Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
што се постигнува со тоа(иницијација)
Сум јадел јас „слатки“ и не бесцелно го создадов блогот и целиот проект Хептаграм XI. Бидејќи нештата никогаш не може секому да му бидат јасни доволно, секој е сам свој универзум и разилчни нишки му требаат за да доволно одгатне дали нештата му се потребни или не :)


"Иницијацијата ја поставува „изгубената ѕвезда во мноштвото“ во својата орбита за да го започне својот пат кон прочистување на превезите кои ја прават „Црна Ѕвезда“. И тогаш започнува вистинскиот Пат.
...
...
Со иницијацијата, откако една Ѕвезда е поставена во системот и спремна за својот пат, Човекот постепено станува свесен за работите кои ќе го надополнуваат и максимално ќе му го прошируваат и продлабочуваат неговото искуство и разбирање на своето себство, а со тоа и на универзумот околу него и во него. Рековме дека внатре е исто како и надвор – as above so below – познатата херметичка дифиниција за напредување. Со иницијацијта се намалуваат лутањата и бркањето на фантомски искуства со надеж да се згоеми универзумот силувајќи ги сите патеки на кои што ќе наидете. Се намалува потрошеното време и енергија потребно за надминување на сопствените највнатрешни искушенија.
...
...
Нормално, иницијцијата без понатамошна работа и без решавање на искушенијата која таа ќе Ви ги понуди, нема да ве одведе никаде. Треба на неиницираните (а и на иницираните нормално) да им биде јасно дека Иницијацијата не создава мрзливци ами Воини кои прво ќе се освојуваат и спознаваат себе си, а потоа се друго!
Овој процес на иницијација не е статичен и временски ограничен. Дури и Ритуалите на Иницијација иако се одвиваат во даден временски опсег, не се ограничени временски.
Иницијацијата е динамички процес кој што на најсуптилен начин нуди искушенија за секој превез, за секоја индивидуа различно. "

Неиницираните и нивното „Големо Дело“

P.S.
За оние кои ги интересира исто така вакви теми, можете ова да пробате:
Има тагови (пример за иницијација или initiation) на блогот поврзани на некој начин едни со други, кои даваат да не кажам и премногу инфо за нештата ако некој го интересира Телема, иницијации, ритуали итн итн...
Автоматски споено мислење:

И се разбира дека ако престане да те интересира „клубот“ во кој си влегол, можеш едноставно да си заминеш. Ах, не, од некои „клубови“ ќе те бркаат нинџи година ипол, ама ако не те убијат, ќе те остават на мира, претпоставувам. :D
Во О.Т.О., а мислам и било каде кога ќе се помине иницијација, не може да се избрише истата.
Магиската Врска со Редот останува засекогаш иако човек може да се повлече и да не е активен. Тоа го пишува во самите документи поврзани со Редот.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.287
Поени од реакции
7.638
Ако ти така разбираш и така велиш дека е - нека ти биде така иако не знам од каде така ти излезе. Кој сум јас да те поправам? :)
Не знам зошто и како ова твоето зборување има врска со темава... оди на Телема бре сине, не се губи по темиве - секако ќе ме најдеш и таму :D
Насекаде сум :D

P.S. Да те потсетам на Liber OZ кога веќе креваш врева за Телема насекаде, што пишува за „човечките богови“ - бидејќи премногу си закопан во стариот еон и христијанските идеи, дури потсвесно ти влијаат да зборуваш сешто.
Мајче, штом си насекаде, со години хистеришеше нека биде волјата твоја, нема потреба на посебни теми.
Не кревам врева за телема, туку што бидна со новиот еон и чија ќе биде волјата? :toe:
Тебе како ти изгледа, луѓето ќе можат да тераат како им е волјата, или уште построго ќе биде од сегашниов застарен еон.
Ако може директни одговори, ако не, не троши времето ко лајонес членови.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Ќе може нормално, ако знаат што им е волја. А тоа е поврзано со должноста кон себе си и нормално, кон другите. Бидејќи сме на Земјата, дел од човештвото.
А ако поединецот тера како сака и како ќе му дојде понесен од моментален импулс - ќе има проблеми и со себе си и со другите. И тоа по кратка постапка проблеми, бесцелни.

Бидејќи:

“Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.”
[1]

Оваа формула не значи, како што злобните луѓе претендираат, “Прави што сакаш.” Напротив, таа е најстрогата самоконтрола на секоја индивидуална или социјална единка да ја концентрира сета своја енергија во изведување на нејзината вистинска функција; и оваа функција треба да биде одредена со длабоки, точни пресметки на потенцијалите инхерентни во нејзината конституција.“
- Почеток на Новиот свет, А. Кроули

Исто и тука:
„Проучи го ова внимателно; изгледа оти ова подразбира теорија дека ако секој маж и секоја жена ја извршуваат својата волја – вистинска волја – нема да има судири. “Секој маж и секоја жена е ѕвезда”, а секоја ѕвезда се движи по утврдена орбита без мешање. Има доволно место за сите; единствено нередот создава конфузија. Од овие разгледувања треба да биде јасно дека “Прави што ти е волја” не значи “Прави што сакаш”. Тоа е апотеоза на Слободата; но тоа е исто така и најстрого можно ограничување. “
- Порака на Мајсторот Терион

Се надевам ова се тие директни одговори што ги бараше, иако се сомневам и ќе најдеш некој недостаток :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
@Хептаграм XI навистина многу ме интересира каква е заинтересираноста во светот за телемата, дали бројката на членови се зголемува или паѓа??
Не може да ја знам бројката во светот на луѓе кои го прифатиле Законот на Телема.
Не мора да е човек инициран во иницијаторски Ред кој што го прифатил Законот на Телема или во Ред од кој што доаѓа Законот на Телема - за да се брои или поточно, да се препознае како Телемит :)
Но секако човек што решил да дејствува според философијата на Телема, патот мислам дека го води кон иницијација... ова е мој став за нештата.

Мислам дека општо се зголемува бројот на луѓе кои се обидуваат да го пробаат Законот на Телема на терен, во нивните животи.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.287
Поени од реакции
7.638
Ќе може нормално, ако знаат што им е волја. А тоа е поврзано со должноста кон себе си и нормално, кон другите. Бидејќи сме на Земјата, дел од човештвото.
А ако поединецот тера како сака и како ќе му дојде понесен од моментален импулс - ќе има проблеми и со себе си и со другите. И тоа по кратка постапка проблеми, бесцелни.

Бидејќи:

“Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон.”
[1]

Оваа формула не значи, како што злобните луѓе претендираат, “Прави што сакаш.” Напротив, таа е најстрогата самоконтрола на секоја индивидуална или социјална единка да ја концентрира сета своја енергија во изведување на нејзината вистинска функција; и оваа функција треба да биде одредена со длабоки, точни пресметки на потенцијалите инхерентни во нејзината конституција.“
- Почеток на Новиот свет, А. Кроули

Исто и тука:
„Проучи го ова внимателно; изгледа оти ова подразбира теорија дека ако секој маж и секоја жена ја извршуваат својата волја – вистинска волја – нема да има судири. “Секој маж и секоја жена е ѕвезда”, а секоја ѕвезда се движи по утврдена орбита без мешање. Има доволно место за сите; единствено нередот создава конфузија. Од овие разгледувања треба да биде јасно дека “Прави што ти е волја” не значи “Прави што сакаш”. Тоа е апотеоза на Слободата; но тоа е исто така и најстрого можно ограничување. “
- Порака на Мајсторот Терион

Се надевам ова се тие директни одговори што ги бараше, иако се сомневам и ќе најдеш некој недостаток :)
Мајче, пак директно не ми одговори на прашањето.
луѓето ќе можат да тераат како им е волјата, или уште построго ќе биде од сегашниов застарен еон.
Остави објаснувањата, јасно ми е дека под прави што ти е волјата, значи внимавај притоа на друг да не штетиш.
Па сега пробај одговори, дали со намерите на новите "богови", ќе може ли народ (вклучувајќи те тебе и останати членови), да прави што му е волјата, или ќе биде строго контролирано кој, што и кога ќе може да прави.

Би требало ова - намерите на новите "богови"- да ти е кристално јасно што спремаат и со која цел.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Не, не ти е јасно затоа прашуваш вакви прашања. Не значи да внимаваш да не наштетиш. Тоа е од друго место дојдено, изменета форма на Телема и доаѓа од Гарднер, таткото на new age движетето и Wicca. Инаку бил инициран во O.T.O. :)

Народот нема да може да прави што му е волја. Телема не е како старите религии, за народот. Не нуди вера, надеж... нуди работа и искуства. :)
Човекот ќе може.
Ако човек го прифати Законот на Телема и се држи до него - ќе може да открие и да ја извршува својата волја.
Затоа треба да се грижиме за човекот, поединецот во даден момент... а не мноштвото.

Надвор од Телема - не постои чиста волја и извршување на својата и само својата волја.
Не ги мешајте станиците.

П.С. И новото време е 100+ години само... и ти бараш од мрак веднаш во светлина... ќе ослепи тоа што ти го нарекуваш „народ“. Мора полека, како прво, да заборави човекот на звукот на синџирите кои му биле накалемени со векови и убедуван дека тоа е звук на ангелски гласови.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.287
Поени од реакции
7.638
Ако човек го прифати Законот на Телема и се држи до него - ќе може да открие и да ја извршува својата волја.

Надвор од Телема - не постои чиста волја и извршување на својата и само својата волја.
Не ги мешајте станиците.
Човекот ќе можел, ама (секогаш има но, ама и сл) ако го прифател законот од Петкана. :cuc:

Нови станици, но иста агенда. Или тоа што е понудено, или на клада. Нема што на "децата" да им се остава да идат по својот пат и да тераат својата волја. Нешто познато, но спакувано во друг целофан.

Благодарам Мајче за одговорот и времето.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
Човекот ќе можел, ама (секогаш има но, ама и сл) ако го прифател законот
Прави што ти е волја доаѓа од Законот на Телема, затоа реков:
Надвор од Телема - не постои чиста волја и извршување на својата и само својата волја.

Поздрав
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
P.S. Да те потсетам на Liber OZ кога веќе креваш врева за Телема насекаде, што пишува за „човечките богови“ - бидејќи премногу си закопан во стариот еон и христијанските идеи, дури потсвесно ти влијаат да зборуваш сешто.
5. Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.
Права?!? Дај не зезајте ви се молам
Ова навистина може да тригира некој пореметен ум навистина да направи злодело какво што е убиството на пример
 

Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
373
Поени од реакции
158
5. Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.
Права?!? Дај не зезајте ви се молам
Ова навистина може да тригира некој пореметен ум навистина да направи злодело какво што е убиството на пример
Кралевите, царевите, султаните.... се над законот и не одговараат пред државните закони ниту за убиство! Од нивен аспект Телемава многу убаа работа ќе да е.
Се зависи од перспективата, парадигмата, дали нешто е добро или зло, оти и злото може за арно да е.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.136
Поени од реакции
12.116
5. Човекот има право да ги убие оние кои му ги ограничуваат овие права.
Права?!? Дај не зезајте ви се молам
Ова навистина може да тригира некој пореметен ум навистина да направи злодело какво што е убиството на пример
И што да направам јас ако некој со пореметен ум навистина направи злодело сметајќи дека има право да прекине нечија волја за живот? Што имам јас или ти со некој како ги разбира книгите? Да ги запалиме, да не зборуваме за нив бидејќи некој може погрешно да ги разбере?
Што имаме ние со тоа?

Не може тој пореметен ум да направи злодело „тригиран“ од било што? На пример сонцето што е пониско зимно време отколку летно време во однос на хоризонтот?
Не убивале во минатото од побуди дека другиот е неверник? Алоо неверник било причина да се убива човек!!!

Се плашите од тоа да имате апсолутна слобода и апсолутна одговорност за вашето постоење на Земјата. Не сакате различни од вас и вашето секојдневие... и тоа ви е проблемот и затоа се повикувате постојано на последниот стих од Liber Oz! Другите претходни стихови ви се небитни! Бидејќи вие барате само за вас да важи тоа, не и за соседот или пријателот или непријателот, без разлика...

Во еден есеј кој што носи наслов Liber Oz - Мои Коментари сум го напишал ова:

„Најисвирканиот стих од страна на кукавиците и тираните!
Најцитираниот и најкоментиран стих од оние кои знаат дека ќе умрат ако застанат на патот на нечија волја!
Најкоментираниот стих од оние кои се плашат од Правата на Човекот и слободата која ја нуди Liber Oz!
Но да дадеме едно мало објаснување и за оние кои се спремни да убијат заради спречување на нивните права:

Ако добро сте ја студирале Liber Oz (и философски и практично) заедно со Книгата на Законот“ (философски и практично) ќе сфатите дека овие Права на Човекот дадени во Liber Oz, се во дирекнта врска со Вашата чиста волја која Ве брка по животот, без разлика свесно или несвесно! Ако не ја спознаете Вашата чиста волја, неослабната од страста за резултат, Правата на Човекот ќе ви бидат јалови обиди да ги оправдате Вашите дејствија во очите на другите и нема да постигнете ништо освен конфликти и погрешни дејствувања во однос на другиот!“

П.С. Добро дојде @Мацо_Д() :)
 
Последно уредено:
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Кралевите, царевите, султаните.... се над законот и не одговараат пред државните закони ниту за убиство! Од нивен аспект Телемава многу убаа работа ќе да е.
Се зависи од перспективата, парадигмата, дали нешто е добро или зло, оти и злото може за арно да е.
Ма кој ги дупи кралевите,султаните итн. 90% од нив биле со пореметени умови,неморални луѓе кои имале вишок на его и го малтретирале населението,можеби и денес е така ако имаме во предвид какви премиери,претседатели и функционери има
Автоматски споено мислење:

Се плашите од тоа да имате апсолутна слобода и апсолутна одговорност за вашето постоење на Земјата. Не сакате различни од вас и вашето секојдневие... и тоа ви е проблемот и затоа се повикувате постојано на последниот стих од Liber Oz! Другите претходни стихови ви се небитни! Бидејќи вие барате само за вас да важи тоа, не и за соседот или пријателот или непријателот, без разлика...
П.С. Добро дојде @Мацо_Д() :)
Значи кога пишав ликови со пореметен ум мислев на оние кои се со ниско ниво на свест,ниска фреквенција на битисување,оние кои буквално сфаќаат се што ќе прочитаат,ова комбинирано со лабилна психа и ете ти масовен убиец,бомбаш итн. Само штотаквите не сфаќаат дека штом убиваш и правиш зло,со зло и ќе ти се врати,ова е еден од основните космички закони
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.287
Поени од реакции
7.638
Само штотаквите не сфаќаат дека штом убиваш и правиш зло,со зло и ќе ти се врати,ова е еден од основните космички закони
Веќе кога ова ти е јасно, зашто се мешаш во тие главни и единствени закони кои сите треба да ги почитуваме...

Притоа за какво злодело збориш, ако некој решил да ме уништува, и мене, и фамилијата, да не кажам цело население.
При крај на 30тите, Хитлер и првиот ешалони некој да ги убиел, злодело ли е?
2020 и 2021, илјадници настрадаа, а негативните последици цело население ќе ги платиме со живот, со нарушено здравје, ментални пореметувања и осиромашување.
Злодело ли ќе беше ако некој ги со по 2евра ги решеше одговорните?

"Сврти го другиот образ", не значи дека треба да си слуга.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom