Збогум „Чичко Стоилко“ и компанија

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
ОПШТИНА ЦЕНТАР ЌЕ ГИ ОТСТРАНУВА СЕНДВИЧАРНИЦИТЕ KАЈ ТРИУМФАЛНАТА ПОРТА

Ќе се уредува платото зад зградата на ЕВН, на улицата 11 Октомври, а за таа цел ќе се отстранат сендвичарниците на оваа локација, најавија од Општина Центар на последната седница на Советот. Причината е уредување на околината на Триумфалната порта.

Со оваа одлука, по три децении постоење, во историјата ќе замине и познатиот скопски бренд, сендвичарницата „Чичко Стоилко“, но и останатите угостителски објекти на тој потег.

извор: дневник

- Ги рушиме старите белези да градиме нови. Нема човек што не го знае местото и што нема јадено од таму. Сендвич кој е по пристапна цена и кој ќе те најаде. Штета е ако целосно ги уништат, наместо да ги дислоцираат, ако веќе толку и сметаат на триумфалната.

пс. на страната на дневник има прашање „дали ќе ги тргнат и продавачите на крофни на плоштад!?“ Е баш и тоа ме интересира, оти таа зејтинијада од крофна е далеку по грда, отколку сендвичарите.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Збогум на еден од симболите на Скопје...
Сега ќе викаме ќе се чекаме кај Триумфалната, кај Самоил итн...

ЕДИТ
Кај Ацика... Го забрајв него!
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Баш штета. Стоилко беше класа над сендвичарите околу неа. Се надевам дека ќе добие друга добра локација.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
- Ги рушиме старите белези да градиме нови. Нема човек што не го знае местото и што нема јадено од таму. Сендвич кој е по пристапна цена и кој ќе те најаде. Штета е ако целосно ги уништат, наместо да ги дислоцираат, ако веќе толку и сметаат на триумфалната.

пс. на страната на дневник има прашање „дали ќе ги тргнат и продавачите на крофни на плоштад!?“ Е баш и тоа ме интересира, оти таа зејтинијада од крофна е далеку по грда, отколку сендвичарите.
Durr Hurr :place: , рушат бараки-сендвичари! Абе ој легни си. :ROFLMAO:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Да ти ебам посраната капија...............тоа место секогаш ќе биде познати како кај Стоилко !!!
Зашто ги тргаат не ми е јасно ?!?!?
Епа за инат ќе викаме Капијата кај Стоилко! :D :pos::vozbud:
Или Стоилкова Капија.
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
И јас сум за дислоцирање на сендвичарите, но во непосредна близина на некое соодветно место, ама да се уништи стар скопски бренд сум против, не сум чест муштерија на сендвичарите, но сакам и понатаму да постојат во градот.

Се сложувам за пордавачите на крофни да се избришат исто така кога веќе наумиле да ги тргнат сендвичарите, нема потреба и крофнарите да постојат, а не за едни да има леб, а за други ништо.
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Фала богу време беше...според мене го грдат центарот на Скопје. Можеби требаше нивна реконструкција (стил на градба кој што би се вклопил со останатиот дел околу) но и ова не е лоша идеа.
 
Може сендвичара во Барок Стил, е тек после ќе викаат дека сме мрднати. :D :pos:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Фала богу време беше...според мене го грдат центарот на Скопје. Можеби требаше нивна реконструкција (стил на градба кој што би се вклопил со останатиот дел околу) но и ова не е лоша идеа.
Никаква реконструкција не им треба,едноставно не им е таму место.. тони хартија и салфети се разнесуваа наоколу
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Може сендвичара во Барок Стил, е тек после ќе викаат дека сме мрднати. :D :pos:
:) епа затоа реков можеби ова е подобра опција, и нека ги дислоцираат на некое друго место. Во рок од 3-4 години центарот знаеме дека ќе биде сменет и едноставно на сендвичарите не им е местото таму. Можеби од другата страна на трговски кај Холидеј Ин би била добра опција
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
до Вили (кај Автобуската станица) нека ги сместат, и така нова улица направија таму
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Никогаш немам јадено кај Чичко Стоилко, и ништо не ми значи тоа што ке ги отсранат сендвичарите, сеедно ми е, јас во 7ца си јадам :) .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom