Мора да се подучуваме постојано. Тоа е тоа. Да се поправаат грешките, да се додаваат нови работи кои не сте ги знаеле...
Јас реков дека многумина доаѓаат на темава колку да кажат нешто бидејќи ете, нема каде да си кажат што се ги мачи, па се наоѓа тема и се удира по форуми...
Темата е: Телемити - Liber AL vel Legis - Thelema! Нели така алф?
Техничкото име на „Книгата на Законот“ е LIBER AL vel LEGIS svb figura CCXX !
Затоа, и се споменува книгата... Нема потреба да се нервираш зошто се споменува „Книгата на Законот“.
Ве љуби Хептаграм!
Книгите,преставуваат мислења,доживувања и филозофски објаснувања на пистаелот.
Бидејќи имал потреба тоа да го исфрли од себе, сакајќи да го сподели со сите во иднина кои ќе го прочитаат,тој го става на хартија своето искуство.Без разлика дали ќе се пронајдат во текстовите самите читатели,тие следат и пратат една стара земја и старо небо,новото нема никогаш да го видат.Бидејќи таа книга за нив има свето значење во која се содржани сите мудрости и објаснувцања за минатото,сегашноста и иднината.
Ако таа книга обедини повеќе истомисленици,се создаваат групи кој се двојат од останатите како тие и само тие ја живеат и ја поседуваат целата вистина и прастара мудрост.
И без разлика како се нарекле тие веќе се оделиле и оформиле табор или група која ќе војува против секоја група која не е истомисленик со нивната,истовремено ќе настојуваат да прелажат што повеќе луге за да го зголемат своето стадо.
Заглавени во бескончното потчинето следење на својата духовна храна која им е очајно потребна, спремни се да прегазат све,за да го задоволат својот глад.
А се хранат со туѓи души кој ќе ги придобијат на своја страна,а најлесен плен се малите деца кој во темница ги брка некоја змија,потполно исто како и пистаелот на книгата кој од својата духовна празнина на површина му исфрлала духовни мисли само со цел да се исполни.Бидејќи од темнината извира светлина,а колку души човечки се потреби да ја исполнат празнината.
Вампирот ве гризна со што и вие се повампиривте.(ова е метафора не се нервирај)
Името со кое се нарекуваш и книгата на која се повикуваш , само се своевидна твоја светлина со која настојуваш да си ја исполниш празнината.
А најголема празнина на човекот е, да не е сакан.Тоа е основната причина поради која луѓето потрчуваат во прегратките на „вампирот“.
Потребна им е љубов и разбирање,па макар било тоа и смртоносно.
Постојано пишуваш "Ве љуби Хептаграм!
"
Тоа ја покажува само твојата голема празнина,потиштеност и очајност.
А најмногу од све чуствуваш глад.
Колку човечки души ти се потребни за да се почуствуваш исполнет,колку луге да прочитаат на твојот сајт и уште колку потенцијални телемити да придобиеш.