За пуштање „бомби“ 4 години затвор

Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Колку и да звучи лудо, крајно фашистички и диктаторски, пратениците во Собранието на оваа држава, поднесоа прелог-закон со кој се забранува пуштање на снимени или транскрибирани разговори. Секако, предлог законот што го поднесе ДУИ а го поддржа ДПМНЕ е неуставен (ако некому не му е јасно зошто нека престане да ја чита темава). Предвидената казна за вакво дело, се предвидува да биде 4 години затвор. Да, затвор.

Неколку правни експерти се огласија на темава и тоа:

„Ова претставува напад врз медиумите и закана за оние што ги поседуваат снимките“, вели Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„Предлог – законот е толку глупав, што мојата правна логика не ми дозволува да го коментирам“, вели за БИРН адвокатот Александар Тортевски.

Ова, инаку значи дека бомбите ќе треба да ги тргнат сите оние што ги постирале на фејсбук или твитер, а медиумите што ги пуштале мораат да ги избришат, иначе ќорка другови. Очигледно, Уставот многу-многу не е важен во оваа држава.

Како правниците се чувствуваат по ова прашање? :) Би ставил линк од веста, но медиумите не се многу гласни на темава. Ако некој најде нека стави.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Под клуч додека не се одобри политика!
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Темата е отворена (се додека дискусијата е во контекст на правото и законите)
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Прашање: Дали законот ќе важи и за текстовите пишувани тука, фејсбук, твитер, или кое и да е интернет пространство? Или тоа ќе е сива зона? Затоа што и социјалните мрежи, форумите, и слични други, на некој начин се носачи на информации. :unsure::unsure:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Која би била поентата за ваков закон? Не сум правник, но дали сериозно мислат овие дека способни се вакво нешто да спроведат?

Покрај тоа што е неуставен и глуп законот дали мислат дека се првите што пробале да го цензурираат интернетот?

Ако не им успеа на Америве со ПИПА и СОПА не знам како планираат они да успеат во тоа.
Освен тоа имаше некоја приказна за човек што сакал да се избрише некоја приказна од Гугл и од секаде за него па испаднало спротивен ефект.

Така и овие ако пробаат вакво нешто само контра ефект ќе се деси.

П.С Снимките се веќе видени/слушнати така да не гледам која би била поентата тек сега да се забранат.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Има една доста нејасна работа во целата ситуација со ваквиот закон.

Дури и да се донесе ваквиот закон, сепак не би требало да претставува пречка за објавување на останатите таканаречени "бомби", бидејќи нели тие беа сечени, лепени и монтирани лаги.

Едно е објавување на материјали од незаконско прислушување, но пвеводбениците во своја одбрана таканаречените "бомби" ги нарекуваат сечени, лепени и монтирани лаги.

Што се сменило во меѓувреме ?

Дали таканаречените "бомби" сега одеднаш станаа веродостојни материјали, од кои треба да произлегуваат кривични истраги и апсења на корумпирани државни и јавни функционери или ова е чисто заштита од објавување на материјали од незаконско прислушување во иднина ?

Како и да е, дури и да стане реалност ваквиот закон, а воопшто не се сомневам дека за помалку од 24 часа од сега ќе стане реалност, сепак тој закон ќе важи само на територијата на Република Македонија, но нема да важи надвор од територијата на Република Македонија.

А со оглед на фактот дека добар дел од македонските Интернет портали се регистрирани во странство на странски Интернет домејни, истите тие Интернет портали слободно ќе можат да продолжат да објавуваат нови таканаречени "бомби".

Еве на пример, Зоран Божиновски на Фејсбук објави дека неговиот Интернет портал Буревесник е регистриран надвор од Македонија, а бидејќи и самиот Божиновски е надвор од Македонија, ќе продолжи да објавува секакви податоци за криминалните активности на македонски државни и јавни функционери, бидејќи за неговиот Интернет портал и за него лично, законот не важи надвор од територијата на Република Македонија.

Како и да е, доколку навистина Зајко седнал на преговарачка маса за да преговара за закон со кој останатите необјавени таканаречени "бомби" нема да бидат објавени и достапни за македонската јавност, тоа повеќе од доволно говори колку Зајко навистина сака Вистината за Македонија да излезе на виделина.

Но доколку сакаат да спасат и најмалку образ колку што можат, Зајко и неговите соработници и истомисленици ќе ги искористат овие малку часови што им се останати на располагање додека законот сеуште не станал реалност, за да ги објават сите останати необјавени таканаречени "бомби" за Вистината за Македонија да биде достапна за целата македонска јавност.
 
Последно уредено:
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Прашање: Дали законот ќе важи и за текстовите пишувани тука, фејсбук, твитер, или кое и да е интернет пространство? Или тоа ќе е сива зона? Затоа што и социјалните мрежи, форумите, и слични други, на некој начин се носачи на информации. :unsure::unsure:
Да, важи и за социјалните мрежи. Впрочем тие и се најопасни и најтешко се контролира цензурата.

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
 
Z

zlaki

Гостин
забранетото 'овошје' секогаш е послатко..или вистината е како шило,врти врти и ОП ќе излезе.Во турција го блокираа фејсбукот,за северна кореја и да не зборуваме како е таму..Но во Македонија каде се спремаме за влез во ЕУ и се декларираме како демократска земја ваков чин од учк и дпмне за да се забранат бомбите на зеав односно Вистината за Македонија е показател на крајно диктаторски режим и да ми простите на пишаниот збор КРИЕЊЕ од КРИМИНАЛНО БОГАТЕЊЕ од грбот на македонскиот народ,местенки,рекетирање и курварлук со невиден разврат задскриен зад лажни бројки од економски раст и силен патриотизам.
Народен суд што побргу да ги реши овие антимакедонци и сета штета настаната од нив да се наплати во затвор и одземање на сиот имот.
Зар до толку не ставија во ненормални да не можеме да расудуваме што е криминал а што правда ,закон и држава.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Спорните членови за ретроградно важење ќе се сменат амандмански или после преработка и законот ќе биде изгласан. Само мислам дека немаше потреба од нов закон, многу поелегантно решение ќе беше измени и дополнувања на кривичниот законик.
 
Последно уредено:

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Ve pozdravi North Korea! Kako i da e mislam deka vakviot zakon ke donese sprotiven efekt. Vo denesno vreme nevozmozno e da go kontroliras internetot i informaciite na nego.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Како и да е, доколку навистина Зајко седнал на преговарачка маса за да преговара за закон со кој останатите необјавени таканаречени "бомби" нема да бидат објавени и достапни за македонската јавност, тоа повеќе од доволно говори колку Зајко навистина сака Вистината за Македонија да излезе на виделина.

Но доколку сакаат да спасат и најмалку образ колку што можат, Зајко и неговите соработници и истомисленици ќе ги искористат овие малку часови што им се останати на располагање додека законот сеуште не станал реалност, за да ги објават сите останати необјавени таканаречени "бомби" за Вистината за Македонија да биде достапна за целата македонска јавност.
http://libertas.mk/заев-џафери-бесрамно-лаже-немало-дого/
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.950
Поени од реакции
6.746
Не е поентава некој од пичку мајчину да ја води борбата за нашата Македонија, и за нас кои живееме овде.Ние сме тие кои до сега требаше мал милион пати да излеземе улица и да ја срушиме диктатурата.Диктатура не се руши на Кајгана или на интернет, тоа е само од голема помош да се влијае против стравот, а вистиснката борба е на улица, со молотови коктели, со отворени судири против полицијата и.т.н.
Не за џабе македончето последно добило држава.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Инаку од 7 часот инцијативата "Ајде" организира протест пред Собранието.

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom