Зошто правите непотребна фама и забуни? Сите запнувате со тој друг доход. Па не продавате стар отпад, аман луѓе. Зборувате за програмирање кое никогаш не било под ставка друг доход.
„„Друг доход “ е секој доход кој не се смета за доход од работа, доход од самостојна дејност; ...“
Друг доход се даночи со 15%, а очигледно согласно горе наведеното, фриленс работа не е друг доход. Од друга страна еве што вели за доход од работа.
„Доход од работа претставува секој доход што го остварува обврзникот по основ на работен однос, вклучувајќи го и доходот по договор за повремено или привремено вршење услуги на органите на државната управа, на домашните и странските правни лица, како и на домашните и странските физички лица кои вршат самостојна дејност, ако со овој закон не се изземени од оданочување.“
Каде е забуната? Зарем не е повеќе од јасно дека програмирањето е доход од работа кое се даночи со 10/18%?
И тоа конкретно програмирање, затоа што дизајн, преводи и сл. може да потпадне и под авторски и сродни права каде има дополнителни намалувања на даночната основица. Нема разлика дали приходот е остварен преку фриленс сервис или не (секако, истото може да ви побараат да го докажете со договорот или проектите кои не смеат да не спаѓаат под авторски и сродни права).