Законот на Телема

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не може да ти потече нешто коешто го немаш. А ова со терасава ти е убедливо најдобрата идеја досега.
За злонамерните будали

Сине мој постојат многу болести и многу несреќи, кои произлегуваат од човечките грешки во однос на Волјата; но ниедна не е поголема од сплетките на натрапникот. Тие имаат претензија подобро да ја познаваат човечката мисла од самиот него, и да управуваат со неговата Волја, со повеќе мудрост, одколку самиот тој, па прават планови за неговата среќа. И помеѓу сите нив, најлош е оној кој самиот себе се жртвува за доброто на своите ближни. Оној кој е толку глупав за да не ја следи својата Волја, како ќе биде толку мудар да може да се бави со туѓата?

Liber Alef
Glava CXLVIII
DE STULTIS MALIGNIS
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Epa cekaj sega....em shirite propaganda, em nejkete da odgovarate na prashanja....
Kako ke naucime nie shto ne znaeme???
Ili odgovarate samo na komotni pashanja.....
Пропаганда е насилно ширење на невистини.
Јас ниту сум ја отворил темата, ниту сум ти дошол на ѕид на форумов да ти ширам невистини.
Ти со својата слободна волја доаѓаш и се интересираш за нешто што нели, не го знаеш, и го пресуди како пропаганда, како невистина, како нападно...

Не бива така... не не, не бидува така :)
Разбирам јас дека не ја поднесуваш телемата, од некои твои лични прични што мене воопшто не ме интересираат, но јас немам ништо со тоа. Јас сум телемит, и помири се со тоа...
Моето искуство е друго за разлика од твоето... и јас пишувам од мое лично искуство на темава.
А ти, пишуваш и прашуваш со која цел? Да научиш нешто? Да се лутиш и да плукаш на одговори на тема со која не си запознаен и не си имал никакво искуство?
Што ќе научиш ако не си запозанен со основите? Ако си сакап да се запозанеш, сите книги се достапни бесплатно на нет, земи и студирај, дојди и прашај нешто... ако можам и знам, ќе ти дадам одговор...
Но мислам дека и тогаш ќе имаш проблеми со мојот одговор.

но да те потсетам, некој кажа дека немам поим, значи... немаш потреба да ме прашуваш :)

Ве љуби Хептаграм!:love:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.218
Поени од реакции
34.488
Kafeto e ispieno so merak.....ushte stokata kako vas da ja nahranam duhovno....
Samo djabe e so tebe izleda....gi nemas razvieno trite mozoci....najverojatno do dva si stignal.....Znesh li deka site zivotni imaat samo dva ???
Пристапот до темата ти е одземен. Научи се да дискутираш, зошто може да го изгубиш и пристапот до целиот форум.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
За злонамерните будали

Сине мој постојат многу болести и многу несреќи, кои произлегуваат од човечките грешки во однос на Волјата; но ниедна не е поголема од сплетките на натрапникот. Тие имаат претензија подобро да ја познаваат човечката мисла од самиот него, и да управуваат со неговата Волја, со повеќе мудрост, одколку самиот тој, па прават планови за неговата среќа. И помеѓу сите нив, најлош е оној кој самиот себе се жртвува за доброто на своите ближни. Оној кој е толку глупав за да не ја следи својата Волја, како ќе биде толку мудар да може да се бави со туѓата?

Liber Alef
Glava CXLVIII
DE STULTIS MALIGNIS
Баш фино си се опишал себеси во болдовиве. Оди сеа нека те баци Хептаграм. :love:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Баш фино си се опишал себеси во болдовиве. Оди сеа нека те баци Хептаграм. :love:
Не сум јас тој што дојде да се бави со твојата Волја, и да ти кажува кому си чирак, дали си хибрид, колку си писмен и слично. Ти си тој што доаѓаш на темава, без да кажеш ни збор за неа, со единствена цел да си докажеш себеси колку си паметен, со тоа што ќе ги потцениш и навредиш оние кој ги презираш.

Како што ти кажав и по ПП, слободно и со сите сили продолжи да го напаѓаш Ipsissimus како личност, докажи како добар христијанин каков третман сакаш, со третманот кој го прикажуваш.

Бедотијата на една личност секогаш се препознава по неговите ниски удари и постапки. Кога во дискусијата некој ќе прибегне кон личните дисквалификации, и без да знае ја потпишал капитулацијата пред аргументите во врска со темата.

Liber Al vel Legis
Поглавје II
58. .....Кралот може да ја избере својата облека по волја: не постои сигурен тест: но питачот не може да ја сокрие својата беда.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Ах пак за коментарите... Човеку, мојата страница никогаш немаше потреба да има коментари, тоа беше моја грешка што не го поставив порано... и пробав да видам како е што е...
И немаше резултат...
Очекувањата се едно,а треба да знаеш дека разочарувањата се постојан нивни сопатник.

И Ибисот стоеше на една нога со еони, и види... стана бог..
И на глава да стои со еони,исто му се фаќа.

Секогаш вие знаете да пресудите за други каде се и што се, без да дадете нешто друго, поточно :)
Ајде, нека биде така...
За мојата страница што нема коментари што мис е навреди ти :)
Ако некој се навреди тоа беше Ти,па се правдаше на маил зошто си го избришал коментарот.
Мамецот го фрли(твојата страница) сега ти останува само да си броиш колку луѓе ќе го прочитаат и да ги ловиш(потенцијални телемисти) во твојата мрежа.

а таа пуста желба апостол да бидеш.:tapp:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Да биде појасно: Не е телемисти туку ТЕЛЕМИТИ! ТЕЛЕМИТИ! ТЕЛЕМИТИ! :)
Запаметено? :)

Што вели „Книгата на Законот“ за ова? Дали знае некој?
Ајде ќе повториме, Глава I:
Зборот на Законот е Телема.
Кој не нарекува Телемити нема да згреши, само ако подобро погледне во зборот. Зашто во него се три степени, Пустиник, Љубовник и човек на Земјата. Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.
Погледнете добро во зборот и нема да згрешите. Но кој денес погледнува во зборовите? :)
Ова се и вистинските степени во Ordo Templi Orientis кој што вие го знаете како O.T.O. по форумов!

Ве љуби Хептаграм!:love:
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Да биде појасно: Не е телемисти туку ТЕЛЕМИТИ! ТЕЛЕМИТИ! ТЕЛЕМИТИ! :)
Запаметено? :)
Едниот син е спајдермен,па понекогаш го мешам со другиот син кој е бетмен.
Никако да запамтам.:P
Но штом ти викаш дека си ТЕЛЕМИТИ,нека ти биде така,само немој да се нервираш.

Што вели „Книгата на Законот“ за ова? Дали знае некој?
Ајде ќе повториме, Глава I:

Погледнете добро во зборот и нема да згрешите. Но кој денес погледнува во зборовите? :)
Ова се и вистинските степени во Ordo Templi Orientis кој што вие го знаете како O.T.O. по форумов!
Без книги изгубен си,нели!?:facepalm:
Што се случува ако описмениш човек,:гик: .
Не им пуштам повеќе цртани на децата,одма мислат дека се ликови од цртаните.

Ве љуби Хептаграм!:love:
Дај олабави малку,женами почна да се сомнева дека имаме нешто.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Едниот син е спајдермен,па понекогаш го мешам со другиот син кој е бетмен.
Никако да запамтам.:P
Но штом ти викаш дека си ТЕЛЕМИТИ,нека ти биде така,само немој да се нервираш.
Без книги изгубен си,нели!?:facepalm:
Што се случува ако описмениш човек,:гик: .
Не им пуштам повеќе цртани на децата,одма мислат дека се ликови од цртаните.
Дај олабави малку,женами почна да се сомнева дека имаме нешто.
Мора да се подучуваме постојано. Тоа е тоа. Да се поправаат грешките, да се додаваат нови работи кои не сте ги знаеле...
Јас реков дека многумина доаѓаат на темава колку да кажат нешто бидејќи ете, нема каде да си кажат што се ги мачи, па се наоѓа тема и се удира по форуми...
Темата е: Телемити - Liber AL vel Legis - Thelema! Нели така алф?
Техничкото име на „Книгата на Законот“ е LIBER AL vel LEGIS svb figura CCXX !
Затоа, и се споменува книгата... Нема потреба да се нервираш зошто се споменува „Книгата на Законот“.

Ве љуби Хептаграм!:love:

П.С. Што имам јас со жена ти или со тебе? Ти ми пишуваше мејлови, ете и овде трчаш по мене.. Објаснувај се ти со жена ти( и јас почнав да се сомневам дека имаш нешто кон мене :) ) ...
Зошто ја споменуваш жена ти воопшто? Да знаеме дека имаш жена? Ако имаш само една жена, чувај ја добро. Ние телемитите, ги обожаваме жените и сите ги учиме да знаат да ја љубат жената! Немој да правиш грев против жена ти!
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Мора да се подучуваме постојано. Тоа е тоа. Да се поправаат грешките, да се додаваат нови работи кои не сте ги знаеле...
Јас реков дека многумина доаѓаат на темава колку да кажат нешто бидејќи ете, нема каде да си кажат што се ги мачи, па се наоѓа тема и се удира по форуми...
Темата е: Телемити - Liber AL vel Legis - Thelema! Нели така алф?
Техничкото име на „Книгата на Законот“ е LIBER AL vel LEGIS svb figura CCXX !
Затоа, и се споменува книгата... Нема потреба да се нервираш зошто се споменува „Книгата на Законот“.

Ве љуби Хептаграм!:love:
Книгите,преставуваат мислења,доживувања и филозофски објаснувања на пистаелот.
Бидејќи имал потреба тоа да го исфрли од себе, сакајќи да го сподели со сите во иднина кои ќе го прочитаат,тој го става на хартија своето искуство.Без разлика дали ќе се пронајдат во текстовите самите читатели,тие следат и пратат една стара земја и старо небо,новото нема никогаш да го видат.Бидејќи таа книга за нив има свето значење во која се содржани сите мудрости и објаснувцања за минатото,сегашноста и иднината.

Ако таа книга обедини повеќе истомисленици,се создаваат групи кој се двојат од останатите како тие и само тие ја живеат и ја поседуваат целата вистина и прастара мудрост.
И без разлика како се нарекле тие веќе се оделиле и оформиле табор или група која ќе војува против секоја група која не е истомисленик со нивната,истовремено ќе настојуваат да прелажат што повеќе луге за да го зголемат своето стадо.

Заглавени во бескончното потчинето следење на својата духовна храна која им е очајно потребна, спремни се да прегазат све,за да го задоволат својот глад.
А се хранат со туѓи души кој ќе ги придобијат на своја страна,а најлесен плен се малите деца кој во темница ги брка некоја змија,потполно исто како и пистаелот на книгата кој од својата духовна празнина на површина му исфрлала духовни мисли само со цел да се исполни.Бидејќи од темнината извира светлина,а колку души човечки се потреби да ја исполнат празнината.
Вампирот ве гризна со што и вие се повампиривте.(ова е метафора не се нервирај)

Името со кое се нарекуваш и книгата на која се повикуваш , само се своевидна твоја светлина со која настојуваш да си ја исполниш празнината.
А најголема празнина на човекот е, да не е сакан.Тоа е основната причина поради која луѓето потрчуваат во прегратките на „вампирот“.
Потребна им е љубов и разбирање,па макар било тоа и смртоносно.

Постојано пишуваш "Ве љуби Хептаграм!:love:"
Тоа ја покажува само твојата голема празнина,потиштеност и очајност.
А најмногу од све чуствуваш глад.
Колку човечки души ти се потребни за да се почуствуваш исполнет,колку луге да прочитаат на твојот сајт и уште колку потенцијални телемити да придобиеш.:(
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
Знаеш дека Хептаграм не постои како личност, така да навредување на истиот е бесцелно... Негово судење каков е, што е, зошто е... каков глад има што има... е бесцелно и покажува дека немате врска со телемата и докажувате дека дојдени сте само да зборувате и да противречите на нешто што, како да кажам, не го ниту знаете ниту разбирате...
Но ок, тоа е ваше... Јас 100 пати реков дека сум дојден да дадам мое мислење за телемата со која сум запознаен и за која како што гледам, знам малку поеќе.

Но, ајде малку да се насмееме...
Ве љуби Хептаграм!:love:
П.С. Потребни ми се 1001 душа, исто колку што беа потребни ноќи на Шехерезада и исто толку приказни за да се избави од смрт од злобниот султан.​
Што ли сега сакав да кажам? Ќе дојдеш да ми реплицираш? Ќе ми читаш мислите? Извини што не сум христијанин, муслиман или пак избери ти нешто твое за да бидам сит во душата. Што да правам ти се погодив да ти газам на жуљ ...​
П.П.С. Да беше лесно да се биде во О.Т.О. и со читање на мојата страница да доаѓаат луѓе за иницијација, каде ќе бевме :) Но не е така... не се плаши, и да има телемити, не сме толку страшни... Секако, не сме ние клуб или библиотека па да ги сакаме сите во нашите редови. Не се сеќирај... а дека има телемити, има, тука ништо не можеш да смениш. Секој со својот избор. Секој по својот пат...​
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
После скоро 80 страни, сеуште некој мисли дека да бидеш Телемит значи потчинето да следиш некоја филозофија?! Можеби тоа е до капацитетот на разбирање, можеби и до злонамерноста да се извртат работита.....без разлика која е причината, далеку е од вистината.

Книгите на Телемата не се за создавање групи и следбеници. Веќе беше кажано дека Телемитот ја следи единствено својата вистинска Волја. Ако целта беше придобивање на следбеници, секој ќе можеше да биде член, дали е така, слободно нека проба било кој да стане Телемит и ќе види дали и колку е тоа едноставно и лесно.
Причината поради која постои братството е и во неговото мото: "Методот на науката, целта на религијата".
Споделувањето на искуствата, подршката и подучувањето се тоа што Телемитите ги обединува како група и братство, а не догма или филозофија која никој не смее да ја преиспитува.

Незнам што е празнина, потиштеност и очај за оние кој не ја испуштаат темава од уста (тастатура), но за мене нема поголема празнина и очај од фрустрациите да се напаѓа нешто кое не се разбира.
Но секој со своите патишта, кучињата ќе си лаат, караванот ќе си врви.

93 93/93
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343
Книгите на Телемата не се за создавање групи и следбеници. Веќе беше кажано дека Телемитот ја следи единствено својата вистинска Волја.
И јас ја следам мојата вистинска воља. И ја ли сум телемит?
Причината поради која постои братството е и во неговото мото: "Методот на науката, целта на религијата".
Работите ли некаква научна дејност во телемата. Ако работите, каква и кај ја објавувате?
Споделувањето на искуствата, подршката и подучувањето се тоа што Телемитите ги обединува како група и братство, а не догма или филозофија која никој не смее да ја преиспитува.
Ја ова редовно го правам кога одам на кафе кај комшивката. Споделуваме искуства, рецепти, си даваме поддршка еден на друг, се подучуваме на разни вештини, пози и мудрости. Се тоа без догми и филозофии. Дали и јас и комшиката сме телемити?

99 & 103.2%
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.255
Поени од реакции
12.266
И јас ја следам мојата вистинска воља. И ја ли сум телемит?
Работите ли некаква научна дејност во телемата. Ако работите, каква и кај ја објавувате?
Добро е што ја следиш, се надевам нема да се мешаш во патеката на некој друг, бидејќи тоа е прв показател дека нешто не е во ред со твојата волја и дека тоа што ти го нарекуваш волја е всушност купишта од полуреализирани желби кои те туркаат натаму наваму и низ форум а и низ живот. Но тоа ако се мешаш во нечиј пат.

Во телемата нема научна дејност, во О.Т.О. има и во еден друг Ред. Објавуваме, но далеку од вашите очи бидејќи сметаме дека нема потреба да споделуваме со вас. Нема потреба да знаете нешто за кое што ние макотрпно работиме, а вие чекате како риби во аквариум да ви се даде да јадете.
Почнете да правите разлика што е телема, што е О.Т.О. и уште некои битни работи кои некако ги пропуштате низ темава а постојано едни исти 5 луѓе надоаѓаат со исти муабети. Чудно...

Сакаш да ти изнаредам луѓе што работат на научни проекти, од медицина, физика, компјутерски технологии, психологија итн итн кои што се телемити? Тоа не бидува така... :) Немам право да го направам тоа... Истите работат и во нашите работилници.

Ве љуби Хептаграм!:love:

П.С. Сега Савле, дојди на темата и кажи каков сум јас и какви сме ние телемитите :) Бидејќи нели... нема што друго да се каже на темата :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom