Зелен чај - за што се е добар?

Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
Зелениот чај одсекогаш беше и ќе остане најпопуларен чај. Некои го користат за диета, некои за имунитет, но за што се е добар всушност зелениот чај?


Зелениот чај е познат по тоа што го намалува холестеролот и со тоа се балансира неговото ниво во крвта. Спречува да се создаваат масни наслаги во телото и го забрзува метаболизмот. На овој начин тој помага при губењето на килограмите и одржување на линијата.

Зелениот чај штити од болести.Докажано е дека зелениот чај содржи корисни полифеноли, кои се многу јаки антиоксиданси кои го зајакнуваат имунолошкиот систем ,кои помагаат во борбата против ракот (го намалуваат дејството на ензимите кои овозможуваат канцерогените клетки да се населуваат во организмот и со тоа ги намалува шансите за заболување од рак. Кинеска студија која била спроведена на 6.928 жени покажала дека тие кои редовно конзумираат зелен чај имаат 12 % помал ризик да заболат од рак на дојка). Полифенолите помагаат и кај луѓето кои имаат проблем со спор метаболизам како и при диети (докажано е да при диети, луѓето побрзо губат килограми доколку наместо вода пијат зелен чај. Лицата кои пиеле зелен чај изгубиле повеќе од 7% масни наслаги отколку луѓето кои пиеле други напитоци, со ист број на калории).

Зелениот чај исто така штити од срцев удар и мозочен удар (врз основа на 9 научни истражувања било докажано благотворното дејство на зелениот во превенцијата на мозочниот удар. Лицата кои пијат 2 до 3 шољи чај дневно имаат 21 % помал ризик да доживеат мозочен удар).

Зелениот чај ги намалува токсините на црниот дроб вклучувајќи ги и оние од цигарите и алкохолот.

Доколку редовно го конзумирате или ја перете усната шуплина со него, тој спречува појава на кариес и ги штити непцата и грлото (во студија, во која учествувале 940 мажи, било докажано дека оние мажи кои пиеле зелен чај имале појаки и поздрави забни непца)

Ја намалува појавата на тромбоза, односно ја спречува аглутинацијата на крвните плочки - тромбоцитите.
Може да се користи и како средство за чистење и освежување на кожата на лицето.

Честото конзумирање на зелен чај може да ја зголеми јачината на коските (благодарение на катехинот кој го содржи зелениот чај) , да го стимулира растот на коскената срж, да го успори нивното распаѓање и да спречи појава на остеопороза (тајвански научници откриле дека високата содржина на полифеноли во зелениот чај ја одржува густината на коските и со тоа ја спречува остеопорозата. Затоа на жените, посебно во периодот на менопаузата им се препорачува да пијат зелен чај во поголеми количини)




Нова студија во Јапонија ја открива врската меѓу честото консумирање на зелен чај и помалата појава на депресија...

Новата студија е извршена на 1058 жители од Јапонија на возраст од 70 години. Позитивен ефект се манифестирал кај оние испитаници кои секојдневно пијат по две до три чаши, а резултатите се уште подобри меѓу испитаниците кои дневно пијат по четири чаши на зелен чај.

Точниот механизам на дејството на зелениот чај врз депресијата се уште не е јасен, но ова е уште една во серијата на докажани благотворни ефекти на мултилатерален пијалок.
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
245
Поени од реакции
35
Пијам редовно зелен чај :) Прво ми бесе одвратен али се навикнав брзо и пијам по 2 чаши на ден. Исто така имам читано дека добро е да се плакне косата со него како и да се мие лицето, содржи повеќе кофеин од кафето па ако неќете да заспиете ете ви го лекот :P
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Мене па ми е чудно, коа зелен чај ке стават во жолта кутија...
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
Да да и тоа за кофеинот е точно... Ете тоа сум заборавил да спомнам во постот. Епа за горчење по малку горчи али јас му ставам лимон и некако се губи горчливоста , ама па тоа не ми пречи многу.


Исто така да спомнам дека е многу добро да се меша и со Жен Шен.Подоцна ке допишам повеќе за ова.
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Еднаш ми рекоа на лекар да го пијам за незнам што беше ама грдо ми мирисаше и така остана...Повеќе сакам нане или хибискус :pipi:
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Зелениот чај е добар за подготовка и на комбуха. Па заедно уште повеќе ја зголемуваат својата вредност.
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
Значи како што спомнав во претходниот пост комбинацијата на Зелен Чај и Жен Шен е многу полезна , која има доста придобивки од здраствен аспект според традиционалната источна медицина.

Што е Жен Шен?

Жен Шен или гинсенгот е билка која живее и до 100 години, а од неа се употребува само коренот кој по својот изглед, потсетува на фигура од човек. Има специфичен мирис и нагорчлив вкус. Коренот содржи тритерпенски сапонозиди наречени панаксозиди, витамини од Б групата, како и супстанции со хормонски својства, смоли, минерални материи и етерско масло. Коренот на Жен Шенот е едно од најценетите природни лековити средства во традиционалната источна медицина. Дејствата на Жен Шенот се многубројни, па затоа се нарекува еликсир на животот и лек за сите болести.

Кои се неговите лековити својства?

- Корисен е во контрола на процесот на стареење и зачувување на виталноста

- Особено е полезен при промена на годишните времиња, кога организмот треба да се адаптира на новите климатски услови

- Оваа комбинација на напиток е ефикасна за нормализирање на крвниот притисок - Го адаптира организмот на стресни ситуации и се употребува во превенција од стрес

- Делува на ендокрините жлезди со што се зголемува концентрацијата, се продолжува работната способност, се подобрува расположението и се намалуваат хипогликемските кризи. - Поволно делува при појава на настинки, кашлици и грипови

- Го подобрува метаболизмот на витамините и минералите

- Составните компоненти на овој напиток ја јакнат мозочната активност и позитивно влијаат на менталните и физичките функции -

Кај стари и изнемоштени лица е забележано т.н антизаморно дејство односно делува освежувачки на организмот, го одстранува заморот и го подобрува памтењето.

- Го олеснува и забрзува одстранувањето на холестеролот и жолчните киселини - Помага при ревматизам, болки во коските, анемија, несоница, главоболки - Го регулира менструалниот циклус - Спречува прогресивно уништување на забите

- Го подобрува развојот на мускулите и го намалува недостигот на кислород, поради што е добар за спортисти - Добар е во борбата против ракот

- Ја зголемува сексуалната енергија и го подмладува целиот организам

Фактички мешавината од Зелен чај и Жен Шен конзумиранa редовно влијае стимулативно на целиот метаболизам
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Баш пред некој ден си купив зелен чај од Cedevita најубав ми е.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Веќе неколку месеци секој ден пијам по 1 чаша зелен чај.
И на почеток и сега ми е горчлив, ама се навикнав, знам дека е многу здрав и така да корисно е што го пијам.
Не го пијам за да ослабнам а и не верувам дека се слабее од него, ќе треба да бидам анорексична ако е така работата. Едноставно го чисти организмот од отрови, добро делува на дигестивниот систем, лицето ми е многу почисто откако го пијам, акни многу поретко се појавуваат, го јакне имунитетот итн.

А имам читано дека создава зависност како кафето зелениот чај.
Но и имам читано дека не е добро да се претерува и да се пие по неколку чаши на ден. Нели се што е премногу е штетно. Така да не повеќе од 1-2 чаши на ден.

Баш пред некој ден си купив зелен чај од Cedevita најубав ми е.
Еј ама горчи тој, ептен е јак. Баш сега го пијам најнеубав ми е од сите до сега што сум ги пиела.
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
Баш пред некој ден си купив зелен чај од Cedevita најубав ми е.

Од цедевита е филтер чај така во вреќички. Јас тој што го пијам не е таков туку го купувам рефус т.е не е филтер чај ( незнам точно како да го објаснам :pos2: ) . Сум слушнал дека ваков бил подобар.... :toe:

А имам читано дека создава зависност како кафето зелениот чај.
Но и имам читано дека не е добро да се претерува и да се пие по неколку чаши на ден. Нели се што е премногу е штетно. Така да не повеќе од 1-2 чаши на ден.
.
Пааа за ова немам слушнато до сега али баш ке се распрашам да видам. Мада не верувам дека создава зависност али се е можно.
Па добро ја и толку пијам по две на ден некогаш може да се случи и три да испијам па сум немал некои проблеми :toe:. За ова мислам дека нема врска дека може од Зелен Чај да се предозираш , ама еве и за ова ке пробам да истражам да не зборам вака за џабе , на празно.
 

InSuLaNeR

A man who never was a boy.
Член од
13 јули 2009
Мислења
878
Поени од реакции
107
Не сум го знаел ова за зелениот чај благодарам за информациите!!!!:helou:
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
се фино кога го пиев зелениот чај нагло ослабев на мое задовлство но во хрватска наводно го повлекле од продажба бидејќи злениот чај предизвикувал ЛЕУКЕМИЈА. колку е точно утврдено незнам само јас прекинав да го пијам.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
се фино кога го пиев зелениот чај нагло ослабев на мое задовлство но во хрватска наводно го повлекле од продажба бидејќи злениот чај предизвикувал ЛЕУКЕМИЈА. колку е точно утврдено незнам само јас прекинав да го пијам.
Не е точно, зелениот и белиот чај имаат потврдено и докажано антиканцерогено својство.
Јас пијам секој ден и бел и зелен чај, на почетокот ми беа грозни, ама со тек на време се навикнав, сега дури и убави ми се.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Не е точно, зелениот и белиот чај имаат потврдено и докажано антиканцерогено својство.
Јас пијам секој ден и бел и зелен чај, на почетокот ми беа грозни, ама со тек на време се навикнав, сега дури и убави ми се.
ејјјјјј баш сакав да напоменам за белиот чај инаку е многу убав незнам зашто не ти се свиѓ ами делува некако млечно за разлика од зелениот ми е супер.

инаку кога пиев зелен и бел чај многу убаво се чувствуав ептен супер само ме извадија од памет!

а каков зелен и бел чај пиеш овој у филтер или нешто рефус?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom