Во принцип сакам спортски облечени машки, онака блузонче, фармерки, патики, лежерно и опуштено. Ама никако да налетам на таков.
Не сакам кога премногу обрнуваат детали на марката и кога се палат на скапа облека што повеќе им дава геј изглед отколку мажествен.
Не сакам ни кога се тинтраат како жени, идат на фризер 5 пати неделно, имаат дома куп козметика, се пеглаат по секое бањање итн... Не сакам кога се феминизираат со сила.
Кажав, лежерно и опуштено, спортска комбинација, не сакам многу елеганција, кошули, сакоа... Мада во некои прилики и тоа мора.
Кондура уопште не поштувам кај машко. Има време за тоа кога ќе бидат во позрелите свои години.
Сепак, за човек со кого се останато е во ред, најмалку важна работа ми е како се облекува. :wink: