Законот на Телема

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Работите ли некаква научна дејност во телемата. Ако работите, каква и кај ја објавувате?
Работат и тоа турбо. Еве ти скратена верзија од една студија за окултниот мозок. Тука све ти е објаснето од кај идат окултните моќи.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Добро е што ја следиш, се надевам нема да се мешаш во патеката на некој друг, бидејќи тоа е прв показател дека нешто не е во ред со твојата волја и дека тоа што ти го нарекуваш волја е всушност купишта од полуреализирани желби кои те туркаат натаму наваму и низ форум а и низ живот. Но тоа ако се мешаш во нечиј пат.
А зошто мојата вистинска воља (wtf) не би била да се мешам во туѓите вољи? Сериозно. Постои некои космички закон против тоа? Некаде е пропишано дека вистинската воља (wtf x 2) не се меша во туѓи вољи?

Не ве љуби, Абадон...
--- надополнето: 18 февруари 2012 во 21:29 ---
Работат и тоа турбо. Еве ти скратена верзија од една студија за окултниот мозок. Тука све ти е објаснето од кај идат окултните моќи.

Оваа кутра pineal gland е за се набедена. Таа во филозофијата на Декарт е магичното место каде се допираат res cogitans и res extensa. Местото на допир на душата и телото. Декарт никогаш не успеа да објасни како е возможно две потполно различни супстанци да имаат контакт, но овие окултистите за пет минути ќе го решат проблемот...

:)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Оваа кутра pineal gland е за се набедена. Таа во филозофијата на Декарт е магичното место каде се допираат res cogitans и res extensa. Местото на допир на душата и телото. Декарт никогаш не успеа да објасни како е возможно две потполно различни супстанци да имаат контакт, но овие окултистите за пет минути ќе го решат проблемот...:)
Да, вакви издржани невролошки студии се објавуваат исклучиво на реномирани научно-истражувачки сајтови. Као на пример Joy of Satan Ministries. Окултизмот, како што се гледа од приложеното, се базира на сува невронаука.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А зошто мојата вистинска воља (wtf) не би била да се мешам во туѓите вољи? Сериозно. Постои некои космички закон против тоа? Некаде е пропишано дека вистинската воља (wtf x 2) не се меша во туѓи вољи?
Затоа што според Телемата се што постои во својата суштина е дел од се друго (Дел од телото на Нуит). Од тука, ако постапките се кон цел да наштетат или да ја спречат волјата на некој друг, во една подлабока смисла тогаш тоа не се постапки на Вистинската Волја, од проста причина што тоа би биле постапки на самонаштетување.

Според Телемата секоја акција што не е насочена кон откривање и извршување на Вистинската Волја е „црна магија“. Тоа го вклучува и мешањето во законското право на другата индивидуа да ја открива и спроведува својата Вистинска Волја. Телемитската доктрина смета дека дисхармонијата и нерамнотежата произлезена од таквите акции резултира со компензаторни уедначувачки одговори на универзумот; слично на источниот поим на „Карма“. Во Телемата нема директен пандан на Јудео-Христијанскиот концепт на ѓавол или Сатана; но псевдоперсонификација на конфузија, вознемирување, илузија и себично незнаење е наречено „Хоронзон“.
--- надополнето: 18 февруари 2012 во 22:02 ---
Да, вакви издржани невролошки студии се објавуваат исклучиво на реномирани научно-истражувачки сајтови. Као на пример Joy of Satan Ministries. Окултизмот, како што се гледа од приложеното, се базира на сува невронаука.
Joy of Satan нема никаква врска со Телемата или О.Т.О, гледам дека во арсеналот на ниски удари, се вклучија и лагите.....секоја чест.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Затоа што според Телемата се што постои во својата суштина е дел од се друго (Дел од телото на Нуит). Од тука, ако постапките се кон цел да наштетат или да ја спречат волјата на некој друг, во една подлабока смисла тогаш тоа не се постапки на Вистинската Волја, од проста причина што тоа би биле постапки на самонаштетување.
Кога лавот изеде некое кутро животинче, дали тој, бидувајќи дел од се друго, ја спроведува својата вистинска воља? Ако да, тогаш тој оди против вољата на животинчето чија вистинска воља сигурно не била да биде изедено, и тоа наживо...

Ако не, тогаш зошто е створен а како карнивор? За да се мачи со вољата?

Поентата ми е, такви воопштувања се е дел од се, припаѓаат на зората на човечкиот ум, и се помалку смешни.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Joy of Satan нема никаква врска со Телемата или О.Т.О, гледам дека во арсеналот на ниски удари, се вклучија и лагите.....секоја чест.
Без плачки и нервоза. Има и тоа суштинска. Ова е окултистичка „студија“ а ОТО е окултистички култ. Лагите ќе ги бараш во бладањата изнесени во посочената студија.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Кога лавот изеде некое кутро животинче, дали тој, бидувајќи дел од се друго, ја спроведува својата вистинска воља? Ако да, тогаш тој оди против вољата на животинчето чија вистинска воља сигурно не била да биде изедено, и тоа наживо...

Ако не, тогаш зошто е створен а како карнивор? За да се мачи со вољата?

Поентата ми е, такви воопштувања се е дел од се, припаѓаат на зората на човечкиот ум, и се помалку смешни.
Животните се раководат според инстинкти и нагони, а во дефиницијата за Чиста Волја стои токму тој услов: "За чиста волја, неослабена од цел, ослободена од страсти за резултат, секој пат е совршен”
Исто така се вели дека: “Секој маж и секоја жена е ѕвезда”, а не секое живо суштество.

Свеста има многу нивоа, човечката е онаа која е во квалитативен поглед "над" свеста кај останатите животински видови на оваа планета, и која е на граница да го контемплира она што го сметаме за езотериско.
--- надополнето: 18 февруари 2012 во 22:21 ---
Без плачки и нервоза. Има и тоа суштинска. Ова е окултистичка „студија“ а ОТО е окултистички култ. Лагите ќе ги бараш во бладањата изнесени во посочената студија.
Таа окултистичка студија има врска со О.Т.О колку што имаш и ти врска со христијанските вредности.
Нема кај мене никаква нервоза, не сум јас тој што трча како загарче по твоите постови, обратна е ситуацијата. :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Животните се раководат според инстинкти и нагони, а во дефиницијата за Чиста Волја стои токму тој услов: "За чиста волја, неослабена од цел, ослободена од страсти за резултат, секој пат е совршен”
Исто така се вели дека: “Секој маж и секоја жена е ѕвезда”, а не секое живо суштество.

Свеста има многу нивоа, човечката е онаа која е во квалитативен поглед "над" свеста кај останатите животински видови на оваа планета, и која е на граница да го контемплира она што го сметаме за езотериско.
--- надополнето: 18 февруари 2012 во 22:21 ---

Таа окултистичка студија има врска со О.Т.О колку што имаш и ти врска со христијанските вредности.
Нема кај мене никаква нервоза, не сум јас тој што трча како загарче по твоите постови, обратна е ситуацијата. :)
Трчај кај сакаш, широка ти е ледината -- како ти љубит вољата. Него дај објасни ја малце студијата. Ти како сатанист-телемит имаш увид во двете окултни „науки“ и во невролошката структура на окултниот мозок.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Трчај кај сакаш, широка ти е ледината -- како ти љубит вољата. Него дај објасни ја малце студијата. Ти како сатанист-телемит имаш увид во двете окултни „науки“ и во невролошката структура на окултниот мозок.
Мислам дека имаме нов член, кој е покомпетентен од мене за да ти даде одговор во врска со твојата студија.
Јас никогаш не сум бил спиритуален сатанист.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Мислам дека имаме нов член, кој е покомпетентен од мене за да ти даде одговор во врска со твојата студија.
Јас никогаш не сум бил спиритуален сатанист.
Студијата не е моја, туку е постирана од твојата фела -- окултисти-сатанисти. Ти се изјаснуваш како сатанист и телемит. Збориш надугачко за инвокации, окултни моќи, езотерични концепти и состојби -- значи, имаш директен опит во окултните моќи кои резултираат од некаква невролошка конфигурација во мозокот. Исто така, како телемит, тврдиш дека телемата се базира врз научни достигања. Значи пратиш наука. Ајде поврзи ги двете: окултизмот и научните студии и елаборирај како и што се случува во окултниот мозок. Мене ме интересира твојата експертиза. Еве ти прилика да заблеснеш во сета своја окултистичка ерудиција. Одмори малце од лепење километарски постери и трчање.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Студијата не е моја, туку е постирана од твојата фела -- окултисти-сатанисти. Ти се изјаснуваш како сатанист и телемит. Збориш надугачко за инвокации, окултни моќи, езотерични концепти и состојби -- значи, имаш дирекен опит во окултните моќи кои резултираат од некаква невролошка конфигурација во мозокот. Исто така, како телемит, тврдиш дека телемата се базира врз научни достигања. Значи пратиш наука. Ајде поврзи ги двете: окултизмот и научните студии и елаборирај како и што се случува во окултниот мозок. Мене ме интересира твојата експертиза. Еве ти прилика да заблеснеш во сета своја окултистичка ерудиција. Одмори малце од лепење километарски постери и трчање.
За таа студија можеш да бараш елаборација од тие што ја правеле, јас не сум дел од тоа.
Што се однесува до мене, пак ми извртуваш зборови. Јас никаде нереков дека "Телемата се базира врз научни достигања" туку дека причината зошто Телемитите постојат како братство е во мотото на редот. Еве го тој момент:
Причината поради која постои братството е и во неговото мото: "Методот на науката, целта на религијата".
Научни достигања не е исто што и метод на науката. Но тебе некако ти одговара да протнеш ако можеш вакви извадени од контекст тврдења, нели?
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Аман бе....од другари сега ќе се заколете ради тоа што Ипси прифатил малку поразлични гледања...што сте смешен македонски народ. :P
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
За таа студија можеш да бараш елаборација од тие што ја правеле, јас не сум дел од тоа.
Што се однесува до мене, пак ми извртуваш зборови. Јас никаде нереков дека "Телемата се базира врз научни достигања" туку дека причината зошто Телемитите постојат како братство е во мотото на редот. Еве го тој момент:

Научни достигања не е исто што и метод на науката. Но тебе некако ти одговара да протнеш ако можеш вакви извадени од контекст поенти, нели?
ОК, сега ми е јасно. Телемитите си играат наука во песокта. Како ви љубит вољата.;)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
ОК, сега ми е јасно. Телемитите си играат наука во песокта. Како ви љубит вољата.;)
Е тоа дали е во песокта, ќе се прашаме. ;)
--- надополнето: 18 февруари 2012 во 23:49 ---
Аман бе....од другари сега ќе се заколете ради тоа што Ипси прифатил малку поразлични гледања...што сте смешен македонски народ. :P
Грешка си, дотичниот гњаватор никогаш не бил сметан за другар од моја страна.:)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Е тоа дали е во песокта, ќе се прашаме. ;)
Прашајте се, и поише пути, ако така ви налага вољата. Имаше конкретен предизвик да објасниш некои суштински работи, ама немаш капацитет. Џабе плачки и ескивирања. Сега ќе те оставам да си трчаш по ледина. Кајшто те носи вољата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom