Brat,abe ne se vregjaj..jas nigde ne rekov deka ne znaesh za telemata....jas izvorot go baram!
Ako telemata dava odgovor kade da go najdam, z'sh da ne mi objasnish....
Po treti pat te prasham....shto posle smrta???
I ne objasnuvaj so prepis od knigata...spushti se na planetata zemja za da i jas razberam...star choek sum...
Абе брат, место раат да си го испиеш утринското кафе, да си запалиш огнот, да се загрејш, па да нараниш стока ова она ако имаш, или спреми поручек ти на форум се расправаш “Шо после смртта“. Како можи да ти идат вакви заебани мисли не ми е јасно од по сабалје, шо имало после смррта..еве јас ќе ти кажам:
-Плачки викање урлање и по некој срцев удар , шокови итн.
-Известување сите роднини и пријатели со длабока тага во срцето и стиснат џеб за кредитот на мобилен, дека си починал.
-Спремање брзопотезно на најнова погребална опрема од оние со бесплатен ископ+закон освен ковчези венци и други тракатанци.
-Повторно плачење викање акање, и молење да станиш во живите (Иако мислам дека не би го сакале тоа искрено,мислам зомби си е зомби)
-Капење парфимирање облекување...и веќе сите роднини пријатели што не ти помнеле ни родендени ниту кога си дипломирал, веќе се околу тебе. Јанѕа те јади оти не си ги истрошил последните пари на нешто друго туку си ги штедел ко да живееш вечно.
-Собрани се веќе роднини пријатели, следува групно плачење, а од постарите се слушаат жалопојки кои само тие си ги разбираат лириките и мелодиите. Воглавно се исти само гласот е различен од изведувачот.
-Е сеа некаде брзо потезно ги носат во идното нафетно поле, а некаде ги чуваат 24 часа, со ламби запалени,кандила, свеќи, баклави итн.
-Следниот ден следува ново, колективно плачење на жалопојки и веќе се е собрано, од младо до старо, ќоро, сакато, сите се дојдени. Причина?
-Ручек во трпезаријата на гробишта.
-Еден тон слаткоблаги работи
-Можност да се добие некој сок,цигари, крпи, чорапи, блузи кошули и др.
-Можност да се мавни некое чаше ракија и тоа гратис.
-Можност да видат кој до каде е со староста.
Закоп, викање пиштење урлање - тука е последна разделба со мртовецот. Следува нажалено одење кон трпезаријата и радосно кркорење на цревата. После тоа, секој по дома, освен домашните, каде прават метании низ куќи, покривање огледала со крпи, завивање во црно, гасење на сите медиумски апарати во рок од 3 дена па се до 6 месеци во зависност од ожалостеноста и паганската суеверност.
После 3 дена, повторно можност за локалниот поп да го наполни буџетот, со тоа што ќе прочита нов лист од богословието.
После 6 дена. Трупот веќе ти е подуен, и е на пат да експлодира.
После недела и нешто дена, веќе ти е експлодиран и почнува да се шири гадна миризба во која само белите црвци уживаат и се гостат со згоеното тело на мртовецот. Гратис нормално.
6 Недели, попот повторно пее над гробот. Се осеќа чудна миризба, посебно ако заврнало дожд.
Не пиј вода од локалната чешма на гробишта.
Повторно можност за пополнување на буџетот од попот...