Зелен чај - за што се е добар?

Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.098
Пијам редовно зелен чај,почнав да го пијам пред 3-4 години и ретко да се случи да промашам а да не испијам една шолја дневно.Мислам дека нема негативни последици од него,не се создава зависност.
Со редовното пиење на зелен чај знам дека се намалува подуеноста на стомакот,се забрзува метаболизмот а добар е и за одржување на линијата.Важно за зелениот чај е неговата подготовка.Водата не треба да зоврие,туку треба пред да зоврие да се тргне и чајот да не се држи повеќе од 4 минути,зошто во спротивно испушта масло кое горчи.Не треба да се пие засладен,мислам секој чај воопшто има подобар ефект ако се пие не засладен.
 
Doktor1

Doktor
Член од
3 јули 2010
Мислења
364
Поени од реакции
73
Напесто лошата навика што ја имаат многу луѓе да пијат кафе веднаш по станувањето на гладно што прави многу проблеми на организамот, пиењето на чај веднаш по будењето предизвикува многу позитивни ефекти го буди организамот ги активира органите за излачување, за варење и многу му помага на организмот при исфрлањето на слободните радикали и при варењето на храната и е одлична идеја за започнување на денот, тоа е научно докажано, но исто така научно е докажано и дека не треба да се предозира. Две три чашки во текот на денот се доволни, предозирањето може негативно да влијае на организмот, сепак подобро предозирајте се со чај него со кафе :)
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
325
Поени од реакции
56

Сум слушнал дека зелениот чај не требало да се пие на гладно, требало да бидеш најаден. Од каде сега тие е информацијата, иако е точна просветлиме да си пијам и јас уште сабалје зелен чај, а не да чекам до првиот доручек
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.663
Поени од реакции
12.059
Сум слушнал дека зелениот чај не требало да се пие на гладно, требало да бидеш најаден. Од каде сега тие е информацијата, иако е точна просветлиме да си пијам и јас уште сабалје зелен чај, а не да чекам до првиот доручек
Истото дека не е добро на празен стомак го имам прочитано, а има на повеќе сајтови
http://en.wikipedia.org/wiki/Green_tea#Safety
In 2008 the US Pharmacopeia reviewed the safety of green tea extract. It found 216 case reports, 34 on liver damage, of which 27 were categorized as possible and 7 were categorized as probable. Potential for adverse effects is increased when extracts are used, particularly on an empty stomach.[46]
Don't drink tea on empty stomach or with meals. Drinking tea on empty stomach cause "coldness" to enter the lung and stomach system. On the other hand, there are good "Western" reasons why one should avoid drinking tea with meals:
  • Tea reduces the absorption of non-heme iron, causing problems to those prone to iron deficiency anemia.
  • Tea reduces the absorption of thiamine, or vitamin B. Thiamine deficiency leads to a condition known as 'Beriberi'. Once common to sailors, Beriberi is now relatively rare in the Western world except for alcoholics.
Инаку содржи разни состојки (флуорид, оксалати, кофеин) па не е баш добро да се претерува.

Но и сфаќањата и откритијата за кафето (пошто погоре беше спомнато) постепено се менуваат. И кафето содржи антиоксиданси, но сеуште се вршат истражувањата (иако засега без цврсти докази и причина) во намалување на ризикот од дијабетес 2, одредени срцеви заболувања и Паркинсонова болест.

All tea leaves contain fluoride; however, mature leaves contain as much as 10 to 20 times the fluoride levels of young leaves from the same plant. High fluoride intake (daily intakes over 2 mg for children, 4 mg adults) increases the risk of osteofluorosis and fractures. It is speculated that white tea should contain less fluoride than green tea and black tea, because it is made of buds and young leaves only.
The fluoride content of tea depends directly on the fluoride content of the soil in which it is grown; tea plants absorbs this element at a greater rate than other plants. Care in the choice of the location where the plant is grown may reduce the risk.
Затоа се што е умерено од овие продукти е ок.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
многу пијам зелен чај како кинез па оттаму потекнува зелениот чај,и редовно пијам не поради задоволство ами и има позитивен ефект и тоа без шеќер ништо не ставам во нив
си ја горчливост одлична замена за кафе;)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
26
Поени од реакции
7
Зелен чај за цврсти коски Докажано е дека зелениот чај содржи корисни полифеноли, кои се многу јаки антиоксиданси и кои помагаат во борбата против ракот, но и при диети, кај луѓето кои имаат проблем со спор метаболизам. Сепак, нутриционистите сметат дека не е лошо да се потсетат луѓето зошто зелениот чај е здрав избор. Не заборавајте, зелениот чај: Го штити организмот од рак Лицата кои редовно консумират зелен чај имаат 12% помал ризик да заболат од рак на дојка, покажала кинеската студија која била спроведена на 6.928 жени. Помага при губиток на килограми Докажано е да при диети, луѓето побрзо губат килограми доколку наместо вода пијат зелен чај. Лицата кои пиеле зелен чај изгубиле повеќе од 7% масни наслаги отколку луѓето кои пиеле други напитоци, со ист број на калории. Го намалува ризикот од мозочен удар Врз основа на 9 научни истражувања било докажано благотворното дејство на зелениот и црниот чај во превенцијата на мозочниот удар. Лицата кои пијат 2 до 3 шољи чај дневно имаат 21 % помал ризик да доживеат мозочен удар. Ги чува непцата Во студијата, во која учествувале 940 мажи, било докажано дека оние мажи кои пиеле зелен чај имале појаки и поздрави забни непца. Ја спречува остеопорозата Тајванските научници откриле дека високата содржина на полифеноли во зелениот чај ја одржува густината на коските и со тоа ја спречува остеопорозата. Затоа на жените, посебно во периодот на менопаузата им се препорачува да пијат зелен чај во поголеми количини.

Припремање на зелен чај Никогаш немојте та го преливате земениот чај со врела вода, бидејќи на тој начин се разлагаат танините и се уништуваат витамините и другите корисни состојки во зелениот чај. Идеална температура на водата за чај е 70-80 степени Целзиусови. Кога водата ќе проврие, почекајте неколку минути таа да се олади, а птоа ставете го чајот и оставете го да одстои 1-2 минути. Потоа процедете го, додадете му сок од лимон и засладете го со мед.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520

Со ваква подготовка нема да ви треба да додавате ништо нема горчлив вкус со ваква приготовка доколку се остави водата да зоврие 100 степени и стои подолго време ќесичката така станува горчлив чајот и непријатен за пиење.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Дали зелениот чај е подобар од црниот чај ?
Мислам дека е подобар зелениот, иако и двата се прават од Camellia Sinensis но разликата е во начинот на преработката, црниот знам дека е појак има повеќе кофеин, иначе кој и да го пиеш здраво е
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.166
Постојано се појавуваат нови и нови докази за полезното дејство на зелениот чај врз здравјето.
    1. Ја спречува појавата на рак. Многубројни истражувања покажале дека консумацијата на зелен чај помага во заштитата од рак на стомакот, хранопроводот, простатата и панкреасот. Резултатите покажале дека колку што е поголема консумацијата на зелен чај, толку повеќе се намалува ризикот од појава на ова кобно заболување. Јапонско истражување покажало дека жените кои пијат повеќе зелен чај пред и по операција од рак на дојка го намалуваат ризикот од повторна појава на болеста. Во почетокот на оваа година, истражување во Калифорнија го докажало позитивниот ефект на зелениот чај и во заштитата од рак на белите дробови. Консумацијата на барем една чаша зелен чај дневно го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови дури за 5 пати.
    2. Заштитува од срцеви заболувања. Редовното консумирање на зелен чај го намалува ризикот од срцев удар и атеросклероза. Исто така, овозможува полесно и побрзо закрепнување на пациентите кои доживеале срцев удар.
    3. Го подобрува имунитетот. Зелениот чај помага во заштитата од настинка и грип.
    4. Помага за намалување на „лошиот“ холестерол. Консумирањето на барем 2 чаши зелен чај дневно го намалува нивото на „лош“ холестерол (LDL) во телото.
    5. Го заштитува џигерот. Зелениот чај има способност да го заштити џигерот од токсини како алкохолот и од хемикалиите што ги има во чадот од цигарите.
    6. Спречува појавување на камен во бубрезите. Околу 5% од светската популација страда од камен во бубрезите, а зелениот чај ни овозможува на природен начин да се бориме против оваа болест.
    7. Го подобрува денталното здравје. Веќе постојат докази дека зелениот чај ја спречува појавата на кариес, но исто така и ги уништува бактериите во устата кои што предизвикуваат лош здив.
Моќното позитивно дејство на зелениот чај е докажано и во борбата против рак на кожа и Паркинсонова болест, а исто така и против воспаленија. Зелениот чај го стимулира метаболизмот, го намалува високиот крвен притисок и шеќерот во крвта и помага за убав изглед на кожата.
 
Член од
18 ноември 2011
Мислења
81
Поени од реакции
25
Од колку години може да се користи чајот и каде можам да го најдам и како да го тража?
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Од колку години може да се користи чајот и каде можам да го најдам и како да го тража?
Сегде го има во било која продавница, зелен чај се вика, така и ќе го бараш, и не си мал можеш да го пиеш ;) го има и во продавници за здрава храна таму не е филтер и е поквалитетен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom