За пуштање „бомби“ 4 години затвор

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Абе вака ли бомбиве биле петарди дрн дрн чешање мадиња, киндер јајца ?

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Тоа што во јавноста се обелоденети најцрни махинации, рекет, лоповлук.... тоа е пичкин дим, небитна ставка, за која ги боли уво починителите, небаре избегале сите и се заштитени во Белизе (или кај и да им е планот да бегаат). Тоа е така, пошто кај нас личната одговорност не е ниту мисловна именка.
Е сега, кога дојде на ред да бидат објавени одговорите на прашањата: кој министер е геј и со кој советник се дружат, која пратеничка од ВМРО барала да биде у Брисел, у хотел, иста соба со кој пратеник од ДУИ* и сл., епа за тоа има да се донесе закон, кој забранува (што кур сакаш), надвор од сите правни, демократски и било какви норми, кои и така само 50.000 пати ги прекршија.

* - Добро ова пратеничките на ВМРО што се ебат со пратеници од ДУИ, тоа е најверојатно дел од дилот на Грујо со ДУИ, за амнестија на албанските воени злосторници, така да не знам зошто би се бунеле за објавување на дел од сосема легален и исправен договор помеѓу две страни.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Нели сакаме во Европа?

Тогаш и ние треба да имаме некој како Сноуден и компанија

Редно беше да се почне инијацијатива за донесување закон за поседување нелегални содржини.
 

haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.250
Поени од реакции
1.562
Нели сакаме во Европа?

Тогаш и ние треба да имаме некој како Сноуден и компанија

Редно беше да се почне инијацијатива за донесување закон за поседување нелегални содржини.
Какви нелегални содржини оние кој владата е корумпирана до даска тоа е нелегално ? :)

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Само не забегвите од темава, ќе ве молам.

Ме чуди како нелегално добиениот аудио/видео материјал со кој се открива корупција и криминал на највисокоте државни органи го цензурираат во 2 потези, а самиот суд каде што би требало да бидат доставени материјалите е всушност дел од коруптивната пирамида.

Епа тогаш како би ги обелодениле тие информации што се од мега важен јавен карактер?

Не, не штима ич работава...
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
Ме чуди како нелегално добиениот аудио/видео материјал со кој се открива корупција и криминал на највисокоте државни органи го цензурираат во 2 потези, а самиот суд каде што би требало да бидат доставени материјалите е всушност дел од корумпираната пирамида.
Материјалите треба да се достават до новото обвинителство, кое не е дел од наводната корумпирана шема. Бидејќи Заев тврдел дека тој се нафаќа да не објавува нови материјали, ама не е сигурен дека тој е единствениот што ги поседува истите, а од друга страна и треба да се заштити приватноста на луѓето и да се спречат злоупотреби, во Пржино договориле ваков закон.

Тоа денес го потврди и амбасадата на САД, со образложение дека вчера се договориле и спорните членови да ги испеглаат до 20ти октомври.
 
W

wicked_1

Гостин
Само не забегвите од темава, ќе ве молам.

Ме чуди како нелегално добиениот аудио/видео материјал со кој се открива корупција и криминал на највисокоте државни органи го цензурираат во 2 потези, а самиот суд каде што би требало да бидат доставени материјалите е всушност дел од корумпираната пирамида.

Епа тогаш како би ги обелодениле тие информации што се од мега важен јавен карактер?

Не, не штима ич работава...
Убаво си напиша... тука се работи за криминал на највисоко ниво, опфаќа највисоки функционери, постојат огромни злоупотреби у областа на приватизација, изборен процес, корупција итн.. па очигледно е постоењето на државен интерес.

Не знаеме што се содржи договорот од пржино, ама сигурно нема да биде процесуирано обвинението и доказите у редовен суд.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Читејте додека не го цензурираат

Макфакс текстот од Договорот го објавува интегрално.

Договор

1. Партиите се согласуваат на прво место да се ставаат интересите на државата и ја потврдуваат нивната посветеност кон Евроатланските процеси и демократските принципи.

2. Во интерес на сите граѓани и на сите заедници во земјата, партиите се согласуваат за чекорите за надминување на актуелната криза. Тие се посветуваат за да се обезбеди вклучување во реализацијата на овој договор преку консултации и координации со најголемите партии во земјата.

3. Партиите се обврзуваат да ги почитуваат демократските принципи на политичката одговорност преку вклучување на клучните предизвици со кои се соочува земјата.

4. Во ова предизвикувачко време за земјата, партиите се согласуваат дека треба да дејствуваат во интерес на сите граѓани, за решавање на критичните предизвици и без преседан со кои се соочува државата, консолидирање на економскиот и демократскиот развој, зајакнување на меѓуетничките односи, да се обезбеди целосно спроведување на Охридскиот Договор, зајакнување на добрососедските односи и меѓународниот имиџ со тоа да се доведе земјата кон Евроатлантскиот пат.

5. Затоа, партиите се согласуваат да се воспостави „транзициски период" почнувајќи веднаш, и завршувајќи со слободни и демократски избори во целосна согласност со Европските стандарди до крајот на април 2016 година.

6. Во текот на транзициониот период:

До 10 јуни, партиите ќе се договорат за конкретна организација на Владата која ќе ги подготви изборите.

СДСМ ќе се врати во Собранието и ќе раководи со анкетната парламентарна комисија основана со скандалот со прислушувањето. Комисиите за откривање и интервенција во комуникациите исто така ќе се раководат од страна на СДСМ и ќе почнат со работа испитувајќи неуспесите во надзор и функционирање на државната разузнавачка служба.

Првиот извештај на овие комисии ќе биде изготвен во ноември 2015 година.

Со непосреден ефект, нема да има понатамошно објавување на било каков прислушкуван материјал. По враќањето на СДСМ во Собранието, сите материјали кои ги поседува СДСМ или било кој друг, ќе бидат поднесени до Јавното Обвинителство за итна постапка.

Кон средината на јуни и крајот на август 2015 година, ЕУ ќе го олесни меѓупартискиот дијалог (отворен за сите партии застапени во Собранието) за постигнување договор за прашањата од структурни реформи. Овој договор ќе ги опфати реформите што треба да се преземат во областа на поглавјата 23 и 14, застапување и независно функционирање на надлежните државни органи, поголема слобода на медиумите и целосна согласност со мислењата и препораките на Венецијанската Комисија.




Партиите се согласуваат за спроведување на сите препораки кои ќе бидат развиени од страна на Европската Комисија во врска со системските прашања на владеењето на правото. Спроведувањето ќе се разгледува во контекст на Претпристапниот Дијалог на Високо Ниво вклучувајќи ги и сите главни политички партии и граѓанското општество, пред извештајот за напредок на Европската Комисија во октомври 2015 година.

До 31 јули 2015, составот на Државната Изборна Комисија ќе се прегледа и модифицира. До 30 септември 2015 година, на Државната Изборна Комисија ќе и се дадат зголемени овластувања за да обезбеди слободни и фер избори како и исто ниво на игра за сите партии. Сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР ќе се применуваат, вклучувајќи и испитување на листата на гласачи во согласност со новата методологија и договорена. Пред следните избори, Владата ќе побара зајакнување на долгорочен мониторинг и краткорочен од ОБСЕ/ОДИХР.

Овој договор е отворен за потпишување од страна на заинтересираните политичките партии.[DOUBLEPOST=1444232077][/DOUBLEPOST]
Какви нелегални содржини оние кој владата е корумпирана до даска тоа е нелегално ? :)

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Па кој дал налог да се снима?Има некаков документ со потпис?
Самоинијацијативно снимање е нелегално

И за крај ако овие сега се корумпирани тогаш тие што бараат да се расчисти корупцијата одамна требаше да бидат задушени со плин во конц.логор
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Спорните членови за ретроградно важење ќе се сменат амандмански или после преработка и законот ќе биде изгласан. Само мислам дека немаше потреба од нов закон, многу поелегантно решение ќе беше измени и дополнувања на кривичниот законик.
Да не мислеше ретроактивно? Што е ова ретроградно?

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Предлог-законот за забрана на објавување на прислушуваните материјали што го поднесоа пратеници на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ темелно го повредува членот 16 од Уставот, оценува професор Светомир Шкариќ за Радио Слободна Европа.









Законот за необјавување на бомбите е морбиден. Тој е поморбиден и од Законот за лустрација со кој што е предвидена можноста да се лустрираат и починатите лица. Ова го изјави универзитетскиот професор Светомир Шкариќ кој оцени дека со решенијата во предлог-законот за забрана на објавување и поседување на прислушуваните материјали што во Собранието вчера попладне го поднесоа пратениците на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, темелно се повредува Уставот и цел сет на слободи и права гарантирани со членот 16.

Законот најотворено арогантно ја заговара цензурата која изречно е забранета со Уставот. И се забранува каков било говор, какво било пишување на сè што може да произлезе од снимките. Е тоа е невидено во областа на уставните права.

Според него прво се повредува слободата на мислата, бидејќи со законот се забранува секаков говор за објавените снимки. Како што коментира професор Шкариќ предлог-законот е обид на власта да се заборави во јавноста тоа што се објавува во рамки на проектот „Вистината за Македонија“.
„Овој предлог-закон ако стане закон со право ќе може да се оцени како еден од најморбидните закони што се појави од осамостојувањето на Република Македонија. Со други зборови треба да се заборави тоа што го објавуваме во рамки на проектот „Вистината за Македонија“, како да не се случило. Значи тој факт како факт треба да исчезне значи не смее да се помисли некој да зборува за тие настани. Очигледно е дека предлагачот, а тоа се двајца претставници од двете владеачки партии се во голема паника. Едноставно не знаат што предлагаат“, вели Шкариќ.

Тој предупреди дека предлог-законот директно ја ограничува слободата на говорот, оценувајќи дека со ограничувањето и на правото да се пишува за тие настани се ограничуват и новинарските слободи и се нанесува тежок удар на новинарската професија
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Хехехе бомби...
Закон кој всушност разработува нешто што е веќе казниво. Непотребно...
Од друга страна едната партија спинува максимално демек режим, Северна Кореа ова она... башка, жал ми е што професори од Правен како Шкариќ, претходно Калајџиев и Каракамишева максимално се глупираат и си го рушат кредибилитетот за партиски цели.
Ете, тоа е...
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Хехехе бомби...
Закон кој всушност разработува нешто што е веќе казниво. Непотребно...
Од друга страна едната партија спинува максимално демек режим, Северна Кореа ова она... башка, жал ми е што професори од Правен како Шкариќ, претходно Калајџиев и Каракамишева максимално се глупираат и си го рушат кредибилитетот за партиски цели.
Ете, тоа е...
Шкариќ си го руши кредибилитетот за партиски цели?
Имаш некоја замерка конкретна за неговиот исказ?
Се наоѓаме во оваа ситуација затоа што интелектуалци од негов ранг 20 години глумат "научници" и уста не отвараат за сите срања што ни се десија низ годините.
Шкариќ е можеби последниот жив авторитет во земјава на тема Уставно право, и као сеа он треба да Ќути на темава?
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Meanwhile...иницијаторите го повлекоа предлог законот. :toe:

Толку ни е турбулентна политичкава трагикомедија, што ни семоќниот Ивица Боцески нема време да изгради став.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom