Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.594
Знаеш убаво каде најдов судење. Исто како и во овој пост сега што има осудување... премногу сум време на нет и знам што и кој со пишаното сака да ми каже.

Кога велиш дека Љубовта не е ова или она... што правиш? Судиш каква е љубовта според тебе. А во учењето на Телема и Новиот еон, Љубовта е закон. Во бесконечни форми! Кои ти, не може ниту да ги замислиш. Затоа и одиш со негации, како Љубовта не е ова, но е она. Затоа и реков, гледај си ја љубовта во твојот живот и твојот пат и покажи на братот свој од твоите дела каква е таа твоја љубов. :)
Судиш според тебе, според твојата вистина и твојот пат за нешто за кое немаш ниту најмала идеја. Од 2 реченици напишани од Кроули ти долета и ми кажа: не, Љубовта не е Панаѓур, љубовта е како крило на голуб! Кој што ќе биде распарчен од канџите на соколот на новото време ;)

Никому не му е грижа за патот на поединецот, ако тој не е универзален пат во однос на човештвото. Така да, мој пат, моја вистина - небитно. Никој до сега од обичните луѓе не успеал да го каже на друг својот пат, бидејќи не ни знае каде оди ниту кога ќе завраши дишењето и одот тука, на Земјата.
Се додека дејствуваш е добро. И тоа е доволно за да преку делата те суди некој, да те љуби, обожава итн итн...

Ти не знаеш за кој и на кој му се дадени судовите и присвојувањата. Седи во старите уредувања штом не ти чинат новите кои ние (бидејќи нели јас зборувам за нови уредувања и нов Еон) ги градиме цигла по цигла, милиметар по милиметар, мисла по мисла далеку од очите на светот... кроце полека чунки време се има, Човештво се има... имаме се во изобилство :)

Не сме саде тука и сега.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617

... секое уредување,секоја визија и калкулација,било духовна или физичка,е измислена од човекот
...универзална вистина,универзално уредување е само уште една проба на обичните смртници да си го "заблажат" вкусот на заборавот кој им стои цело време во устата
...ја разбирам исконската желба на човекот да влезе во незаборавот,но не значи дека е тоа и моја желба
...не ја разбирам човечката желба за деградирање,за омаловажување и за газење по "туѓи глави" како не би пропаднале во вртлогот на сопствената духовна сиромаштија ;):)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.594
... секое уредување,секоја визија и калкулација,било духовна или физичка,е измислена од човекот
Јас не разбирам што има ова твоево глаголање сега со Телема... :) Ништо од ова не се однесува на философијата и учењето на Телема.
Те погоди нешто во моите зборови за новото време и Телема што не ти чини сигурно... небитно.
Одмини. Лесно е. Не треба човек да се измачува со нешта кои неговиот дух не ги бара... ќе западнеш во вителот на омраза и зборување невистини за нешта кои ти се далечни.

Ние, Телемитите никој не убедуваме или да просветлуваме дека треба или мора да биде Телемит! Тоа е стариот еон.

П.С. Со ставот дека се е измислено од човекот во однос на духовното одиш во правец на атеист. Во однос на „физиката“ и уредувањето, одиш во правец на нихилист - ништо не е добро од човекот и за човекот!
И тука грешиш бидејќи судиш од твоето искуство со луѓето. Менувај ги луѓето што не ти чинат побрзо од чорапите на нозете. Нема да се сменат заради тебе.

Ние Телемитите велиме дека секој е ѕвезда, центар во својот универзум - и секоја ѕвезда гради свои соѕвездија со други ѕвезди кои одговараат на нејзината орбита, големина, брзина итн итн :) Не може насила да привлекуваш. А и ако привлекуваш така, ќе привлечеш слаб...

Ова парафрази од неколку книги кои во насловот го носат зборот Liber а потоа следува број :)
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.076

Сакав да ставам реакција Хаха па се пишманив да не испадне дека те понижувам и не те почитувам и недај Боже мразам...
Вие телемитите сте ми некако многу осетливи па човек мора да бира зборови како да комуницира со вас за да недај Боже ве увреди на некој начин (иако тој што пишува ја користи својата слободна волја и е можеби sвезда на вечерта на оваа тема или на форумот воопшто)...Од онаа што мислам дека го сФатив до сега телемата и јогата се тесно поврзани пошто не сум у таа "прича" и онака од страна што успевам да погледнам или прочитам и да го формирам моето мислење...:coffee:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.594
Со такви изрази хаха, тажен лик и слично води само кон погрешно разбирање. Ние со зборови се промашуваме кој што сакал да каже не пак со сликички. :)
Бидејќи претежно се зборува пред луѓе кои коментираат тука и кои реално немаат потреба од она што им се зборува (но зборуваме тука бидејќи ова е достапно за секој што има пристап до нет :) ), им се презентираат информации за тоа каде може подобро да се запознаат со работите, иако како што реков, тие се тука само да дадат критика и мислење за нештото како тие „го гледаат“ без да имаат потреба да се заморуваат подетално за темата :)

Не знам во која смисла ја гледаш поврзаноста на Телема со јога и останатите учења.

За јога и магика имам дадено мое мислење во овој есеј.
Може ќе ти даде слика како Телема е поврзана со се друго.

Исто и во Манифестот на О.Т.О. се зборува што поучува истиот. А знаеме дека О.Т.О. е првиот од старо-еонските Редови кој го прифати Законот на Телема. И пред Телема Редот поучувал исто ...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
Јас не разбирам што има ова твоево глаголање сега со Телема... :) Ништо од ова не се однесува на философијата и учењето на Телема.
Те погоди нешто во моите зборови за новото време и Телема што не ти чини сигурно... небитно.
Одмини. Лесно е. Не треба човек да се измачува со нешта кои неговиот дух не ги бара... ќе западнеш во вителот на омраза и зборување невистини за нешта кои ти се далечни.

Ние, Телемитите никој не убедуваме или да просветлуваме дека треба или мора да биде Телемит! Тоа е стариот еон.

П.С. Со ставот дека се е измислено од човекот во однос на духовното одиш во правец на атеист. Во однос на „физиката“ и уредувањето, одиш во правец на нихилист - ништо не е добро од човекот и за човекот!
И тука грешиш бидејќи судиш од твоето искуство со луѓето. Менувај ги луѓето што не ти чинат побрзо од чорапите на нозете. Нема да се сменат заради тебе.

Ние Телемитите велиме дека секој е ѕвезда, центар во својот универзум - и секоја ѕвезда гради свои соѕвездија со други ѕвезди кои одговараат на нејзината орбита, големина, брзина итн итн :) Не може насила да привлекуваш. А и ако привлекуваш така, ќе привлечеш слаб...

Ова парафрази од неколку книги кои во насловот го носат зборот Liber а потоа следува број :)
...знаеш многу добро што и за што пишувам Хепта
...но нејсе,секој има право да интерпретира како му одговара
...текот на фактите и продуктот од нив останува непобеден и единствен,за разлика од текот на човечките амбиции :) ;)
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.076
Со такви изрази хаха, тажен лик и слично води само кон погрешно разбирање. Ние со зборови се промашуваме кој што сакал да каже не пак со сликички. :)
Бидејќи претежно се зборува пред луѓе кои коментираат тука и кои реално немаат потреба од она што им се зборува (но зборуваме тука бидејќи ова е достапно за секој што има пристап до нет :) ), им се презентираат информации за тоа каде може подобро да се запознаат со работите, иако како што реков, тие се тука само да дадат критика и мислење за нештото како тие „го гледаат“ без да имаат потреба да се заморуваат подетално за темата :)

Не знам во која смисла ја гледаш поврзаноста на Телема со јога и останатите учења.

За јога и магика имам дадено мое мислење во овој есеј.
Може ќе ти даде слика како Телема е поврзана со се друго.

Исто и во Манифестот на О.Т.О. се зборува што поучува истиот. А знаеме дека О.Т.О. е првиот од старо-еонските Редови кој го прифати Законот на Телема. И пред Телема Редот поучувал исто ...
Како мислиш во која смисла ја гледам поврзаноста?Па покрај А.К. гледам редовно ја спомињаш јогата и "нудиш" цитати од Вивекананда,ваљда по тоа сум заклучил...:coffee:
Што мислиш под тоа -телемата е поврзана со се друго...Дали тоа значи и дека е поврзана со православната вера?:coffee:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.594
Како мислиш во која смисла ја гледам поврзаноста?Па покрај А.К. гледам редовно ја спомињаш јогата и "нудиш" цитати од Вивекананда,ваљда по тоа сум заклучил...:coffee:
Што мислиш под тоа -телемата е поврзана со се друго...Дали тоа значи и дека е поврзана со православната вера?:coffee:
Па јас и кабала спомнувам и будизам и таоизам и хиндуизам и Вивекананда и церемонијална магика и сешто :)
И Телема е поврзана со христијанството и исламот... се е поврзано кога се работи за човештвото.

Затоа прашав во која смисла ја гледаш поврзаноста на јогата со Телема...

Мој совет е да се запознаеш колку толку со тоа што значи јога (пробај со автори од истокот, а не автори од западот со книги кои имаат наслови како Јога чајанка со пријателите или Јога, мир во куќа :) ), потоа и со Телема (не треба да ти одземе многу време) и да видиш дали се поврзани и како, ако се поврзани.
ОВа го оставам на твојата желба да научиш нешто ново...
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
@Хептаграм XI би те замолил накратко да ни објасниш какво значение има симболиката во Телема за тебе?
...гледам дека е силно присутна,затоа и прашувам
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.594
@Хептаграм XI би те замолил накратко да ни објасниш какво значение има симболиката во Телема за тебе?
...гледам дека е силно присутна,затоа и прашувам
Како мислиш да објаснам какво значение има симболиката во Телема за мене?
Тоа не можам да ти го објаснам... предефинирај или дообјасни го прашањето бидејќи навистина не знам како да одговорам... не знам за која симболика ме прашуваш, за да можам барем површно нешто да одговорам во врска со Телема и симболите во нејзе. :)
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.274
Поени од реакции
4.617
...гледам и читам во секое писание за и околу Телема силно се присутни разни симболи поврзани со одредени мисли и толкувања
...имам чувство дека Телема е силно наслонета на,и "запакувана" од,Мистиката и симболите што се неодделив дел од неа
...една "логична" синергија на многу стари верувања,и кога пишувам "логична" не мислам на онаа логика што човештвото ја познава како стандард
...во секој случај интересен спој како добра храна за оние што се "сити" од догмите на светските религии,а "гладни" за нешто ново и авангардно
 
Kajgana Shop

На врв Bottom