- Член од
- 12 декември 2010
- Мислења
- 4.346
- Поени од реакции
- 3.754
Колку и да звучи лудо, крајно фашистички и диктаторски, пратениците во Собранието на оваа држава, поднесоа прелог-закон со кој се забранува пуштање на снимени или транскрибирани разговори. Секако, предлог законот што го поднесе ДУИ а го поддржа ДПМНЕ е неуставен (ако некому не му е јасно зошто нека престане да ја чита темава). Предвидената казна за вакво дело, се предвидува да биде 4 години затвор. Да, затвор.
Неколку правни експерти се огласија на темава и тоа:
„Ова претставува напад врз медиумите и закана за оние што ги поседуваат снимките“, вели Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
„Предлог – законот е толку глупав, што мојата правна логика не ми дозволува да го коментирам“, вели за БИРН адвокатот Александар Тортевски.
Ова, инаку значи дека бомбите ќе треба да ги тргнат сите оние што ги постирале на фејсбук или твитер, а медиумите што ги пуштале мораат да ги избришат, иначе ќорка другови. Очигледно, Уставот многу-многу не е важен во оваа држава.
Како правниците се чувствуваат по ова прашање?
Би ставил линк од веста, но медиумите не се многу гласни на темава. Ако некој најде нека стави.
Неколку правни експерти се огласија на темава и тоа:
„Ова претставува напад врз медиумите и закана за оние што ги поседуваат снимките“, вели Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
„Предлог – законот е толку глупав, што мојата правна логика не ми дозволува да го коментирам“, вели за БИРН адвокатот Александар Тортевски.
Ова, инаку значи дека бомбите ќе треба да ги тргнат сите оние што ги постирале на фејсбук или твитер, а медиумите што ги пуштале мораат да ги избришат, иначе ќорка другови. Очигледно, Уставот многу-многу не е важен во оваа држава.
Како правниците се чувствуваат по ова прашање?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)