Кавка е таа хуманистичка страна ако може да дооформиш прашање за да знам што прашуваш...?
За разлика од христијанството (не знаев дека христијанството учи дека не си вечен освен ако не добиеш вечност - чудно), Телема учи дека ИМАШ вечен живот, нема што да за задобиваш, добиваш или да бидеш наградуван!
Телема значи волја. Целта е откривање на чистата волја и извршување на истата. Следно прашање не треба да биде Хептаааа која е твојата волја... бидејќи тоа не те засега тебе ниту било кој друг човек или бог
“
Јас давам незамисливи радости на земјата: сигурност, не верба, за животот, над смртта; мир неискажан, одмор, екстаза; ниту пак барам некакви жртви.
Нели е ова подобро отколку смртта во живот на робовите на Ропските Богови додека одат угнетени од свесноста за „грев“ уморно барајќи или имитирајќи заморени и досадни „доблести“?
Со таквите, ние кои сме го прифатиле Законот на Телема немаме ништо.”
–
Законот на Слободата
„ТЕЛЕМА – од грчкото
θέλημα чија бројна вредност е 93 ( да имаш волја, purpose во
ЖИВОТОТ) се заморува со
ЖИВОТОТ!
Ако ја проучите
„Книгата на Законот“, заедно со
Коментаритена истата – ќе најдете многу за
ЖИВОТОТ! И повеќе од тоа…
Големиот старо-еонски страв од СМРТТА изграден врз незнаење и немање искуство ниту волја за
ЖИВОТ – создаде догма која не научи никој како да живее, туку само да се надева и верува!!
Философијата на ТЕЛЕМА учи за ЖИВОТОТ како НЕПРЕКИНАТОСТ!
Мислам дека нема потреба да Ви ја прераскажувам „Книгата на Законот“ и другите книги од Класа А кои се сметаат за Свети книги во Телема!
Потребно е да седнете и да ги простудирате – за да знаете што е што.
Смртта како и восхитот или пијанството или екстазата се само искуства, што повеќето од Вас ги забораваат и не сакаат дури ниту да се сетат на нив…
Исто така има и есеј на блогот
Хептаграм XI, наречен
„За Смртта“! Побарајте го!
Елифас Леви во своите писанија вели: на планетите се сеќавате, а на ѕвездите заборавате! Кој колку може толку ќе разбере од овие размисли.
Ако погледнете пак во објаснувањата на степените во
О.Т.О. се вели вака во еден момент:
Извадок од
ТЕЛЕМА – ЗА ЖИВОТ НАД СМРТТА
Исто
„Да имаш цел, но да не брзаш да ја постигнеш целта. Да имаш што да усовршиш, но да не забораваш на Патот по кој што си тргнал за да станеш подобар утре. Да сакаш да бидеш новиот утре, но да не заборавиш на денешниот кој што поминал одреден Пат и искуство во иднината.
Во многу Телемитски книги, ако ги читате и анализирате внимателно ќе најдете од оваа вистина на многу места. Во самата
„Книга на Законот“ се зборува преку нови симболи (нов јазик) за овие прастари учења кои ги засилуваат нозете на аџиите кои тргнале по овие патеки. “
-
Телема За Живот над Смртта
И многу има што да се дообјасни и даде насока во однос на
Телема и разните пракси и начини на живот, но сигурно низ темава од 300+ страници има расфрлано и такви мисли и објаснувања, потребно е премногу време и простор да се прераскажуваат нештата ...
Затоа постојано упатувам кон читање книги и запознавање директно со Телема преку искуство.
П.С. И ова се само мои разбирања за нештата од моето искуство и треба да ги согледувате овие работи како една можна страна на перцепција. Ќе треба човек сам во овие работи да навлезе за да има некоја смисла и разбирање за нештава, нормално ако има потреба.
Насила не може во врска со ова, не може да осудуваме никој што не е Телемит, како што прават некои други ако не си како нив... или дел од нив.