Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.081
- Поени од реакции
- 12.054
Сум јадел јас „слатки“ и не бесцелно го создадов блогот и целиот проект Хептаграм XI. Бидејќи нештата никогаш не може секому да му бидат јасни доволно, секој е сам свој универзум и разилчни нишки му требаат за да доволно одгатне дали нештата му се потребни или нешто се постигнува со тоа(иницијација)
"Иницијацијата ја поставува „изгубената ѕвезда во мноштвото“ во својата орбита за да го започне својот пат кон прочистување на превезите кои ја прават „Црна Ѕвезда“. И тогаш започнува вистинскиот Пат.
...
...
Со иницијацијата, откако една Ѕвезда е поставена во системот и спремна за својот пат, Човекот постепено станува свесен за работите кои ќе го надополнуваат и максимално ќе му го прошируваат и продлабочуваат неговото искуство и разбирање на своето себство, а со тоа и на универзумот околу него и во него. Рековме дека внатре е исто како и надвор – as above so below – познатата херметичка дифиниција за напредување. Со иницијацијта се намалуваат лутањата и бркањето на фантомски искуства со надеж да се згоеми универзумот силувајќи ги сите патеки на кои што ќе наидете. Се намалува потрошеното време и енергија потребно за надминување на сопствените највнатрешни искушенија.
...
...
Нормално, иницијцијата без понатамошна работа и без решавање на искушенијата која таа ќе Ви ги понуди, нема да ве одведе никаде. Треба на неиницираните (а и на иницираните нормално) да им биде јасно дека Иницијацијата не создава мрзливци ами Воини кои прво ќе се освојуваат и спознаваат себе си, а потоа се друго!
Овој процес на иницијација не е статичен и временски ограничен. Дури и Ритуалите на Иницијација иако се одвиваат во даден временски опсег, не се ограничени временски.
Иницијацијата е динамички процес кој што на најсуптилен начин нуди искушенија за секој превез, за секоја индивидуа различно. "
― Неиницираните и нивното „Големо Дело“
P.S.
За оние кои ги интересира исто така вакви теми, можете ова да пробате:
Има тагови (пример за иницијација или initiation) на блогот поврзани на некој начин едни со други, кои даваат да не кажам и премногу инфо за нештата ако некој го интересира Телема, иницијации, ритуали итн итн...
Автоматски споено мислење:
Во О.Т.О., а мислам и било каде кога ќе се помине иницијација, не може да се избрише истата.И се разбира дека ако престане да те интересира „клубот“ во кој си влегол, можеш едноставно да си заминеш. Ах, не, од некои „клубови“ ќе те бркаат нинџи година ипол, ама ако не те убијат, ќе те остават на мира, претпоставувам.
Магиската Врска со Редот останува засекогаш иако човек може да се повлече и да не е активен. Тоа го пишува во самите документи поврзани со Редот.