и анти кинеско ориентирани, не е се како што пишува ббц или цнн.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.350
Поени од реакции
29.825
Медиумите кој ги цитираш се малку и анти кинеско ориентирани, не е се како што пишува ббц или цнн.
Кул. Немав намера да напаѓам или бранам одредени брендови чај или земји.
Само констатирам дека ниедна од овие земји нема скрупули (ни закони) против употребата на повеќето пестициди. Западните земји немаат доволно строги регулации за ова затоа што и тие ги употребуваат пестицидите.

Мене ме интересира кои органски чаеви се ОК, но гледам дека нема такви достапни во Македонија па и тоа прашање е излишно. Иначе морам да приметам дека цената на чаевите се однесува пред се на квалитетот на лисјата, од разни аспекти како географската положба, видот и величината на ливчињата (погоре/подоле на самото растение) и такви фактори... Никаде не се зема во обзир присутноста на пестицидите во крајниот продукт. Затоа и го спомнав Јапан како единствена земја од спомнатите со построги критериуми во безбедноста и декларирањето на состојките.
 
Да се сложувам дека никаде не е регулирано. За жал денес никогаш неможеш да си 100% сигурен. Од она што го имам видено највеќе верба имам во јапонски компании кој произведуваат во кина. Чај од јапонија малку ми е страв денес ради радиација мада има 2-3 одлични региони али за да дојдеш до таков чај само во јапонија. Јас немам видено никаде надвор, едноставно највеќе плаќаат и нема потреба да се извезува.

Квалитетот на лисјата и како е растен играат голема улога. Јапонските се ценети оти растени се во сенка па доста од корисните хемикалии се задржани. Затоа и чајот во прав е права работа поготово ако е од јапонија. Во кина исто се произведува во прав на јапонски начин ама со послаб квалитет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom