Замислете свет без Бог

debi7777

Girls in your city for night
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
АКО БОГ ПОСТОИ, ЗОШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ВИДИМЕ ?
Факт е:
“Никој, никогаш не Го видел Бога; Единород-ниот Син - Кој е Бог, и е во прегратките на Таткото - Тој Го објави”, Ев. според Јован 1:18.
А многумина би сакале да го видат Бога, меѓу кои беа и великиот Мојсеј и апостолот Филип:
“Тогаш Мојсеј рече: Те молам, дозволи ми да ја видам Твојата слава... Бог му одговори: ќе направам да помине целата Моја убавина пред тебе, извикувајќи го Моето име... Сепак, додаде Тој, Моето лице не ќе можеш да го видиш, зашто ниту еден човек не може да го види Моето лице и да остане жив”, 2 Мојс. 33:18-20.
“Филип му рече (на Исус): Господе, покажи ни Го небесниот Татко и тоа ќе ни биде до-волно”, Јован 14:8.
Но, кои се конкретните причини поради кои не можеме да го видиме Бога? Сигурно е дека постојат повеќе, а ќе наведеме три.
1. ОКОТО Е ОГРАНИЧЕНО
Иако нашите очи се прекрасна творба, живи ви-део камери во стерео техника, побрзи од кој и да е електронски уред, со способност да разликуваат повеќе нијанси и од најсовремените фотоапарати или камери, тие се сепак ограничени. Всушност, нашите очи можат да гледаат само еден мал, речиси занемарлив дел од појавите и нештата околу нас. Тоа може да се илустрира со шематски приказ на електромагнетниот спектар.
ЕЛЕКТРОМАГНЕТЕН СПЕКТАР
голема енергија мала енергија
Гама Икс УВ ИЦ Микро Радио зраци зраци зраци зраци бранови
видлив дел
Видливиот дел од спектарот ги содржи седумте бои: виолетова, индиго, сина, зелена, жолта, порто-калова и црвена.
4
Од целиот електромагнетен спектар, видливиот дел за нашето око е само оној со бранови должини меѓу 400 и 800 нанометри (нанометар е милијардити дел од метарот). А електромагнетниот спектар ги опфаќа брановите должини од билионитиот дел од метарот до 100.000 метри! Значи, сите појави и нешта кои имаат мали бранови должини (што значи големи енергии!), односно оние во подрачјето на гама зраците, икс зраците и ултравиолетните зраци, нашето око не може да ги гледа. Истото важи и за појавите и нештата кои се наоѓаат во подрачјето со поголеми бранови должини од видливиот дел на спектарот, односно инфрацрвените зраци, потоа, микробрановите и радиобрановите. Нашето око е немоќно и неспособно да ги регистрира појавите и нештата во најголемиот дел од електромагнетниот спектар.
Имајќи го ова предвид, станува смешен, ненаучен и неразумен аргументот на некои луѓе кои велат: “Да видам, па ќе поверувам!”. Или “штом не се гледа - не постои!”.
Постои уште една причина којашто се надоврзува на првата и на некој начин претставува последица од првата. Имено,не можеме да го видиме Бога, бидејќи Бог е Дух.
2. БОГ Е ДУХ
Како последица на нашиот образовен систем, којшто наметнува исклучиво материјалистички поглед на светот, просечниот човек кај нас не верува во постоење на духовен свет. Од друга страна, Библијата, којашто е изложена на разновидни проверки и секогаш се покажува веродостојна, ни објавува дека постои духовен свет, супериорен над материјалниот. Централен дел на тој духовен свет е самиот Бог, Којшто е Дух.
“Бог е Дух”, Јован 4:24
“А Господ е Дух...”, 1 Кор. 3:17.
Погоре покажавме дека човековото око може да гледа само еден мал дел од материјалниот свет, а сега додаваме дека окото не е во состојба да ги гледа духовните суштества. Јасно е дека ние не ги гледаме ниту ангелите, ниту душите на луѓето, а најјасно е дека никој од нас не го видел Бога.
Свесни сме дека прашањето за духовниот свет заслужува поголемо внимание и простор, но тоа ќе го оставиме за понатаму. Во контекстот на прашањето “Зошто не можеме да го видиме Бог?”, овде ќе констатираме само толку, дека Бог е Дух, а нашето око не може да гледа духови.
Како трет можен одговор на прашањето за не-можноста да го видиме Бога е и следниот:
3. ОПАСНО Е ПО ЖИВОТ !
На желбата на Мојсеј да ја види славата на Господ Бог, самиот Бог, меѓу другото рече:
“...ниту еден човек не може да го види Моето лице и да остане жив”, 2 Мој. 33:20.
Кога некои луѓе посакуваат да го видат Бог, тие и не помислуваат колку се наивни во таа своја желба. Ние одвај можеме да фрлиме поглед и во Сонцето, коешто е оддалечено од нас дури 150 милиони километри, а посакуваме да го видиме Бог! А Библијата ни објавува дека:
“...Господ, твојот Бог е оган што спалува...”, 5 Мој. 4:24.
Во Бог е сконцентрирана огромна енергија и на-шето тело, вакво какво што е, не би преживеало да се соочи со Бог.
Старозаветните првосвештеници можеле еднаш годишно да влезат во најсветото место на храмот, каде што Божјото присуство било нагласено. Посто-еле строги процедури за првосвештениците пред да влегуваат во Светињата над светињите. Не ретко се случувало некој од нив да биде убиен, ако не ги почитувал доследно строгите правила. Тоа било сериозен проблем, бидејќи никој не се осмелувал да влезе и да го извлече мртвото тело на првосвештеникот. Затоа, се практикувало, уште пред да влезе во најсветото место, првосвештеникот да биде врзан за ногата со едно
7
подолго јаже, па ако не се појавел подолго време, се знаело дека настрадал и бил извлекуван со помош на јажето.
Ако го прочита претходниот параграф, дали с# уште посакуваш да го видиш Бог???
Бог е оган, Бог е безгранична енергија, Бог е оте-лотворена сила и моќ и воопшто не е наивна желбата да се види Бог. Покрај сето ова, Бог е и апсолутна Светост, безгрешност и праведност и не поднесува грев пред Себе! Кој од нас би можел да се појави пред Бог?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Bog nema zal koa ne razdeluva od bliznite preku smrtta, a ni sozdava zal taa razdelba znaci nie iame pojke zal od nego.
 
debi7777

Girls in your city for night
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
АКО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ВИДИМЕ БОГА, ОД КАДЕ ЗНАЕМЕ ДАЛИ ТОЈ ПОСТОИ ?
Голем број луѓе (си) го поставуваат ова прашање. Некои од нас се сосема искрени и навистина сакаат да го знаат одговорот; други пак, го поставуваат ова прашање со иронија, или барем со надеж дека нема да добијат одговор којшто ќе го поколеба нивното неверство.
Ние, луѓето, имаме два основни начина да ги за-познаеме нештата и појавите кои н# опкружуваат:
(1) Преку нашите сетила (за вид, слух, допир, вкус и мирис), односно со помош на разни уреди и инструменти кои ги појачуваат или прошируваат можностите на нашите сетила, какви што се, на пример, микроскопот, телескопот, радиото, итн.
(2) Преку откровение. Под откровение не под-разбираме некое мистично, субјективно доживува-ње, туку, едноставно, иницијативата на она што го бараме, самото да ни се објави. На пример, кога децата играат криенка, понекогаш, и по долго барање не можат да го откријат оној што добро се скрил. Во таков случај, преостанува само можноста скриениот сам да се јави, т.е., да се открие.
Кога станува збор за прашањето, како можеме да дознаеме за постоењето на Бог, самиот Тој презел иницијатива да му се објави на човекот, на адекватен и сигурен начин. Навистина, за луѓето кои однапред се определиле да ја отфрлат секоја помисла за постоењето на Бог, нема аргументи со кои ќе ги увериме во спротивното, бидејќи се работи за несакање, а не за неможност да се утврди постоењето на Бог.
За чесните трагачи, Бог оставил барем три извори на информации за Своето постоење и за Своите особености (атрибути). Тоа се:
(1) Космосот - вселената, со сите свои компоненти;
(2) Библијата;
(3) Исус Христос - Неговата личност, живот, учење, смрт и воскресение.
Преку овие извори на информации, Бог се погри-жил да обезбеди многубројни и разновидни инфор-мации за Своето постоење. И секој човек, учен или прост, може со сигурност да знае дека Бог навистина постои. Споменатите извори на информации вршат притисок врз совеста на секој човек и ќе бидат доволна осуда за секој неверен фанатик кој ги игнорира.

НЕ ЛИ Е ВЕРУВАЊЕТО ВО БОГ НЕНАУЧНО?
Еден од најчесто нагласуваните аргументи на атеистите е дека верувањето во Бог во денешно време е не само застарено, туку и - ненаучно!
Притоа, многу се манипулира со изразите “ненаучно” и “научно е докажано”, па така, смело се тврди дека “научно е докажано дека Бог не постои”. Меѓутоа би било фер, најпрво да се дефинира, што значи тоа “научно е докажано”, или, на кој научен начин е докажано дека Бог не постои?
Треба да се има предвид, дека науката многу пати се изгорела од сопствените догматски тврдења во даден временски период, за потоа самата себе да се оспорува, поправа, дополнува и проширува. Науката е таа којашто со векови тврдела дека Земјата е плоча, дека атомот е неделив, дека материјата е неуништива и многу други, сега веќе надминати и по малку смешни тврдења, сите во името на науката.
Но, да се вратиме на поважното: што е тоа наука, односно научна метода, со која нешто се докажува? Иако има различни објаснувања, горе-долу за научен пристап се сметаат следниве активности:
1. Истражување на фактите (преку набљудувања, мерења, снимања, итн.);
2. Логично систематизирање на фактите;
3. Толкување (хипотеза/теорија);
4. Натамошни истражувања заради проверка, потврда, поништување или проширување на толкувањата, т.е., на теоријата.
Ако се сложиме дека споменатите четири чеко-ри претставуваат опис на научниот пристап, тогаш многу тешко би можело да се повикаме на “науката” за да докажеме дека Бог не постои. Имено, како што тоа го покажавме при обработката на прашањето број 2, “Ако не можеме да го видиме Бог, од каде знаеме дали Тој постои?”, со доследна примена на научниот принцип за Причина и Последица, може да се дојде до логичен заклучок дека Бог мора да постои, како крајна причина, односно Прапричинител за постоењето на с# друго.
Освен тоа, треба да се има предвид дека науката има пристап речиси исклучиво во материјалниот свет, а како што веќе порано нагласивме, Бог е Дух и нашите научни методи се немоќни во изучувањето на светот на духовите.
Згора на ова, постојат и таканаречени “фено-мени”, односно, појави кои де факто се “ненаучни”, па сепак постојат! На пример, пред неколку години, на домашната телевизија беше прикажан еден млад човек, како преку своето тело спроведува електрична струја: во рацете држеше две вилушки на кои пред очите на сите нас, пржеше колбас! Тој човек се нудеше да седне на електричен стол и
тврдеше дека нема да го усмрти! Ова е ненаучно, бидејќи согласно научните сознанија, сето тоа не е можно без смртоносни последици!
Меѓутоа, бидејќи ова сепак беше очигледно, на-речено е “феномен”!
Дали феномените се “ненаучни”?
Имајќи го предвид погоре реченото, можеме са-мо да се сложиме дека постоењето на Бог, па и верувањето во Него, може да се смета за “наднаучно”, т.е., надвор од доменот на науката и научните методи, но во никој случај не може да се смета дека е “ненаучно, противнаучно” и слично, а најмалку можеме да се сложиме дека научно е докажано непостоењето на Бог!
Исто така, треба да се потсетиме и на фактот дека најголемиот број славни научници имале непоколеблива вера во Бог, најчесто искажана од нив самите. Меѓу нив се Исак Њутн, М. Фарадеј, Луј Пастер, Едисон, Флеминг, Алберт Ајнштајн, Вернер фон Браун... Тоа се луѓе кои ги удрија темелите на современата наука, го одведоа човекот во вселената, н# задолжија со низа научни достигнувања. И не само што науката не ги одвои од Бог, туку уште повеќе ги увери во Неговото постоење.
На пример, Вернер фон Браун, човекот кој раководеше со леталата “Аполо”, со кои првиот човек стаса на Месечината, изјави: “Колку
подлабоко навлегувам во Вселената - толку повеќе зајакнува мојата вера во Бог!”.
Можеме ли сите овие и многу други научници од врвен ков, да ги прогласиме за “ненаучни”, затоа што верувале во Бог??? Зарем ние сме поголеми научници од сите нив? Како можете да си објасните, овие луѓе да бидат во исто време и големи научници и големи верници, ако верувањето во Бог е ненаучно, ако научно е докажано дека Бог не постои?
И на крајот, кој е тој научник што докажал дека Бог не постои?
 
ACHQ

hawk
Член од
18 јули 2009
Мислења
702
Поени од реакции
73
А зошто се Евреите баш избраниот народ ? Што не се Ацтеките или Маите или пак Кинезите ? Нели се сите луѓе еднакви за бог ? Како може да има избрани и неизбрани.
можеби фрлал коцка и се паднале евреите.:)
 
Очекував коментари... ама изгледа никој "не читал" во оваа тема? :helou:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Што да коментираме...

прво е предолго и заморно,
второ, пак невистини: Ајнштајн бил верник, 100 пати демантирано,
трето: наднаучно, ненаучно, противнаучно: иста работа;
четврто, спамираш, што е против правилата (на повеќе теми го пастираш истиот текст а сега дури и се цитираш дека никој не ти одговарал)

Ете ти коментар. Скрати ги текстовите и со свои зборови, остај нешто и за друг пат, реплика, начекај некого на пенал... :) Ќе имаш повеќе соговорници.
 
debi7777

Girls in your city for night
Член од
12 септември 2009
Мислења
411
Поени од реакции
8
Што да коментираме...

прво е предолго и заморно,
второ, пак невистини: Ајнштајн бил верник, 100 пати демантирано,
трето: наднаучно, ненаучно, противнаучно: иста работа;
четврто, спамираш, што е против правилата (на повеќе теми го пастираш истиот текст а сега дури и се цитираш дека никој не ти одговарал)

Ете ти коментар. Скрати ги текстовите и со свои зборови, остај нешто и за друг пат, реплика, начекај некого на пенал... :) Ќе имаш повеќе соговорници.
Ok...fala na sovetot..
:helou:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Убави текстови Деби, малку големки но подобри од овие едни исти постои не постои муабети :) Тоа за откровение ми се допадна, само не разбирам зошто доживувањето не е субјективно? Тоа е според мене со свест (шесто сетило) до Бога. Може малку е поинаку од криенката :), го бараш го бараш, го нема, и на крај кога сосема ќе се умориш ќе го видиш, ќе сфатиш дека отсекогаш бил тука, а ти од премногу барање не си можела да го видиш. :) А којзнае, може и затоа што он решил да се појави кога ти сосема ќе се предадеш, бидејќи се што тој сака од нас е токму тоа, да ја уништиме лажната надеж за подобра иднина. Тој тоа СЕГА го сака за нас. :)
 
Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
НЕ ВЕРУВАМ У ГОСПОД И НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА МЕ УБЕДЕ ДЕКА ПОСТОЕ
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па никој не е ни должен да те убедува во спротивното, освен ако ти самиот не поверуваш. А до тогаш, слободно уживај во своето тековно убедување, разбираш...
 
МургоДШит

Чаршиска џукела
Член од
3 ноември 2008
Мислења
128
Поени од реакции
19
Blackout i Dark king

Јас не знам како можете да си земете за право да кажете дали има бог или нема кога како прво ја перцепираме вселената/околината со нашите лимитирани сетила и со продолжетоци на нашите лимитирани сетила. Со самото тоа пак добиваме некомплетна слика.
Од каде знаете дека овој дел од универзумот е само меурче од сапуница запечатено од остатокот на универзумот,во кој има бог, од каде знаете дали е така или не е така ?
Од каде знаете дали има бог или нема бог кога сме лимитирани во нашата перцепција и гледаме само фрагмент,дел од целта слика .
Јас скромно во овој домен изјавувам дека не се осмелувам да кажам дали има или нема бог а уште помалце да го дефинирам.Чисто поради сознанието на мојата лимитираност како човечко смртно битие,јас сум крик во времето и просторот исто како вас .
Бесмислено е да се расправате за некое прашање за кое може никогаш нема да го дознаеме одговорот.
Некои прашања едноставно не можеме да ги одговориме поради нашата човечка лимитирана природа.
Да де, ние не смееме, а верниците смеат да тврдат дека има Бог, без ниту еден доказ во таа насока.

Тие нека докажат дека постои, пошо нам не ни е должност да докажуваме дека не постои. Сулудо е.

Ај докажете ми дека нема порцелански чајник кој орбитира околу сонцето по елиптична орбита, доволно мал за да помине незабележан и од најмоќните телескопи. Значи ефективно би бил невидлив. Али ете, не можам да докажам со сигурност дека го нема. Дали тоа значи дека постојат еднакви шанси во двата правци?

Замислувам свет без Бог, и изгледа исто како овој околу нас.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom