За пуштање „бомби“ 4 години затвор

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Шкариќ си го руши кредибилитетот за партиски цели?
Имаш некоја замерка конкретна за неговиот исказ?
Се наоѓаме во оваа ситуација затоа што интелектуалци од негов ранг 20 години глумат "научници" и уста не отвараат за сите срања што ни се десија низ годините.
Шкариќ е можеби последниот жив авторитет во земјава на тема Уставно право, и као сеа он треба да Ќути на темава?
Па, како врвен авторитет за Уставно право, Шкариќ едноставно МОРАШЕ да се јави со свој коментар на Законот за специјалниот јавен обвинител, кој фактички ствара дуализам кај јавното обвинителство кое по Устав е единствен орган. Барем да кажеше дека за тој закон прво се потребни уставни измени.
Во конкретниот случај, се фаќа за слободата на говор, слободата на информирање, а заборава дека некоја друга слобода е нарушена со самото снимање на туѓи разговори и нивно објавување...
Да, навистина... бомбите можеби даваат некои индиции за можен криминал, но не и доказ... но, еден професор не смее да зазема страна, треба да биде објективен...или можеби треба да го кажуваме само она што ни одговара?
Требаше да каже дека политиката го однесе правото во амбис!
Тоа не би смеело да биде стил на еден навистина врвен правен ум каков што несомнено е Шкариќ.

едит:
http://makfax.com.mk/makedonija/politika/vanhaute-dogovoreno-e-zakonot-za-bombite-da-se-vrati-vo-rabotnata-grupa

продолжува циркузот со крајно непотребниот закон и со растурањето на правниот поредок.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570

Ќе се донесе законот, иако е тотално непотребен. Во пакет со закон за заштита на “свиркачите“. Тоа ќе бидат закон за цензура и закон за амнестија на куп. И силувано право, заради политички договор.

А овие „врвниве“ професорски авторитети по којзнае кој пат ќе покажат дека високо образование во Македонија треба да се укине. Збор не кажаа во одбрана на професијата.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Па, како врвен авторитет за Уставно право, Шкариќ едноставно МОРАШЕ да се јави со свој коментар на Законот за специјалниот јавен обвинител, кој фактички ствара дуализам кај јавното обвинителство кое по Устав е единствен орган. Барем да кажеше дека за тој закон прво се потребни уставни измени.
Во конкретниот случај, се фаќа за слободата на говор, слободата на информирање, а заборава дека некоја друга слобода е нарушена со самото снимање на туѓи разговори и нивно објавување...
Да, навистина... бомбите можеби даваат некои индиции за можен криминал, но не и доказ... но, еден професор не смее да зазема страна, треба да биде објективен...или можеби треба да го кажуваме само она што ни одговара?
Требаше да каже дека политиката го однесе правото во амбис!
Тоа не би смеело да биде стил на еден навистина врвен правен ум каков што несомнено е Шкариќ.
Апсолутно се слагам дека требаше да се јави со коментар за Законот за специјален обвинител, со таа разлика што овој закон е неизбежно произлезе како потреба за решавање на политичката криза и е Политички договор со меѓународен фактор. На Сите ни е јасно дека овој закон е против Уставен но за него има политички консензус и политичка волја, исто така ни е јасно дека е неминовен и неизбежен, така што било каков коментар на професорот би бил излишен. Додека оваа повраќаница од букви на хартија е тотално правно безсмислена.
Исто така не ми е јасен твојот став, контрадикторен си. Сега, сакаш врвни интелектуалци како Шкариќ да работат на креирање на јавното мислење и да ја нудат својата експертска помош, или сакаш да Ќутат?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Апсолутно се слагам дека требаше да се јави со коментар за Законот за специјален обвинител, со таа разлика што овој закон е неизбежно произлезе како потреба за решавање на политичката криза и е Политички договор со меѓународен фактор. На Сите ни е јасно дека овој закон е против Уставен но за него има политички консензус и политичка волја, исто така ни е јасно дека е неминовен и неизбежен, така што било каков коментар на професорот би бил излишен. Додека оваа повраќаница од букви на хартија е тотално правно безсмислена.
Исто така не ми е јасен твојот став, контрадикторен си. Сега, сакаш врвни интелектуалци како Шкариќ да работат на креирање на јавното мислење и да ја нудат својата експертска помош, или сакаш да Ќутат?
OK.. ај по ред да одговорам :)
Не сум воопшто контрадикторен... сакам да нудат експертска помош, да критикуваат, да дават мислења... но професионални, не политички инструирани. Убаво забележа и ти дека на ова дереџе сме од ќутење, но, би дополнил, и од инструирани изјави.
Потоа... велиш политички договор... се согласувам... ама... правото е над политиката (барем така ме учеа на Правен пред скоро 20 години)... и заради чисто политички цели се заебува цел правен поредок.
Затоа, и коментар на „специјалниот“ закон не би бил воопшто излишен! Напротив!
А самиот политички договор произлезе од желбата на потписниците на глупоста од Пржино да не биде никој обвинет... класичен пример за дерогирање на правото.
Останатото е само политичко навивање за една или друга партија.[DOUBLEPOST=1444247604][/DOUBLEPOST]
Ќе се донесе законот, иако е тотално непотребен. Во пакет со закон за заштита на “свиркачите“. Тоа ќе бидат закон за цензура и закон за амнестија на куп. И силувано право, заради политички договор.

А овие „врвниве“ професорски авторитети по којзнае кој пат ќе покажат дека високо образование во Македонија треба да се укине. Збор не кажаа во одбрана на професијата.
Е тоа е поентата!
Одговорот на ова е во мојата реплика кон @GoD.HateUSaLL
 
W

wicked_1

Гостин
@Струмикс за чиј правен поредок мислеше погоре?

Ако пратеше досега, по "индициите" од материјалите немаме нешто такво. И кога некој кој треба да го штити тој поредок - го руши и злоупотребува у своја корист, како предлагаш да се корегира системот? У редовните институции кои се под контрола на неколку луѓе?

А тебе ти штети тоа што се јавува дуализам и косење на надлежности/хиерархии? :pos: Сериозно?

Не само за специјалното обвинителство, секоја друга институција која би се формирала исто и за неа би бил изгласан закон, а тоа во моментов најмалку штети на нашата "правна" држава.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
OK.. ај по ред да одговорам :)
Не сум воопшто контрадикторен... сакам да нудат експертска помош, да критикуваат, да дават мислења... но професионални, не политички инструирани. Убаво забележа и ти дека на ова дереџе сме од ќутење, но, би дополнил, и од инструирани изјави.
Потоа... велиш политички договор... се согласувам... ама... правото е над политиката (барем така ме учеа на Правен пред скоро 20 години)... и заради чисто политички цели се заебува цел правен поредок.
Затоа, и коментар на „специјалниот“ закон не би бил воопшто излишен! Напротив!
А самиот политички договор произлезе од желбата на потписниците на глупоста од Пржино да не биде никој обвинет... класичен пример за дерогирање на правото.
Останатото е само политичко навивање за една или друга партија.[DOUBLEPOST=1444247604][/DOUBLEPOST]

Е тоа е поентата!
Одговорот на ова е во мојата реплика кон @GoD.HateUSaLL
Иако она што го зборуваш е вистина, мојот став се разликува. И мене после 20 години истото ме учат на факултет, но има една поговорка која никако да ми излезе од глава, а вели "Во ненормална ситуација, нормалниот е будала". Премногу се фура легализам, до степен на лудило. Да, во право си, така е и Така треба да биде. Но живееме во "држава" во која Правната држава и Владеењето на правото се апстрактни теоретски поими кои постојат само во учебници по Вовед во право. Се наоѓаме во ситуација каде што самото Право се наоѓа во рацете на неколкумина искомплексирани афторитарно расположени човечиња. И сега, јас и ти, сме ставени во ситуација да зборуваме за "шта би било кад би било" и да звучиме паметно за тие доле и глупаво за тие горе. Денес Политиката и Правото е невозможно да се одвојат, дури јас би одел и дотаму да кажам дека денес Правото е само една смешна нуспојава на политиката, трула и смрдлива еманација на духот на Груевски. И сега фактички се што на нас ни останува е да си шпекулираме за тоа што е добро а што лошо, во ера на морален релативизам, и да изнаоѓаме начини како Вистински да го вратиме Владеењето на правото, уставно или противуставно.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.800
Поени од реакции
15.715
Да, важи и за социјалните мрежи. Впрочем тие и се најопасни и најтешко се контролира цензурата.

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
Мислам дека кај нас се претера со слобода на интернет порталите и воопштои на ФБ и интернетот. Колку знам, а и постирав неколку пати, секаде има прислушкување ама никаде нема објавување во медиуми, единствено лично од тој што го снимил телефонскиот разговор што самиот го водел..Пример познатиот разговорот меѓу Нулан и мислам естонскиот министер, во кој таа кажа фуцк ЕУ беше снимен лично од нејзиниот соговорник а кој и го даде на медиумите...
Но никаде нема објави како кај нас, а посебно што кај нас од нејасните разговори се исконструираа цели приказни а на веб страните на ФБ од интернет порталите се дозволува тешки навреди од анонимни коментатори ...посебно имаше и сексуални навреди..никој не размислувал што ако некој член на фамилијата од некоја навредувана личност земе оружје во рака и истера своја правда ???
Патем се наметна некоја фама дека на ФБ може се да се напише и нема не само кривична туку никаква одговорност. Го постирав и случајот, пред година дена, на веб ФБ страна на една затворена група од 600 усери, еден од нив ја коментирал интервенцијата на словенската полиција по ракометната утакмица Словенија - Украина со коментар дека полицајците интервенирале како пајаци (циркузанти). Истиот беше откриен и осуден на парична казна од 100-кусур евра.
Е сега можеби ФБ нема на нашата полиција или суд да и даде ИП адреса на барано лице, но постои и можност ФБ да биде парично казнет со висока казна!!
Во Хрватска исто така до скоро имаше кривично гонење и за дело навреда, но и сега има, со преформулација на делото во говор на омраза. Пример, на тренерот на фк Динамо му се заканува затворска казна за навреда по национална основа на еден министер од српска националност, а навредата беше кажана на аудио интервју , на радио.
Е денес во нашиот парламент еден пратеник навредил колешка на национална база, ајде да му се симне имунитетот и да се гони по закон за говор на омраза !!
Друго, опозицијата спомна дека имале и прислушувани разговори со сексуални работи, ама не ги злоупотребиле ?? Па знаат ли тие дека за такви работи секојдневно има интервенции на полицијата, кривично гонење и притвор ??
Очигледно некој конечно сватил дека ако не може тек така да се апси со цврсти правно заокружени документи, случај Телеком, со која логика се надеваат дека на база некој магловити разговори ќе ја процесуираат и елиминираат политичката конкуренција ??
Е сега кога нема вајде од димните бомби кај специјалниот обвинител, ајде навали на валкана изборна кампања ...
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
@Струмикс за чиј правен поредок мислеше погоре?

Ако пратеше досега, по "индициите" од материјалите немаме нешто такво. И кога некој кој треба да го штити тој поредок - го руши и злоупотребува у своја корист, како предлагаш да се корегира системот? У редовните институции кои се под контрола на неколку луѓе?

А тебе ти штети тоа што се јавува дуализам и косење на надлежности/хиерархии? :pos: Сериозно?

Не само за специјалното обвинителство, секоја друга институција која би се формирала исто и за неа би бил изгласан закон, а тоа во моментов најмалку штети на нашата "правна" држава.
Значи Верушевски кој за свои лични цели Бог знае колку години си снимал материјали од различни власти во државата, треба да го прогласиме за херој?
Сети се како го влечеше син му аздисаниот од сите бељи кои ги правеше по Скопје, Охрид...
Па Бранко како Претседател мораше да му дава амнестија... и да го праќа Верушевски во дипломатија :)
А и оној објавувачот на бомбите ако беше толку доблесен требаше да објави се што има, вклучително и она што се однесува на „неговите“... или можеби и на него лично...
Или... правниот поредок сепак удри по него, па ќе бараме наводна слобода... смешки...
И, кога се случи тоа се е корумпирано, диктатура е, ова она...
Објави нелегални материјали, што е кривично дело, и сепак, даде некои индиции за можен криминал. Факт!
Секако, ќе се согласам дека институциите се под контрола на неколку луѓе... но, кога не биле? И, што е разликата помеѓу тие луѓе и овие луѓе, освен, секако, партиската припадност?
Ништо...
А би требало да го имат пред себе законот како библија, а не партиската припадност.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Иако она што го зборуваш е вистина, мојот став се разликува. И мене после 20 години истото ме учат на факултет, но има една поговорка која никако да ми излезе од глава, а вели "Во ненормална ситуација, нормалниот е будала". Премногу се фура легализам, до степен на лудило. Да, во право си, така е и Така треба да биде. Но живееме во "држава" во која Правната држава и Владеењето на правото се апстрактни теоретски поими кои постојат само во учебници по Вовед во право. Се наоѓаме во ситуација каде што самото Право се наоѓа во рацете на неколкумина искомплексирани афторитарно расположени човечиња. И сега, јас и ти, сме ставени во ситуација да зборуваме за "шта би било кад би било" и да звучиме паметно за тие доле и глупаво за тие горе. Денес Политиката и Правото е невозможно да се одвојат, дури јас би одел и дотаму да кажам дека денес Правото е само една смешна нуспојава на политиката, трула и смрдлива еманација на духот на Груевски. И сега фактички се што на нас ни останува е да си шпекулираме за тоа што е добро а што лошо, во ера на морален релативизам, и да изнаоѓаме начини како Вистински да го вратиме Владеењето на правото, уставно или противуставно.
Да... се согласувам...
А, ситуацијата од кога е таква?
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Да... се согласувам...
А, ситуацијата од кога е таква?
Од секогаш било срање, но ако ме прашуваш мене, за лична перцепција, никогаш не било ни приближно волку лошо, во секоја смисла на секое поле од општествениот живот.
 
W

wicked_1

Гостин
Може до утре со споредби и претходни состојби да си играме, неспорно е и претходно постоеле. Тие што се компромитирани ќе си останат такви. Ама моментално имаме емпириски докази кои директно упатуваат на огромни криминали. А ти си спремен на тоа да замижеш со цел да браниш некаков правен поредок кој не постои.

Ти си правник, како може вака да манипулираш не ми е јасно... во кои институции требало да ги однесе тие материјали за да запази правна процедура?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.144
Поени од реакции
25.570
Денес Политиката и Правото е невозможно да се одвојат, дури јас би одел и дотаму да кажам дека денес Правото е само една смешна нуспојава на политиката, трула и смрдлива еманација на духот на Груевски.
Eве, ова е точно. Прашањето е, што доколку Груевски преживее? И дали сите се свесни дека во тој случај правото ќе има сто пати полош статус од тој што го има денес? Легализамот ќе биде депласиран и како ќе се воспостави повторно ќе зависи само од волјата на Груевски.

Доколку сите што сакаат да учествуваат во процесот се свесни за тоа, ок. Ама фер е да и се каже на јавноста.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Да... се согласувам...
А, ситуацијата од кога е таква?
Ситуацијата е таква бидејќи тоа е максимум што може да го дадеме во полето на владеењето на правото, и самата правда како морален концеп во нашиот ментален склоп.

Друг е проблемот што треба да се срамиме самите од себе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom