За христијаните СПЕЦИЈАЛНО

Член од
24 ноември 2008
Мислења
1.035
Поени од реакции
44
Ај смешен си.. остани ми со здравје.. најди неколку книги или потроши малце време за културно издигнување.

за многу работи треба сам да се потрудиш, немој да очекуваш се да ти биде сервирано..
шо да барам што ке најдам, абе црн ти исти си со другарти горан, потрудисе што да се трудам кога нема ништо од таа пуста византија,освен војни и убиства икони и молитви тоа е твоето цивилизациско,достигнување:drk::tapp:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
а никој не ја споменува ВИЗАНТИЈА за средниот век каде 1100 години била центар и лулка на цивилизацијата, со музика, уметност, култура ???
Која култура, наука и......кога само два три-тројца свештеници биле писмени а она останатото.....:pos2:
 
Член од
8 април 2006
Мислења
45
Поени од реакции
0
Се што ќе се измисли денеска и се она модерно за жал е многу штетно по нашето здрвје таа слобода на народот се злоупотребува и излегува на денешен ден се и сешто но не го одобрувам и тоа време кога религијата ги скратувала сите права на лугето за изразување најдобро е да се најде некоја средина јас како обожавател на уметноста сепак мислам дека многу не стопирало во развојот на човештвото
 
Член од
4 април 2009
Мислења
1.311
Поени од реакции
21
шо да барам што ке најдам, абе црн ти исти си со другарти горан, потрудисе што да се трудам кога нема ништо од таа пуста византија,освен војни и убиства икони и молитви тоа е твоето цивилизациско,достигнување:drk::tapp:

A што има денес,Ватикан кој ве заведе сите.Инаку Немо војните,убиствата ти се поврзани со ктстоносните војни со цел да се уништи Византија,(а не знам дали се знаел дека Византија е сосема идентично на поимот Македонија,исти народ,иста територија)секако преплатници на тој денешен Ватикан,и кога сме кај него дали можете да ми објасните далеку во историјата колку папи се отровени или убиени,кој и зошто.

Да ве потсетиме дека идејата за храмовите,црквите денес за нивното формирање е да се на народот приближи присуството на бог,како и знаењето за него,да се воспитуваат лугето на нешто за кој треба да бидат свесни што е поголемо од нивните лични проблеми.

И токму овде може секој да го пронајде проблемот на денешницата,ако го сватиме Јован(10;34)кој пишува за Христос кој вели ,,ЛУГЕТО СЕ БОГОВИ,,

Проблемот не би постоел ако човекот свати дека треба да биде свесен субјект,а не ,,слуга Божја,,или поточно човековата средина,или внатрешна енергија,односно ,,ДУХОТ,,кои му све омогучува,или поточно е самиот бог.Или попросто неговата суштина внатре во секој човек и извор на самиот ум.Истовремено сите димензии се внатрешноста на самиот човек,заблудата денес според нас е токму овде што сите димензии надвор од човекот се под контрола на некој ,,бог,,Поради тоа ни се чини дека човекот се повеке и повеке се одалечува ос својот внатрешен дух,внатрешна енергија.

Значи кртатко - Проблемот е во тоа што бог(мислам на димензијата надвор од човекот која ни е преставена како бог) е поблиску до нас,одколку да бидеме поблиску до нашиот дух.(или поточно ако го разбереме самиот Христос во горниот пост и искажувањето на ,,лугето се богови,,треба да се држиме до нашиот внатрешен дух,нашата внатрешна енергија.)
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.795
За она што атеистите го тврдат имаат одговор не бараат од верниците одговор.
За што конкретно имаат одговори и кои се тие одговори?
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Би ги запрашал сите сатанисти кои евде се декларираат како такви... ако еден од принципите на тоа учење е: ако некој те удри.. ти врати му..

Што би се случило кога би ја превземале цела власт над цел свет во секоја држава..
и да ја спичкаат цела планета базирани на тоа учење.. кога ќе ти гекне некој проектил и ти уништи село семејство, куќа и се што имаш/// кого ќе го величаш тогаш ?? ,, нели.. тој те удрил, ти врати му, тој ти враќа.. итн..

не ли приметувте колку ви ТРУЕ.. тоа вистинската религија ??

кои сатанисти. не веруваш во господ значи не веруваш ни во ѓавол ни во др. суштества кои не можеш да си ги објасниш со логика. А ти сакаш да ми кажеш дека ако некој те удри тебе или твој близок нема да направиш ништо. ПАЗИ не зборувам само за физички удар.
 
D

dzale1

Гостин
ООО слепец еден, тоа го праеле Католиците а не православните. Мие смо биле под турско, смо биле мирен народ, црквата било единствено нешто што ни давало надеж.
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
1. Информациите за Средниот век кои ти ги имаш, се само најобична предрасуда од модерните луѓе кон средновековието! Па како може луѓе од денешно време да критикуваат нешта кои самите не ги ни виделе, ни слушнале, ни доживеале, а?
2. Да, имало и има и „бели„ информации, но твојата предрасуда кон средновековиети не ти дозвлолува да ги примиш.
3. Уметност(и) имало и во тоа време и тоа како? За оние на кои тоа и ме познато, разбира се...Уметноста НЕ познава ваков или таков век!
4. Тоа НЕ Е Црквата која Христос ја основа! Тоа е само извитоперена човекова институција.
5. Нема разлика-принципот е ист, а формата е различна!

Кон последното:
тоа цело време го правам...

Добро човек веќе увидов дека НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ПОВЕЌЕ ОД ТЕБЕ па веќе кога толку си над сите модерни луге кои имаат предрасуди можеш да ни објасниш, а не само да тврдиш работи.

Искрено не ја разбирам опседнатоста на атеистите со средниот век, што е работата сакате да се откажеме од нашата вера и да ви аплаудираме за тоа што сте го чуле или прочитале за средниот век.

Секој период од човековото постоење имал добри и лоши страни никогаш не било најдобро или најлошо.
Може ли да ми кажеш кои се добрите страни (или периоди) на религијата, јас цело време тоа се обидувам да го чујам.

Хмммм...Имам подобар осет за реалност од тебе, биди сигурен.

Ти како да имаш се подобро од секого.
А си чул ли за поимот ГОРДОСТ. Колку што знам беше смртен грев и се одеше во пекол за тоа
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Ти како да имаш се подобро од секого.
А си чул ли за поимот ГОРДОСТ. Колку што знам беше смртен грев и се одеше во пекол за тоа
Види, да дискутираат на истата тема, не се собрале група адолесценти кои мислат дека се што лета се јаде.

Заради што ослабнала љубовта меѓу Христијаните? Почеток на духовното паѓање и негов крај е – гордоста. Но, има многу видови гордост. Гордоста се припојува кон доброто како некои паразитни растенија што го обвиткуваат дрвото, хранејќи се со неговиот сок, притоа исушувајќи го и уништувајќи го. Гордоста ги пораѓа егоизмот и егоцентризмот – изопачената љубов на човекот кон самиот себе. Гордоста ја раѓа верата во својот разум како универзален инструмент за познание. Гордоста може да се пројавува во уривање на структурите – како анархизам и обратно, во централизација на структурите – како диктатура. Губењето на љубовта се покажува во душевното студенило и незаинтересираноста за луѓето, во надменоста и насилството над другите.
Гордиот ги гледа луѓето како орудие за достигнување на своите цели, како предмет за задоволување на своите страсти. Човекот самиот по себе за него нема вредност. Гордоста произведува тирани и робови. Гордоста ги разединува и ги отуѓува луѓето. На гордиот му изгледа дека светот е создаден само за него, дека тој е центарот околу кој мора да се вртат другите луѓе.

11 Зашто како што појасот се долепува до човековите бедра, така сакав сиот Израелов дом и сиот Јудин дом да се долепи до Мене - зборува Господ - за да бидат Мој народ, Мој добар глас, Моја гордост, Моја слава и чест. Но не послушаа!’

15 Послушајте, чујте добро, оставете ја гордоста: Господ зборува сега!

16 Дајте Му слава на Господа, својот Бог, пред да се смрачи, пред вашите нозе да се сопнат во мрачните планини. Вие и се надевате на светлината, а Тој ќе ја претвори во мрак, ќе ја измени во црна темнина!
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Добро човек веќе увидов дека НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ПОВЕЌЕ ОД ТЕБЕ па веќе кога толку си над сите модерни луге кои имаат предрасуди можеш да ни објасниш, а не само да тврдиш работи.

Ти како да имаш се подобро од секого.
А си чул ли за поимот ГОРДОСТ. Колку што знам беше смртен грев и се одеше во пекол за тоа
Тоа што имам повеќе сознанија од тебе, не значи дека сум страшно и безмерно горд. Гордоста постои и кај мене, несомено, но битното е дали јас ја контролирам гордоста или таа мене.

Види, да дискутираат на истата тема, не се собрале група адолесценти кои мислат дека се што лета се јаде.

Заради што ослабнала љубовта меѓу Христијаните? Почеток на духовното паѓање и негов крај е – гордоста. Но, има многу видови гордост. Гордоста се припојува кон доброто како некои паразитни растенија што го обвиткуваат дрвото, хранејќи се со неговиот сок, притоа исушувајќи го и уништувајќи го. Гордоста ги пораѓа егоизмот и егоцентризмот – изопачената љубов на човекот кон самиот себе. Гордоста ја раѓа верата во својот разум како универзален инструмент за познание. Гордоста може да се пројавува во уривање на структурите – како анархизам и обратно, во централизација на структурите – како диктатура. Губењето на љубовта се покажува во душевното студенило и незаинтересираноста за луѓето, во надменоста и насилството над другите.
Гордиот ги гледа луѓето како орудие за достигнување на своите цели, како предмет за задоволување на своите страсти. Човекот самиот по себе за него нема вредност. Гордоста произведува тирани и робови. Гордоста ги разединува и ги отуѓува луѓето. На гордиот му изгледа дека светот е создаден само за него, дека тој е центарот околу кој мора да се вртат другите луѓе.
Право велиш...
А еден од знаците од последните времиња е токму тој: кога љубовта (не зборувам за емотивната) ќе почне да се „лади„...
 
Blackout

An emotional retard
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
451
Тоа што имам повеќе сознанија од тебе, не значи дека сум страшно и безмерно горд. Гордоста постои и кај мене, несомено, но битното е дали јас ја контролирам гордоста или таа мене.
Oчигледно не ја контролираш твојата гордост кога тврдиш дека имаш повеќе сознанија од мене кога немаш водено ни еден нормален разговор со мене, не знаеш како размислувам, се што знаеш за мене е тоа што си го прочитал а тоа е многу малку (и ако си го протолкувал правилно) Јас не тврдам дека имам повеќе сознанија од тебе а ниту можам да речам дека имам помалку (НЕ ЗНАМ А НЕ ЗНАЕШ НИ ТИ)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Oчигледно не ја контролираш твојата гордост кога тврдиш дека имаш повеќе сознанија од мене кога немаш водено ни еден нормален разговор со мене, не знаеш како размислувам, се што знаеш за мене е тоа што си го прочитал а тоа е многу малку (и ако си го протолкувал правилно) Јас не тврдам дека имам повеќе сознанија од тебе а ниту можам да речам дека имам помалку (НЕ ЗНАМ А НЕ ЗНАЕШ НИ ТИ)
Тоа е само твој став. Очигледно дека ништо не сум пропуштил во животот, кога си ти во прашање.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Тоа е само твој став. Очигледно дека ништо не сум пропуштил во животот, кога си ти во прашање.
Абе ти само со библијата, ко да нема други книги...некои атеисти ја читале наведената книга...и не научиле ништо.Да имаше нешто вредно во неа ај некако.

Blackout правилно размислува и сигурно нема да потпадне под влијанието на религијата. А тоа му гарантира здрав разум и логичко мислење за разлика од повеќето верници.
Си пропуштил да видиш дека од младиве денес има и такви кои мислат со сопствен ум.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Абе ти само со библијата, ко да нема други книги...некои атеисти ја читале наведената книга...и не научиле ништо.Да имаше нешто вредно во неа ај некако.

Blackout правилно размислува и сигурно нема да потпадне под влијанието на религијата. А тоа му гарантира здрав разум и логичко мислење за разлика од повеќето верници.
Си пропуштил да видиш дека од младиве денес има и такви кои мислат со сопствен ум.
1. Имам прочитано многу повеќе, не е само Писмото во прашање.
2. Тоа што атеистите ја читале Библијата и тоа читање не им оставило никаква трага, е одличен доказ за состојбата од нивните умови.
3. Блекаут „правилно „ размисливал? А што е тоа кое е реферетно и кое ќе укаже на правилното или неправилното размилсување!?
4. Полн е Светов со луѓе кои мислат дека се здрави. Исус дојде заради болните а не заради здравите, или, поинаку кажано, сите луѓе )и целата пророда) се болни.
5. Тоа што младите денес размислувале со својот ум, е најблаго речено, тешка произволност. И? До кој заклучок дојдоа младите, кои, ете, демек мислеле со својата глава? Што открија во текот од тоа свое интензивно мислење, дека има топла вода во бојлерот?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
3. Блекаут „правилно „ размисливал? А што е тоа кое е реферетно и кое ќе укаже на правилното или неправилното размилсување!?
Читај ги постовите. Ја претпоставува логиката пред верувањето. Тоа укажува доволно.

5. Тоа што младите денес размислувале со својот ум, е најблаго речено, тешка произволност. И? До кој заклучок дојдоа младите, кои, ете, демек мислеле со својата глава? Што открија во текот од тоа свое интензивно мислење, дека има топла вода во бојлерот?
Мал дел од младите, не сите. Некои се заведени од религиозните пропаганди. До кој заклучок ќе покаже време. Затоа се млади.
Бојлерот го измислил атеист. Енглез.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom